Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 1/1/2016, 03:13
Искрено на црно ќе мораш изгледа доколку сакаш да поседуваш. Иначе среќна нова
Smrtnikot
Број на мислења : 1272
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 1/1/2016, 05:48
MISFIT напиша:
Како што разбрав, доколко поседуваш пиштол, не смее да ти биде цел, пример цевката мора да биде одделно од пиштолот. Заради психологијата дека му требаат на човекот 10-15 секунди да си го разбистри умот, а исто толку и да го склопи и наполни пиштолот. Демек да го употребиш само како крајна мерка. А ти нема да загинеш во тие 15 секунди од напаѓачот. А ако не е толку висок ризикот за да те повреди тогаш не ти ни треба пиштол воопшто ... И за стража се заостанати правилата. Празна рамка во пушката, а во ситуација на опасност за одприлика 15 секунди ќе ти биде полна, сосема доволно време да изедеш кјотек и да ти ја земат... Припадници на пСО ставаат полни рамки во пушката за време на стража, а не советуваа и нас да го правиме истото(за наше добро). Едно репетирање(2 секунди макс) ти фали за да го употребиш оружјето. А од друга страна па вака можеш да направиш беља што инаку не би ја направил, ама тоа е друга тема бидејки стражата како стража се смета за заостанат концепт, место да се замени со рефлектори, камери и патрола на приправност...
Многу одам од околу да преминам од главното, ме интересира какви се законите за чување на пушка, исто се така шашави или по асални се? Или па во оваа златна Македонија се мора да оди на црно
За автоматска пушка законот како таков си е дециден, не смееш да ја поседуваш. Доколку станува збор за ловечка пушка, има други законски прописи. Патем не гледам потреба, ниту причина цивили за сопствени потреби да поседуваат автоматско оружје.
______________________ "Through discipline comes freedom"
Гостин Гостин
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 1/1/2016, 14:02
Не зборував за чување на автоматско оружје, а пушка воопшто, дали е репетирка или полуавтоматска...
Инаку среќна нова година!!!
dare532
Број на мислења : 1
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 5/1/2016, 01:30
Ме интересира процедурата од почеток за вадење за дозвола за пиштол. Фала многу
SIG
Број на мислења : 6108
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 8/1/2016, 03:03
Здраво Даре, можеш да ја прочиташ темава од почеток, сигурен сум дека ќе го најдеш одговорот.
Pavaroti
Број на мислења : 1
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 8/1/2016, 19:08
SIG напиша:
Здраво Даре, можеш да ја прочиташ темава од почеток, сигурен сум дека ќе го најдеш одговорот.
Дали знаете каде може да се изврши обука за ловечко оружје и полагање во Скопје? Уште тоа ми е потребно за да поднесам документи, другите работи ги завршив. Инаку, веќе 13 години сум сопственик на ловен карабин и пиштол.
Alvar
Број на мислења : 10941
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 16/2/2017, 13:20
МВР: Рокот за замена на дозволите за поседување и носење оружје е до 12 април
Од Министерството за внатрешни работи потсетуваат дека рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје, овластувањата за носење на оружје и дозволите за поседување на оружје истекува на 12 април.
„Министерството за внатрешни работи соопштува дека согласно одредбите од член 86 од Законот за оружјето („Службен весник на Република Македонија“ број 7/05, 47/06, 42/07, 86/08, 72/10, 158/11, 119/13, 164/13, 152/15, 193/15 и 55/16), рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје, овластувањата за носење на оружје и дозволите за поседување на оружје издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје („Службен весник на СРМ“ број 25/72, 30/72, 18/76, 26/76, 15/83, 51/88 и „Службен весник на Република Македонија“ број 26/93 и 49/2003), истекува на 12.04.2017 година. До наведениот рок граѓаните и правните лица кои поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за нивна замена“ , соопштија од МВР.
Барањето, велат оттаму, треба да биде поднесено во Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност, Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи според место на живеење на физичкото лице, односно седиште на правното лице. http://www.mkd.mk/makedonija/mvr-rokot-za-zamena-na-dozvolite-za-poseduvanje-i-nosenje-oruzhje-e-do-12-april
______________________ Si vis pacem, para bellum
Alvar
Број на мислења : 10941
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 19/5/2018, 16:48
Да се преселиме во Швајцарија.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 19/5/2018, 19:44
Швајцарија е една од најмилитизираните држави во светот, освен "лесна" набавка на оружје, по отслужување на воениот рок, оружјето со кое си служел ти го даваат дома,автоматски стануваш резервист, но муницијата мора да ти биде во најблиската полициска станица(ова често е злоупотребено од нашите собраќа, кој доста од ова оружје го украдоа продадоа или донесоа на овие простори низ ратовите), и во Швицарска не можеш да бидеш Доктор, Провесор. Банкар и итн ако немаш отслужен воен рок
А ипак никој не ги чепка...
leopard
Број на мислења : 563
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 20/5/2018, 10:38
Исто како кај нас пред да се укине редовен воен рок, Неможеш да се вработиш во државна администрација, ако не си служел воен рок.
Sponsored content
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми
Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми