Фала брат.Таман сега ќе го рекламирам брендот.Летни Haix и сега овие тука. Прво нешто што ќе воочиш кога ги земеш во рака е тежината.Едната тежи ништо повеќе од 400 грама,исто како патика.Второ е удобноста,влошката на овие и на летните шо ги имам е различна.Влошката е дебела,мека, и мислиш дека по облаци одиш. Да си купиш поубави.
______________________ СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
Alvar
Број на мислења : 11127
Предмет: Re: Војнички обувки 4/12/2020, 20:30
Haix и Lowa, добар избор (за разлика од одредени членки на NATO).
______________________ Si vis pacem, para bellum
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Војнички обувки 4/12/2020, 23:57
Мене никогаш нема да ми биде јасно зашто толкава прашина мора да се крева при набавка на чизми,гуми или маредна
ESN
Број на мислења : 1595
Предмет: Re: Војнички обувки 5/12/2020, 13:22
Alvar напиша:
Haix и Lowa, добар избор (за разлика од одредени членки на NATO).
Wow,е ова е веќе нешто што ми се допаѓааа.Браво за нив,браво.
______________________ СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
Alvar
Број на мислења : 11127
Предмет: Re: Војнички обувки 9/12/2020, 21:43
Задолжување опрема, Ирска армија. Magnum boots (така-така, не се којзнае каков квалитет), Haix (топ) и Asics патики (топ).
______________________ Si vis pacem, para bellum
ESN
Број на мислења : 1595
Предмет: Re: Војнички обувки 10/12/2020, 18:28
Ете така на тој начин се задолжува опрема.Се нервирам само гледајќи такви слики. Магнумот за активна воена служба се покажаа катастрофално.Ама пак затоа Хаиксот и Асикс се врв.
______________________ СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
ESN
Број на мислења : 1595
Предмет: Re: Војнички обувки 10/12/2020, 18:32
Ете денес направив еден тест.4 часа ги носев Планика Стол што ги имам и 4 часа ги носев летните Хаикс Air Power P3 кои исто така ги имам ставано тука.Исход,во Планиката нозете ми беа испотени и мраз,а со Хаиксот иако се летни нозете ми беа топли.
Цел живот мака мачам со проблемот нозете да ми бидат топли во чизма кога надвор ќе биде пониско од 10 степени.Сум носел Алпина Арпеназ 3 години,Гри Спорт(оние МВР шо ги носеа) 4 години,Планика Стол две години,Српските шо ни ги задолжија на работа 2 години.Сум пробал и со два пара чорапи,па со еден ама волнени,и не бе нема спас.Имам многу лоша генетика наследено од мајка ми, од целото тело само нозете ми мрзнат.И како крајна солуција ги гледам Danner Acadia 8 inch 400G Thinsulate.Е, и ако и тие не помогнат,фаќам сечам тоа стапалата и решен проблем.
______________________ СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
Alvar
Број на мислења : 11127
Предмет: Re: Војнички обувки 3/1/2021, 18:43
Аааааааа, Danner... закон чизми, али 370 долари (20,000 ден) бачко. Кој му стиска нека дојде, аџанак, баџанак.