| Пиштоли и револвери | |
|
+19mojsejko Stamenov JKD alexmkd tose Smrtnikot Goust Goran Apostoloski Legija91 leopard Zajcef volcko1 Зоран beowulf Momak od Gjorce Iko Alvar Генерал SIG 23 posters |
|
Автор | Порака |
---|
leopard
Број на мислења : 583
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 31/3/2014, 00:16 | |
| Третиран е со сите четки,со јаже со се пробав,се што е во моја можност,од Геко муницијата сум задоволен,40 денари беше ја набавив по 35 денари.делумно нејзина е заслугата за чистењето на жлебовите. | |
|
| |
JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 6/4/2014, 17:49 | |
| Вчера конечно бев на камник да пукам...и многу заразно било само имав проблем со видот...многу ми се матеше метата кога пукав...дали дека фокусирав погледот на нишанот,или можеби дека немав спиено претходната вечер...не знам како да објаснам,ја гаѓав метата,ама не ја глеав,не центрирав баш...испукав 30 куршуми,3тото полнење имав 4 погодоци во црната мета,многу блиску до центарот... некој совет да ми дадете вие искусните..ме плаши ова со видов,не знам дали јас не сум знаел точно како треба и каде треба да гледам,или стварно имам проблем со очите,или тоа се било до тоа што бев изморен и не спиен. | |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 6/4/2014, 20:58 | |
| Многу се фокусираш на нишаните и затоа е така. ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 6/4/2014, 21:00 | |
| - Генерал напиша:
- Многу се фокусираш на нишаните и затоа е така.
А како би требало да центрирам ? стварно не ми беше јасно...не верував дека до толку не гледам,бидејќи беше на 7 метри метата...буквално ми беше матна...ми објасни човекот да не гледам на првиот нишан,туку на вториот...и така правев,но како што кажав,многу ми беше матна... | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 6/4/2014, 21:22 | |
| Значи, проблемот, и јас мислам дека е како што кажа Генералот. Премногу се фокусираш на нишанот, а премалку на метата. - Намести се, погледни низ првиот нишан и вториот нишан да ти биде измеѓу точките на првиот. - Погледни ја метата во центарот, и види да ти е во исто рамниште со нишанските точки, особено предната (која претходно мораш да ја центрираш меѓу задните две точки). - Земи воздух, и пукај. - Би требало да погодиш. Имаш на јутуб убави туторијали кај што се ќе ти објаснат, побарај сигурен сум ќе најдеш. | |
|
| |
JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 6/4/2014, 21:25 | |
| - Frogfoot напиша:
- Значи, проблемот, и јас мислам дека е како што кажа Генералот. Премногу се фокусираш на нишанот, а премалку на метата.
- Намести се, погледни низ првиот нишан и вториот нишан да ти биде измеѓу точките на првиот. - Погледни ја метата во центарот, и види да ти е во исто рамниште со нишанските точки, особено предната (која претходно мораш да ја центрираш меѓу задните две точки). - Земи воздух, и пукај. - Би требало да погодиш.
Имаш на јутуб убави туторијали кај што се ќе ти објаснат, побарај сигурен сум ќе најдеш.
Потрошив 30 куршуми,првите 2 шаржери ми бегаа некои на лево(пошто сум левак),другиот бегаше повеќе доле,повеќето,веќе од третиот шаржер погодив 4 пати во црната мета...не знам дали е добро или е лошо,но најверојатно е тоа како што кажувате...башка не бев спиен,ниту јаден,уморен бев сакам да кажам,и ми беше прв пат | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 6/4/2014, 21:45 | |
| Провери да не си на некое око послаб,иако си левак или деснак,имам другар кој е деснак а кога нишани со десно тоес затворено лево око му се мути се,а кога замижува со десно и нишани преку левото око има јасна слика,иако е деснак...но ипак мислам дека е како што кажа генерал премногу фокусирање на нишание | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 6/4/2014, 22:10 | |
| И јас сум левак...ти викам, пред да пукаш пробај „на суво„ ... транзиција на погледот од нишан кон мета и обратно... земи и со пластичен пиштол дома кон некој предмет користи го ко мета... | |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 7/4/2014, 10:22 | |
| Можеш и да провериш кое ти е „приоритетно око“. Има еден мал тест кој ќе ти помогне во тоа. Исправи го показалецот вертикално пред тебе на 10-тина сантиметри во висина на носот ( паралелно со носот ) така што ќе биде помеѓу двете очи. Замижи со едното око па потоа замени го и замижи со другото. Ќе забележиш дека има разлика. Кога замижуваш со едното око прстот не се поместува т.е има мала промена. Додека со другото око прсстот се поместува значително. Ова ќе го заклучиш така што ќе видиш што има позади прстот и ќе видиш дали прстот и колку се поместува во однос на предметите позади него.
Приоритетното око ти е она кое ти е отворено во случајот кога прстот не се поместува.
Мислам дека колку-толку успеав да објасна. ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 7/4/2014, 17:09 | |
| Да,фала ви,ќе пробам тестов Генерал. И едно глупо прашање,но ајде,форум е јас немав замижано едно око,односно пукав најнормално,со двете отворени...грешка ? | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери | |
| |
|
| |
| Пиштоли и револвери | |
|