| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+20glorijamk Gero Iko filip555 kocov feniks Wolf meth Subzero Генерал shady3 AlexGreat Profesionalec Makedon tonin Momak od Gjorce Зоран Волчко SIG Alvar 24 posters |
|
Автор | Порака |
---|
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/3/2012, 23:37 | |
| Према случувањава имам чувство дека државава е во тотално расуло! | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/3/2012, 23:41 | |
| Па да... горе доле е, имаме уште малце "health" и "armour", коа ќе ги поарчиме и тие... Game Over. Мада па ќе кажам, многу се побитни причините поради кои дојдовме до ова дереџе одколку последиците кои можеа лесно да се предвидат, т.е ќе си дојдеа по дифолд.
Последната промена е направена од Alvar на 23/3/2012, 23:45. Мислењето е променето 1 пати | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/3/2012, 23:44 | |
| Некако премногу залет земаа овие домашниве, дефинитивно сакаат дестабилизација на земјава, однадвор нон-стоп политички притисоци, еве и Гујо вели нема да влеземе во НАТО , нема ни промена на името,така читам по интернет порталиве, значи јасно и децидно ... демек „еве ни сместија„ , креваме раце.
Изгледа повеќе моќни држави се решени да не нема... | |
|
| |
Makedon
Број на мислења : 158
| |
| |
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/3/2012, 00:02 | |
| - Makedon напиша:
- За ова се криви нашиве политичари? и кога ние свесно го ставивме идентитетот на преговор не зезај сеа!!
До 2006 никој не го споменуваше идентитетот како прашање за кое треба да се преговара. Тоа се случи отпосле. Европската Унија во сите извештаи, како и во меѓусебните билателарни односи до тогаш, не ословуваше како Македонци, а јазикот како Македонски. Тоа е јасно и може да се провери. Дури истово и да било точка на преговори со Грција, се додека беше во рамките на канцеларијата на Нимиц немаше политичка тежина. Во моментот кога нашиве наивно го пуштија во јавност, прашањето стана легитимна точка на преговори. Упростено, самите НИЕ го отворивме како точка за која сакаме да преговараме, т.е да бараме гаранции/дозвола од ДРУГ (!?) да се нарекуваме Македонци. Да не говориме дека со сета онаа антиквизациска каша додатно го забиберивме непотребно целиот проблем, губејќи ги сите... или барем оние малку сојузници кои ги имавме во Европа. | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/3/2012, 00:05 | |
| - Frogfoot напиша:
- Некако премногу залет земаа овие домашниве, дефинитивно сакаат дестабилизација на земјава, однадвор нон-стоп политички притисоци, еве и Гујо вели нема да влеземе во НАТО , нема ни промена на името,така читам по интернет порталиве, значи јасно и децидно ... демек „еве ни сместија„ , креваме раце.
Изгледа повеќе моќни држави се решени да не нема... Ок, чим е така, да видиме што направивме ние како држава во врска со последниве настани кои се случија. Дали полицијата реагираше соодветно околу инцидентите, како лански така и годинашни? - Не, им требаше една недела за да постават по џандар-два на автобуски станици... истиве се неспособни да спречат и две баби да се степаат а на пак 20 души. Дали судството реагираше соодветно со оние кои беа уапсени околу истите инциденти? - Не, иако соодносот на инциденти беше длабоко на шабанскава страна во позитива 90/10... истиот сооднос е во негатива за нас по бројот на осудени Македонци наспрам Албанци. Да не говориме за последниов случај каде по само 8 дена од притвор беа пуштени осомничени за напад на наши деца... + службено лице. | |
|
| |
Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/3/2012, 00:14 | |
| А треба ли Алвар да ги прашуваме сите соседи околу нас што да изградиме во Македонија???? Не прашуваат ли они нас кога градат споменици кои нас не навредуваат???
Проблемот до нас ли е за идентитетот??? Еве пак се врати придавката македонски во извештајот, значи дека Европа си прави што сака со нашиот идентитет, еднаш сме другиот пат не сме македонци!!! Нели сваќаш дека тоа го користат како алатка да не притиснат нас!!!
И пак не ми одговори на прашањето за сите глупости кои ги прави Грција, ти не обвинуваш нас т.е. Груевски, брат разбери не сум ти непријател и не го бранам Груевски најмалку. Но ајде објасни ми го однесувањето на Грција за непочитување на официјален документ кој се обврзале да го почитуваат и за кој имаме меѓународна пресуда од највисокиот светски суд???? | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/3/2012, 00:39 | |
| - Makedon напиша:
- Не прашуваат ли они нас кога градат споменици кои нас не навредуваат???
А ние ги градевме спомениците за да навредиме некого!? - Makedon напиша:
- Проблемот до нас ли е за идентитетот???
Очигледно и кај нас стана голем проблем, нешто кое го немаше до пред некое време и кое на никому не му паѓаше ни на крај памет. Некој се обиде да избрише дел од историјата на Македонскиот народ и да напише нова. Го поделија народот на потомци на Александар и на оние кој "дошле преку Дунав со цевчиња во уста", го поделија на кодоши и патриоти. Така да... да, кај нас е проблемот. т.е голем дел од него. - Makedon напиша:
- Нели сваќаш дека тоа го користат како алатка да не притиснат нас!!!
Да, сваќам, одкога пола работа им ја завршивме ние самите. - Makedon напиша:
- И пак не ми одговори на прашањето за сите глупости кои ги прави Грција, ти не обвинуваш нас т.е. Груевски, брат разбери не сум ти непријател и не го бранам Груевски најмалку.
Но ајде објасни ми го однесувањето на Грција за непочитување на официјален документ кој се обврзале да го почитуваат и за кој имаме меѓународна пресуда од највисокиот светски суд???? Грција го користи моментот кога сме ние слаби и без никакви алатки за одбрана. Истава е во институциите во кои и ние сакаме да бидеме членка и со алатките кои и стојат на располагање тоа го злоупотребува. Тоа ни е јасно на сите. Исто како што е јасно кој е виновен за овој безизлезен спор во кој се најдовме без наша вина. Но, мора и ние самите да си ги признаеме грешките кои ги сторивме изминативе 20 години со килавата надворешна политика која ја водеа политичките "елити". Не знам дали ти текнува, но Грциве беа предмет на потсмев во Европскиот парламент било кога да се случеше да ја критикуваат Македонија за ова или она. Буквално им се смееа у фаца како на недоветни, недоквакани деца. Немаа сојузници во агендата, тие беа неконструктивни и некооперативни, а ние бевме добрите дечки. Како и кога се сменија работите? И на крај околу пресудата. Ни се допаѓало тоа или не... ICJ НЕМА ингеренции над НАТО, нема никаква правна алатка со која на алијансата би и се наложило да не примат како членка. Тоа е тоа. Истово неколку пати го кажуваат и високи претставници на истата организација, нема да се прави исклучок поради една земја аспирант во начинот на донесување на одлуки во алијансата, т.е со консензус. | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/3/2012, 01:22 | |
| Постои можност да влеземе во НАТО под FYROM? | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/3/2012, 01:32 | |
| Ми се чини не. Тоа беше неколку пати ставено на маса како предлог од наша страна, но беше одбиено... и од НАТО, и од Американците. Ќе биде чудо доколку помине тоа сега. Правно гледано (според подпишаниот interim accord), Грција не смее да не блокира доколку бараме влез во некоја асоцијација/организација под привремената референца, но видовме дека тоа се случи. | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
|
| |
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|