|
|
| Средства за Против Воздушна Одбрана | |
|
+17Alvar m-r.niceguy dt71 fighter РИС Vojdan krvopijec Iko Hivemind Генерал Legija91 Goran Apostoloski Scorpion su50fighter Зоран SIG Momak od Gjorce 21 posters | |
Автор | Порака |
---|
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Средства за Против Воздушна Одбрана 6/8/2013, 16:27 | |
| Вака..дечки, сите ние тука ја сакаме државава и не сакаме да плукаме по неа, ама ајде да бидеме реални и да размислуваме рационално. Ирационалноста, фантазијата ќе направат да не боли многу повеќе кога ќе удреме со главата в ѕид!
Факт е дека Грчката армија е далеку помоќна од нашата, во секој сегмент. Факт е исто така, дека одамна помина времето кога клучно во војувањето беше храброста и способноста на војниците, а вооружувањето беше горе-долу на исто ниво. Секако, секогаш, и во денешни услови ќе постојат случаи каде што клучниот фактор ќе биде храброста, снаодливоста на самите војници индивидуално, без оглед на технолошко-техничките напредни средства кои ги имаат на располагање.
Е сега, исто така, факт е дека тој „фактор„ нема да биде клучен за да го одреди текот на целата војна, евентуална нели.
И ние треба како Македонци, и како што ни доликува, горди на нашето минато, да застанеме пред огледало и да си признаеме!
- Дека нашата војска е на мизерно ниво, - Дека нашата војска не е способна со своите воени ефективи да и се спротивстави на грчката, - Дека нашата војска е на ова дереџе не поради неспособноста на војниците кои служат во неа туку поради незаинтересираноста на политичкиот врв да инвестира во неа како гаранција за нашата безбедност, - Дека имаме способни луѓе чиј збор не допира до ушите на оние кои одлучуваат, бидејќи тие имаат други, пред се лични интереси.
Е сега, за да се решат овие прашања горе, потребно е колективно општествено „будење„ на нашиот народ, кој треба тоа себеси да си го признае, како прв чекор кон подобра иднина.
Кога ќе си го признаеме тоа, и кога ќе сватиме дека мораме да вложуваме во нашата армија, а подеднакво и полицијата, и дека мораме вредно да работиме, е тогаш сме направиле пола работа! Другата половина сама ќе си дојде доколку го направиме првиов чекор.
Еве на пример, мислите јас сакам Грчката армија да е подобра од нашата? - Не, ама е!
Кој и да мисли поинаку, се лаже себеси и живее в облаци, а дека нашиот хероизам, витештво и јунаштво нема многу многу да ни помогнат во некојси замислен судир помеѓу двете држави, еве како пример, нека го постави Ико (од МАФ) говорот на Ирачкиот офицер на тенковската бригада односно што таа проживеа со бројчано помал, но технолошки супериорен непријател.
| |
| | | Iko
Број на мислења : 503
| Предмет: Re: Средства за Против Воздушна Одбрана 6/8/2013, 17:24 | |
| Za da vi stane jasno za shto zborime - Kocho iznese zabeleshka deka novata Ruska generacija na motorizirani vozila so zgolemena oklopna zashtita od familijata "Tajfun" - go napushtila prepoznatliviot poraneshen Sovetski model na niska silueta - na shto jas mu odgovoriv vaka:
Na sovremeno bojno pole na koe se upotrebuva visoko-tehnoloshka oprema, a osobeno najsovremeni kombinirani nishanski sistemi - istata odlika, odnosno niskata silueta - deneska ne ti vredi vekje ni "pet pari" drag moj Kocho...
Najdobro za ova kje ti posvedochat posadite na Irachkite T-72M2 koi bea stacionirani vo zapaden Kuvajt....bar onie malkumina koi edvaj izvlekoa zhiva glava koga vo zorite na 24-ti Fevruari 1991-va (a od togash se pominati nad celi dve decenii) - bea soocheni so onoj uraganski zdruzhen udar od strana na pred i se Amerikanskite trupi vo sojuznichkata koalicija...koi koristejki sovremena nishanska oprema i moderno protiv-oklopno vodeno vooruzhuvanje - gi napravija "sol" Irachkite tenkovi...dzabe i niska silueta, i dlaboko ukopuvanje vo pustinski pesok, i grizhlivo maskiranje, i izgasnati (a so toa i "razladeni") motori, i shto se ne ostanato - dzabe se...
Seushte se sekjavam na zborovite na eden Irachki oficer - dolgo-godishen iskusen komandant na oklopno-tenkovska brigada vo edna od oklopno-tenkovskite divizii na Republikanskata Garda - elitnite, najdobro obucheni, opremeni i vooruzheni formacii - na nekogash mokjnata Irachka Armija...
Istiot chovek koj i samiot edvaj go prezhiveal toj masoven tenkovski "pokolj" - bil prethodno iskusen i povekje-kratno odlikuvan voen veteran od predhodnata 8-sum godishna Irachko-Iranska vojna, vo koja hrabro se borel od prviot do posledniot den, a isto - uchestvuval i vo Irachkata invazija na Kuvajt....
Sporeduvajki gi negovite iskustva toj otvoreno prizna:
"Vo prvite polovina chas od Amerikanskiot napad vrz mojata oklopno-tenkovska brigada - istata kako edinica pretrpe DUPLO POGOLEMI zagubi - odoshto toa taa gi pretrpe prethodno za celi 8 godini vojna protiv Irancite...cel zhivot sum oklopno-tenkovski oficer vo Republikanskata Garda - i se iznagledav dosta strahoti vo vojnata protiv Irancite...no se kolnam pred Alah - deka takov uzhas kakov shto beshe Amerikanskiot napad na nashite pozicii - do togash ne sum mozhel ni da zamislam...imajki golema tehnoloshka prednost - istite za 30-tina minuti celosno ja isfrlija celata mojata brigada od stroj - neshto shto na primer, na Irancite ne im uspea ni po 6 meseca vo onie nashi megjusebni krvavi borbi vo mochurlivata delta kaj ostrovot Fao - vo koja i nashite i Iranskite tenkovi se zaglavuvaa do svojata kupola vo kal...
Koga zapochna Amerikanskiot napad - moite tenkisti...moite sinovi...moite deca...hrabro se drzhea i junachki se borea - megjutoa, istoto na krajot....ne im vredeshe mnogu-mnogu...neka Alah gi upokoi nivnite machenichki dushi..." | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Средства за Против Воздушна Одбрана 6/8/2013, 17:37 | |
| Јас лично не верувам дека ќе влеземе во некаков воен конфликт со Грција. А доколку тоа се случи не знам дали и со некаква модернизација би успеале да им парираме со оглед на нивната бројчана надмоќ. Не ги знам точно бројките но пишуваше Ико за илјадници тенкови и уште еден куп други средства што реално ние и да можеме да ги поседуваме во иста бројка не би можеле да ги ставиме во оперативна употреба. ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Средства за Против Воздушна Одбрана 6/8/2013, 17:39 | |
| Има нешто што се вика геополитика. Ако Грција се дрзне да прави екскурзија, тогаш ке добие одговор од страна на источниот сосед. | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Средства за Против Воздушна Одбрана 6/8/2013, 17:42 | |
| - Зоран напиша:
- Има нешто што се вика геополитика.
Ако Грција се дрзне да прави екскурзија, тогаш ке добие одговор од страна на источниот сосед. Во некое SF сценарио и јас сметам дека тоа е развојот на настаните, но ако сам не можеш да си сработиш не е баш идеално да се надеваш друг да ти ја врши работата затоа што подоцна сметката ќе биде висока... ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | РИС
Број на мислења : 2576
| Предмет: Re: Средства за Против Воздушна Одбрана 6/8/2013, 18:29 | |
| Другари ,ајде да се напиеме по една тура и да констатираме. 1.Треба да причекаме некоја влада да се сети дека постои ресорот одбрана. 2.Да постави за министер професионалец кој се разбира од војната проблематика и да му остават одврзани раце и малку повеќе пари на располагање ( не за негови лични потреби). 3.Да се почне од темел на образување високо стручен образован официрски кадар ,ни по баби ни по стричевима 4.Да се почне со набавка на исклучиво нова и квалитетна војна опрема која би одговарала за Македонската топографија. 5.Конкретно на темата.Досега не сум сретнал конкретна стручна професионална анализа кои пво системи би одговарале на Македонија за трупна ПВО и стратешка ПВО.Се разбира и овде се треба да се развива наново од темел па нагоре,инфраструктура, радари,врски,пво системи. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Средства за Против Воздушна Одбрана 6/8/2013, 20:29 | |
| Не треба да се постави министер за одбрана кој има воено сиви,зашто,затоа што секој министер има советници кој се луѓе со висок чин од ГШ...довојлно е да стават свој силен човек кој е почитуван од партијата за да не дудла за пари,се додека министерското место го пополнува некој кој до вчера лепел плакати,делеп пенкала и маици,одбраната освен основни сретства друго ништо не гледа... | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Средства за Против Воздушна Одбрана 6/8/2013, 21:31 | |
| Да се напиеме по една ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | РИС
Број на мислења : 2576
| Предмет: Re: Средства за Против Воздушна Одбрана 6/8/2013, 21:38 | |
| | |
| | | Iko
Број на мислења : 503
| Предмет: Re: Средства за Против Воздушна Одбрана 7/8/2013, 00:17 | |
| - РИС напиша:
- 5.Конкретно на темата.Досега не сум сретнал конкретна стручна професионална анализа кои пво системи би одговарале на Македонија за трупна ПВО и стратешка ПВО.Се разбира и овде се треба да се развива наново од темел па нагоре,инфраструктура, радари,врски,пво системи.
Moshne greshish....konkretno vo momentot razgovarash so chovekot koj so Polkovnik Ugrinovski (eden postar - deneska vekje penzioniran visok Generalshtaben oficer na ARM, i poraneshen visok oficer na JNA - a koj chovek so svoeto enormno voeno znaenje mozheshe nachisto "patos da izbrishe" so ostanatava kvazi-oficerska ulizhuvachka postava vo GSh, no koj beshe tolku chesen i nepotkupliv - i koj lichno mi ostavi neverojatna impresija na postar chovek koj konstantno na dnevna baza go sledeshe redovno najsovremeniot voeno-nauchen i voeno-tehnichki razvoj vo svetski ramki) i Major Veseli (verojatno uverlivo najshkoluvaniot i najkvaliteten Makedonski oficer od Albanska nacionalnost koj ARM bilo koga go imala - i chovek koj beshe daleku pogolem Makedonski PATRIOT od stotici Makedonci koi gi poznavam, a koi "revnosno" go istaknuvaat svojot patriotizam ) - izgotvivme detalna analiza za potrebite na odbranata na RM vo segmentot na PVO-na...64 strani vo A4 format, so gust prored, so komparativna analiza na ramno 92 sistema (a koja analiza gi opfakjashe site taktichko-tehnichki karakteristiki, instrastrukturen model, logistichka postavenost, topografsko-meteoroloshko-balistichki merni podatoci, itn. itn. itn.), so 36 dijagrami i 14 tabeli, so konsekventno izvedeni zakluchoci i struchni predlozi (so detalno izgotvena finansiska konstrukcija i do tanchina izveden logistichki plan) - i istata ja predlozhivme do togashniot ni "zlaten" Minister za Odbrana (so dozvola i preporaka od togashniot NGSh) - a se so cel da istata analiza "najde svoe mesto" vo Strateshkiot Odbranben Pregled na ARM - na chie izgotvuvanje jas struchno rabotev so godini vo timot koj go spremashe... Ne ni sakash da znaesh na kakov "nozh" beshe dochekana taa analiza...i kako bevme togash navredlivo od istiot ni "zlaten" Minister - ismeani do najdolno mozhno nivo... | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Средства за Против Воздушна Одбрана | |
| |
| | | | Средства за Против Воздушна Одбрана | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|