Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 Воената Академија на АРМ - дискусија

Go down 
+21
JKD
kralimarko
assasian
IgorM
Legija91
BABUN
Smrtnikot
Vojnik122
Nikola32
KikoTE
Alvar
dzole
aleksandar talevski
beowulf
Momak od Gjorce
Profesionalec
Генерал
Зоран
SIG
Subzero
AlexGreat
25 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 13 ... 23, 24, 25 ... 31 ... 39  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce

Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty29/8/2013, 21:19

Што документи ми требаат нигде не можам да најдам?
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot

Број на мислења : 1272

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty29/8/2013, 21:39

Momak od Gjorce напиша:
Што документи ми требаат нигде не можам да најдам?
Најпрво пријави се електронски, испечати ги документите кои ќе ти ги даде на последната страна од електронското пријавување, пополни ги, уплати административна такса од 50 денари во пошта и и уште една уплатница за манипулативни трошоци (со уплатница, пример за уплатница најверојатно ќе најдеш на пријавницата на факулетот за безбедност), оргинални свидетелства од сите 4 години од средно образование, оргинал диплома за завршено средно образование и мислам дека треба изворд од матична книга на родените и уверение за државјанство. На крај ќе си земеш пријава од пријавницата или бифето (не знам точно каде ќе се продаваат) кои се наоѓаат во склоп на факултетот за безбедност, ќе ја пополниш и ќе аплицираш. Не заборавај да го запамтиш бројчето кое ќе ти го даде на крајот од електронската пријава, без него ќе те вратат.

Еве ти уште нешто во прилог http://www.fb.uklo.edu.mk/prvciklus.aspx
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce

Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty29/8/2013, 21:44

Фала друже,на што отиде ти?
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot

Број на мислења : 1272

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty29/8/2013, 21:46

Momak od Gjorce напиша:
Фала друже,на што отиде ти?
Немај гајле, повели и друг пат. Патем на Криминалистика. За разлика од другите смерови онака теренски и физички најаткивен ми изгледа, а и според предметите ми изгледа дека тоа е тоа што го барам. Само многу е лошо што сеуште нема никакви информации за студиската програма на новиот смер, Криминологија и криминална политика.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce

Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty29/8/2013, 21:49

Ја ке пробам со смерот безбедност,таму има едно слободно место,а другите три се на криминологија,незнам дали за ова да идам...ако не велес доброволно...
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot

Број на мислења : 1272

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty29/8/2013, 21:53

Momak od Gjorce напиша:
Ја ке пробам со смерот безбедност,таму има едно слободно место,а другите три се на криминологија,незнам дали за ова да идам...ако не велес доброволно...
Искрено не сум сигурен, ама мислам дека безбедност е всушност БФК (Безбедност и финансиска контрола), меѓутоа како што реков не сум сигурен. Во секој случај пробај, подобро нешто отколку ништо. Со оглед на тоа какви ученици примаа во прв круг, би требало да те примат.

Среќно! Smile
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG

Број на мислења : 6118

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty31/8/2013, 11:34

Листата со новата класа питомци на Воена академија наместена!

На конечната листа од 26 примени питомци, фигурираат имињата на кандидатите кои на прелиминарната листа биле на 109 место и освоиле 63 бодови, а ги нема кандидатите кои освоиле 93,77 бодови и биле рангирани на високо 9 место на табелата

Конечната листа за прием на новите питомци на Воената академија е наместен и скандалозен, тврдат кандидатите кои се одбиени. Дел од нив веќе подготвуваат приговори, но дел поучени од ланскиот прием, се сомневаат дека тоа ќе вроди со плод.
Неколкумина револтирани и разочарани студенти со кои разговаравме, ни ги покажаа бодовите од прелиминарната листа која на официјалната веб-страница на Министерството за одбрана била објавена во понеделникот и била повлечена веднаш откако во четвртокот, 29 август била пуштена конечната листа во форма на Решение потпишано од министерот Талат Џафери.

Од споредбата точно се гледа дека на конечната листа од 26 примени питомци, фигурираат имињата на кандидатите кои на прелиминарната листа биле на 109 место и освоиле 63 бодови, а ги нема кандидатите кои освоиле 93,77 бодови и биле рангирани на високо 9 место на табелата.

