Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 30 ... 56, 57, 58 ... 78 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty28/4/2012, 23:47

Многу добро напишано братче, се кажа!

Мала исправка само, Ацо дури и не е од преживеаните, тој беше ранет на друго место. Во Битолa им се посвети внимание на бранителите, еве линк.

http://tera.mk/aktuel/sekjavanje-za-zhrtvite-od-konfliktot-vo-2001
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty29/4/2012, 00:05

Далеку од тоа дека сум помислил оти има некоја задна намера кај постот на Ико. Инаку се сложувам со тебе во делот на состојбите во државата ( па нели истата судбина ја делиме ) ама она што јас сакав да го потенцирам е дека и покрај таквите состојби НИКОГАШ нема да стојам од страна и да гледам како некој ја сквернави мојата ПРВА МАЈКА. Не ме интересира политика, не ме интересира финасиска или било каква корист, имам свои принципи и идеали и по нив се раководам и живеам. Што се однесува до народот, точно е дека има и такви кои се продаваат за автомобил, но верувам дека многу повеќе се оние кои нема да се продадат. Еве и да се повеќе, сепак доволно сме ние кои тоа нема да го направиме за да ја одбраниме оваа географски мала, но историски и духовно ОГРОМНА земја. Во еден дел велиш дали ќе имаат лице да ги повикаат утре ако затреба пак. Тие немаат и не мора да имаат лице да ги повикаат, но верувам дека огромен дел од бранителите ќе имаат храброст пак ( ако треба ) да застанат на браникот на татковината. Не губам надеж за Македонија, и се додека чекорам по оваа света земја ќе биде така.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty29/4/2012, 01:53

Поранешниот министер за полиција Павле Трајанов има информации за скорешна акција за апсење на убијците на петтемина жртви егзекутирани близу Скопје, кај тн. Железарско езеро.

- Моите информации говорат дека наскоро ќе биде операцијата за нивно апсење, можеби во две до три балкански држави. Откривањето на извршителите на овој масакр ќе биде јак стабилизирачки фактор и ќе ги надмине дилемите кои стојат зад овој терористички чин, поопасен и со поголеми последици од обидот за атентат на претседателот Киро Глигоров, вели Трајанов во интервју за српски „Вести-Онлајн“.

Претседателот на Демократскиот сојуз, што е дел од владејачката коалиција во Македонија, ова го одговорил на прашањето за истрагата за убиството и шпекулациите дека убијците пребегнале на Косово.

http://www.ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=20377#.T5wnX-lAkVc.facebook

Видовити Милан lol! ... шала на страна, ако располага со вака сензибилни информации како може да ја отркива акцијата?!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty29/4/2012, 11:52

Frogfoot напиша:
Поранешниот министер за полиција Павле Трајанов има информации за скорешна акција за апсење на убијците на петтемина жртви егзекутирани близу Скопје, кај тн. Железарско езеро.

- Моите информации говорат дека наскоро ќе биде операцијата за нивно апсење, можеби во две до три балкански држави. Откривањето на извршителите на овој масакр ќе биде јак стабилизирачки фактор и ќе ги надмине дилемите кои стојат зад овој терористички чин, поопасен и со поголеми последици од обидот за атентат на претседателот Киро Глигоров, вели Трајанов во интервју за српски „Вести-Онлајн“.

Претседателот на Демократскиот сојуз, што е дел од владејачката коалиција во Македонија, ова го одговорил на прашањето за истрагата за убиството и шпекулациите дека убијците пребегнале на Косово.

http://www.ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=20377#.T5wnX-lAkVc.facebook

Видовити Милан lol! ... шала на страна, ако располага со вака сензибилни информации како може да ја отркива акцијата?!


Убаво им кажа. Сега тие ќе седат на некој плоштад и ќе чекаат да дојдеме по нив. Ова не го очекував од Трајанов... Glava v zid Glava v zid Glava v zid

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty30/4/2012, 00:05

Конечно запролети. Не е како во родниот крај, но и овде во Скопје се наоѓа по некое дрво. Брзам накај дома. После ручек ја собирам цела фамилија, на МТВ е мојата омилена серија: „Македонија во антиката". Не можам да ги разберам овие предавници од СДСМ што се бунат за потрошени 1.1 милион евра за 5 документарци, кога од вакви документарци може целата историја да ја научиме. И така, сконцентрирано, колективно гледаме, затоа што после на општински комитет ќе не испрашуваат за ова.

Одеднаш ми ѕвони мобилниот. Си викам батали, да не пропуштам нешто од „Македонија во антиката”, башка Хорхе лафи. Ама не прекинува, ѕвони растура, како да гори некаде. Станувам, гледам братучед ми од родниот крај. Кликам и што да чујам! Не горело! Вода е, бран некаков ми вика, потоп! Слушал на Сител, ми го спомнале името. Сум бил дел од некој бран. Ќе ме сменеле!? Затворам, вртам кај една колешка од друго јавно претпријатие, заедно нè примија 2008-ма и заедно бевме на обука. Вртам, ама претплатникот недостапен, и го исклучиле телефонот. Ѕвонам кај координаторката, ама не крева. Се вртам кон сопругата и децата, ме гледаат со прашалници, ме прашуваат што се случило? Зошто сум побледел? Им викам ме однесе бранот. Претседателот ме сменил. После кратката пауза куп прашања. Но тато, нели за изборите им однесе список од 20 гласачи? Нели им носеше некој пликови дома на комшиите? Мажу, а тоа што мораше да не одиме на одмор, за да присуствуваме во Крушево на Мечкин Камен, не се брои? Не знам што да им кажам, велам заради НАТО е ова. А, ќеркичката ме прегрнува и прашува: „Ама татичко па ти си шеф на чуварите, што има врска тоа со НАТО?” Ѕвончето на вратата ме спаси од немањето одговор. Отворам врата, а тоа мојата колешка која ја барав по телефон. Во солзи влегува и вели: „Бран колега, не однесе бранот. Го угасив телефонот”, ми вели. „Бате да не нè чуе. Сме биле криви за ЕУ. Ни требало одмор за да Македонија влезе во ЕУ.

А цело јавно претпријатие знае колку белешки искинав за бесправно сечење на дрва, кога ќе ми се јавеа од кабинетот на претседателот. Дури еднаш и шефот на кабинет ми се јави за да скинам еден записник, било важно за локалните избори. Зарем тоа не е доволно за ЕУ? А зошто ли кажувавме дека илјада дрвца сме засадиле за Денот на дрвото?

Седнуваме, вртам на Канал5 и таму само за бранот се зборува. На линијата долу не пишува СДСМ е крив за сè, мене ме пишува. Гледаме интервју дава нашиот Генерален секретар на партијата, вика сме биле спори, не сме биле отчетни и енергични. А се сеќавам на него. Пред 4 години кога не примаа на интервју, запишуваше нешто. Беше пресреќен дека нè запозна. Тогаш имаше 50 килограми помалку и бурек му купуваше на Влатко Ѓорчев во Парламент.

Навистина, зошто јас? Ѕвончето на вратата пак ѕвони. Леле, си викам извршители за кредитот одма доаѓаат. Не, партискиот колега од општинскиот комитет од соседната зграда е. Не зборува ништо, само мрда со усните: „Бран, бран, бран...” А го знам, прав брат, колку плакати на опозицијата искина последните избори. И секогаш беше во првите редови кога нашиот неуморен претседател организираше контра протести пред седиштето на СДСМ. Дури престана и за Работнички да навива и стана најгласен навивач на МЗТ. Сега се сетив! За време на кампањата во еден спот лажно се претставуваше дека бил стечаен работник кој останал без работа заради Бранко. Се вртам на кај моите браќа и сестри, гласно размислувам: „А, Бранко да не го смислил бранот?”

Не спијам цела ноќ, го враќам филмот во глава. Список на лица за гласање за избори однесов, еден комшија „убедив" да гласа, иако се двоумеше. На контра протести против СДСМ бев, на работа на интернет ги напаѓав секојдневно пратениците на СДСМ. Каде погрешив? Ех, колку ноќи сум бил ненаспан за да праќам со службениот телефон пораки на „Јади бурек”. Зошто јас сум крив и за зголемената невработеност, повисоките цени на парното, струјата, водата, бензинот? Јас само слушав и извршував. Не верувам дека претседателот заборавил дека бев еден од ретките луѓе на прославата на 20 годишнината од партијата? Онака ненаспан се симнувам прв у маалската пиљара да купам леб, млеко и за прв пат дневен Фокус, зошто на работа ни е забранет. А таму куп ненаспани браќа и сестри, сите од проектот Скопје 2014. За нив премиерот тврдеше дека се најлојалните браќа и сестри. Тие сè уште во рака имаат Вечер и Дневник. И тие што ги поставуваа врбите и тие со барок фасадите. Има и еден попишувач кој целиот месечен интернет си го потроши за 3 дена да ги попише сите комшии кои ни се во Австралија. Знам, не беше тоа нивна идеја. Дел од нив ниту знаеја што значи, на пример, зборот барок. Но, беа горди на своите врби и фасади, беа горди на тепањето на студентите, протестите против Бранко. Мислевме дека сме непобедливи, зошто сите ние бевме на Груевски. Беа толку горди што дури и хонорарите ги донираа во партијата, работеа за Македонија во антиката, работеа за претседателот Груевски. Бевме толку блиску до народот, што после само еден телефонски повик, организирано истрчавме на плоштад против некои студенти, кои како што ни рекоа во комитетот, сакале да ни ја земат црквата од плоштадот. (Стварно, до каде е црквата за која се боревме?). Пиљарот нè гледа со чудење, малку дрско се поднасмевнува. Знае дека секој ден кога купувавме кај него зборувавме колку е добро, само што не ни тргнало, само СДСМ да го нема. Јас се сеќавам, еднаш искинав еден примерок од неделникот Фокус каде се напаѓаше братот Саше. Не мора да зборува, сите знаеме дека наместо нас некој друг ќе поставува врби, уништува фасади со барок, протестира на Бихаќка, тепа слободна мисла, лажно попишува, снима спотови за лажни стечајци.

Се враќам дома. Сфаќам дека никој во моето семејство не спиел. Децата велат не одат на училиште, не сакаат да им се потсмеваат соучениците дека нивниот татко бил уморен, неенергичен. Колешката, пак, е пред врата, сега со нејзиното дете. Ме моли да му објаснам на нејзиниот матурант дека неговата самохрана мајка не крадела. Дека не ги донела таа илјадниците покер автомати во земјава, дека не знаела за бизнисот со увозот на струја.

На врата се појавува уште еден партиски борец. Беше најгласна на митинзите, најмногу се радуваше затоа што Велија е во затвор. За секој избркан сдсмовец честеше кафе и локум. И таа не мора ништо да каже, бранот нè отрезни сите. Цела партија знае дека со нејзината ќерка учи едно паметно детенце, чиј родител е во притвор заради А1 и дека таа и забрани да си играат заедно. Сега кој ќе си игра со нејзиното, со нашите деца? Претседателе, јас ли? Јас немам одговори за прашалните погледи на моите деца, а не за околината. Јас сè уште немам одговор за прашањето на мојот син: „Тато, сега после двата порази на Барселона, ќе го сменат тренерот или чуварот на стадионот?“ Сакам да изустам: А бе, СДСМ е за сè крив. Ама, таа работа не бива веќе, тоа не врви никако. Па нели сме трети во светот? Милионерот Пешевски вели најдобри сме биле во регионот? Впрочем, на последната средба претседателот ни рече 8.5 милијарди евра инвестиции има кај нас!? Дека само што не сме влегле во ЕУ и НАТО!? А, анкетите на Павел Шатев што се вртеа на Сител и Канал5, не покажуваа дека водиме 5:1 и дека ќе ги згазиме!?

Хм? Што сега? Парите што ги зедов за субвенции ги вложив во кампањата за Груевски, а нивата не ја пипнав. Исто, целата заштеда ја вложив во кампањата за да се најде некое местенце за сопругата. Што правиме ако и нејзе ја фати бранот? Со кои пари ќе го враќам кредитот? Одеднаш ја губам гордоста, среќа немам потпишано меница како некои на повисоки позиции. Телефонот пак ѕвони. Тоа е добро, не ме смениле уште формално. Пак братучед ми. Пак гледал Сител. Ме прашува дали сум го гледал претседателот на вести? Ми вика, пази што правиш, претседателот рекол и тие што се сменети верува дека уште посилно ќе работат. Исклучувам, се препотувам. Па јас немам каде да работам веќе.

