Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Воената Академија на АРМ - дискусија

Go down 
+21
JKD
kralimarko
assasian
IgorM
Legija91
BABUN
Smrtnikot
Vojnik122
Nikola32
KikoTE
Alvar
dzole
aleksandar talevski
beowulf
Momak od Gjorce
Profesionalec
Генерал
Зоран
SIG
Subzero
AlexGreat
25 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 14 ... 24, 25, 26 ... 32 ... 39  Next
АвторПорака
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty12/9/2013, 14:29

Истото ке продолжи и во иднина..
Иначе, да знаете дека бев зет на сегашниот декан на ВА, тогашен професор по балистика ..
хахаха Laughing 

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Vojnik122




Број на мислења : 9

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty12/9/2013, 18:53

Што не ја бидува Военава Академија не ја бидува Smile јас успеав да се запишам на Факултетот за безбедност вонредно.. кога нема леб на воена.. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty12/9/2013, 18:59

ВО ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА ПРИМЕНИ АЛБАНЦИ СО 63, ОДБИЕНИ МАКЕДОНЦИ СО 93 ПОЕНИ

Јован Илиев освоил 93 од можни сто поени на конкурсот за кадети, бил рангиран на 11-то место, но е одбиен од Воената академија. На негово место е примен Бујар Алили, со освоени 63 поени и 109-то место на ранг листата. Ист е случајот и со Кристијан Спасески, Виктор Николовски. Антонио Манасиевски, Марија Трајкова, Ангелина Стојаноска и многу други, кои имаат по 93 или 92 поени, но не успеале да се запишат.

Примени се Илир Халили, Премтим Рамадани и други лица од албанска националност, кои освоиле по 63 поени и се далеку пониско на ранг листата.

Претседателот на “Достоинство“, кој го обелодени списокот, вели дека дел од примените не го познаваат ниту македонскиот јазик и барале преведувачи за време на лекарските прегледи.

Од партијата бараат случајот да го испита и Јавниот обвинител и да преземе соодветни мерки. Реагираат и за навиката на министерот за одбрана, Талат Џафери, на сите официјални соопштенија, вклучително и на овој список, да се потпишува на албански јазик и писмо иако е министер во владата на Република Македонија.
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=30433

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty12/9/2013, 20:37

Те молам припази на речникот Алекс.. сепак на форумов треба да има некаква култура за да е она што е.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty12/9/2013, 21:00

Frogfoot напиша:
Те молам припази на речникот Алекс.. сепак на форумов треба да има некаква култура за да е она што е.
Гневот не донел никому ништо добро а проблемот анј лесно се решава со ладна глава.
Дури и во војна треба да приберат емоциите.
Така ме учеа во ЈНА на 19 години.

Мислењто на Алекс е избришано,
Не сакам да не окфалификуваат како екстремисти.
Ние сме патриоти.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty3/10/2013, 01:38

Во војна мизерни, во мир добродушни

Во војна нема простор за емоции. Во такви ненормални услови сте принудени да бидете мизерни, а во мирнодопски мора да бидете благородни, добродушни и да имате срце и за поразениот. Со овие зборови министерот за одбрана на Косово, Агим Чеку, се обиде да ги соочи питомците на Воената академија „Михајло Апостолски“ со суровата вистина што ја носи со себе професијата што ја одбрале.

Албанскиот воен водач и политички лидер вчера беше во еднодневна посета на Македонија и заедно со министерот за одбрана на Македонија, Талат Џафери, потпишаа протокол за воена соработка. Министерот Џафери појасни дека со владина одлука е определена квота за запишување питомци на Воената академија, односно 26 питомци, плус осум места за питомци од странските армии.

Чеку, кој има завршено Воена академија во Белград, по средбата со Џафери, им одржа предавање на питомците на тема морал, чест, но и ги предупреди за предизвиците, притисоците и тешкотиите со кои ќе се сретнат во нивната кариера.