- Не се работи за питомци кои се избирани според правична застапеност бидејќи гледате дека половина односно 14 питомци се Македонци, 10 Албанци и по еден Турчин и Бошњак, појаснуваат нашите соговорници.

Всушност, на прелиминарната табела фигурираат 129 кандидати распоредени според резултатите од успехот во средно, бодовите од државна матура и бодовите од физичките проверки. На листата до 35 место има само еден Бошњак на 17 место и еден Албанец на 20 место кои на конечната листа се 15, односно 26. Оштетени има и од кандидатите Албанци. Имено, од прелиминарната листа се отфрлени кандидати кои имаат 89,5 бодови, 83,9 или 79,9 бодови, а примени се кандидати кои со освоени 63,19 бодови биле на 109 место, или со 63,37 на 108 место.
Во случајов, најоштетени се претставниците на помалите заедници. На пример, не е примен Влав кој бил на 54 позиција со освоени 83,17 бодови, ниту Србин кој е три места подолу со 80,95 бода или Ром кој со освоени 75,77 бода бил на 72 место.

Кандидатите со кои разговаравме тврдат дека имало врски и на систематските прегледи кои биле правени во ГОБ "8 Септември", а не во Воената болница иако таму се вработени лекари кои се на платен список на МО. Велат дека заедно со кандидатите влегувале и нивни роднини само за полесно да се поминат тестовите.

За жал, од Министерството за одбрана не успеавме да добиеме одговор на неколкуте прашања кои сами по себе произлегуваат. Од Одделението за односи со јавноста не упатија да се обратиме кај советникот за односи со јавноста на министерот Агим Јонуз а тој пак, ни рече дека не успеал да стапи во контакт со министерот или заменик-министерот за официјален одговор. Тој одби самиот да одговори на прашања за кои како што вели доколку би се одговорил во три реда, одговорите би можеле да изгубат од содржината и смислата.

Скандалозен прием на кандидати имаше и минатата година, кога со министерството раководеше сегашниот министер за евроинтеграции Фатмир Бесими.

http://vecer.com.mk/?ItemID=59D9626E6CD82C489EECA68268E0E909
Вратете се на почетокот Go down
Subzero

Subzero

Број на мислења : 213

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty31/8/2013, 15:08

Frogfoot напиша:

И после пак вие смеете ми се хахаха Very Happy

______________________
ARM MOJ VISTINSKI DOM!
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot

Број на мислења : 1272

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty31/8/2013, 18:33

И јас истото го зборев во дел од претходните постови. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot

Број на мислења : 1272

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty12/9/2013, 12:48

ДОСТОИНСТВО:ЗА КАДЕТ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА Е ДОВОЛНО ДА СИ АЛБАНЕЦ?!

Основен услов за прием во Воената академија е етничката припадност, а не потребниот број поени, тврдат во здружението “Достоинство“. Од 480 пријавени, примени се 26 мина,од кои дел имале многу помалку поени од тие што се одбиени.

-Бараме од министерот Талат Џафери, јавно да ги објави списоците со освоените поени и примените кандидати .Ова не оди во прилог на добрите меѓуетнички односи, Македонците се чувствуваат обесправени, вели претседателот на здружението, Стојанче Ангелов.

Тој потенцира дека на Aкадемијата треба да се запишуваат најдобрите кандидати,без разлика на етничката припадност.Според него,ова се случува и при приемот на Факултетот за безбедност и на професионални војници,каде соодносот е драстично во корист на лицата со албанска националност.

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat&rub=15&item=30401
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 24 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воената Академија на АРМ - дискусија
Вратете се на почетокот 
Страна 24 of 39Отиди на страна : Previous  1 ... 13 ... 23, 24, 25 ... 31 ... 39  Next
 Similar topics
-
» Фото:Воената Академија низ историјата
» Тероризам - дискусија
» Дискусија за студиите на Факултетот за безбедност
» Топ 10 најмоќни армии на светот - дискусија

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Образовни институции на безбедносните сили-
Отиди до: