Историја на пСО:
1 Март 1994 година - за прв пат во Армијата на Република Македонија беше формирана Единицата за Специјални Намени позната под името „ВОЛЦИ“.
Како Команда на Специјални Единици функционираше од 2002 до 2003 година.
Во месец декември 2003 година со одлука на Врховниот Командант на Армијата на Република Македонија единицата е преструктруирана во Одред за Специјални Намени.
Во Ноември 2006 година извршено е преструктруирање во полк за Специјални Операции (во понатамошниот текст пСО).
Мисија на пСО
Изведување на специјални операции во мирновременски услови и во услови на конфликт, самостојно и во содејство со други единици на АРМ, во сите земјишни и временски услови, поддршка на надворешната и безбедносната политика на државата со декларирани сили да учествува во изведување на заеднички специјални операции со други коалициски држави за поддршка на мирот и превенција на конфликти и во справување со регионални конфликти и кризи во операции предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ и од ЕУ.
Задачи на пСО
Да е оспособена да даде елемент за командување и контрола и разместување за НАТО (ЦЈСОТФ) или операции со други држави;
Да се фокусира на планирањето и координирањето на специјалните операции;
Да се фокусира на начинот на развивање на Доктрина за изведување на Специјални Мисии и Стандардни Оперативни Процедури врз основа на НАТО модели;
Да дава насоки на потчинетите единици во врска со операциите, обуката, логистиката и начинот на употреба;
Извршува специјални операции на територијата на Република Македонија самостојно и во содејство со единиците на МВР согласно дадената мисија;
Врши собирање, обработка и доставување на разузнавачки податоци за непријателските сили, просторот за изведување на борбени дејства и временските прилики со цел да се спречи изненадување, а истовремено обезбедуваат навремени подготовки за успешно изведување на специјални операции;
Подршка на силите на МВР во справувањето со закани, ризици и опасности по безбедноста на РМ, во склад со позитивните законски прописи;
Учество со декларирани сили во операции за подршка на мирот (во сите негови димензии) и превенција на конфликти и справување со регионални конфликти и кризи во операции во состав и/или предводени од МАТО, ООН, ОБСЕ, ЕУ и други меѓународно договорени сојузи;
Учество во вежби, конференции, состаноци и други форми на соработка, како и други билатерални и меѓународни аражмани во функција на градење на доверба и унапредување на регионалниот и глобалниот мир и стабилност;.
Критериуми за прием во пСО
Основни критериуми
завршено средно училиште IV степен;
одслужен воен рок;
висина 170 см;
возраст до 29 години
вработени во АРМ;
предселективни проверки;
психо-физичка проверка;;
проверка на здравствена состојба;
проверка во пливање.
селективен курс
Дополнителни бодови:
ако постигнеш 240 поени на физичка проверка;
ако си државен репрезентативец во спортски дисциплини;
ако си член на планинарски, падобрански и нуркачки друштва;
ако имаш добро познавање на странски јазици.
Општо за обуката во пСО
Основна обука - 6 месеци
прва фаза:
обука на поединец;
втора фаза:
тимска обука.
Специјалистичка обука - 9 месеци
прва фаза:
обука по специјалности;
втора фаза:
тимска специјалистичка обука.
Специјалистичка обука
обука на високо планинско земјиште;
падобранска обука;
летна алпинистика и планински операции;
обука на вода, пливање и нуркање;
обука во преживување и исхрана во природа;
борба во населени места;
тактика на мали единици;
гаѓања;
обука во боречки вештини;
изучување на странски јазици.
Обуката во пСО трае 15 месеци и се дели на:
Прв период - Основна обука со времетраење од 6 месеци:
Прва фаза - обука на поединец
Втора фаза - обука на тимови
Втор период - Специјалистичка обука со времетраење од 9 месеци:
Прва фаза - обука по специјалности : МЕС, врски, болничар, разузнување. вооружување.
Втора фаза - тимска специјалистичка обука
Обука во зимски услови и скијање:
Тимски вежби
Алпинистичка обука
Обука во летни услови:
- пливање
- нуркање
Исхрана во природа и преживување
Вежби на КМ