„Во животот ќе имате многу моменти на славење победи, но ќе имате и тешки моменти. Вие не сте како останатите ваши врсници. Тие учат за себе, а вие за целата нација. Вие не им припаѓате само на вашите семејства, туку на целиот народ. Смислата на еден офицер е постојано да дава, дури и својот живот“, рече Чеку, кој беше премиер на Косово од 2006 до 2007 година.

Контроверзниот министер беше припадник на три армии. Беше артилериски капетан во ЈНА до 1991 година, кога на почетокот на војната прејде во хрватската војска. Учествуваше во операцијата на хрватската војска во „Медачки џеб“ и „Бура“. Во мај 1999 година беше поставен за шеф на штабот на ОВК. Тој во Србија беше обвинет за низа воени злосторства во војните во Хрватска и во Косово. По потерница на српскиот Интерпол, тој беше задржуван во неколку држави (Унгарија, Колумбија и Бугарија), но набргу беше пуштан.

„Можам со чиста совест да ви кажам дека секогаш бев принципиелен, секогаш професионално ги извршував зададените задачи. Вие сега сте фаворизирани, бидејќи учите според стандардите на НАТО. Ние бевме образовани дека имаме непријатели и на Исток и на Запад. И доктрината беше дека непријателот треба да се уништи. Сега концептот на војната, одбраната, безбедноста е сосема поинаков. Со напад не се брани својата територија“, вели денес Чеку.

„Сите посакуваме никогаш да не се случи војна. Но, за жал, таа се случува. Можеби и вие некогаш ќе бидете во ситуација кога се работи за живот или смрт. Јас многу пати сум бил. Тогаш мора да сте максимално одговорни и да сте свесни за сите последици. Некогаш од вас се бара да одлучите колку и кои ваши војници треба да одат во реализација на некоја задача која бара жртви. На крајот не се важни жртвите, важен е успехот на мисијата. Ако таа биде реализирана како што била претходно замислена, никој нема да ви забележи за жртвите. Знам дека е ова многу грубо и сурово, но тоа е реалноста на војната“, им кажа Чеку на питомците кои внимателно го слушаа.

Претходно Чеку и Џафери рекоа дека Македонија и Косово придонесуваат за регионалниот мир и се пример за добрососедска соработка и пријателство. Според Чеку, не постои безбедносна опасност за Македонија од косовската страна.

„Во Косово е мирно. Северниот дел на Косово отсекогаш бил потенцијална закана за косовскиот мир и безбедност, особено по војната, но, сепак, сме тргнати во добар правец да се реши тоа. Тие проблеми не се опасност, ниту за Косово ниту за нашите соседи“, рече Чеку, додавајќи оти трите страни, Косово, Србија, и ЕУ, се посветени да се постигне конечен успех.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=C3C9DB39D7018E43A569F75D99FFB985

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty7/10/2013, 13:48

Најдобрите меѓу најдобрите започнаа да чекорат кон офицерскиот чин: свечена заклетва на 17. класа питомци на Воената академија
Авторот мисли на:Најдобрите меѓу најдобрите врски

Вашиот избор покажа дека во АРМ има место само за најдобрите меѓу најдобрите, а тоа сте вие. Убеден сум дека вашите семејства се горди на вас и на вашиот избор да бидете идни офицери во служба на Армијата им порача министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери на новата класа питомци кои денес во Воената академија ја дадоа свечената заклетва.

Во наредните четири години вие преку практична и теоретска настава според светските стандарди ќе се здобиете со современи знаења од воената професија, односно чекор по чекор вашите професори ќе ве воведуваат и ќе ви ги откриваат вештините на командувањето, додаде министерот.

Министерот Џафери се осврна и на позицијата на Армијата на Република Македонија, која од 2002 година придонесува во меѓународните мировни операции, укажувајќи на тоа дека обврска на идните офицери е достојно да ја претставуваат армијата, дома, во НАТО, во ЕУ и во ООН, односно во операциите секаде каде што ќе се укаже прилика како најдобри амбасадори на мирот на Република Македонија.

Воедно, на свеченоста пред највисоките претставници од Министерството и од Армијата, односно началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев и државниот секретар Сашо Стефаноски, се обрати и деканот на Воената академија, полковникот Орце Поповски кој потсети дека пред питомците стојат тешки денови во кои професорите ќе бараат знаење, а командирите дисциплина. „За да успеете ќе морате неизмерно да се трудите и да имате само една цел – да станете одлични офицери и лидери“, посочи деканот.

Свечената заклетва, како официјален почеток на учебната година за 17. класа на Воената академија ја дадоа 31 питомец, од кои 26 од Република Македонија, по двајца од Црна Гора и од Косово, како и еден од Босна и Херцеговина.

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 DSC_3914_resize

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 DSC_3988_resize_1

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 DSC_4164_resize

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 DSC_4237_resize

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 DSC_4276_resize_1

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 DSC_4494_resize_1

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 DSC_4040_resize_1

http://www.morm.gov.mk/content/?ID=416B2B5A1B3203B6E9FB8B30E11A58E2ECC734B1&lang=mk#.UlKevFMriuE
Вратете се на почетокот Go down
IgorM




Број на мислења : 60

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty7/10/2013, 15:12

Денес, на Воената aкадемија во Скопје, во присуство на министерот Талат Џафери (алиас командант Форина од УЧК) новопримените питомци дадоа свечена заклетва.

Заклетва даде Алили Бујар, рангиран на 109 место од вкупно 125 кандидати, со освоени 63 бода.
Заклетва не даде Јован Илиев рангиран на 11 место со освоени 93 бода.

Заклетва даде и Халим Илир, рангиран на 108 место со 63 бода.
Заклетва не даде Кристијан Спасески рангиран на 12 место со 93 бода.

Заклетва даде и Рамадани Премтим, рангиран на 106 место со 64 бода.
Заклетва не даде Виктор Николовски рангиран на 13 место со 92 бода.

На кој јазик даваа заклетва питомците Албанци од кои повеќето воопшто не го ни зборуваат македонскиот јазик???

Заклетва даде и Стефан Иванов рангиран на 67 место со 77 бода а заклетва не даде Манасиевски Антонио рангиран на 14 место со 92 бода.

ПОГЛЕДАЈТЕ ГИ ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ:

МАКЕДОНЦИ:
Мажи (Cool: Бојан, Никола, Диме, Христијан, Александар, Роберт, Стефан и Александар.
Жени (6): Тијана, Соња, Марија, Тамара, Марија и Христина.

ДРУГИ:
Мажи (12): Дурак, Кастриот, Фатон, Сабаудин, Садам, Адис, Дашмир, Премтим, Илир, Бујар, Иљхан и Алмин.
Жени (0): НЕМА ЖЕНИ

За крај погледајте како треба да изгледа една вистинска македонска заклетва: https://www.youtube.com/watch?v=MI4Juku44g4

07.10.2013 година
Генерал Стојанче Ангелов

Стварно голема брука и неправда за Македонскиот народ незнам до каде ќе одиме вака.Превземено од ФБ профилот на Стојанче Ангелов
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty7/10/2013, 15:37

Никој со сила не ги тераше да стават министри за одбрана, бивши членови на терористичка организација.
Сега АРМ е нивен, шиптарски ресор и тоа е тоа. Стекнато право, и друга влада да дојде пак нив ќе им го дадат.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty7/10/2013, 15:59

Види го Мамути бе...Glava v zid 
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 25 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воената Академија на АРМ - дискусија
Вратете се на почетокот 
Страна 25 of 39Отиди на страна : Previous  1 ... 14 ... 24, 25, 26 ... 32 ... 39  Next
 Similar topics
-
» Фото:Воената Академија низ историјата
» Тероризам - дискусија
» Дискусија за студиите на Факултетот за безбедност
» Топ 10 најмоќни армии на светот - дискусија

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Образовни институции на безбедносните сили-
Отиди до: