Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки

Go down 
+15
m-r.niceguy
leopard
Birac
shady3
alexmkd
mojsejko
su50fighter
Зоран
Momak od Gjorce
Legija91
Goran Apostoloski
Генерал
Zajcef
beowulf
SIG
19 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 14, 15, 16 ... 24 ... 34  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки   Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty3/6/2014, 22:44

ПИКАТИНИ-ШИНА – РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ДОДАТОК НА СЕКОЕ СОВРЕМЕНО ОРУЖЈЕ

Пикатини-шина („Picatinny rail“, според стандардот на војската на САД: МИЛ-СТД-1913, според НАТО стандардот: СТАНАГ 2324) е шина во улога на држач која се наоѓа поставена на оружје. Пикатини-шината на оружјето може да биде поставена фабрички или посебно додадена со варење, зашрафување или прицврстена со стега.
Пикатини-шината е едноставен систем кој го револуционираше начинот на кој се поставуваат различни оптички уреди, како и многу други додатоци на огненото оружје.
Целиот свет денес е „луд“ по овие шини, и тоа со добра причина. Пикатини-шината, или според воениот стандард на војската на САД, МИЛ-СТД-1913, е развиена во „Picatinny Arsenal“ во Њу Џерси, не е премногу комплицирана, премногу скапа, ниту, пак, тешка за да се произведува. Тоа е едноставна платформа за монтажа на додатоци која го револуционираше начинот на кој се поставуваат сите видови на оптички нишани и други додатоци на огненото оружје.
Пикатини-шина е термин кој се развил во индустријата на огненото оружје од воениот стандард на армијата на САД, поточно од МИЛ-СТД-1913, кој бил усвоен на 3 февруари во 1995 година. Насловот на публикацијата е „Димензионирање на шина за монтажа на додатоци за мало оружје», и во овој документ се наведени точните димензии и толеранции за кој било систем на монтажа кои ќе бидат поднесени за прифаќање од страна на војската. Името, „Пикатини“ (Picatinny) доаѓа од местото на потекло на овој систем – „Пикатини арсенал“ е американски центар за воено истражување и производство и се наоѓа во Њу Џерси. Стандардот МИЛ-СТД-1913 ги одредува потребните димензии, вклу­чувајќи должина, широчина, височина и агли и толеранции дозволени за секое мерење.
Во минатото, производителите на оптички нишани и други додатоци за оружје се одлучувале за овој начин на нивната монтажа. Сите имале сопствени индивидуални идеи и параметри за монтажа на оптиката на различни начини. Средината на 90-тите години од минатиот век имаше еден голем напредок во технологијата на оптичките нишани и во исто време вооружените сили биле во потрага по стандарден и удобен систем за монтажа за да се монтираат на оружјето без трошење на многу време и без попречување на точноста. Тие се обиделе да создадат систем за монтажа, со кој би можело да се отстранат и да се постават додатоци на оружјето без многу проблеми и без реорганизирање на опремата.
Откако американската армија развила ноќни оптички нишани, почнала потрагата по стандардизиран систем за нивната монтажа. Сите видови на уреди за ноќно гледање и нишанење биле развиени за поединци и за членови на посади на одредени оружја и тие системи требало постојано да се симнуваат, односно да се поставуваат во текот на ноќта.
Секоја компанија имала свој начин на прицврстување на нишанските уреди и секој барал своја платформа за монтажа. Фрустрирани со сите конфигурации и варијации на димензиите на системите за монтажа, армијата на САД им дала задача на „Пикатини арсенал“ за развивање на стандардизиран систем на монтажа.
Со проектот се започнало во 1992 година. Повеќето компании користеле некој вид на уреди за поставување на шина, но тие биле тесни за некои шини и лабави врз другите. Никој дотогаш не направил шини со стандардизирани димензии. Во „Пикатини“ донеле различни оружја на кои имало монтирано шини. Ги измериле сите шини и врз основа на добиените просечни податоци ја направиле својата шина. Конечниот дизајн бил проверен од повеќе експерти и бил утврден како стандард и биле направени конечните технички цртежи. Воениот стандард за шината бил усвоен на 3 февруари 1995 година.
Концептот на шина не бил развиен од Пикатини Арсенал туку само подобрен и стандаризиран. Стандардизацијата довела до неочекуван развој на индустријата за огнено оружје и секако на индустријата за изработка на разни додатоци за него. Производителите на оружје, шини, бази и прстени и други начини на монтажа многу брзо го прифатиле овој стандард и активно се вклучиле во производството на системи за монтажа и разни додатоци за оружје. Корисниците сега можат да купат еден систем за монтажа кој функционира на огромен број оружја. Пикатини-шината донесе среќа во животот на корисниците на оптички и други уреди, бидејќи тие сега се во можност да ги менуваат толку често колку што сакаат.
Пикатини-шината денес е широко прифатена низ целиот свет и се користи за да се прицврстат ногарки, ласери, разни видови на нишани, светилки и многу други додатоци на пушки, сачмарки, пиштоли и пушкомитралези. Таа е толку прифатена и практична, така што освен на оружјето веќе се поставува и на борбените шлемови. Таа може да биде монтирана на долната (под цевката), на горната (најчесто на сандакот), но и на левата или на десната страна страна на оружјето, во зависност од уредот кој на неа ќе биде монтиран. На Пикатини-шината може да се монтираат разни ласерски нишани, оптички нишани, ноќни нишани, тактички светилки, колиматорски нишани, подцевковни фрлачки на гранати, бајонети, дополнителни ракофати, ногарки и многу друго.
Пикатини-шината се состои од испрекинати редови, како прагови кај железничка пруга. Додатоците можат да се ставаат со лизгање или од едниот крај, па до другиот и потоа едноставно да се прицврстат со помош на алат или без него.
Самата шина датира од 1980-тите, кога сопственикот на компанијата „А.Р.М.С“, Ото Репа, ја дизајнирал шината. Шината оригинално била направена за монтирање само на оптички нишани. Меѓутоа, системот се проширил и на други додатоци. Шините првпат биле користени на пушки со голем калибар.
Пикатини-шината е широка 21,2 mm, а жлебовите се со широчина од 5,232 mm. Растојанието од центарот на еден жлеб до центарот на друг жлеб изнесува 10,008 mm, а длабочината на жлебот изнесува 3,00 mm. Овие димензии се стандардизирани, така што повеќето монтажни шини се направени според Пикатини-стандардот.
Кај повеќето Пикатини-шини жлебовите се нумерирани, што му овозможува на корисникот да ги поставува уредите секогаш во иста позиција во секое време. Доколку не се направи тоа, можеби ќе треба уредот секогаш повторно да се приспособува, што би можело да биде голем проблем, особено ако уредот е поставен на прецизна пушка.

ПИКАТИНИ-ШИНА ИЛИ ВИВЕР-ШИНА, ВО ШТО Е РАЗЛИКАТА?
Покрај Пикатини-шината, постои и Виверова шина. Виверовата шина била развиена од страна на Вилијам Ралф Вивер (1905 – 1975) во неговата компанија за оптички нишани која тој ја основал во 1930 година. Виверовата шина била првиот стандардизиран систем за монтирање на оптички нишани за пушки. Претходно, оптичките нишани биле монтирани со помош на сет завртки директно на пушката.
Кои се разликите помеѓу Пикатини и Вивер шините? Профилот на двeтe шини е речиси идентичен. Во зависност од квалитетот на обработката направена од страна на производителот, двата системи треба да се разликуваат според профилот. Клучната разлика лежи во поставување на жлебовите и широчината на жлебовите. Вивер-шината има жлебови со широчина од 4,572 mm, а растојанието од средината на еден жлеб до средината на друг жлеб не е нужно на исто растојание. Пикатини шината има жлебови со широчина од 5,232 mm и растојанието од средината на еден жлеб до средината на друг жлеб е секогаш 10,008 mm. Поставувањето на овие жлебови мора да биде конзистентно, со цел таа да биде вистински Пикатини, МИЛ-СТД шина.
Сега, што значи ова за корисниците? Тоа значи дека додатоците дизајнирани за Вивер-системот, во повеќето случаи ќе се вклопуваат на Пикатини-системот. Обратно, тоа не е можно. Тоа се должи на поголемиот жлеб за попречната чивија, кој кај Пикатини-шината е квадратен, додека кај Вивер-шината е полукружен и нешто поширок, што овозможува појака попречна чивија која има поголема површина потпрена на постаментот за монтажа, па со тоа и подобра прицврстеност на уредот.

НАТО-ШИНА ЗА ДОДАТОЦИ
НАТО-шината за додатоци (NATO Accessory Rail – NAR) е дефинирана од страна на новиот договор за стандардизација СТАНАГ 4694, кој е нов стандард за монтажа на помошната опрема, како што се оптички нишани, тактички светла, ласерски нишани, ноќни нишани, предни ракофати, ногарки, бајонети и слично мало оружје, како што се пушки и пиштоли. СТАНАГ 4694 беше одобрен од страна на НАТО-групата за вооружување на 8 мај 2009 година. Оваа шина е компатибилна со СТАНАГ 2324 или MIL-STD 1913 Пикатини-шината, која датира од 3 февруари 1995 година и е дизајнирана во соработка со производители на оружје како што се „Аимпоинт“, „Берета“, „Колт“, „ФН Херстал“ и „Хеклер и Кох“. Така, високопрецизната пушка на „Хеклер и Кох“, Г28, е опремена со шина според овој стандард.
Разликите помеѓу стандардите MIL-STD 1913/СТАНАГ 2324 и СТАНАГ 4694 се во тоа што димензиите се изразени според метричкиот систем, усвоени се дополнителни мерки и толеранции, извршено е приспособување на некои мерки и извршено е намалување на толеранциите за околу 50%. Друга забележлива промена е во тоа што кај Пикатини-шината, површините на V-аглите се користат за усогласување и утврдување на додатоците, додека кај шината според СТАНАГ 4694, тоа се горните површини. Тестовите на НАТО покажале дека Пикатини-шината не обезбедува добра повторливост при поставувањето на уредите, додека користењето на горната површина овозможува одлична повторливост.

Александар Стојчевски

линк
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки   Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty13/7/2014, 19:04

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 DijloV2

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки   Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty21/7/2014, 17:24

http://www.swissarms.ch/en/index.html

Убаво ја стегнале новата страна.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки   Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty22/7/2014, 00:33




______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки   Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty22/7/2014, 00:41

Многу ми се допаѓа новиот модел пушка на SIG SAUER

Koнструирана е 2013 година SIG556 во калибар 7.62x39

А во Американскиот Сиг Сауер се произведува оваа варијанта




Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки   Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty31/8/2014, 18:33




______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки   Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty23/10/2014, 01:21

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 111781_58916932_Fordefesa-11-P%C3%A1gina-126-127Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 111781_58916932_Fordefesa-11-P%C3%A1gina-128-129

Бразилците планираат со оваа пушка да ги заменат сите кои ги поседуваат, ФН ФАЛ, М-16 итд.
Вратете се на почетокот Go down
Birac




Број на мислења : 28

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки   Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty2/11/2014, 19:48

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 1_1

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 1_2

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 1_3

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 1_4

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 1_5

Вратете се на почетокот Go down
Birac




Број на мислења : 28

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки   Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty2/11/2014, 19:49

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 1_6

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 1_7

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 1_8

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 1_9

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 1_10

Вратете се на почетокот Go down
Birac




Број на мислења : 28

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки   Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty2/11/2014, 19:49

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 1_11

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 1_12

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 1_13

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 1_14

Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 1_15

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки   Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки - Page 15 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки
Вратете се на почетокот 
Страна 15 of 34Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 14, 15, 16 ... 24 ... 34  Next
 Similar topics
-
» Heckler & Koch Автоматски пушки 416, 417, G28, M27 IAR, G36
» Автоматски фрлач на гранати
» Хамас добивал пушки и митралези од Македонија?

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: