|
|
| ЕБР - Единица за Брзо Распоредување | |
|
+47MISFIT РИС Macedonian09 Braveheart993 IgorM Rashid fantom1 Patriot94 Zajcef икс Macedonian Knight Спенсер Momak od Gjorce Deteto od Aracinovo Goust Panter darkness Iko shady3 KingJakim assasian ESN Smrtnikot JKD leopard Legija91 tose ace89 Kire1993 Mrshajnoski macko23 tigar joco_mkd Alvar Davormkd filip555 beowulf meth Волчко Wolf Генерал Зоран Profesionalec Desperado Makedon SIG AlexGreat 51 posters | |
Автор | Порака |
---|
Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 6/1/2014, 18:21 | |
| Тие само извршуваат наредби и си ја вршат својата работа, имаат свои надредени кои исто така слушаат наредби од некои над нив и така оди тоа. Хиерархија. | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 6/1/2014, 18:32 | |
| Многу пати до сега ти имам пишано дека за да дејствуваат мора да добијат наредба. Дали виде еден од полицајците да ја употреби гумената палка? Додека не добијат наредба за такво нешто НЕМА дејствување. Додека ЕБР не добие наредба за акција, нема самоиницијативно дејствување.
Велиш ситуацијата не е под контрола. Далеку од тоа дека не е под контрола. Туркањето се смета за нормална работа во ситуации како оваа.
Понатаму велиш дека да биле други ќе влегол припадникот на ЕБР и ќе апсел. Прочитај го првиот дел од одговорот.
За натпреварите јас сум ЗА секој кој го нарушува ЈРМ да биде казнет. Не може бе деца вие заедно со неколку манипулатори да тероризирате цела една публика. 90% од натпреварот го минувате во навредување на противничките навивачи, натпреварвачи и полицијата. На 90% од натпреварите има инциденти ( поголеми и помали ). 99% проценти од тие инциденти се од исти групи или поединци. За патриотизам кај тие групи не можам да зборувам. Ајде бе млади момци отидете групно во Министерството за одбрана и пријавете се за доброволно служење на воен рок. Таму и така се сака Македонија а не со погрдни скандирања на натпревари и малтретирање на останатите луѓе кои се нашле на истите тие натпревари, или пак најмалку со навреди кон полицијата ( онаа иста полиција која го одработи Бродец, за сега да може да го скандирате на секој втор натпревар ). Затоа оладете ги главите, чукнете ги ако треба и не барајте вина кај другите.
И за крај секогаш кога ќе видиш ситуација како оваа на клипот знај дека некаде има некој кој одлучува како и што ќе се прави. НЕ СЕ ТОА ПОЛИЦАЈЦИТЕ. ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 6/1/2014, 18:52 | |
| - Генерал напиша:
- За патриотизам кај тие групи не можам да зборувам. Ајде бе млади момци отидете групно во Министерството за одбрана и пријавете се за доброволно служење на воен рок. Таму и така се сака Македонија а не со погрдни скандирања на натпревари и малтретирање на останатите луѓе кои се нашле на истите тие натпревари, или пак најмалку со навреди кон полицијата ( онаа иста полиција која го одработи Бродец, за сега да може да го скандирате на секој втор натпревар ). Затоа оладете ги главите, чукнете ги ако треба и не барајте вина кај другите.
Чекај малце .. Ако во нашата држава воен рок е патриотизам... Џабе е како пример ќе се дадам јас, за 1 година ке се запишам на воен рок, а после тоа да останам со обука.Или некој да остане резервиста. Што фајде има од тоа ? Како докажуваш дека си патриот со тоа ? Така што шиптарите ќе те малтретираат на секој можен начин ? Една грешка на погрешен човек и аут си ? Кога ке дојде ред во твојта држава да се избере помеѓу тебе и шиптар, да те одбијат како клошар ? Икрено не е тоа патриотизам.Повеќе ги ценам тиа што се млатат како говеда и кога ке гледам дека избоделе некоја орка, за освета на наш дечко, отколку кога го гледам оној со ножици во рака и што пушта споменици.А од страна зборува каков патриот бил и што се не направил за Македонија.Направил за Македонија денеска, за утре некој друг да го земе тоа. ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 6/1/2014, 18:55 | |
| Да и служиш на твојата земја е врв на патриотизмот. Служењето на воениот роке служење на твојата земја. Настрана политиката и останатото. Да одвоиш 3 месеци од твојот живот е најмалку што можеш да сториш за твојата земја во овој момент.
И да не заборавам. Патриотизмот не е да прашаш што направила државата за тебе, туку што си направил ти за нејзе! ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 6/1/2014, 19:21 | |
| Повеќе од јасно ми е дека постои хиреархија,но постои и нешто што се вика РАЗУМ и што се вика ПАТРИОТИЗАМ.Зарем за овие години,никој во ЕБР не се свестил да застане и да каже,ало,што правиме ? и да,можеби има такви исклучоци,но тие исклучоци ги ЈАДАТ наши луѓе,кои што као демек,ние почитуваме наредба...почитувај ит наредба,ама правилна.А не наредба да тепаш свој народ,а туѓ народ да те пцуе,омаловажува,мава со све и свашта,крши цел град,а ти само да ги гледаш и да се повлекуваш на Бит Пазар.Каде се таму патриотите,кои што треба да се СИТЕ во такви единици ? зарем само во војна треба да сме патриоти,како што било години наназад во Македонија ? само кога се дигало востание,тогаш се бореле,а тие 500 години ќутеле,дел од нив се потурчувале,давале свои ќерки на турците,само за да не бидат рчкани...истото се дешава и денес,само што не само ќерки,цели територии и цели групи на народ даваме само за да не се рчнеме со нив,и да не изгубиме работно место.Зарем треба нова 2001 за да се види кој е патриот и тогаш да се прават 300 мучки од такви предавници ? НЕ,треба и од најмал проблем,да се тера ПРАВИЛНО,спрема сите.
Да,и јас сум за тоа дека утакмиците,бркањето по град,бодењето и слично не води кон патриотизам и кон тоа дека си ја сакаш државата.Но,кога гледаш дека се е за никаде,од оваа гледна точка,а тие млади луѓе се луѓе кои што гледаат иљадници неправди,од страна на МВР,спрема нив,и спрема браќата,кога некои од нив се деца на воени лица,кој без татко,кој без чичко,а згора на се,државата неправи ништо за нив,па што очекуваш Генерале ?
а за војската...немој молим те.Да,најдобро нешто што би можел да направиш за државата е да се БОРИШ за неа,а не да служиш воен рок.А не е гарант за патриот и патриотизам тоа ако отидеш воен рок.Па во секоја војна имаш формирање на единица од доброволци.И во Србија,и кај нас,премногу добро се покажувале тие единици,настрана тие странски етикети дека се составени од криминалци.Па и да се,ако имаш на чело ЦВРСТ човек,тие таквите ќе несмеат да мрднат,во спротивно-војна е,ќе јаде метак.
Јас воопшто не гледам така на тоа,дека ако отслужам воен рок,сум врвен патриот,напротив,ако се пријавиш во војна,ако недај боже има,е тогаш си ВРВЕН патриот,наспроти тие што зимале боледување или се криеле кај роднини само за да не идат на фронт,а некои од нив и не само што отслужиле воен рок,туку и биле припадници на армијата.И што ? што го прави тој некој кој што бил долги години у војската,по патриот од хипотетички мене,што би се пријавил доброволно за служење во некоја единица на доброволци ? НИШТО.
но,дека можеше да помогне човеков,сигурно можеше,бидејќи не верувам да е до толку строго,а и да е,тогаш они ќе биле во линија,а он си се шета сам...мислам,ако има толкава дисциплина сигурно ќе несмее така да си се шета наоколу,бидејќи не видов други припадници,само он беше. | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 6/1/2014, 19:37 | |
| Мора да научите да читате внимателно и да ја наоѓате суштината. Најпрво ви реков дека во оваа ситуација најмалку што може да направите е да одвоите 3 месеци од вашиот живот за државата. За неправди нема да зборувам затоа што ќе ми требаат илјадници постови и пак нема да ја разберете мојата ситуација. Уште сте млади и сеуште не сте се соочиле со вистинските проблеми.
За патриотизмот на припадниците на ЕБР нема да дебатирам. И по 1000-ти пат ќе ти кажам дека не можат и не смеат сами да одлучуваат што ќе прават па колку и да се сложуваат со тоа или не. Сфатете го тоа веќе еднаш. И со сета почит кон вас млади дечки но не сте достојни да зборувате за патриотизмот на овие момци. ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 6/1/2014, 19:41 | |
| - Генерал напиша:
- Да и служиш на твојата земја е врв на патриотизмот. Служењето на воениот роке служење на твојата земја. Настрана политиката и останатото. Да одвоиш 3 месеци од твојот живот е најмалку што можеш да сториш за твојата земја во овој момент.
И да не заборавам. Патриотизмот не е да прашаш што направила државата за тебе, туку што си направил ти за нејзе! Не го спорам фактот дека секој треба да има завршено воен рок. Напротив, јас сум за редовно служење воен рок. Ама мислам дека кај нас нема причина зошто да се оди на воен рок.Зошто да се прави армија кога на нас единствена закана се знае од кој ни е . А во случај на таа опасност да ескалира во војна сите знаеме дека овој пат и без испукан куршум ке паднеме уште пониско. ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 6/1/2014, 19:44 | |
| Генерал во право си. Уште сме млади и некој работи сеуште не ги знаеме, повеќето. А за ниедна наша единица никогаш нема кажано лош збор.Секогаш сум ги ценел, и секогаш ќе ги ценам. Мене зборот ми беше дека се што правиме ние, и безбедносните сили е џабе зошто се знае од кај доаѓаат наредбите и без правилни наредби никогаш ништо нема да се направи. Толку од мене да не ја трујам темата, да не ме караат после. ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 6/1/2014, 19:57 | |
| - Генерал напиша:
- Мора да научите да читате внимателно и да ја наоѓате суштината. Најпрво ви реков дека во оваа ситуација најмалку што може да направите е да одвоите 3 месеци од вашиот живот за државата. За неправди нема да зборувам затоа што ќе ми требаат илјадници постови и пак нема да ја разберете мојата ситуација. Уште сте млади и сеуште не сте се соочиле со вистинските проблеми.
За патриотизмот на припадниците на ЕБР нема да дебатирам. И по 1000-ти пат ќе ти кажам дека не можат и не смеат сами да одлучуваат што ќе прават па колку и да се сложуваат со тоа или не. Сфатете го тоа веќе еднаш. И со сета почит кон вас млади дечки но не сте достојни да зборувате за патриотизмот на овие момци. Погрешно се изразив,и нормално дека тие момци имаат поголем патриотизам и муда од години.Но дека можат барем нешто да пробаат,можат,и да успеат во тоа.Можеби пробуваат,незнам,погрешно е да зборам но по она што го гледам,ништо не се мења.И дека тоа е единствено што можеш да го направиш сега за државата,да се пријавиш-да,но дека тоа е единствено да се докажеш дека се патриот,НЕ.Погрешно е и да се кажува дека оние деца на трибина не се патриоти,и дека не би мрднале со прст за оваа држава,напротив,има и таму патриоти,од душа. Не сум член ни на една навивачка група,и ми се премногу одбивни,бидејќи се тепаат меѓу себе,додека браќата ни ги тртат врсничките,поради тоа што се полни со пари,прљави пари,а они дремат во маало и чекаат да пројде некој од друга навивачка група и да го истепаат,и се горди на тоа...кога би се обединиле,но вистински да се обединат,тогаш со гордост би се приклучил кон такво нешто,но тоа е научна фантастика бидејќи и они се раководени од таа проклета политика. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 6/1/2014, 21:37 | |
| Decki decki decki, od kade li da pocnam.
JKD, drugar, borbata za svojata zemja e eden od nacinite za iskazuvanje na patriotizmot, kako sto i sam velis, no zarem navistina mislis deka mozes USPESNO da se boris za svojata zemja, a bez pritoa da si pominal voena obuka? - istata onaa koja velis deka ne treba da se pominuva.
Ti odi vo vojska poradi SEBE, sluzi go rokot poradi sebesi i Makedonija, za nekogas ako dojde vreme da moras da ja branis, da znaes kako toa se pravi, a ne da izgines vo prvite 7 minuti od borbata bidejki ne si znael puska da drzis, da nisanis, da zalegnes, da frlis bomba, i na krajot od kraistata - da se zastitis!
Vo vrska so rezervistite, so seta dolzna pocit kon niv, tie veke pominale voen rok, i znaat osnovni raboti za vodenjeto borba i sl.
Zamisli se kako dobrovolec, poln so patriotizam. Utre pocnuva gragjanska vojna, te mobiliziraat, vries od emocii, so zelba za vojuvanje, AMA, stapnuvas vo voena zona, i neznaes sto da pravis. Neznaes kako da se dvizis, neznaes da rasklopis puska, odnosno nekoj 1 cas pred toa te poducil, no ne te naucil, neznaes kako da pukas bez da se rasfrlas so municijata, prosto kazano, nepismen si vo toj pogled! Ne ti gine prviot kursum za 10tina minuti.
Pa ti vidi dali e potreben voen rok ili ne. I povtoruvam, odete radi sebe, ne radi drugite, i neka ne vi e gajle dali nekoi orki bile tamu glavni ili ne. Koga ke spuka, i ako tie dezertiraat, lesno ke gi sovladate. Pa zarem tolku golemi patrioti ste sto tolku lesno se otkazuvate od svojata armija?
Nemojte vi se molam!
I pocnete da bidete legalisti, da pocituvate zakon, da pocituvate red, kolku toa vo ovie momenti da izgleda besmisleno, zaludno i glupavo. Toa e ona sto NAS ne izdvojuva od NIV, toa e ona sto NAS ne pretstavuva kako civiliziran narod vo svetot, i sto vo idnina ke ne pretstavuva kako takov, i toa e odlika na golemite nacii!
So glava niz zid ne se odi. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување | |
| |
| | | | ЕБР - Единица за Брзо Распоредување | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|