Како последен од редот на гранатофрлачки кои се наоѓаат во вооружувањето во АРМ ќе биде претставена автоматската фрлачка на гранати АФГ-30 (првобитен назив на моделот е М-93). За разлика од претходно претставените подцевни гранатофрлачки БГП-40 за АПу М-21, М-203 за АПу М-4 и Т-40 за АПу Г-3 (сите се употребуваат во АРМ, како и нивните „носачи” т.е пушките), во овој текст ќе стане збор за орудие со поголема маса и димензии кое работи на различен принцип од горенаведените.
ИСТОРИЈА НА АФГ-30 АФГ–30 во суштина функционира како еден вид митралез којшто наместо
куршум истрелува гранати од реденик. Оттука и терминот ГМГ –односно Grenade Machine Gun (ang.) или Granatmaschinengenjehr (ger.), односно „митралез-гранатофрлачка”. Ако направиме паралела помеѓу митралезот и гранатофрлачка од ваков тип забележуваме дека фрлачката работи на еден од принципите на работа кои се применети кај митралезите (на пример, долго повлекување на затворачот кај „МТ Бровинг“ 12.7 mm), понатаму дејствува од триножник („Бровинг”, „ДшК” 12.7 mm), начинот на хранење со муниција – реденик поставен кружно во барабан (речиси сите МТ користат реденик во или над подобрена верзија АГС 30 е тешка околу 30 kg наполнета, па може да се пренесува на кратки растојанија од страна на еден оператор. Значи, орудието со кое ќе се запознаеме, иако носи сличен назив како рускиот тип АГС-30, односно АФГ-30, всушност, е копија на АГС-17. АГС 17 „Пламја” преставува ветеран во својот „вид”. Најпознат е по употребата во авганистанската војна каде ги задоволил очекувањата во долгогодишната советска интервенција во Авганистан.Нема оружје или орудие што би ги издржало суровите услови на употреба во Авганистан ако не е добро направено.
АГС -17 продолжува успешно да се користи и понатаму, а тоа е доволен факт кој говори сам по себе. Интересен е фактот дека првенствено е наменет за употреба при масовни напади („бранови” на пешадија), пред сe поради претпоставката на конфликт со кинеската војска иако никогаш не е употребен против Кинезите. АГС 17 означува „автоматически гранатомет станкови”, односно автоматски гранатоцел, монтиран на триножник, додека верзијата АГ-17/АГ-17А е
наменета за монтажа на хеликоптерите Ми-8 и Ми 24.Кај нас можеби некој ќе се сретне со терминот „жаба”, но тоа е само термин кој не ја обележува гранатофрлачката бидејќи точната ознака му е АФГ-30. Сепак, како и за секое средство, војничкиот жаргон наоѓа второ име или прекар, па така и гранатофрлачката се заменува со „жаба” или „жабица”..
Бидејќи на екс југословенската сцена доаѓа подоцна, употребата на „жабата” е концентрирана на конфликтите кои се однесуваат на Р. Србија и на Косово. Покрај пешадиските единици, го користат и специјалните единици кои монтираат а моторни возила „Хамер“, овозможувајќи одлична мобилност и носење на поголем број мунициски барабани. Орудието може да се монтира речиси на секое борбено оклопно или неоклопно моторно возило или на хеликоптер. Во руската армија се монтира на голем број возила, на пример оклопниот транспортер БТР. Може да се вгради во купола или на носач каде што стрелецот има директен контакт со орудието и ракува со него, или да се опреми со електрична далечинска команда каде што стрелецот-нишанџија ракува од внатрешноста на возилото или во хеликоптер без потреба да се изложува на непријателски оган.
НАМЕНА И КАРАКТЕРИСТИКИФрлачката на гранати АФГ 30 (М93) е орудие за поддршка на пешадиските единици, за неутрализирање на жива сила и огнени средства на непријателот во неутврдени засолништа или вон засолништа, потоа за унишување или онеспособување на лесно оклопени борбени и неборбени возила.
Посадата на орудието ја сочинуваат три послужители: нишанџија, помошник на нишанџијата и донесувач на муниција. Во борбени услови се поставува на постамент триножник кој може заедно со гранатофрлачката да се преместува со двајца војници на кратки растојанија заради промена на борбената положба. Ногарките се утврдуваат пред дејство или се ставаат вреќи со песок заради
стабилност. АФГ користи 30 mm гранати од реденик кои се намотани во барабан со капацитет од 29 гра-
нати. Освен бојна граната користи и кумулативна граната, вежбовна граната и школска граната за извежбување полнење и празнење. Може да дејствува на цели кои се гледаат или кои се зад некоја препрека (рид, објект,шума итн.). При директно, непосредно дејство се гаѓа на далечини до 700 метри, а полупосредно или посредно на далечини до 1.700 m.
Горната плоча – поклопецот на сандакот е опремена со балистичка табела означена со далечинска скала во илјадити и метри (т.е. поместување на барабанот на нишанот за елевација во илјадити) за далечина до 1.730m, па стрелецот многу лесно, со процена на далечината врши корекција на огнот по далечина.
Овој едноставен дел е одлично помагало за нишанџијата. Иако денес поголемиот дел од модерните гранатофрлачки се опремени со балистички компјутер, сепак табелата е незамелива. Електронските помагала даваат голема предност пред оптичкиот нишан и табелата, но факт е дека нема потреба ни од одржувањени од извор на електрична енергија за напојување, па сепак, подобро е да ја има отколку да ја нема. Директен конкурент од западно производство му е американскиот Мк 19 во калибар 40 mm со граната 40 х 53 mm, потоа Хеклеровиот ХК ГМГ во истиот калибар, шпанскиот ЛАГ 40 кој исто така користи 40 х 53 НАТО муниција, „Вектор У3“, исто така 40 х 53 НАТО по потекло од Јужна Африка кои, пред сe, ги употребуваат НАТО-земјите и нивните сојузници, додека копиите и дериватите на АГС 17 се користат
во сите поранешни советски републики, дел од поранешниот Варшавски пакт кои по лиценца се произведуваат во Ирак,во Кина, во Куба, во Финска, во Србија итн.
Бидејќи работи на принцип на енергија, повратниот удар на чаурата на гранатата која ја пренесува
затворачот не користи барутни гасови за повторно полнење. Се полни со помош на сајла која излегува
од задната страна на гранатофрлачката. Реденикот се мести од горната страна, а затварачот е опремен со излекувач на чаури од реденикот кој ја донесува чаурата пред лежиштето на цевката. При секое истрелување на граната повратниот удар на чаурата дејствува на затворачот кој оди во задна положба, а под дејство на повратните пружини оди повторно во предна положба вметнувајќи ја
гранатата во лежиштето. Чкрапецот се наоѓа на задниот поклопец помеѓу двете рачки на ракофатот.
Регулаторот на оган има две положби, откочено и закочено, а за поединечен оган ако регулаторот за брзина на оган се постави на позиција „мин” (минимално).
КАРАКТЕРИСТИКИ НА АФГ-30Од гранатофрлачката може се дејствува со кратки рафали до 5 гранати, долги рафали до 10 гранати
и непрекинат рафал од сите 29 гранати во реденикот. Гранатофрлачката е опремена со регулатор
на брзина на гаѓање кој овозможува редуцирање на брзината на стрелба до практични 30 гранати во минута – режим на работа која овозможува теоретска брзина од 50 до 120 гранати во минута , а регулаторот може и да ја зголеми практичната брзина на 65 до 70 гранати во минута при што теориски би можело да се постигне 350 и повеќе гранати во минута. Кога регулаторот е поставен на минимална брзина, можна е стрелба со поединечен оган.
Триножникот на кој е поставена гранатофрлачката се склопува со прекршување на ногарките и има ремени за транспорт на грб на помошникот. Кога е поставз за дејство, овозможува движење по правец од 30 степени без да се поместува. Со поместување на целиот систем, дејството е 360 степени. По вертикала, односно елевација, колевката на триножниот постамент може да се подига или да се спушта во распон од -5 степени до + 70 степени.
Комплетот на АФГ-30 го сочинуваат:– автоматската фрлачка на гранати М 93;
– постамент-триножник (составен од ногарки, колевка и барабани за приспособување по правец и елевација);
– барабани за реденици со гранати;
– резервен алат и прибор.
АФГ-30 е составен од:
– цевка;
– сандак;
– затворач;
– водилка;
– механизам за репетирање;
– механизам за чкрапање;
– повратен механизам.
МУНИЦИЈАОд гранатофрлачката се испукуваат проектили со димезии 30 mm х 29mm. Моментната граната ТГ-М93 наменета за АФГ 30 има тежина од 350 грамови и експлозивно полнење од 32,5 грамови. Тежината на проектилот е 273 грамови. Опремена е со детонатор тип УТ–М99СД, со самоликвидатор кој се активира на 27 секунди од истрелувањето.Армирањето на овој тип на граната е по 10 m од излезот на цевката. Должина на гранатата е 132 mm.
Убиствениот радиус на моментната граната М93 е 7-9 m. Руските,односно советските гранати имаат ознаки ВОГ 17М или ВОГ-30.
За полнење на гранатите во реденикот се употребува полнач на принип на рачно
полнење (слично како кај МТ М-84).
НИШАН НСБГ-1Со нишанот НСБГ – 1 се нишани непосредно на подвижни или на стационирани цели до далечина од 700 m, потоа на поголеми далечини со полупосредно или посредно стрелање до максималните 1700 m. Леснооклопни и неоклопни возила може да се гаѓаат до 1000 m.
Комплетот на нишанот е сместен во дрвена кутија во која покрај НСБГ-1 се сместени и светилка ТС 1 и трициумска ТЦ 3-светилка, резервни либели со куќиште, алати за одвртување, филтри за светло, навлака за нишанот и упатство за употреба.
Самиот нишан е составен од објектив, призма, кончаница, окулар и светлосен филтер сместени во куќиштето на нишанот, а целиот систем на нишанската направа содржи либели за приспособување во хоризонтална положба по две оски, кружни скали со ознаки во илјадити, и тоа хоризонтална и вертикална – за правец и елевација и навртки за поместувања на нишанот по правец и елевација.
Кога нишанот е во маршевска положба тој е сместен во дрвена кутија во комплет со останатите делови, а кога е во борбена положба се монтира на носачот за нишан на сандакот на гранатофрлачката. Покрај овој оптички нишан, гранатофрлачката е опремена и со механички преден и заден нишан сместен од страна на сандакот. Во комплетот има и дурбин за ректификација на гранатофрлачката со нишанската направа – ДР-30 (ДР-дурбин за ректификација).
ИЗВОР: „Штит„