ОДБРАНА



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeОдбрана Форум-Аndroid app

Share | 
 

 Македонската воено-одбранбена индустрија

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 15, 16, 17  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

avatar

Број на мислења : 9182

ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   9/5/2017, 14:08

Бротстон и Сумбро постигнале некој договор за соработка...

May 2, 2017
Press Release
Yesterday in Makadonski Brod, Oldřich Nápravník, General Manger of SUMBRO and Dennis Pratte, CEO of Broadstone Security completed a second round of discussions centered around a possible informal partnership that would allow Broadstone Security to supply SUMBRO with the latest US ammunition production and testing machines to create the highest quality ammunition and to provide SUMBRO with a U.S. location for import, distribution, and sales of SUMBRO's expanded product line. Broadstone Security's sister company in the U.S. would handle the U.S. import and distribution for SUMBRO. This informal partnership would allow SUMBRO to expand its current product line and produce the following calibers: .308, 5.56, .338, .300BO, .45ACP, and .22LR in addition to the 9mm and 7.62x39 they are currently producing (7.62x39 is scheduled to begin this summer). The expanded product line could potentially create a need for an additional 160 employees at SUMBRO's Makadonski Brod facility and substantially increase annual revenues for both companies - and an additional tax pipeline for the country.

In Oct 2016, Broadstone Security purchased 10-hectares of land in Makadonski Brod to build facilities to manufacture ammunition, firearms, and suppressors. The land was purchased via a government public call (auction). Then, Broadstone promptly paid for the land and taxes as outlined in the public call notice. Unfortunately, with the parlament elections last December and resulting inability to form a new government, the transfer of the land ownership to Broadstone Security has yet to occur and Broadstone has had to pursue other investment/production opportunities. This delay created a hardships for Broadstone Security due to the loss of commercial production interests and loss of investment capital related to the delay in the land ownership transfer. As a result of that, Broadstone was put in the position to withdraw from the project and to claim for reimbursement the cost of the land, taxes, and required expenses imposed by the government to qualify the land for such manufacturing. Broadstone Security engaged Kimova Law Firm to represent the company in this effort.

While Kimova Law Firm works on our refund, Broadstone will continue to focus on the potential win-win-win partnership with SUMBRO. A partnership that will strengthen both companies, provide state-of-the-art machinery in the ex-Yugoslavian government built factory, enhance employee training and enhance quality assurance for our products produced in Macedonia!

March 2017 marks Broadstone's 1-year anniversary in Macedonia and while this delay has been difficult, the delay has potentially provided us with an even better business model and opportunity to create an informal partnership with SUMBRO.

So, while both companies have persevered through their own unique set-backs, this informal partnership could potentially bring a positive benefit to Macedonia, the residents of Makadonski Brod, the employees of Broadstone and SUMBRO, and the end-user and consumer of our unique Macedonian-made products.

We look forward to completing these discussion and signing an agreement by the end of May 2017. If all goes well, we could see production of the expanded product line as soon as December 2017.
Thank you for your continued support and confidence! We too are looking to begin operations as soon as possible!
~Broadstone Security
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

avatar

Број на мислења : 9182

ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   9/5/2017, 14:08

May 8, 2017

Press Release

Broadstone Security, DOO - Skopje continues to make progress in our negotiations with SUMBRO ammunition and looks forward to a long lasting relationship with this company. The partners of Broadstone Security believe this collaboration will allow new technologies to be transferred from the US and shared with our Macedonian counterparts in order to help produce world-class ammunition. This collaboration will also allow both companies to work together to open new markets for the proposed match-grade ammunition and will be create a win-win scenario for both companies.

While there have been rumors that Broadstone Security is closing and leaving Macedonia, the rumors are completely false. These rumors were generated because Broadstone Security recently vacated its old office location in Skpoje, and moved its computer servers causing a disruption in its website and email service. Additionally, we made some changes to the composition of our management team in Macedonia. All these things created a false impression that we were leaving Macedonia. Broadstone Security is committed to creating a prosperous business in Macedonia and with the continued support of our new management team, the support of the local community and government, as well as the support of our current and future partners, we are excited to see our plans become reality.

Broadstone Security is currently in procedure to update its mailing address to:

Vasil Glavinov, 3/1-1
Skopje 1000
Macedonia

Because our mid-course business plan correction no longer requires the same licensing and office space requirements once needed, we made the necessary office location changes to support the needs of the business.

To assist with our future planning, licensing, and development, Broadstone Security retained Dori Kimova of Kimova Law Firm - Skopje as legal council. Broadstone Security, DOO - Skopje is excited to have this law firm handle all internal and external legal matters and all government licensing needs. We are also excited to announce that we identified a person to fill the VP of Operations vacancy that will be responsible for overseeing the future ammo production and to ensure the ammo quality is representative of the ammo we wish to promote around the world. Once we are operational, this person will start and their name will be announced.

Thank you for your continued support!

~Broadstone Security, DOO - Skopje
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7730

ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   19/6/2017, 14:17

Како Јолевски ја продаде приказната за просперитет во Македонски брод
http://novatv.mk/kako-jolevski-ja-prodade-prikaznata-za-prosperitet-vo-makedonski-brod/


Од инвестицијава се оствари само една дупка во земја... 1m x 1m. Very Happy

Цитат :
Груевски вети дека од цигла до покрив фабриката ќе биде изградена до мај годинава, а првото производство со печат „Made in Macedonia“ ќе почне во јуни. Првичната инвестиција беше најавена од 5 милиони евра, а во следните години да се развива и зголемува.
Шест месеци подоцна, на посочената локација во месноста Крапа во Македонски Брод, има само ливада на која пасат крави и остаток од тоа што беше камен темелник и место каде се фрлија првите лопати. Нема ни трага од големата инвестиција која беше најавена пред изборите.


_________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

avatar

Број на мислења : 9182

ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   20/6/2017, 11:28

Линковите на веб-от и фб не им работат Smile

---

Momak od Gjorce напиша:

Сре 7 Дек - 15:36

Некако ми е сумлива фирмава...
https://www.facebook.com/BroadstoneUSA/

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7730

ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   20/6/2017, 14:05

Вакви дупки сега има низ цела Македонија, од разно разни инвеститори... барем по едно дрво да насадеа во дупките, да не биде напразно арчот за багери и црвени ленти. Laughing

_________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

avatar

Број на мислења : 9182

ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   20/6/2017, 14:11

Taзи дупка не е дупка Ne!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7730

ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   20/6/2017, 14:17

Во право си... инвестиција. Smile

_________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

avatar

Број на мислења : 3673

ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   20/6/2017, 23:38

Edna nepogoda otide vo istorija!
Da vidme dali damava ke ne usreki!

_________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

avatar

Број на мислења : 9182

ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   24/7/2017, 15:50

Ѝ треба ли на Македонија воено-одбранбена индустрија?
Нова Македонија

Глобалната продажба на оружје значително е зголемена во изминатите пет години, достигнувајќи највисоко ниво по завршувањето на Студената војна, при што речиси двојно порасна извозот на оружје за Блискиот Исток. Во најновиот извештај на Стокхолмскиот институт за истражување на мирот се истакнува дека во светски рамки најголем увозник на оружје е Индија. По неа следува Саудиска Арабија, која ја предводи воената интервенција во Јемен... Република Македонија сѐ уште стагнира на ова поле, иако има исклучителни можности и солидни предуслови за рестартирање, па и за стартап-бизниси. Примерите од соседните држави ќе бидат повеќе од доволни
за сериозноста на ангажманите за поттикнување на домашната наменска индустрија

Со секоја измината година трендот на наменската воена индустрија е во драстичен пораст. И во регионот на Балканот, токму оваа индустрија бележи одржлив пораст, иако најчесто благодарение на странските инвестиции. Соседите на Македонија градат нови погони и фабрики, но работат и на ново оружје и иновации, презентирајќи ги своите достигнувања на специјализираните саеми и на економски собири. Според процените на воените аналитичари, поединечната годишна заработувачка од оваа индустрија во некои балкански земји се движи од неколку десетина милиони евра до десетина милијарди евра.

Република Македонија сѐ уште стагнира на ова поле, иако има исклучителни можности и солидни предуслови за рестартирање, па и за стартап-бизниси.Македонската воено-одбранбена индустрија како да е подзаборавена. Примерите од соседните држави ќе бидат повеќе од доволни за сериозноста на ангажманите за поттикнување на домашната наменска индустрија.

Неодамна државниот врв на БиХ информира дека е забележан пораст на домашното производството и продажба на оружје. Ваквите податоци се изнесени на средбата на министерот за енергетика на Федерацијата БиХ, Нермин Ѓинѓиќ, со директорите на компаниите од областа на наменската индустрија. Имено, дванаесет компании што работат во рамките на индустријата за наменско производство во хрватско-муслиманската Федерација Босна и Херцеговина, во првите шест месеци од годината извезле оружје, муниција и воена техника во вредност од околу 150 милиони конвертибилни марки (приближно 75 милиони евра). Министерот Ѓинѓиќ изјави дека наменската индустрија бележи голем пораст. Минатата година Федерацијата извезла оружје во вредност од 249 милиони конвертибилни марки.
- Годинава очекувавме извоз на оружје од околу 305 милиони марки, но сега оваа бројка ќе биде поголема за околу 30-40 милиони конвертибилни марки - рекол Ѓинѓиќ.

Слична е состојбата и во соседна Србија. Доказ дека оваа индустрија навистина добро се развива во оваа земја може да се препознае во изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој летово најави дека Србија ќе произведува високософистицирани ракети за Обединетите Арапски Емирати. Српскиот претседател, по состанокот со престолонаследникот и шеф на оваа држава шеикот Мухамед бин Зајед ал Нахани, изјавил дека е постигната согласност за сите договори меѓу двете земји, а посебно за инвестиции во наменската индустрија. Имено, на саемот за оружје, емиратската државна компанија ЕАРТХ и српски „Југоимпорт“ потпишале договор за заеднички развој и снабдување на т.н. ракетен систем „АЛАС“. Исто така, потпретседателот на српската влада со шеикот ќе потпише и договор за заедничка заштита на инвестиции, а според медиумите, основа за сите договори ќе биде договорот за меѓународна соработка, кој исто така ќе биде потпишан во Абу Даби. Во меѓувреме, Белград наголемо инвестира и во иновации и развој на наменската индустрија, а неколкуте презентирани нови српски оружени иновации, дело на српската воена индустрија, беа забележани неодамна на меѓународниот саем на оружје „ИДЕКС 2017“, кој секоја година се одржува во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби. Токму на овој саем, своите производи ги претставиле српските компании „Југоимпорт“, СДРП, „Слобода“, „Прва петолетка“, „Застава оружје“, „Крушик“ и „Борбени сложени системи“. На саемот биле претставени и новите производи, како беспилотен хеликоптер за набљудување и борбени дејства „стршен“, кој имал автономија на лет од пет часа кога набљудува или два часа во борбени дејства. На изложбата била презентирана „паметната“ артилериска ракета, која може да изврши корекција на движењето. Дометот на српската ракета е 300 километри и таа е наменета за лансирање од повеќецевни лансерни ракетни фрлачи.

Од сите српски оружја изложени на саемот најголемо внимание привлекло оклопното возило „милош“, кое е наменето за набљудувачки патролни и специјални дејства. „Милош“ е меѓу најновите производи на српската наменска индустрија и најкарактеристично е што има заштита од противтенковски мини, а има погон на четири тркала. Тој е опремен со артилериската ракета „град“, која има домет од 52 километри и калибар од 122 милиметри.
Во меѓувреме, во прилог на темата колку се битни иновациите во индустријата за производство на оружје одат и неодамна објавените вести дека глобалната продажба на оружје значително е зголемена во изминатите пет години, достигнувајќи највисоко ниво по завршувањето на Студената војна, при што речиси двојно порасна извозот за Блискиот Исток. Најголеми извозници на оружје остануваат САД и Европа, а Кина забрзано им се доближува. Истовремено, најголем увозник на оружје е Индија, а по неа следува Саудиска Арабија, која ја предводи воената интервенција во Јемен, се наведува во годишниот извештај на Стокхолмскиот институт за истражување на мирот (СИПРИ).

Домашниот безбедносен аналитичар, Милан Стефаноски, вели дека е природно да се разбере зошто вестите од овој тип се многу популарни во светската и во домашната јавност. Тој истакнува дека информациите поврзани со одбрана на својата земја и моќта на армијата ги засегаат сите. Во правец на тоа каде е Македонија во делот на инвестиции во патенти за производство на домашни оружја тој истакнува дека како држава во споредба со соседите стоиме многу лошо.
- Не вложуваме во иновации од областа на производство на нови видови оружје од проста причина бидејќи имаме слаба индустрија, која едвај произведува конвенционално оружје - вели аналитичарот.

Тој, сепак, додава дека за разлика од нас, соседите од поранешните југословенски држави, но и Бугарија и Турција инвестираат солидни суми пари во ова бидејќи тие практично имаат и доходовни индустрии од овој тип, но подвлекува дека ни приближно иновациите од Балканот во нови оружја не можат да се споредат со оние на суперсилите. За компарација тој додава дека и Македонија пред приближно десетина години имаше своја иновација во оружје, која, за жал, не доживеала практична реализација.
- Станува збор за можноста од пред неколку години за производство на сопствен оклопен транспортер во соработка со Украина. Името на оклопното возило требаше да биде БТР-4 „букефал“, а требаше за пониски цени да го произведуваме за потребите на војските на нашите соседи од НАТО. Основата на ова возило е советското БТР-80, а прототипот што никогаш не заживеа беше надграден со македонска воена технологија - изјави Стефаноски.

Дополнително според тогашните написи во македонските медиуми прототипот „букефал“ требало да има погон 8 х 8 и тежина што ќе се движи во зависност од потребите од нивото на оклопна и противминска заштита меѓу 17,5 и 23 тони. Посадата ја сочинувале возачот, командирот и операторот-нишанџијата и има можност да превезе десантно одделение од 6 до 8 војници. Прототипот предвидувал покрај греење и климатизација, да е опремен и со уред за заштита на посадата и војниците во случај на хемиска или нуклеарно-биолошка опасност. „Букефал“ имал и своја роботска надградба со боев модул „штурм“ (купола со вооружување, која се наоѓа монтирана на горната страна).

Тој требало да биде современ без посада и со компјутерско далечинско управување и нишанење од внатрешноста на возилото преку управувачка палка. Предвиденото вооружување на „букефал“ се состоело од топ со калибар од 30 милиметри, спрегнат митралез со калибар 7,62 мм, автоматски фрлач на гранати со калибар од 30 мм (опција 40 мм) и противоклопни ласерско-водни ракети „бариер“. За заштита и маскирање според нацртите објавени во јавноста бил предвиден фрлач на чадни кутии. На македонскиот изум му била предвидена и употреба на камери за управување, кои би пренесувале снимка во дневни и во ноќни услови, термокамери, ласерски мерач на далечината, ГПС-уред и многу други софистицирани „ситници“, кои сега ги користат сојузничките возила на американската армија познати како систем за комуникација од американската фирма „Харис“, што овозможува комуникација и содејство со другите единици од разни земји-членки на НАТО. На уреден пат било предвидено „букефал“ да може да се движи со брзина од 110 км/час, а конструкцијата на возилото овозможувала и совладување водни пречки со пловење без никаква претходна подготовка со брзина до 12 км/час.

Рестарт за нефункционалната наменска домашна индустрија!

Иако Македонија е земја што по распадот на заедничката држава имаше готови специјализирани фабрики и погони наменети за оваа индустрија, таа како гранка од нашата економија е комплетно запоставена и неконкурентна за извоз, а некогашните фабрики останаа недоволно искористени и нефункционални.

Македонската воено-наменска индустрија, како дел од комплексот на ЈНА, до 1990 година имаше 19 фабрики. Гигантот „Еуроинвест“ произведуваше композитна заштита за некогаш најдобриот тенк, југословенскиот „М-84“, кој се покажа подобар од американскиот „абрамс“ во Првата заливска војна. „Еуроинвест“ произведуваше и панцири и шлемови. Вториот гигант „Металскиот завод Тито“ (МЗТ), со 1.200 работници, правеше мултипликатори за тенк, куполи и други помошни делови. Дури и Русите ги купуваа менувачите за нивните тенкови „Т-55“ од МЗТ. „Сувенир“ од Самоков беше примарна фабрика за производство на муниција за ЈНА, а извезуваше и во САД. „Тетекс“ од Тетово ги произведуваше најдобрите шинели за ЈНА. Прилепски „Еурокомпозит“, фабрика што беше дел од некогашниот гигант „Еуроинвест“, сѐ уште е во државна сопственост и создава загуби, но сепак има своја програма. Прави панцири и проектили „зољи“, кои ги извезува за доработка во Србија.

Денес функционираат приватни компании, како скопски „Диаг“, која произведува значки за шведската армија, „Винка“ од Виница, која шие воени кошули за холандската армија, и „Единство“ од Валандово, која шие униформи за британската војска.

Вратете се на почетокот Go down
РИС



Број на мислења : 795

ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   27/7/2017, 19:06

http://www.ohridsky.com/2017/%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%84%D0%B8%D1%80%D0%BC%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D1%80/
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонската воено-одбранбена индустрија
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 16 of 17Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 15, 16, 17  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ОДБРАНА :: Копнено вооружувње :: Воени новости-
Отиди до: