|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+20glorijamk Gero Iko filip555 kocov feniks Wolf meth Subzero Генерал shady3 AlexGreat Profesionalec Makedon tonin Momak od Gjorce Зоран Волчко SIG Alvar 24 posters | |
Автор | Порака |
---|
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/3/2012, 16:35 | |
| Нова држава на местото на Република Македонија
Во последниот свој јавен настап премиерот Никола Груевски кажа дека три земји-членки на Советот за безбедност со право на вето бараат од нас да го смениме името. Признанието на Груевски фрла поинакво светло врз грчко-македонските разговори поврзани со името.
Притисок од запад врз Груевски Премиерот Никола Груевски во своето последно интервју со Јанко Илковски рече дека три од петте најмоќни држави во светот, членки на Советот за безбедност, всушност бараат од Република Македонија да си го промени името.
Груевски е политичар за кого се искажани секакви оценки, но никој досега не му забележал дека тресе од ракав. Ни неговите најлути противници не можат да го обвинат за недоследност, за спротивставеност во исказите, а впечатокот на народот што веќе шест години по ред му укажува најголема доверба е дека тој не лаже, односно дека говори искрено.
Според тоа, и оваа изјава за нашата анализа ја земаме како што е дадена - за прецизна и вистинита. Како таква таа е одговор на сите наши дведецениски прашања, дилеми и сомневања поврзани со извонредно тешкиот пат во етаблирањето на македонската држава. Груевски е првиот македонски политичар што таа мака ја синтетизира во неколку збора, кои не можете да ги толкувате вака или онака, ами како комплетна слика што ги вознемирува сите сетила. По ваков исказ дури и на вистинољубивиот премиер ќе му биде тешко да продолжи да говори убедливо за преговори за заемно прифатливо решение, за апсурдноста на грчката преговарачка позиција, за мајсторлакот на грчките дипломати да ги влечат за нос западните држави и светските организации, за разумен компромис, пријатели и партнери.
Жесток судир
Целокупниот арсенал на политичка и дипломатска реторика е обеспредметен. Не важи. Штом три земји-членки на Советот за безбедност бараат Македонија да си го смени името тоа значи:
- Дека нема преговори, односно дека тие се чист фингерај. Форма зад која се крие поинаква суштина. Паѓа во вода македонскиот напор да дојде до разумен компромис.
- Дека резолуциите 817 и 854 се неважечки исто колку и Привремената спогодба, односно пресудата на Меѓународниот суд на правдата.
- Паѓа во вода и „аргументацијата“ со која настапуваа „опозиционерите“, кои систематски лажеа дека преговорите се всушност само техничка операција за промена на недостоинствената референца „Бивша југословенска република Македонија“ со некоја подостоинствена, без притоа да се загрози идентитетот на цел еден народ.
- Дека всушност Македонија нема спор со Грција, ами жесток судир со три земји-членки (САД, Франција и Велика Британија).
- Дека САД само привремено ја признале државата Република Македонија со намера полесно да ја превеслаат жедна преку вода. Во случајов, за да пропадне референдумот за територијална поделба, Вашингтон нѐ призна под уставното име. Аналогно, и ЕУ ни го даде статусот „кандидат“ како капка лимон во лажица смрдливо рибино масло. И едното и другото нив не ги чини ништо, а нас буквално сѐ.
- Ова, пак, значи дека аргументацијата за ирационален спор со една држава (сосед) е сосема нерелевантна. Ниту Грција е способна некого да го лаже и замајува, ниту е најмоќната држава во светот, која може да прави што сака.
- Бидејќи веќе две децении се шуткаме од инстанца до инстанца, а спорот не е решен, ниту ставот на трите евроатлантски моќни држави е сменет, значи дека нивната одлука е стратегиска, одамна е донесена, односно веднаш по одржаниот референдум за независност на Македонија.
Соодветно, политиката на ЕУ, НАТО и на САД е дизајнирана етапно да ја исцрпува Македонија со наметнување секакви преседани, поставување пречки и блокади, преку перманентно деградирање на нејзината државност и инсталирање механизми за контролирана нестабилност. А во сите ситуации поврзани со спорот Атина полека трансферира во универзална алатка за севкупна употреба. Нешто како општо место во регионалната политика на западните држави.
Стара политика
Овие констатации им се познати на сите Македонци. Ама никој од светот на политиката досега не се охрабрил да им ги соопшти директно и без украсување.
Е сега, зошто таканаречениот демократски Запад не може да го проголта постоењето на држава под името Република Македонија? Одговорот изгледа треба да се бара во историјата, и тоа од мигот кога се случи самракот на Отоманската Империја. Односно, во државните политики и одлуки на 19 и раниот 20 век. Западот ги брани својот државен и политички континуитет на сметка на Македонија и Македонците. И тоа ни е познато горе-долу на сите.
Сега доаѓаме до сетот прашања за македонските политичари што „нѐ водеа“ во изминативе две децении низ сите фази на спорот.
Ако од почетокот знаеја за позицијата на трите големи држави, зошто избраа да нѐ движат по патот што завршува со формирање сосема нова држава, приближно како Косово? Оти, да не се лажеме, прифаќањето ново име значи бришење на историските факти од 1944 година до денес, а со тоа и уривање на државните темели. Формирањето нова балканска држава ги актуализира и ги прави реални аспирациите на големоалбанските идеолози и стратези што имаат свои побарувања на сметка на оваа Република Македонија. Ама и на другите соседи. Што ако во таква ситуација политичарите-Албанци кажат дека не сакаат да бидат дел од новата држава? Повод лесно може да се искреира, што видовме и во изминативе месец-два.
По една ваква изјава - констатација - признание, нема бегање од општествен разговор на сите нивоа. Без ракавици, без адреналин, уочување на сите грешки во чекори и одлуки. Претресување на ситуацијата од сите страни. А таа е следнава: Македонија џабе го менуваше Уставот поздравен од Бадентеровата комисија под притисок, а божем да покаже кооперативност и да ја одоброволи Грција. На сопствена штета се откажа од својот државен симбол - знамето, од македонското малцинство во соседните држави, од придобивките на АСНОМ како членка на антифашистичката коалиција во Втората светска војна и еден од основачите на ООН. Со признавањето на Тајван дозволи да се повлече УНПРЕДЕП и така ја остави северната граница без „заштита“. Со тоа го направи првиот чекор кон фингираниот воен конфликт. Молкум и незаинтересирано, на 7 декември 1999 година Владата на РМ прифати државата да ни биде деградирана во статус на територија, и тоа од страна на ЕУ. Овој статус ја претвори Македонија во најголем бегалски камп во 1999 година и во 2001 година го отвори патот на УЧК кон Македонија, а беше под директна инструктажа на земји-членки на НАТО. Прифаќајќи ги беспоговорно и консензусно рамковниот договор и промената на уставната преамбула, Македонија потпомогната од западни „олеснувачи“ самата го отвори патот до статусот „нова држава“ така што се пререгистрира во државна заедница на еден мнозински народ што „павта“ идентитетно (зашто името му е оспорено и е предмет на преговори) и повеќе национално и историски дефинирани „делови од народи“ што имаат дури и матични држави. Ваквите решенија нѐ тераат да измислуваме постојано „нови факти на теренот“, како што гласи најциничната изјава што ја опишува политиката на моќ, а чиј автор е Карл Билт. Таков пример е операцијата на лажиран попис. За потребите на примарната лага произлезена од рамковниот, во 2002 година моравме да изведеме лажна пописна операција што ќе го вклопи саканиот процент. Поради тоа моравме да измислиме и нова територијална организација, да го прекинеме и одложиме последниот попис и да го прифатиме молкум предупредувањето на известувачот за Македонија, Англичанецот Ричард Хјуит, кој нѐ советува да одржиме попис ама „да сме воделе сметка резултатите да одговараат на фамозните 20 отсто загарантирани со рамковниот“!?
Нов пакет
Сега сме пред нов пакет ултиматуми. За да станеме дел од т.н. западен демократски свет, ни се прошируваат политичките критериуми што, сите до еден, водат кон истата цел. Се разбира, не македонска, ами онаа на трите влијателни држави. Тука се поставува суштинското прашање дали може да се нарече слободен избор ако ве тераат да избирате помеѓу убиство и самоубиство во фаза кога го конституирате животот. Во двете варијанти резултатот е смрт или престанување на постоењето. Ако самите си пресудите, трајно и непоправливо сте ги убиле и Македонија и Македонците како народ. Ако не го прифатите ултиматумот, ќе ве убие некоја контролирана нестабилност што ви излегла од контрола, иако фактички некој друг управува со неа.
Сепак вторава, условно речено, опција е поизгледна зашто остава отворен мал прозорец на можност некогаш некоја идна мотивирана генерација Македонци во видоизменети светски политички околности да почнат со ревитализација на контаминираниот животен простор.
Како и да е, по петочната изјава на премиерот Никола Груевски може да се заклучи дека македонската страна, иако е свесна оти преговори фактички нема, продолжува да е дел од светската фарса на глумење право и правда во надеж дека ќе спречи насилна егзекуција како во Ирак и Либија (а пред триесет години Либан), со идеја да го одложи денот на одлука и со надеж дека нешто можеби во меѓувреме драматично ќе се смени.
Нимиц во 1995-та: Државите сами си го избираат името
Метју Нимиц во интервју за „Грчки прес“ на 20 септември 1995 година изјави: ,,Името на оваа држава во суштина е избрано од самата држава. Ние не им го избравме името ниту на Канада ниту на Мексико. Земјите сами си ги избираат своите имиња. Посебноста во случајов е само во тоа што соседот се спротивстави на името, но сепак самите тие се оние што си го избираат името. Грција го нема тоа право. Може само да каже дека не се согласува. Не го може тоа ни ООН. ООН може само да прими во членство некоја држава. Во секој случај, Обединетите нации не и избраа име на државата, туку само рекоа дека привремено ќе ја именуваат како ‘поранешна југословенска Република Македонија’. Тоа не е нејзиното име. Можат на пример и САД да ја именуваат како поранешна британска колонија Северна Америка ако со тоа за одредено време се надминува деликатен проблем“.
Сѐ да има, освен Македонци
Грција и Македонија со Привремената спогодба се согласија дека нема да го монополизираат името Македонија. Тоа значи дека двете ќе го употребуваат со сите додавки и придавки. Проблемот настанува кога доаѓаме до темата за населението што живее на таа географска територија распослана во три држави. Државјаните на Република Грција се именуваат како Грци - сите до еден, без оглед на етничката припадност. Територијата на Македонија во состав на грчката држава всушност добива географска одредница „грчка“, а со тоа и тамошните жители ако инсистираат ќе бидат „грчки Македонци“. Ако Грците решат да се идентификуваат како Македонци без додавка, тогаш ќе се отвори прашањето и за содржината на поимот Грци, односно ќе се отвори прашањето што е тоа Грк и како ќе се идентификуваат Македонците (нашето малцинство) што сакаат идентитетно да се разликуваат од Грците. Во таков случај и ним би им се наметнала опцијата за самопрекрстување, иако се надвор од Република Македонија и нашата одлука не би требало да ги погоди, односно да ги засега.
Сличен проблем ќе се појави и во нашата држава. Од политичкото решение за опсегот на употреба на поимот Македонци ќе зависи идниот развој на внатрешните односи. Имаме две ситуации: едната е проширување на поимот Македонци врз целото население, без оглед на националната припадност и со тоа креирање политичка нација, а втората е задржување само на етничкиот карактер на поимот. И двете решенија содржат во себе доста барут, што е семе за множење политички радикализам. Мендух Тачи е само последниот што цапа во таков простор. Креирањето допрва политичка нација ја отвора омилената тема на нашите соседи дека сме измислена држава со измислен народ, кој нема свој идентитет, па краде други. Впрочем и тој филм го одгледавме со „кампањата“ за антиквизација, а го отвора и капакот на Пандориното мини-кутиче за шпекулации дека ако постојат Македонци-Албанци, Македонци-Турци, Македонци-Грци, тогаш како ќе се означат Македонците? Како Македонци-Македонци? Од друга страна, ако остане овој галиматијас од етнички заедници во Уставот без фабричка грешка, значи без минимум заедничко идентитетно сврзувачко ткиво, постојано ќе бидат генерирани судири на тема етнички права, опасност од супремација на едната или другата етничка заедница. Но сепак оваа наша сегашна ситуација, колку и да е фрустрирачка, го одржува и штити идентитетот не само на македонскиот народ овде туку и идентитетот и културата на сите други Македонци во соседните земји. Дел од истата стапица е и употребата на придавката „македонски“, која Западот сака да ја збрише од нашата меморија. Затоа, барањето за некакви меѓународни гаранции за македонскиот идентитет во случај на промена на името на државата е најголемата измама што ни е пласирана како залажачка од некои македонски политичари.
Референдум во ветар и магла
Павле Трајанов, водач на Демократскиот сојуз и член на владејачката коалиција, од последниот партиски конгрес се пројави со нов „креативен“ предлог за надминување на ситуацијата поврзана со името. Тој предлага референдумот за името да имал само консултативен карактер. Со други зборови, резултатите од оваа операција да имаат тежина на ветер и магла. Политичарите да го слушнат ставот на жителите на Македонија (особено на Македонците како етникум), ама да го помножат со нула и така да донесат политичка одлука без шанса таа да биде оспорена. Во таков случај, Трајанов треба да дообјасни за кој андрак воопшто би имало референдум, ако тој не биде обврзен за оние што добиле мандат да менаџираат со државата како организирана форма на заедница од живи луѓе.
--------- Нова Македонија (Мирка Велиновска) | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/3/2012, 20:51 | |
| Скандал во СЦБТ: Навивачите на Лирија со свирежи и со седење ја понижија македонската химнаУште пред да почне четвртфиналниот натпревар помеѓу Куманово и Лирија од завршницата на Купот на Македонија се случи скандал предизвикан од навивачите на тимот од Сарај, кои со свирежи и со седење ја испратија химната на Македонија, која се интонираше за време на церемонијата на која беше означен официјалниот старт на куп-завршницата. Припадниците на навивачката група „Ребелет“ уште со самото влегување во салата „Борис Трајковски“ покажаа дека најмалку ги интересираат случувањата на теренот, а повеќе политичките провокации насочени кон македонскиот народ. Непријатно беше да се гледаат вулгарните гестови насочени кон македонското знаме и кон Македонците во салата, но и да се слушаат свирежите во моментите кога на разгласот се слушаше државната химна. Во салата има стотина навивачи на Лирија, кои дојдоа со приватен автобус број 12 во придружба на неколку полициски автомобили. Од спротивната страна има неколку десетици навивачи на Куманово, кои засега не паѓаат на провокациите од спротивниот табор. http://www.mkd.mk/21277/sport/skandal-vo-scbt-navivacite-na-lirija-so-svirezi-i-so-sedenje-ja-ponizija-makedonskata-himna/ | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/3/2012, 21:07 | |
| А зошто никоја од навивачкиве групи од Скопје не им се придружи на Кумановциве? | |
| | | Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/3/2012, 23:03 | |
| Апсолутно точно и прецизно кажано во колумната на Мирка Велиновска, во потполност се согласувам. Ме интересира само до каде може да оди човековата фарса и иронија во однос на нас. Ни пресудува во наша корист највисокиот суд во светот, а Грција излага со став цитирам "ние се погриживме одлуката од меѓународниот суд на правдата, каква и да е да не влијае на нашите позиции" и цел свет преќуте. Па добро имал и малку тронка совест и хуманост кај некои од големиве светски политичари. Не ја почитуваат времената спогодба кои и самите ја потпишаа, а ние мораме; Ни го негираат и идентитетот и јазикот, а тоа не е предмет на преговарање; Не блокира спротивно на спогодбата, а обврзана е да не го прави тоа; Мој предлог сега во преговорите кои во последно време и ги избегнуваат а јавно велат ние не сакаме да преговараме е: Освен името, идентитетот и јазикот да преговараме и за душата, зашто ако не ја смениме пак ќе не блокираат Кажете ми сега мои драги браќа дали некаде погрешив во постов, сам ове молам исклучете го Груевски и Бранко од секој одговор!? | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/3/2012, 23:14 | |
| Sojuz so Rusija I Kina vi velam + Bazi za 100.000 vojnici samo od zemjodelie ke zhiveeme. + Vardarska dolina + Nuklearka . | |
| | | Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/3/2012, 23:17 | |
| - Зоран напиша:
- Sojuz so Rusija I Kina vi velam + Bazi za 100.000 vojnici samo od zemjodelie ke zhiveeme.
+ Vardarska dolina + Nuklearka . И тоа сум размислувал бе Зоки, ама еве ја Србија имаат демек некоја си база во Ниши што ??? Пак си играат со нив и Западов и Русите кои ги извисија неколку пати!! | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/3/2012, 23:22 | |
| - Makedon напиша:
- Зоран напиша:
- Sojuz so Rusija I Kina vi velam + Bazi za 100.000 vojnici samo od zemjodelie ke zhiveeme.
+ Vardarska dolina + Nuklearka . И тоа сум размислувал бе Зоки, ама еве ја Србија имаат демек некоја си база во Ниши што ??? Пак си играат со нив и Западов и Русите кои ги извисија неколку пати!! Тадич ја сврте водата на западна воденица. за жал многу продадени души. А западот ке си ја поправи грешката ке не обезличи тотално и тоа додека се плашиме од шпонови ке не кркнат Н.Г.о.... | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/3/2012, 23:27 | |
| | |
| | | Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/3/2012, 23:28 | |
| - Зоран напиша:
- Makedon напиша:
- Зоран напиша:
- Sojuz so Rusija I Kina vi velam + Bazi za 100.000 vojnici samo od zemjodelie ke zhiveeme.
+ Vardarska dolina + Nuklearka . И тоа сум размислувал бе Зоки, ама еве ја Србија имаат демек некоја си база во Ниши што ??? Пак си играат со нив и Западов и Русите кои ги извисија неколку пати!! Тадич ја сврте водата на западна воденица. за жал многу продадени души. А западот ке си ја поправи грешката ке не обезличи тотално и тоа додека се плашиме од шпонови ке не кркнат Н.Г.о.... Не те разбрав со ова Н.Г.О....??? | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/3/2012, 23:30 | |
| - Makedon напиша:
- Апсолутно точно и прецизно кажано во колумната на Мирка Велиновска, во потполност се согласувам.
- Makedon напиша:
- Кажете ми сега мои драги браќа дали некаде погрешив во постов, сам ове молам исклучете го Груевски и Бранко од секој одговор!?
Види брат, не е возможно да се даде одговор на твоево прашање, а да не се споменат и двајцата. Имено, дотичнава госпоѓа (или господин, навистина не знам во кој род да ја сместам) им ги лижеше патлаците и на едниот и на другиот... секако во зависност од тоа кој е на позиција а кој не е. Истава на времето пишуваше и се пенеше за Бране како да е од господ даден.. а сега кога е на друг платен список истиот е сатана а спасителот е друг. Така да, иако навидум колумнава изгледа логично и со исправна "дијгноза" за надворешно/внатрешните политички односи и консталации, поѓајќи од тоа кој ја напишал и со каква цел, истава не вреди ни колку хартијата на која е испечатена. Демек, сега ќе го плашиме народов со светски заговор против нас, дека сме осамени во светов такви какви што сме... угнетени, обезправени и со наведната глава, дека сите решиле да не снема од мапава на светов, дека сме светски проблем број 3, веднаш после Иран и Северна Кореа. Демек, ќе го куваме пополека народов да крене раце и од ЕУ и од НАТО (бидејќи истиве нели не мразат и сакаат да не нема), за да евентуално во иднина.. после некој самит на било која од овие две организации, и јавно се откажеме од нашите аспирации да бидеме членка на двете. Е сега прашањето е... кој ќе добие, а кој ќе изгуби во едно такво сценарио? - Makedon напиша:
- Па добро имал и малку тронка совест и хуманост кај некои од големиве светски политичари.
Нема, секако. - Makedon напиша:
- Не ја почитуваат времената спогодба кои и самите ја потпишаа, а ние мораме; Ни го негираат и идентитетот и јазикот, а тоа не е предмет на преговарање; Не блокира спротивно на спогодбата, а обврзана е да не го прави тоа;
Идентитетот и јазикот станаа проблем, односно почнаа да го негираат... во оној момент кога самите ние го ставивме на маса како точка за преговори. Нормално е дека ќе го прават истото... би бил будала секој оној кој не би искористил таков политички автогол. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|