Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+32
DesertFox
ace89
MarkoMKD
икс
loran11
CAMOUFLAGE
Спенсер
IgorM
Gjole^Stolarot
Цане
Birac
tose
minceski
Wolf
BABUN
Iko
assasian
Dejan N
Panter
leopard
Smrtnikot
ESN
JKD
Генерал
shady3
dt71
Legija91
РИС
SIG
Alvar
Зоран
Momak od Gjorce
36 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 50 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: АРМ - новости   АРМ - новости Empty25/9/2013, 12:36

Frogfoot напиша:
Па процентуално..ова е квантен скок Glava v zid 
Ипак да почекаме до првиот ребаланс...Very Happy 
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty25/9/2013, 12:38

Momak od Gjorce напиша:
Frogfoot напиша:
Па процентуално..ова е квантен скок Glava v zid 
Ипак да почекаме до првиот ребаланс...Very Happy 
je je treba nekoj anbavki da se napravat.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10942

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty25/9/2013, 12:52

3 милиони!? Уау! Laughing 
Повеќе пари дадоа за завесата во барокниот театар. Rolling Eyes 

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty27/9/2013, 00:06

Донација за учениците во Кривилак и народната кујна во Неготино

АРМ - новости Donacijaarmvs1380201951_thumb_medium490_0

Претставници на АРМ и вооружените сили на Република Словенија денеска го посетија подрачното училиште во село Криволак каде на 80-тина ученици во училиштето им дадоа подароци.

Тие пак во знак на благодарност изведоа културно уметничка програма.

Успешната соработка што општина Неготино ја има со учесниците на воените вежби кои се одржуваат на воениот полигон Криволак беше заокружена со посета на Народната кујна каде што на корисниците на социјална помош исто така им беа поделени подароци обезбедени од страна припадниците на армиите на Македонија и на Словенија./Б.Н.Т

http://duma.mk/index.php/negotino/6980-2013-09-26-13-27-22

Иааа АРМ почна со донации,абе поголем буџет и одма,нема трте мрте...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10942

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty28/9/2013, 11:25

И во 2014 полицијата ќе се модернизира, армијата ќе преживува

Само 5,3 милиони евра за следната година има планирано владата за НАТО интеграциите на aрмијата. И годинава, според планираните пари, модернизацијата на армијата каска зад онаа на полицијата. Во буџетот за 2014 година, МВР планирано е да добие 160 милиони евра, aрмијата, пак, за разлика од полицијата, ќе кубури со 96 милиони евра. Најмалку пари од секторот одбрана и безбедност на државата, планирани се за Агенцијата за разузнавање, тие 2014 ќе треба да ја преживеат со 2,5 милиони евра.

Во годината што изминува полицијата се поднови со 250 возила од марките „јети“ и „спарк“, беше најавено купување на нови водени топови, изработка на софтер за мобилни телефони, беше пуштен во употреба центарот за управување и контрола на сообраќајот, а беа обезбедени и ласерски радари и друга нова опрема за потребите на МВР. Армијата, пак, 21 роденден го прослави во стари чизми и излитени униформи за војниците и со застарена опрема.

За реформи во АРМ во 2014 година се планирани 1,7 милиони евра, а за модернизација на армијата околу 115.000 евра. Во буџетот за 2014 година најголеми средства за полицијата се под ставката безбедност и тоа 125 милиони евра, овде спаѓаат централните полициски сили, граничната и сообраќајната полиција, сите сектори за внатрешни работи, без државната безбедност. Билдањето на буџетот на МВР, за сметка на армијата, за поранешниот министер за одбрана, Јован Манасијевски, е успешен обид на власта за инструментализација на полицијата.

- Неколкугодишната практика за редистрибуција на безбедносниот колач на штета на армијата е во несразмерна полза на МВР и е јасен израз на владината политика на тотална инструментализација на јавните ресурси. Имено, според логиката на оваа влада, инвестирањето во модернизација и опремување на армијата не и носи никакви конкретни политички и економски бенефити, додека, пак, инвестирањето во опремувањето на МВР носи мултиплицирана добивка преку енормното зголемување на потенцијалите за воспоставување контрола и притисок врз тековите на целокупниот економски и политички живот во земјата – вели Манасијевски за Плусинфо.

На прославата од 21-годишниот јубилеј на АРМ, началникот на Генералштабот, Горанчо Котевски, во својот говор истакна дека државата мора да вложува во модернизација на армијата.

- Мора да вложуваме во одбраната, мора да вложуваме во модернизацијата затоа што со тоа вложуваме во безбедноста и иднината на нашата држава. Подготовки за одбрана и модернизација се вршат во мирновременски услови, а не кога на тоа сте принудени. Одбраната, безбедноста, мирот немаат цена – истакна Котевски во август годинава.

Армијата за догодина има 6 милиони евра повеќе од годинава. Дали планираните пари за 2014 година ќе удрат повторно врз модернизација и опрема на армијата, со што теоретски би можело да се загрози безбедноста на државата или да бидеме искритикувана од НАТО, се обидовме да добиеме одговор од генералот Котевски, но неговиот портпарол ни кажа дека тој до понеделник ќе биде отсутен.

Во стратегијата за одбрана и долгорочен план за нејзиниот развој до 2020 година АРМ треба да добие повеќе од 130 милиони евра со пропорционално зголемување во годините што следуваат, вели поранешниот припадник на полициските специјалци генерал, Стојанчо Ангелов.

- Но очигледно владата кренала раце од НАТО интеграциите на земјава, па повеќе и одговара да продолжи да ја злоупотребува полицијата за политички цели. Од парите за 2014 кои ќе и бидат доделени на полицијата верувам дека поголем дел од нив ќе бидат искористени за следење на политички неистомисленици. Владата нема потреба да инвестира во армијата, бидејќи оваа министерство веќе години наназад го контролираат од ДУИ, па со самото тоа што најголеми пари од секторот за безбедност и одбрана се слеваат во МВР укажува на фактот дека најголем дел од Македонија е полициска држава - вели Ангелов за Плусинфо.

Во изминативе 9 години, најголем буџет армијата имаше во 2009 година, тогаш на Министерството за одбрана му беа доделени 119 милиони евра, армијата со најмалку пари располагаше во 2012 година, кога и беа доделени 86 милиони евра.
http://plusinfo.mk/vest/107529/I-vo-2014-policijata-kje-se-modernizira-armijata-kje-prezhivuva

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10942

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty30/9/2013, 15:46

СРЕДБА НА КОМАНДАНТИТЕ НА УЧК ВО МИНИСТЕРСКИ ОДЕЛА

Двајца поранешни команданти на УЧК, денеска се сретнаа во Скопје, но сега во функција на министри за одбрана на Македонија и Косово. Талат Џафери, познат и како командант Форина и Агим Чеку, некогашен шеф на штабот на УЧК, повторно ќе имаат воена соработка, за што потпишаа и меморандум. Но, овојпат, таа соработка се однесува на размена на искуства од областа на одбраната и образованието, преку заеднички вежби, средби на експерти, спортски натпревари и користење на капацитетите на „Кривлак“ и Воената академија. На прашањето, зошто на Aкадемијата се примени лица кои не ги исполнуваат потребните критериуми, освен тоа што се од албанска националност, министерот Џафери одговори дека, се` е во рамки на законот.

На прашањето, пак, дали нарушената безбедносна состојба во Косово може да се прелее и овде, Чеку тврди дека Косово и Србија се во нова фаза на односите и дека имаат само повремени инциденти. За црногорскиот предлог,пак, за формирање т.н. западнобалканска шесторка, вели дека такво нешто може да биде само на полето на економијата и никако поинаку, затоа што перспективата на балканските земји е во Европската унија. Чеку, кој е и поранешен артилериски капетан на ЈНА, кој подоцна се бореше на хрватска страна, а Србија го обвини за многубројни воени злосторства,дел од своето искуство им пренесе и на питомците на Воената академија во Скопе.

- Секогаш бидете подготвени за војна. Никогаш не мислете дека нема да се соочите со тешки предизвици, загуби, страдања и жртви. И ние на академијата каде што учев мислевме дека нема да се соочиме со тоа, па ни се случи војна. Концептот на војната денеска е сменет во целост, нас не учеа дека имаме непријатели и на Запад, дека наша цел е уништување на непријателот, вие ќе се борите против тие што сакаат да предизвикаат хаос во светот. Денеска не се брани само својата татковина, туку и интересите на земјата и НАТО во Ирак и Авганистан, рече Чеку.

Пред обраќањето, косовскиот министер имаше кратка средба и со четворицата питомци од Косово, кои студираат на Воената академија во Скопје.
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=15&item=30971

Жива брука сме, треба да се самоукинеме како држава. Evil or Very Mad 

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty30/9/2013, 17:34

Зошто бе? Види што искрен е... ни кажува, бидете секогаш подготвени на војна, зошто војна ќе има.
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2365

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty30/9/2013, 22:40

Секогаш бидете подготвени за војна ... како да сакаа да кажат....ние пак ќе напднеме ......
Не е лошо да бидеме подготвени односно подновени ....со едно 8 МИ-28 ,30на БТР-90 ,30на БВП-3М ,12 Хризантеми ,12 ВЕНИ ,
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty30/9/2013, 23:37

И уште 5000 војници некаде...
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty1/10/2013, 13:33

Вие 3-ца да не сте напушени ? lol! 

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 100Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 50 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» МВР - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: