Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Воената Академија на АРМ - дискусија

Go down 
+21
JKD
kralimarko
assasian
IgorM
Legija91
BABUN
Smrtnikot
Vojnik122
Nikola32
KikoTE
Alvar
dzole
aleksandar talevski
beowulf
Momak od Gjorce
Profesionalec
Генерал
Зоран
SIG
Subzero
AlexGreat
25 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 17 ... 31, 32, 33 ... 35 ... 39  Next
АвторПорака
assasian

assasian


Број на мислења : 304

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty12/10/2014, 16:14

188 cm висина , 90-91 кг тежина

______________________
Не прашуваме колку се , туку каде се !!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty20/10/2014, 22:16

Прв пат го гледам сајтов...

http://www.ma.edu.mk/
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty6/11/2014, 13:31

Обука со питомците од Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“

Денес 06.11.2014 година припадниците на полкот за специјални операции имаа обука со дел од питомците на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“

Шеснаесетте питомци за време на обуката имаа можност да се запознаат со намената и карактеристиките на Оклопниот Транспортер БТР 80. Оваа обука беше одлична можност за слушателите да ги спојат теоретските познавања од предметот Оклопно Механизирани Единици со практично работење со овој вид на возила.

Питомците кои се на крајот од своите студии имаа можност да се запознаат и со методиката за изведување на настава на теми кои се поврзани со борбени моторни возила.

http://www.arm.mil.mk/vesti/pso/2014/11/zaednicka_obuka_pitomci.html

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 RhIJw8g

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Qxwoekf

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Z5pVb3S

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 KcRfyxB
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty17/11/2014, 18:50

Воената академија ги обучува генералите на соседните држави

Многу сум задоволна од академскиот дел како и од условите, обуките и стручноста на наставно-командирскиот кадар. Колегите Македонци веднаш ме прифатија и сега не сме само колеги, туку вистински пријатели, вели Кристина Кривокапиќ, питомец од Црна Гора

Кога повторно би бирала меѓу Германија, Србија, Грција, јас повторно би ја одбрала Воената академија "Генерал Михаило Апостолски" во Македонија, затоа што сум многу задоволна од наставно-воспитниот процес. Ова го вели питомецот Кристина Кривокапиќ од Црна Гора, која студира на Воената академија во родот Артилериско-ракетна единица за противвоздушна одбрана.

-Многу сум задоволна од академскиот дел како и од условите, обуките и стручноста на наставно-командирскиот кадар. Колегите Македонци веднаш ме прифатија и сега не сме само колеги, туку вистински пријатели - вели Кривокапиќ и додава дека првично таа сакала да биде во пешадијата, но потоа се одлучила за противвоздушната одбрана, каде што ќе служи и во армијата на Црна Гора.Таа раскажуваше како поминува денот на питомецот на Воената академија.

-Стануваме во шест часот наутро и за 15 минути сме надвор со утринските вежби, трчање околу еден километар, склекови, вежби за растегнување. Потоа часовите почнуваат од 8.30 часот до 13:00 часот и имаме доста интересни предмети како воена психологија, компаративни системи на национална безбедност... Имаме различни предмети по родови кои се повеќе практика, тактика на родот, противвоздушна одбрана, теорија на гаѓање, основи на дигитална техника - објаснува Кривокапиќ.

Воената академија располага со одлични услови за сместување, настава и вежбање. Собите се повеќекреветни, секој питомец има посебно биро, а чистотата буквално заслепува. Има повеќе предавални опремени со компјутери, опремен амфитеатар, во кој предаваат и специјални гости, конференциска соба за наставниот кадар.

Теретаната ги има сите потребни услови за вежбање, а потполковникот и секретар на Воената академија, Тони Ѓорѓиев, не информираше дека Академијата заедно со Општина Аеродром планира изградба на спортско игралиште кое ќе биде од голема полза за вежбите на питомците, но ќе можат да го користат и граѓаните во одреден дел од денот.

Деканот на Воената академија, полковникот професор Орце Поповски, вели дека Академијата одлично соработува со Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, а целта е институцијата да се афирмира како регионален лидер во военото образование.

-Има три причини што странските студенти ја одбираат токму Воената академија "Генерал Михаило Апостолски". Првата е тоа што државата има блиски пријателски односи со овие држави без отворени прашања, јазичната и културната бариера речиси не постои и најважно, нашите високообразовани и обучени офицери кои квалитетот го покажуваат во меѓународните мисии. Државите покажуваат дека се сигурни оти нивните питомци добиваат добро конципирана едукација која произведува високостручен, образован морално и карактерно цврст воен лидер - потенцираше полковникот Поповски.

Меѓународното право, домашната и меѓународната безбедност, математиката, физиката, хемијата, електромеханиката се дел од предметите кои питомците ги изучуваат на Академијата.

-Секако, овие базични знаења се само почетна основа на оние кои во трета година ќе се одлучат за некој од родовите (врски, артилерија, АБХО), кои бараат подлабоко изучување на определени науки. Тука мора да се напоменат и предметите кои се насочени кон проучување на човековата природа и начин на функционирање како основни знаења кои мора да ги поседуваат за да се наметнат како успешни лидери и раководители. Такви се предметите: лидерство и раководење, воена психологија, социологија, воена андрегогија - објаснува Поповски.

Покрај наставата, издржливоста и подготвеноста на питомците за време на летните обуки се тестира на Криволак, каде што питомците во прва година тренираат поединечно, во втора година како одделение, а во трета година како вод.

-На годишно ниво повеќекратно го користиме Криволак. Покрај тоа, оваа година Воената академија по петти пат го организираше Летниот кампус, на кој учествуваа околу 200 питомци и студенти од осум држави: САД, В. Британија, Германија, Турција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Македонија - вели деканот.

На Воената академија во процес е формирање на Институт за сајбер безбедност, за кој ќе бидат акредитирани постдипломски студии на кои ќе се изучуваат сајбер заканите и методите за справување со предизвиците од модерната дигитална ера.

Во 2014/2015 година на Воената академија се примени 33 питомци, од кои 26 за потребите на Министерството за одбрана и АРМ, тројца за Армијата на Црна Гора, еден за БиХ и три питомци за Безбедносните сили на Косово.

Дополнително, еден од питомците од Македонија е испратен на школување на Воената академија во Република Хрватска.

http://vecer.mk/makedonija/voenata-akademija-gi-obuchuva-generalite-na-sosednite-drzhavi
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty6/2/2015, 14:49

Заврши стажирањето на питомците од Центарот за обука на питомци

Питомците од трета и четврта година од Центарот за обука на питомци во периодот од 26.01-06.02.2015 година реализираа практична настава-стажирање во единиците на Армијата на Република Македонија.

Практичната настава-стажирање имаше за цел оспособување на питомците за конкретни должности во единиците, како прв чекор во практичното оспособување за извршување на формациските должности кои ќе ги извршуваат по завршувањето на Воената Академија.

Низ процесот на реализација на практична настава питомците се оспособуваа за извршување на должноста командир на тим-одделение. Со реализација на практичната настава во текот на стажирањето питомците ги повторија претходно стекнатите знаења, ја усовршија методиката на изведување на индивидуална и колективна обука на ниво одделение-вод, ги усовршуваат воените вештини при ракување со вооружувањето и останатите средства со кои располагаат единиците во кои стажираат. Во текот на стажирањето питомците се запознаваа и со животот и работата во единиците на Армијата на Република Македонија.

Преку процесот на обука и командување со одделенија и водови кои им се доделени се стекнаа со лидерски способности а воедно се оспособија за извршување на внатрешна служба.

Знаењата со кои се стекнаа питомците од практичната настава-стажирање се неопходни за секој иден современ и добро обучен офицер на Армијата на Република Македонија.

http://www.arm.mil.mk/vesti/kod/2015/02/zavrsi_staziranje_pitomci.html

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 GFeFug7

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 RFzL1jd

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 RSBZnK3

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Ucq9Qga
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty18/2/2015, 12:32

Американци ќе учат на воена академија во земјава?

Војници од регионот веќе учат во нашите образовни одбранбени институции, а наскоро може и Американци да се образоваат на воена академија во земјава. Од оваа соработка државата и армијата имаат економски добивки, но истовремено се јакнат и односите со партнерските војски и земји, оценуваат експертите.

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 CnvZbCA

МАКЕДОНСКИТЕ ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ ПРИВЛЕЧНИ И ЗА ДРУГИТЕ АРМИИ
Од школи за армиски и одбранбени портпароли, преку факултетска настава за офицери и пилоти, до тренинзи за компјутерски хакери се секторите во кои странците доаѓаат од пријателските и сојузнички армии на НАТО за да се обучуваат во нашите воените образовни институции. Според Министерството за одбрана на Република Македонија, во моментов во воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ се школуваат 26 кадети од земјите во регионот (Црна Гора - 12, Косово - 9, Босна и Херцеговина - 5). Извори од овој сектор неофицијално велат дека набргу се очекува во редовите на македонските одбранбени институции да пристигнат и кадети од најголемата воена сила во НАТО. Тие велат дека сѐ уште не се знаат точниот број на идните воени питомци на САД и насоките што тие ќе ги посетуваат за да дипломираат во Македонија, но нагласуваат дека е добро да се знае дека американската војска ги цени нашите образовни институции.

Од Министерството за одбрана на Македонија велат дека особено внимание му се посветува на образованието на идните лидери во армијата на Република Македонија (АРМ) и на вооружените сили на земјите од регионот.
- Фактот дека на Воената академија во Скопје се школуваат и кадети од другите земји покажува дека овие земји високо го ценат нивото на образовниот процес во Република Македонија - објаснуваат од Министерството.

Оттаму тврдат дека овој податок е доволна основа да се посочи дека развојните процеси на Воената академија и во иднина ќе продолжат во ист правец.
- Ние очекуваме од идниот пролетен семестар половина од курсевите за трета и четврта година да бидат на англиски јазик, со што ќе се овозможи поинтензивна размена на студенти со академиите на земјите-членки на НАТО и земјите-партнери - велат од Министерството.

ПРОФЕСОРИ
ОД „ВЕСТ ПОИНТ“

По подолг застој проработи и Воената академија, која функционира како високообразовна институција во рамките на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Таа претставува профилиран центар за обука на воен персонал од земјава и од странство. Од годинава на нашите питомци им се придружија и питомците од Босна, Косово и од Црна Гора.

Во организација на Воената академија веќе три години се одржува и летен кампус за питомци на кој активно учествуваат припадници од Британија, Бугарија, Косово, Турција и од Црна Гора.
Но меѓународниот карактер на академијата, според најавите, не треба да заврши само со запишувањето студенти од странство. Кога таа беше повторно отворена се најавуваше дека ќе се направат обиди да се донесат и професори од други земји да одржуваат предавања, па дури и од престижни воени академии, како „Вест поинт“, најстарата академија во САД.

ВРВНА ОБУКА НА ПИЛОТИ

Веќе две години во Македонија се обучуваат пилоти што имаат офицерски чин, односно станува збор за питомците на центарот за обука каков што нема во Југоисточна Европа. Проектот се спроведува во соработка со израелската фирма „Елбит“. Партнерството ќе трае уште шест години, а потоа сѐ ни останува нам, вклучувајќи ги и опремата и техниката од Израелците. Министерството оценило дека тоа е најдоброто решение за нашите потреби, бидејќи обучени пилоти им требаат и на армијата, и на полицијата, и на Дирекцијата за заштита и спасување, за противпожарните авиони.
И со стратегиските документи од областа на одбраната се укажуваше дека земјата има потреба што поскоро да основа своја школа за пилоти. Подготовките траеја две години и на крајот се потпиша документот со „Елбит“, според кој македонската страна ќе вложи 5,3 милиони евра, а Израелците ќе вложат 43 милиони евра.

Според проектот, центарот за обука на пилоти во првите осум години треба да обучи најмалку 52 квалификувани пилоти на хеликоптери. Потреби од вакви центри имаат и другите земји, па затоа овој проект се смета за мошне надежен.
Од друга страна, во тренинг-центарот за односи со јавноста на АРМ веќе приближно две години се обучуваат воени портпароли од регионот. Овој центар се очекува да прерасне во НАТО-партнерски центар за образование и обука, кој за целиот регион ќе обучува лица за односи со јавноста од областа на безбедноста. Инаку, од овој тип НАТО во светот има 24 функционални тренинг-центри.

ДОМАШНИ АРМИСКИ ХАКЕРИ

Македонија е прва земја од Југоисточна Европа што барем помирно ќе може да спие наспроти мрачните предупредувања на воените експерти дека непријателски хакери можат со компјутерска технологија да извршат изненадувачки напади и да го онеспособат енергетскиот или финансискиот систем на државата. Наскоро, на првите сајбер-борбени линии се очекува да застанат домашно обучените офицери на АРМ, кои своето знаење ќе го стекнат во воената академија „Генерал Михајло Апостолски“.
Дека сме меѓу првите земји од регионот во оваа област сведочат и големиот број летни школи што од пред две години се одржуваат во Охрид, кои се во организација на Правниот факултет од Љубљана и воената академија „Генерал Михајло Апостолски“, а со поддршка од НАТО-програмата за наука и мир. Токму на овие курсови македонските експерти ги обучуваат војниците на НАТО во напреден тренинг курс за сајбер-одбрана.

Пензионираниот полковник Благоја Марковски објаснува дека не е сѐ само во економската добивка од функционирањето на регионално ниво на нашите образовни армиски капацитети. Со тоа што ние им ги нудиме нашите услуги на балканските земји истовремено ја зголемуваме регионалната доверба, но и го збогатуваме нашето сопствено искуство за комуникација со странски армии.
На тој начин, објаснува Марковски, се зацврстуваат пријателствата со сојузничките земји, особено во регионот на Југоисточна Европа, каде што тој процес е од исклучително значење за светскиот мир.
Тој смета дека многу зависи и од тоа дали ќе се направи добар план за нивно опремување и стопанисување, но можностите да се развијат вакви центри се големи, како поради географската положба на нашата земја така и поради условите што ги имаме сега.

Воено-политичкиот аналитичар Јордан Тасев смета дека нашата армија токму со овие чекори покажува дека е можно да се има и економска корист од нашето искуство и знаење што сме го добиле сите овие години од нашите евроатлантски аспирации. Токму овие проекти на АРМ од воените аналитичари во државата, но и во регионот се оценети како исклучително паметен и стратегиски чекор на македонскиот воен врв, а со нив се полни државната каса, но и се зацврстуваат добрите односи со соседните држави.
- Отвореноста на нашите капацитети за обука и образование на припадниците на партнерските армии произлегува од заедничките вредности за кои сите се залагаме. Тука се и заедничките интереси во стратегиски важниот Балкан, регионалната соработка и развојот на добрососедските односи, но пред сѐ градењето доверба помеѓу армиите на патот кон траен мир и стабилност во регионот - објаснува Тасев.

Сите образовни институции на АРМ

Команда за обука и доктрини
Воен полигон Криволак
Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“
Центар за обука на пилоти
Центар за обука
„Д-р Џозеф Крузел“
Регионален тренинг-центар
за комуникации
Центар за воено-медицинска обука
Центар за обука во зимски услови

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21615164897&id=9&prilog=0&setIzdanie=23397
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty19/2/2015, 15:44

Обука во зимски услови со питомците од Центарот за обука на питомци

Во периодот од 07.02. - 18.02.2015 година питомците од втора година од Центарот за обука на питомци реализираа практична настава - обука во зимски услови. Обуката се реализираше на скијачките терени „Колашин“ во Црна Гора а согласно билатералната соработка помеѓу војската на Црна Гора и Армијата на Република Македонија.

За време на реализацијата на обуката во зимски услови питомците ги совладаа основните елементи, вештини и строеви работи во скијање, нордиско трчање, ставови за гаѓање со скии, користење на жичара и ски лифт како и изработка на засолништа за преживување во зимски услови.

Заменик Началникот на војската на Црна Гора полковник Зоран Лазаревиќ ги посети питомците и изрази задоволство што идните офицери на Република Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора се нивни гости.

Питомците за време на обуката ги посети и делегација предводена од амбасадорот на РМ во Црна Гора г-дин Александар Василевски заедно со Военото аташе за Црна Гора полковник Дончо Кузманов, Продеканот за финансии и меѓународна соработка од Воената академија полковник Александар Главинов и Командантот на Центарот за обука на питомци потполковник Харалампие Трајков. Присутните за време на посетата се уверија во практично стекнатите вештини на питомците при реализацијата на планираните содржини на обуката.

Сите вештини од основната обука во зимски услови што ќе ги стекнат питомците се потребни за секој иден современ и добро обучен офицер на АРМ, особено при реализација на борбени задачи за кои има потреба да се реализираат во зимски услови.

http://www.arm.mil.mk/vesti/kod/2015/02/zimska_obuka_pitomci.html

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty2/3/2015, 13:24

КОНКУРС за запишување на слушатели на стручно оспособување и усовршување за родот авијација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, на лица со завршен прв циклус на студии за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ВОЕНА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ„ – Скопје

Врз основа на член 25 став 1 од Законот за Воената академија („Сл. Весник на Република Македонија“ бр. 83/2009), Воената академија во Скопје објавува

КОНКУРС
за запишување на слушатели на стручно оспособување и усовршување за родот авијација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, на лица со завршен прв циклус на студии за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распишува конкурс за запишување на 8 (осум) слушатели на стручно оспособување и усовршување за родот авијација за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.
Стручно оспособување и усовршување за родот авијација е со времетраење од осумнаесет месеци.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРС
На конкурсот може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат општите и посебните услови и тоа:

ОПШТИ УСЛОВИ
- да се државјани на Република Македонија;
- да имаат завршено прв циклус на студии, односно стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- да не се постари од 28 (дваесетиосум) години;
- да се психофизички способни (го утврдува воено -лекарска комисија).

ПОСЕБНИ УСЛОВИ:
- да не им е изречена мерка на безбедносна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- да ги исполнуваат безбедносните критериуми предвидени со Законот за класифицирани информации, што утврдува надлежен орган во министерството за одбрана;

Право на учество на конкурсот имаат и кандидатите државјани на Република Македонија кои првиот циклус на студии го завршиле во странство.
Кандидатите државјани на Република Македонија кои првиот циклус на студии го завршиле во странство треба да достават документ за нострификација на дипломата добиена во странство, издаден од надлежно министерство.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ

При изборот за запишување на кандидатите на стручно оспособување и усовршување на кандидати со завршен прв циклус на студии за офицери од родот авијација за потребите на Армијата на Република Македонија на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје покрај општите и посебните услови, при почетното рангирање, во предвид ќе се земат општиот успех на кандидатите од првиот циклус на студии и проверката на физичката подготвеност.
При приемот на лица за стручно оспособување и усовршување со завршен прв циклус на студии за потребите на Армијата, ќе се почитува принципот на соодветна и правична застапеност на заедниците.

По завршеното почетно рангирање, кандидатите ќе бидат упатени на понатамошна селекција.

Натамошната селекција се состои од селективни проверки и тоа:
- проверка на познавање на англиски јазик (освоени минимум 70 поени по American language course placement test – ALCPT тест);
- проверка- селекција на земја;
- посебна здравствена способност, што го утврдува надлежна лекарска комисија за воздухопловен персонал;
- проверка- селекција во воздух.
Сите селективни проверки имаат елиминаторен карактер. Кандидатот кој нема да помине на една селективна проверка го губи правото да учествува на следните проверки а со тоа го губи и статусот на кандидат.

ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Конкурсот го спроведуваат Конкурсна комисија што ја формира деканот на Воената академија.
Психофизичката способност на кандидатите се утврдува со специјалистички прегледи и оценка од надлежна Воено -лекарска комисија во Воено – медицинскиот центар во Скопје.
По добивањето на резултатите од Воено – лекарската комисија, кандидатите кои се оценети како психофизички способни се упатуваат на проверка за физичка способност.
Проверката за физичка способност се врши според Тест програмата за проверка за физичката способност.
Проверката за психофизичка способност и проверката за физичка способност имаат елиминаторен карактер.

Вреднување на успехот при почетното рангирање

Вреднувањето на критериумите од општиот успех и успехот постигнат на проверката на физичката подготвеност се изразува во поени.
Максималниот број поени што кандидатот може да ги освои по критериумите од општиот успех и успехот постигнат на проверката на физичката подготвеност изнесува 100 поени.
Општиот успех на кандидатите постигнат за време на првиот циклус на студии учествува со најмногу 80 поени.
При проверката на физичката подготвеност кандидатите треба да имаат документ за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош).
Рангирањето на кандидатите го врши конкурсната комисија.
Во рок од 24 часа по реализацијата на проверката на физичката подготвеност, Конкурсната комисија изготвува и објавува на огласната табла и веб страната на Академијата http://www.ma.edu.mk/ почетна прелиминарна ранг листа на добиените резултати за кандидатите.
Во почетна прелиминарна ранг листата се истакнуваат бројот на поени од општиот успех на кандидатите постигнат за време на првиот циклус на студии, бројот на поени од проверката на физичката подготвеност и вкупниот број на поени, за секој кандидат.
Кандидатот има право на приговор до Деканатската управата на Академијата преку конкурсната комисија, во рок од 24 часа од објавувањето на прелиминарната ранг листа.
Одлуките по приговорите се објавуваат на огласна табла и веб страната на Академијата http://www.ma.edu.mk/, во рок од 24 часа од истекувањето на рокот за поднесување на приговори.
Одлуката на Управата на Академијата по приговорот е конечна.
Почетната прелиминарната ранг листа станува конечна и по истекувањето на рокот за поднесување на приговор.
По завршеното почетно рангирање кандидатите продолжуваат со селективните проверки по англиски јазик, проверка- селекција на земја, посебна здравствена способност и проверка- селекција во воздух.
По завршување на секоја селективна проверка комисијата определена за вршење на селективната проверка, до конкурсната комисија доставува листа на лица кои ја поминале селекцијата.
Во рок од 24 часа по реализацијата на секоја селективна проверка, Конкурсната комисија објавува на огласната табла и веб страната на Академијата http://www.ma.edu.mk/ листа на кандидати кои ја поминале проверката.
На секоја листа од селективните проверки, кандидатот има право на приговор до Деканатската управата на Академијата преку конкурсната комисија, во рок од 24 часа од нејзиното објавување.
Одлуките по приговорите се објавуваат на огласна табла на Академијата, во рок од 24 часа од истекувањето на рокот за поднесување на приговори.
Одлуката на Управата на Академијата по приговорот е конечна.
Листите од селективните проверки стануваат конечни и по истекувањето на рокот за поднесување на приговор.
По објавување на конечната ранг листа, Наставно-научниот совет на Академијата доставува предлог мислење за истата и ја доставува до министерот за одбрана, кој врши избор на кандидатите.

РОКОВИ
Заинтересираните кандидати за упис на стручно оспособување и усовршување за родот авијација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје можат да ги достават потребните документи за пријавување од денот на објавувањето на конкурсот до 06.04.2015 година.
По утврдување на пријавните листи, пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите од конкурсот ќе бидат повикани за утврдување на психофизичката способност и физичката подготвеност.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Кандидатите кои конкурираат на Конкурсот треба да ги поднесат следниве документи:
• пријава (пополнет формулар кој се добива во Воената академија);
• диплома и уверение за завршено високо образование;
• уверение за државјанство;
• извод од матичната книга на родени;
• уверение од надлежен суд за неизречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија, дејност или должност.
• Кратка биографија (CV).
Кандидатите државјани на Република Македонија кои високото образование го завршиле во странство треба да достават документ за нострификација на дипломата издаден од надлежно министерство.
Документите за пријавување на конкурсот кандидатите треба да ги достават лично во деловодството на Воената академија во Скопје на ул. ,,Васко Карангелески“ бб.

ШКОЛУВАЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТУДЕНТИТЕ

Кандидатите кои се примени на Конкурсот за стручно оспособување и усовршување за родот авијација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија се стекнуваат со статус на слушател.
Посебните права и обврски на слушателите за офицери од родот авијација за потребите на Армијата на Република Македонија ќе бидат уредени со договор.
По завршување на стручното оспособување и усовршување слушателите согласно закон се произведуваат во соодветниот чин од родот авијација и се примаат на служба во Армијата на Република Македонија, односно на работа во Министерството за одбрана.

МОРМ
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty8/5/2015, 13:19

Посета на Воздухопловна Бригада
link

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 3yl4pEO

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 FLwEF1F

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 DZ0pojQ

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 HOrnY7p

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 CY3taD3

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 3K3Y2CL

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 L55kFvi

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 PKlADjK
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty8/5/2015, 13:39

Ми се свиѓа што на англиски се инструкциите внатре. А и во исто време ме чуди, првпат гледам, мислев дека и нашите се на руски.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 32 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воената Академија на АРМ - дискусија
Вратете се на почетокот 
Страна 32 of 39Отиди на страна : Previous  1 ... 17 ... 31, 32, 33 ... 35 ... 39  Next
 Similar topics
-
» Фото:Воената Академија низ историјата
» Тероризам - дискусија
» Дискусија за студиите на Факултетот за безбедност
» Топ 10 најмоќни армии на светот - дискусија

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Образовни институции на безбедносните сили-
Отиди до: