Мислам дека горенаведените средства се тотално погрешни, сепак во продолжение нешто од мене.
1. Интервентен шлемИнтервентниот шлем овозможува потполна сигурност на главата на полициските службеници при контролирање на масовни собири. Наменет е за да ја штити главата од механички удари со камења, шишиња и други предмети и од хемикалии и течности кои се почесто се користат во нередите. Оклопот на шлемот е направен од поликарбонат кој е отпорен на органски и неоргански киселини, вода, уље, неутрални и други соли. Во одредени случаи оклопот може да биде дизајниран со цел да биде отпорен на оган.
Состав- Поликарбонски оклоп
- Амортизери на ударот
- Кожен сузпензион систем
- Поликарбонски визир
- Делови за поставување на визирот
- Штитник за врат
Карактеристики- Како додаток шлемот има одлични механички карактеристики на температура од -30 степени до +50° степени(целзиусови).
- Мобилниот штитник за врат е направен од различни типови на стиропор, покриени со нежна кожа.
- Внатрешноста на шлемот има подесувачка длабочина, а главниот дел на внатрешноста е направен од квалитетна кожа и синтетичка мрежа.
- Визирот е со дебелина од 3мм и овозможува видливост од 85% и отпорен е на временските услови.
2. Заштитни ракавициНаменети се за заштита на дланките на полициските службеници од механички повреди кои што можат да настанат од најразлична природа при сузбивање на нереди. Направени се од кожа, најчесто во црна боја и се доста практични при извршување на службените задачи.
Извор: Единица за брзо распоредување
П.С. Продолжувам со уште средства, при првата прилика кога ќе имам слободно време.