Вртам нов лист во дневникот, почнувам ново поглавје во животот. Не морам како партиска задача да ги гледам Јанко и Миленко. Цунамито наречено Груевски, веќе 6-та година ја уништува Македонија. За жал, станува очигледно. Бранот нема да удри каде е најпотребно, нужно и единствено целисходно, а тоа е зградата на „Илинденска” бр. 2. Се плашам дека прво ќе настрадаат врбите во реката Вардар, доколку претходно не угинат од чистината на реката.

Мислам дека ми треба и нов дневник, каде ми е листата со телефони на браќата од 90-тите?
Јани Макрадули


------

Вака одамна не сум се изнасмеал! lol! lol! lol!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty30/4/2012, 00:27

“Веќе нема како во Арачиново да ги спасува западот“, “ Сега ќе си го добијат“, “Време е да се преброиме“.

Читајќи и слушајќи ги овие ставови последниве десетина дена по смртта на петте Македонци од устите на дел од нивните сонародници на ум ми падна една поразителна мисла која не мора да е точна, но самиот факт што се појави како можна опција кај мене предизиква огромно разочарување. Можно ли е дека за добар дел од Македонците не само што не важи лекцијата за учење од туѓи грешки туку не важи ниту таа за учењето од своите грешки?

Анализирајќи го злосторството врз петмината рибари кај Железарското езеро и прелистувајќи ги балканските анали и случаи кои предизвикувале сериозни тензии од пошироки рамки се потсетив на инцидентот кај Борово село по кој започна војната во Хрватска, на убиствотото на српскиот зет во мугрите на Босанската војна, на приказните за српската полиција која насилно ги протерувала Косоварите во 1999, но најмногу внимание ми привлекоа таканаречените мартовски демонстрации на Косово во 2004 година.

Најмалку 4 елементи на овој случај имаат сличности со петкратното убиство. И тогаш на 16 март пред осум години две деца го загубија животот во студените води на реката Ибар, и тогаш косовсктие медиуми ја кренаа јавноста на нозе и тогаш разулавена толпа почна насилни протести, при што за разлика од Македонија, загинаа триесетина Срби, а беа запалени или уништени стотина домови и верски објекти.

Администрацијата на УНМИК никогаш не потврди дека изјавите на третото дете од албанска националност се веродостојни. Луѓето загинаа, а црквите и манастирите пламнаа само врз основа на изјава од едно крајно вознемирено дете, кое даваше конфузни информации дека Срби ги турнале Албанчињата во Ибар. Сличноста на ситуацијата со убиството близу Скопје ја забележувате и самите.

Навидум Македонија излезе поумна и ја научи лекцијата од косовските мартовски демонстрации. Но дали е баш така? Ако се точни приказните дека демонстрантите кои неделата по убиството сакале да го преминат мостот Гоце Делчев за да влезат во чаршијата и да се осветат уништувајќи имот на Албанци, Македонија или сосема доволен дел од неа, сепак не ја научила лекцијата. А приказните велат дека стотината млади луѓе кои фрлаа камења на полицијата во чаршијата ќе биле “топло“ пречекани од луѓе кои сакале да го одбранат својот имот, но и од некои кои немаат имот ама и немаат против да го стекнат преку војна и крвопролевање.

Болката е голема, загинаа невини голобради момчиња и средовечен рибар кој во животот никому зло не сторил. Изгубените животи нема да се вратат. Работата е сега како да се обезбедат услови да нема други жртви на безумниците, кои од било какви причини пукале во невооружени луѓе. Нема да запрат се додека не ја остварат својата цел. Без разлика дали е таа војна, политичка тензија, поделба на државата. Знаеме дека до неа можат да дојдат само ако им дадеме шанса за такво нешто. Колективната вина не постои. Не можам да прифатам дека за крволочното убиство некој може да ги обвини мојот бербер Азем, сопственикот на забарската ординација каде што ги поправам забите - доктор Африм, или пак Газменд со кого во последно време речиси секојденвно си ги разменувам стравовите од евентуелен конфликт.

Да, Македонците и Албанците се различни. Можеби имаме и различни културнни вредности , во најголем дел имаме и различна религија, гласаме за различни политички партии, излегуваме на различни места, се дружиме и склучуваме бракови само со “нашите“, навиваме за различни екипи. Ние ги сметаме за малцинство во Македонија тие не сметаат за малцинство на Балканот. Тоа е реалноста. И таа за некого е идеална, а за некого е трагична. За мене во секој случај е неспоредливо подобра од ноќни стражи по приградските населби, снајперисти на згради кои пукаат во недолжни цивили, секојдневни погреби, експлозии на бомби, запалени куќи, бегалци кои не можеле од својот дом да ги земат ниту семејните фотографии. Да, македонскиот модел на мултикултурен соживот не е идеален има многу фалинки. Да, од јануари до сега беа оскврнавени десетина претежно цркви, но и Џамии. Да, од Вевчани наваму беа натепани десетици луѓе само поради тоа што не се од “нашите“ . Да , ако си Албанец деновиве имаш поголема шанса да се вработиш и да зимаш државна плата. Да, имаме ралични обичајни правила и адети. Притоа секогаш “ние“ сме добрите а “тие“ се лошите. И обратно.

Но, таквите проблеми се решаваат со закон, со разговор, со политички тензии, со бојкот на Собрание можеби. Не со куршум и закани од типот “сега нам ни е редот, вашиот помина во 2001“. Планерите на убиството кај Смиљковци, без ралика дали се локални “команданти“ или се други “повисоки“ структури, прецизно ги пресметале менталитетот, фрустрациите и карактерот на Македонецот. Како што го предвиделе и гневот и реакцијата. Тие нема да се откажат од хонорарите за испуканите рафали во живо месо или од ветувањата дека еден ден ќе добијат помилување за другите злостроства и затворски казни што ги направиле претходно. На нас е да ги предвидиме нивните следни потези и нивните цели и пред да излеземе на улица или да ги обвиниме комшиите Албанци да разбереме дека најголем дел од нив не се за војна. Затоа што знаат дека ако гине Македонецот ќе гине и Албанецот, ако бидат раселени христијани од своите домови ќе мораат да заминат и муслимани, ако пукаат бомби во градовите ќе се бомбардираат и селата. Никој не може да победи, а сите заедно ќе изгубиме.

Не сум пацифист, ниту идеалист, ниту мислам дека овде на ова парче земја може да помине философијата на Ганди. Но, сепак се додека постои и најмала шанса проблемите што ги имаме самите со себе и со “другите“ да ги решиме на мирен и колку-толку цивилизиран начин, со употреба на политички, економснки или социјални методи, ќе бидам против секаков вид на насилно решение. А ако еден ден и таа најмала шанса ја снема, тогаш Господ нека ни е на помош. На сите. А за сите има еден Господ.

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=102406&kategorija=13
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty30/4/2012, 00:27

Оружена пресметка помеѓу две групи се случила доцна синоќа во скопската населба Чаир, при што едно лице е потешко, а две се полесно повредени, соопштува полицијата.

Настанот се случил на улицата “Џон Кенеди“ во комплекс на телевизијата “Ера“, во просторија која се користела како чајџилница.

Расправијата се случила помеѓу малолетниот син на сопственикот на чајџилницата и уште три лица од една и десет лица од друга страна.

Десетте лица кои живеат на улицата “Дижонска“, по кажување на две од оштетените лица, користеле различни предмети и огнено оружје, при што се слушнале и три истрели.

Во пресметката 42-годишниот сопственик на чајџилницата се здобил со тешка телесна повреда во пределот на главата, додека неговиот син и уште едно лице се здобиле со полесни повреди. Сите тројца се задржани во градската општа болница за понатамошно лекување.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=102511&kategorija=4
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty1/5/2012, 18:02


Дечки коментар за апсењево? брзо ги пронајдоа...


Последната промена е направена од Frogfoot на 1/5/2012, 19:13. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty1/5/2012, 18:48

Доколку се покаже дека меѓу уапсениве се и убијците кој ги отепаа децава пред некоја недела... искрено ќе жалам што е укината смртната казна во Македонија.
На овие треба да им се пресуди по кратка постапка... да се решат при "бегање" од притвор, "пружање" отпор... или сл. Wink

P.S. Него, странциве нешто ќутат.... ги нема да се јават како што е вообичаено.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty1/5/2012, 19:28

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 57 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 30 ... 56, 57, 58 ... 78 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: