Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Воената Академија на АРМ - дискусија

Go down 
+21
JKD
kralimarko
assasian
IgorM
Legija91
BABUN
Smrtnikot
Vojnik122
Nikola32
KikoTE
Alvar
dzole
aleksandar talevski
beowulf
Momak od Gjorce
Profesionalec
Генерал
Зоран
SIG
Subzero
AlexGreat
25 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 13 ... 22, 23, 24 ... 31 ... 39  Next
АвторПорака
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty21/8/2013, 21:38

Што да ви кажам дечки, со сите овие пиздарии што се прават на ВА, јас одсега повеќе не можам да и верувам на нашата армија. RIP ARM. Не ми треба армија во која за догледно време сите високи чинови ќе ги држат офицери ватерполисти и по некое македонско девојче(онака за приплод) и евентуално некое синче на некои големи буџи.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty22/8/2013, 02:59

beowulf напиша:
Што да ви кажам дечки, со сите овие пиздарии што се прават на ВА, јас одсега повеќе не можам да и верувам на нашата армија. RIP ARM. Не ми треба армија во која за догледно време сите високи чинови ќе ги држат офицери ватерполисти и по некое македонско девојче(онака за приплод) и евентуално некое синче на некои големи буџи.
Абе убаво си реков јас во еден од моите претходни постови, ама многу критики пристигнаа на моја адреса...
Вратете се на почетокот Go down
Vojnik122




Број на мислења : 9

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty22/8/2013, 16:58

beowulf напиша:
Што да ви кажам дечки, со сите овие пиздарии што се прават на ВА, јас одсега повеќе не можам да и верувам на нашата армија. RIP ARM. Не ми треба армија во која за догледно време сите високи чинови ќе ги држат офицери ватерполисти и по некое македонско девојче(онака за приплод) и евентуално некое синче на некои големи буџи.
Потполно го делам твоето мислење,само што 98% се синчиња на како што викаш ти големи буџи ова другово како и сам што рече колку да се има.Смешно и глупаво е што зборам вака но јас не верувам во АРМ више и не верувам дека ќе има способност утре да ја одбрани државата,сега за сега на крајов додека уште има живи останати старешини кои се школувале во времето на СФРЈ низ другите Воени Академии по Белград,Загреб,Љубљана итн.Кога они ќе изумрат.... бог нека ни е на помош Smile
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty23/8/2013, 16:46

К О Н К У Р С ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ -СКОПЈЕ ВО СТУДИСКАТА 2013/2014 ГОДИНА

петок, 23 август 2013, 12:55

Врз основа на член 21 од Законот на Воената академија („Службен весник на Република Македонија“ бр.83/2009), член 88 став 1 од Статутот на Воената академија бр.07-876/1 од 17.10.2011 година и Правилникот за начинот и постапката за спроведување на конкурс за запишување и избор на кандидати за втор циклус на студии на Воената академија бр.01-628/1 од 26.01.2010 година, Воената академија распишува


К О Н К У Р С
за запишување студенти на втор циклус на студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ -Скопје во студиската 2013/2014 година

Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски” – Скопје (во понатамошниот текст: Академија), распишува конкурс за студенти на втор циклус на студии за студиската 2013/2014 година, на следните студиски програми:
а) Научни студии (магистратура) од областа на:
- Безбедност и одбрана (30 кандидати) и
- Управување со кризи и заштита и спасување (20 кандидати)
б) Стручни студии (специјализација):
- Специјализација за командни и штрабни должности (30 кандидати)
а.1.) Студиите на втор циклус на студии – магистратура се организираат во Академијата според академиски студиски програми акредитирани со закон, нормативите, стандардите и методологијата прифатени од единствениот Европски простор за високо образование, вреднувани со кредити по ЕКТС. Студис¬ките програми на втор циклус на студии на Академијата траат една година и со нивното завршување се стекнуваат 60 кредити.
б.1.) Стручните студии на втор циклус на студии – специјализација се организираат за оспособување на кандидатите за извршување на командни и штабни должности во Армијта. Стручните студии траат до една година и со нивното завршување се стекнуваат 40 кредити.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРС
Право на учество на Конкурсот имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:
а) за магистерски студии:
- лица кои имаат завршено високо образование,
- да завршиле прв циклус на студии во времетраење од 4 (четири) години
(8 семестри), или со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС, и
- да завршиле соодветни студиски програми од прв циклус, утврдени од Академијата како студии соодветни за запишување на одделни студиски програми од втор циклус.
б) за стручни студии – специјализација:
- да се воени старешини-офицери во чин капетан, мајор и потполковник од родовите и службите во постојаниот состав на Армијата на Република Македонија или Министерството за одбрана,
- да завршиле додипломски студии (Воена академија или високо образование со завршено стручно оспособување и усовршување на офицери на Академијата),
- да не се постари од 45 години,
- да се поставени на должност командир на чета или еквивалентна долж¬ност и истата да ја извршувале најмалку 2 години,
- да дипломирале со просечен успех од најмалку 7,00,
- да имаат службена оценка најмалку „се истакнува“ на последните две оценувања,
- да имаат познавање на странски јазик на ниво СТАНАГ 2.2.2.2. (првенст¬ве¬но англиски или француски),
- да имаат посебна физичка и здравствена способност, што го утврдува надлежна Воено-лекарска комисија,
- да ги имаат поминато физичките проверки во Армијата,
- да добиле согласност за специјализација на Воената академија од Началникот на Генералштабот на АРМ (согласноста ја обезбедува кандидатот преку препоставената команда).
Кандидатите за втор циклус на студии на Академијата за специјализација за командни и штабни должности полагаат приемен испит.

ТРОШОЦИ ЗА СТУДИИТЕ
а) Студентите на втор циклус на студии - магистратура се запишуваат со кофинансирање на студиите.
Износот на кофинансирањето по семестар изнесува 400 ЕУР и за одбрана на магистерскиот труд 300 ЕУР во денарска против вредност по среден курс на Народна банка на Република Македонија.
б) Финансирањето на кандидатите за втор циклус на студии на Академијата за специјализација за командни и штабни должности се финансира од Буџетот на Република Македонија.

ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Конкурсот за запишување на втор циклус на студии и на специјалистички стручни студии во Академијата го спроведува Конкурсна комисија што ја формира министерот за одбрана.
Конкурсната комисија изготвува ранг-листа на примените кандидати која се објавува на огласната табла на Академијата, како и на веб-страниците на Министерството за одбрана и Академијата.
Предност при рангирањето ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство од областа на програмите за кои се врши уписот.
Против ранг-листа кандидатот има право на приговор до Деканатската управа на Академијата, преку конкурсната комисија, во рок од 24 часа од денот на објавувањето на резултатите на огласната табла на Академијата.
Одлуката по приговорот се донесува во рок од 24 часа од поднесувањето на приговорот. Одлуката му се соопштува на подносителот на приговорот со истакнување на огласната табла, а воедно се објавува на веб-страницата на Министерството за одбрана и Академијата, освен за специјализација за командни и штабни должности.
Ранг-листата станува конечна по истекот на рокот за поднесување на приговор.
Посебните права и обврски на кандидатите примени за студенти на втор циклус на студии на Академијата се уредуваат со договор во согласност со Статутот на Академијата.
Кандидатот го остварил правото на запишување доколку се наоѓаат на ранг-листата до бројот што е предвиден со конкурсот за запишување.
Кандидатот којшто го остварил правото на запишување, а во предвидениот рок нема да го изврши запишувањето го губи правото и наместо него правото на запишување го стекнува наредниот кандидат од ранг-листата.
При изборот на кандидатите за школување на Воената академија ќе се води сметка да бидат соодветно и правично застапени лица кои припаѓаат на сите зедници во Република Македонија, како и да се почитува принципот на стручност и компетентност.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
За запишување на втор циклус на студии и специјалистичко стручни студии, кандидатите ги доставуваат следните документи:
- пријава за запишување која се добива во Воената академија - Скопје;
- диплома за завршен прв циклус на студии;
- куса биографија (CV);
- потврда за познавање на странски јазик;
- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има);
- награди, признанија и други документи.
Документите за пријавување на втор циклус на студии се доставуваат лично во Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје на адреса: ул. ,,Васко Карангелески“ бб.

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните кандидати за школување на втор циклус на студии во студиската 2013/2014 година можат да се пријавуваат во рок од 20 (дваесет) дена од денот на објавувањето на конкурсот.
Ако во првиот пријавен рок не се пријават и не бидат примени кандидати во планираниот број, Академијата ќе организаира втор пријавен рок 3 (три) дена по објавувањето на конечната ранг листа.

ВОЕНА АКАДЕМИЈА

http://morm.gov.mk/content/?ID=95F918970A85AC0980FBB8277061572FAC5503C5&lang=mk#.Uhd1sdKYbup

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty27/8/2013, 20:06

Кога ги гледам резултативе од бодови од средно образование,матурски испит и физички проверки ми иде да си пукнам у колено...да го поминел псхио тестот ке бев прв на оваа табела...ама јбг...

http://www.morm.gov.mk/data/file/Voena%20Akademija/Objavi/konecna%20rang%20lista%2027_08%20mk.pdf

Еве го бодувањето за физичките проверки...
Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Gr1pZ0f
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty27/8/2013, 21:05

Не успеа? Од штп се состоеше тестот?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty27/8/2013, 23:10

Од кое прашање на псхилологот му прд*е на памет
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty28/8/2013, 12:30

Момак помири се со тоа дека ако немаш врски на некое повисоко ниво, нема влегување во Воена Академија. Патем пробај си ја среќата на факултетот за безбедност, сега во септември ќе има втор уписен рок. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty29/8/2013, 19:57

Ке пробам,ама мислам дека има само 4 слободни места знали тесно ке биде и таму...ти таму си?

А еве ги примените,11 браќа како што избројав...
http://morm.gov.mk/content/?ID=7D9664014C2824D1F74D6E56EE1C0217D1DFC61C&lang=mk#.Uh-K6H_cC5l
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty29/8/2013, 21:11

Momak od Gjorce напиша:
Ке пробам,ама мислам дека има само 4 слободни места знали тесно ке биде и таму...ти таму си?

А еве ги примените,11 браќа како што избројав...
http://morm.gov.mk/content/?ID=7D9664014C2824D1F74D6E56EE1C0217D1DFC61C&lang=mk#.Uh-K6H_cC5l
Да, од денес официјално сум таму. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 23 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воената Академија на АРМ - дискусија
Вратете се на почетокот 
Страна 23 of 39Отиди на страна : Previous  1 ... 13 ... 22, 23, 24 ... 31 ... 39  Next
 Similar topics
-
» Фото:Воената Академија низ историјата
» Тероризам - дискусија
» Дискусија за студиите на Факултетот за безбедност
» Топ 10 најмоќни армии на светот - дискусија

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Образовни институции на безбедносните сили-
Отиди до: