Штета што многу мали слики ставаат. Другиве страни на странскиве армии кој често ги посетувам ставаат фотки во неколку големини, од мали со екранска резолуција (72dpi), па се до огромни фајлови од кој може и квалитетен печат да се извади ако треба (300dpi).
Припадниците на полкот за специјални операции се одлично подготвени и способни да извршуваат активности во сложени услови
Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, заедно со заменик-началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Насер Сејдини и државниот секретар во Министерството, Сашо Стефаноски, денеска ги посетија припадниците на Полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, кои во локалитетот покрај регионалниот пат Маврово-Ростуше изведуваат обука во зимски услови.
„Тука уште еднаш се уверивме во способноста на полкот за специјални операции. Можам да кажам дека тие се одлично подготвени и можат да извршуваат активности во многу сложени услови“, истакна министерот Џафери во рамки на посетата. Воедно, министерот додаде дека она што е прикажано е соодветно на статусот на единицата.
Во контекст на опремувањето, министерот Џафери додаде дека постои план за набавки и согласно финансиските можности припадниците на полкот секогаш ќе ја добиваат најдобрата опрема.
Во оваа прилика, командантот на Полкот, бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски информираше дека на 19 февруари сите заинтересирани граѓани на Република Македонија, ќе имаат можност да го посетат полкот. Отворениот ден, додаде генералот, се организира во рамки на прославата на 20-годишното постоење на Полкот за специјални операции.
За време на посетата, припадниците на Полкот изведоа огледна тактичка вежба на снег и тактички марш на скии со гаѓање, а воедно ги презентираа и опремата и објектите за живот и престој на планина во зимски услови. Преку оваа презентација припадниците на пСО уште еднаш покажаа дека се врвни професионалци кои поседуваат високо развиени вештини и способности.