Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Воената Академија на АРМ - дискусија

Go down 
+21
JKD
kralimarko
assasian
IgorM
Legija91
BABUN
Smrtnikot
Vojnik122
Nikola32
KikoTE
Alvar
dzole
aleksandar talevski
beowulf
Momak od Gjorce
Profesionalec
Генерал
Зоран
SIG
Subzero
AlexGreat
25 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 20 ... 39  Next
АвторПорака
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Воената Академија на АРМ - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија Empty2/8/2011, 07:06

Почеток на военото школство - по формирањето на АРМ (април 1992)

Мај 1992 - Одделение за школство (ОШ) при ГШ на АРМ
Април 1993 ОШ -> Установа за обучување на воени старешини (УОВС)

Основни задачи и резултати на ОШ и Установата (1992-1995):- Дошколување на питомците од поранешните воени школи - Проект за формирање ВА и Предлог Закон за ВА - Почеток на работа на КШШ (01.10.1994)

Основање и почеток со работа на Воената академија

ВА е основана со Законот за ВА донесен на 07.06.1995.
На 25.09.1995 примени се првите питомци во 1. година
На 11.10.1995 е одбележен почетокот на работата на ВА
Од 1996 година ВА го носи името “Генерал Михаило Апостолски”.
Во јуни 1996 ВА е верифицирана во Мин. за образование и наука
На 29.07.1999 Заврши првата генерација питомци школувана во ВА
По учебната 2003/04 година немаше прием на питомци (мораторииум)за додипломски студии.
На 11.12.2008 Владата на РМ донесе одлука за отпочнување на процес за рестартирање на работата на Воената академија.


Период по формирањето на Воената Академија


На 07. јуни 1995 година Собранието на Република Македонија донесе Закон за воена академија со кој е основана Воената академија на Република Македонија. Според овој Закон Установата за обучување на воени старешини се трансформира во Воена академија.
Воената академија е дефинирана како воена високо-образовна и научноистражувачка установа која, според Законот, својата дејност ја врши согласно Законот за високото образование и Законот за научноистражувачката дејност во Република Македонија.
Во септември 1995 година на школување се примени првите питомци во 1. година на Воената академија.
Академската година почна во октомври, а почетокот со работа на Академијата свечено е одбележен на 11. Октомври - Денот на востанието на македонскиот народ кога питомците од 1. година ја дадоа свечената обврска.
Воената академија го носи името "Генерал Михаило Апостолски". Генерал-полковник Михаило Апостолски бил командант на ГШ на Македонија во Народноослободителната војна (НОВ) 1941-1945 година.
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Воената Академија на АРМ - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија Empty2/8/2011, 07:23

К О Н К У Р С
За запишување студенти питомци за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија и студенти за управувањето со кризи и заштитата и спасувањето на прв циклус на студии на Воената академија „ Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје во учебната 2011/2012 година.



МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВОЕНА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ - СКОПЈЕ

Врз основа на член 21 став 1 од Законот за Воената академија („Службен
весник на Република Македонија“ бр.83/2009), Воената академија во Скопје објавува



Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, распишува Конкурс за запишување на студенти питомци за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија и студенти за управувањето со кризи и заштитата и спасувањето на прв циклус на студии во учебна 2011/2012 година за 41 кандидати и тоа:

а) за потребите на Армијата на Република Македонија - 31 кандидати,
б) управување со кризи - 5 кандидати, и
в) заштита и спасување - 5 кандидати.

Студиите на прв циклус на студии се организираат според студиски програми акредитирани со закон, нормативите, стандардите и методологијата прифатени од единствениот Европски простор за високо образование, вреднувани со кредити по ЕКТС. Студиските програми на прв циклус на студии на Академинијата содржат 240 кредити и траат четири години. Секоја година на студиската програма содржи 60 кредити.


ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРС

На Конкурсот можат да се пријавуваат кандидати кои ги исполнуваат општите услови:

да се државјани на Република Македонија,
да положиле државна матура, меѓународна матура, училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено стручно средно образование со четиригодишно траење,
да не се постари од 21 година и
да се психофизички способни.(го утврдува воено-лекарска комисија)
Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови:
да не им е изречена мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност,
да ги исполнуваат безбедносните критериуми според Законот за класифицирани информации што ги утврдува надлежна Служба во Министерството за одбрана, и - успешно да го положат тестот за физичка способност.
Право на учество на Конкурсот имаат и кандидатите државјани на Република Македонија кои средното образование или дел од средното образование го завршиле во странство.
Кандидатите државјани на Република Македонија кои средното образование или дел од средното образование го завршиле во странство треба да достават документ за нострификација на сведителство или дипломата добиена во странство, издаден од надлежно министерство.
Право да учествуваат на Конкурсто имаат и странски државјани.
Странските државјани треба да достават диплома за завршено средно образование преведена на македонски јазик и неговото кирилско писмо и заверена од надлежен орган.


При изборот за запишување на кандидатите на прв циклус на студии на Воена¬та академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје во учебната 2011/2012 година, покрај општите и посебните услови се земаат во предвид и следните критериуми:

општиот успех на кандидатите по сите предмети,
успехот од државната матура,
успехот постигнат на проверката на компетенциите (физичка способност).
Вреднувањето на критериумите за запишување се изразува во поени. Канди¬да¬тите кои положиле државна матура, меѓународна матура, училишна матура во гимн¬а¬зис¬ко образование или завршен испит по завршено стручно средно образование со чети¬ригодишно траење можат да освојат максимум 100 поени вкупно за сите крите¬риу¬ми.
Кандидатите кои немаат положено државна матура или меѓународна матура можат да освојат максимум 65 поени вкупно за сите критериуми.
Општиот успех постигнат по сите предмети во средното образование се вреднува најмногу до 55 поени.
На општиот успех на кандидатите постигнат по сите предмети во средното образование се додава и успехот од државна или меѓународна матура која се вреднува најмногу до 35 поени.
На општиот успех на кандидатите постигнат по сите предмети во средното образование и успехот од државната или меѓународна матура се додава и успехот од проверката на компетенциите (физичка способност) кој се вреднува најмногу до 10 поени.
Предност при запишувањето, под услов да исполнат минимум поени утврдени со овој конкурс, имаат припадниците на безбедносните сили, децата на загинат или починат припадник на безбедносните сили и децата на воен инвалид од I до VII група воен инвалидитет.

ВРЕДНУВАЊЕ НА УСПЕХОТ

Вреднувањето на успехот од средното образование се врши на следниот начин: се собираат сите оценки што се внесени во сведителствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценки и вака добиениот среден успех се множи со 11. На ваков начин можат да се добијат максимум 55 поени.
Вреднувањето на успехот од државната матура се врши на следниот начин: за сите кандидати задолжителен екстерен испит од државната матура е предметот мајчин јазик (Е1), другите предмети (екстерни и интерни) кои кандидатите ги избираат при полагањето на државната матура, а кои се значајни за запишување на Академијата се следните:

Екстерен изборен предмет (Е2): математика (основно ниво), математика (напредно ниво) или странски јазик;
Интерни предмети:
за гимназија: математика (ако не е избран како екстерен предмет), странски јазик (ако не е избран како екстерен предмет), информатика, физика, хемија, историја, социологија и географија (два предмети И1 и И2);
за средно стручно образование: математика (ако не е избран како екстерен предмет), странски јазик (ако не е избран како екстерен предмет), информатика, физика, историја, хемија или бизнис и еден стручен предмет според образовниот профил на кандидатот (два предмети И1 и И2).

Се собираат оценките од двата екстерни предмети кои се полагаат во државната матура (Е1 и Е2) и добиениот збир се множи со коефициент 1,7 (максимум можат да се добијат 17 поени), се собираат оценките од двата интерни предмети (И1 и И2) кои се полагаат во државната матура и добиениот збир се множи со коефициент 1,5 (максимум можат да се добијат 15 поени), на збирот од вака освоените поени се додаваат поени за проектната задача (оценката добиена на проектната задача се множи со коефициент 0,6 со што можат да се добијат максимум 3 поени). На ваков начин можат да се добијат максимум 35 поени. За кандидатите што полагале меѓународна матура вреднувањето се врши на следниот начин: за шестте предмети се собираат оценките (со што се добиваат максимум 30) поени и се додава оценката од матурска тема (5 поени). На ваков начин можат да се добијат максимум 35 поени.

ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Конкурсот го спроведува Конкурсна комисија и Комисија за спроведување на проверката на компетенциите (физичка способност).
Пред отпочнувањето на проверката на компетенциите се врши утврдување на психофизичката способност на кандидатите. Ова има елиминаторен карактер.
Психофизичката способност на кандидатите се утврдува со специјалистички прегледи и оценка од Воено-лекарска комисија во Воено-медицинскиот центар во Скопје.
Воено-лекарска комисија врши утврдување на психофизичка способност согласно Правилникот за мерилата за оценување на посебната здравствена и физичка способност за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/03 и 5/04).
Постапката за проверка на компетенциите се состои од проверка на физичката подготвеност, од следните дисциплини:


Проверката на компетенциите има елиминаторен карактер и во понатамошната постапка нема да се рангираат кандидатите кои што не ги задоволиле предвидените норми, односно не освоиле минимум 5 поени од можните 10 поени.
При проверката на компетенциите кандидатите треба да имаат документи за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош).
Вкупниот број поени врз основа на кои се врши рангирање на кандидатите се добива со собирање на поените од: успехот во средното образование, поените од државната или меѓународна матура и проверката на компетенциите.
Рангирањето на кандидатите го врши Конкурсната комисија. Услов за избор на кандидатите за школување се освоени минимум 60 од можните 100 поени добиени по сите основи.
Конкурсната комисија на огласна табла на Академијата ги објавува поените на кандидатите од средното образование (среден успех), поените од државната матура (среден успех) и резултатите од проверката на компетенциите (физичката способност) веднаш по завршената работа на комисијата за проверка на компетенциите.
Кандидатот кој не е задоволен со постигнатите резултати има право на приговор до конкурсната комисија во рок од 24 часа од објавувањето на резултатите од проверката на компетенциите (физичката способност) на огласна табла на Воената академија.

Ако приговорот е доставен по утврдениот рок кандидатот го губи правото на приговор во натамошната постапка во поглед на резултатите (поените) од проверката на компетенциите.
Конкурсната комисија изготвува и објавува преелиминарна ранг-листа на добиените реултати за кандидатите за школување во рок од 24 часа по реализацијата на проверката на физичката подготвеност.
Во преелиминарна ранг листата се истакнува бројот на поените од средно образование (среден успех), бројот на поени од државна матура (среден успех), бројот на поени од проверката на физичката подготвеност и вкупниот број на поени за секој кандидат.
Кандидатите имаат право на приговор на преелиминарна ранг листата до Деканатската управа на Воената академија преку конкурсната комисија, во рок од 24 часа од нејзиното објавување.
Одлуката на Деканатската управа по приговорот е конечна.
Одлуките по приговорите се објавуваат на огласна табла на Воената академија во рок од 24 часа од истекувањето на рокот за поднесување приговори.
Во случај два или повеќе кандидати да имаат еднаков број поени и да не може да се изврши избор на предвидениот број кандидати за школување предност при изборот ќе имаат кандидатите – добитници на награди и признанија на државни и меѓународни натпревари во области значајни за соодветна студиска програма. Видот и соодветноста на наградите и признанијата ги утврдува Конкурсната комисија на Воената академија.
По објавување на конечната ранг-листа, Наставно-научниот совет на Воената академија донесува предлог мислење за истата и го доставува до министерот за одбрана, кој донесува конечно решение за прием на кандидатите од листата.
Посебните права и обврски на кандидатите примени за питомци се уредуваат со договор во согласност со Законот и Статутот на Академијата.

РОКОВИ

Заинтересирани кандидати за упис на Воената академија за учебната 2011/2012 година можат да се пријават на 16 и 17.08.2011 година. Доколку во првиот пријавен рок не бидат примени кандидати во планираниот број, Воената академија ќе организира втор уписен рок на 01 и 02.09.2011 година и трет уписен рок 15.09.2011 година
По утврдување на пријавните листи, пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите од конкурсот ќе бидат повикани за утврдување на психофизичката способност и физичката подготвеност.

ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Кандидатите треба да ги поднесат следниве документи:

молба;
пополнет формулар кој се добива во Воената академија;
свидетелства за сите четири години од средното образование во оригинал;
диплома за положен матурски испит во оригинал;
уверение за државјанство;
извод од матичната книга на родени;
уверение од надлежен суд за неизречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Кандидатите државјани на Република Македонија кои средното образование или дел од средното образование го завршиле во странство треба да достават документ издаден од надлежно министерсто за нострификација на сведетелство за сите години, за дел од годините што ги завршиле во странство или диплома за завршено средно образование добиена во странство.
Документите за пријавување на конкурсот кандидатите треба да ги достават лично во деловодството на Воената академија во Скопје на ул. ,,Васко Карангелески бб.

ШКОЛУВАЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТУДЕНТИТЕ

Кандидатите кои се пријавиле за прв циклус на студии за потребите на Армијата на Република Македонија по завршување на студиите се стекнуваат со статус студент - питомец, а кандидатите кои се запишуваат за потребите на управувањето со кризи и заштита и спасување се стекнуваат со статус студент.
За време на школувањето на студентите - питомци им се обезбедува интер¬нат¬ско сместување, исхрана, униформа, долна облека и обувки, учебници и други пре䬬мети и помагала потребни за студирањето, без надомест, здравствено и инва¬лид¬ско осигурување, месечни примања за намирување на најопходните лични потреби, пат¬ни трошоци за доаѓање на Академијата и враќање на почетокот и крајот на секоја учебна година и при школскиот распуст, како и патни трошоци за упатување на пракса од Академијата.
Посебните права и обврски меѓу студентите - питомци и Воената академија се уредуваат со договор во согласност со Законот за Воена академија и Статутот на Воената академија.
По завршувањето на школувањето студентите - питомци се произведуваат во чин потпоручник од соодветен род и се примаат на служба во Армијата на Република Македонија, односно на работа во Министерството за одбрана.
По завршувањето на школувањето на студентите за управување со кризи и заштита и спасување, Министерството за одбрана нема обврска да ги прими на служба во Армијата на Република Македонија, односно на работа во Министерството за одбрана.

Со почит,

Воена Академија

---------------------------- ФИЗИЧКИТЕ КРИТЕРИУМИ КОИ МОРА ДА СЕ ИСПОЛНАТ ЗА ВЛЕЗ ВО ВА СЕ НАОЃААТ НА ВЕБ-АДРЕСАТА НА МОРМ------------------------------

http://www.morm.gov.mk/
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Воената Академија на АРМ - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија Empty2/8/2011, 07:26

Вратете се на почетокот Go down
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

Воената Академија на АРМ - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија Empty6/3/2012, 10:17

Линковите не се повеќе активни. Така да би било добро доколку некој може да ставе нови.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Воената Академија на АРМ - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија Empty7/3/2012, 14:08

Subzero, ќе бидат за брзо апдејтирани.

ziveli
Вратете се на почетокот Go down
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

Воената Академија на АРМ - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија Empty10/3/2012, 18:38

Ја не би да бидам досаден али ме интересира уште нешто. Во август годинава знам дека
ќе се распишува нов конкурс за нови питомци на академијата. А знае ли некој колкава ќе биде
таа бројка. Исто како минатиот конкурс ли ќе примаат 40 луѓе? Или сега ќе бидат повеќе-помалку?
Ако може некој да одговори би му бил благоадрен.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Воената Академија на АРМ - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија Empty10/3/2012, 18:40

Subzero напиша:
Ја не би да бидам досаден али ме интересира уште нешто. Во август годинава знам дека
ќе се распишува нов конкурс за нови питомци на академијата. А знае ли некој колкава ќе биде
таа бројка. Исто како минатиот конкурс ли ќе примаат 40 луѓе? Или сега ќе бидат повеќе-помалку?
Ако може некој да одговори би му бил благоадрен.

Тоа треба да пишува во службен весник.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Воената Академија на АРМ - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија Empty10/3/2012, 18:57

Subzero напиша:
Ја не би да бидам досаден али ме интересира уште нешто. Во август годинава знам дека
ќе се распишува нов конкурс за нови питомци на академијата. А знае ли некој колкава ќе биде
таа бројка. Исто како минатиот конкурс ли ќе примаат 40 луѓе? Или сега ќе бидат повеќе-помалку?
Ако може некој да одговори би му бил благоадрен.

Според некој информации можно е конкурсот да биде во Јуни.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

Воената Академија на АРМ - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија Empty10/3/2012, 19:05

навистина?! А од кај ти се тие информации ако не е тајна?
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Воената Академија на АРМ - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија Empty10/3/2012, 19:08

Subzero напиша:
навистина?! А од кај ти се тие информации ако не е тајна?

Не е тајна. Баш сега му помагам на еден, се надевам иден питомец. Според неа конкурсот ќе биде во Јуни. Не можам да тврдам така знае е таа така ми кажува.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Воената Академија на АРМ - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воената Академија на АРМ - дискусија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 39Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 20 ... 39  Next
 Similar topics
-
» Фото:Воената Академија низ историјата
» Тероризам - дискусија
» Топ 10 најмоќни армии на светот - дискусија
» Дискусија за студиите на Факултетот за безбедност

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Образовни институции на безбедносните сили-
Отиди до: