Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Хамас добивал пушки и митралези од Македонија?

Go down 
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Хамас добивал пушки и митралези од Македонија? Empty
ПишувањеПредмет: Хамас добивал пушки и митралези од Македонија?   Хамас добивал пушки и митралези од Македонија? Empty9/1/2013, 12:34

Дел од оружјето, пренесува Нова Македонија, кое било наменето за финансирање на терористичкото движење, а сега и политичка партија во областа Газа потекнува од Македонија.



Собраното оружје од земјава, Косово, Босна и од Хрватска требало преку Италија да пристигне во Израел во два неколкутонски контејнера што требало да бидат натоварени на египетски брод, пишува весникот.

Италијанските медиуми ги објавуваат деталите за акцијата на израелско-италијанските служби, која била голем удар на рутата на шверц на оружје што ја финансирал Иран, а била наменета за активистите на Хамас.

Медиумите ја толкуваат и ја споредуваат акцијата со израелската тајна операција со бомбардирањето на иранско-судански ракетен индустриски центар во Јармоук, лани во октомври и уништувањето пратка ракети од Синај.

-Според интернет-порталот „Дебкафиле“, кој се занимава со анализа и со коментирање воени и разузнавачки информации, контејнерите со оружје биле запленети од камиони што влегувале во пристаништето. Тие имале документи според кои требало да се натоварат на египетски брод закотвен во Неапол. Според декларацијата, во контејнерите имало градежни материјали, плочки и други производи за бањи и за кујни од Верона, а кои требало да бидат испорачани во Александрија. Кога ги отвориле контејнерите, италијанските инспектори пронашле електронски уреди за наведување ракети, противтенковски проектили и големо количество снајперски пушки. Потоа бил уапсен и Египќанецот што требало да ја преземе пратката. Апсење имало и во други делови на Италија, каде што исто така било запленето оружје, но поради чувствителноста на операцијата италијанските власти не издаваат информации, пренесува Нова Македонија.

"Дебкафиле" обелоденува информации дека Иран води непријателска политика кон Израел, а тој имал софистицирани мрежи за шверцување оружје од Балканот за своите сојузници.

Едната од мрежите била и рутата што почнувала од Турција, преку Македонија, Косово, Санџак, Босна и Хрватска завршувала во пристаништата во Италија. Според порталот, соработници од БАлканот од албанска националност и исламска вероисповед го набавувале, плаќале и пакувале оружјето кое потоа го товареле во камиони и го пренесувале во Италија.

Оружјето се товарало на контејнерите во пристаништата како Верона и неапол и со бродови пловело кон Александрија, Порт Саид или Ел Ариш во северен Синај, од каде припадниците на Хамас го преземале и го доставувале до областа Газа.

- Процените на меѓународните институции велат дека во земјите од овој дел на Европа има околу милион парчиња нелегално формациско воено оружје, а нелегалното оружје е сериозен проблем во земјава и во регионот. Го има многу. Потребно е кампањите за негово доброволно предавање или легализацијата во сите земји да се спроведуваат крајно сериозно - вели пензионираниот полковник на АРМ, Благоја Марковски за Нова Македонија.

И професорот Стојан Кузев смета дека Балканот е преполн со нелегално оружје, но вели дека Македонија не е исто што и Босна и Косово.

- Иако се верува дека на нашата територија има околу 150.000 парчиња оружје за кое нема издадено соодветни документи, јас не можам да верувам дека некој би ги обединил индивидуалните парчиња оружје, а потоа би ги употребил за поддршка на некојси режим како оној во областа Газа. Јас мислам дека иако сме во црвената зона, сепак Македонија не може да се изедначи ниту, пак, да се вброи во земјите од регионот како Косово или, пак, Босна, кои имаат сериозен проблем со оваа работа поради долгогодишните војни - истакнува професорот.

Тој потенцира дека не треба секогаш да се претерува со истакнување на ваквите информации, кои даваат лошо светло за регионот.

[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
 
Хамас добивал пушки и митралези од Македонија?
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)
» Тешки митралези (12.7мм +...)
» Heckler & Koch Автоматски пушки 416, 417, G28, M27 IAR, G36
» Автоматски и полуавтоматски јуришни пушки
» Македонија во 2001

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Тероризам - нова светска војна-
Отиди до: