|
|
| АРМ - новости | |
|
+32DesertFox ace89 MarkoMKD икс loran11 CAMOUFLAGE Спенсер IgorM Gjole^Stolarot Цане Birac tose minceski Wolf BABUN Iko assasian Dejan N Panter leopard Smrtnikot ESN JKD Генерал shady3 dt71 Legija91 РИС SIG Alvar Зоран Momak od Gjorce 36 posters | |
Автор | Порака |
---|
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 8/10/2013, 13:48 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 8/10/2013, 14:59 | |
| Брифинг за медиумите по повод изведување на вежбата „Македонски Блесок 9“ Утре, 9-ти октомври (среда) со почеток во 11.00 часот во салата за состаноци на Министерството за одбрана ќе се одржи брифинг за претставниците на медиумите по повод одржувањето на теренската вежба ,,Македонски Блесок - 9“ која ќе се изведува на Армискиот полигон ,,Криволак“ и Центарот за обука ,,Пепелиште“ во периодот од 12. до 18.10.2013 година. На брифингот ќе присуствуваат: командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ генерал-мајор Методија Величковски, директорот на вежбата, портпаролот на ГШ на АРМ и дел од клучниот персонал од ГШ на АРМ и ЗОК, кој е вклучен во процесот на планирање и подготовка на вежбата. Заради специфичноста на вежбата, а со цел низ нејзино целосно медиумско покривање да се обезбеди поголема транспарентност и отвореност кон јавноста во Република Македонија, на брифингот ќе бидат презентирани најважните информации за вежбата ,,Македонски Блесок - 9“. Носител на вежбата е ЗОК, а на неа ќе се изврши оценување на средната пешадиска баталјонска група (самооценување Ниво 2) и НАТО оценување (Ниво 1) за лесната маневарска болница, согласно Концептот за оперативни способности на НАТО. Се покануваат претставниците на сите електронски и печатени медиуми да присуствуваат на брифингот. http://www.arm.mil.mk/brifing_mediumi.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 8/10/2013, 15:05 | |
| Обиколка на НГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески на единиците кои се разместени во гарнизонот Штип Денес, 8-ми октомври (вторник) началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески изврши обиколка на единиците кои се разместени во гарнизонот Штип. Посетата на началникот на ГШ на АРМ на касарната „Јане Сандански“ во Штип се одвива во рамките на планот за обиколка на гарнизоните на АРМ, чија реализација започна минатата недела со посетата на Здружената оперативна команда (ЗОК) во гарнизонот Куманово, а со кој е планирано до крајот на месец ноември да ги посети сите гарнизони во АРМ. Во рамките на денешната посета, припадниците на АРМ кои извршуваат редовни задачи во единиците од гарнизонот Штип, од страна на НГШ на АРМ беа информирани за актуелната состојба во АРМ, како и за наредните планови и задачи. За време на посетата, генералот Котески изврши обиколка на касарната ,,Јане Сандански“, при што беа согледани нејзините капацитети, функционалноста и условите за живот и работа на припадниците на АРМ во неа. НГШ на АРМ во гарнизонот Штип беше придружуван од: командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски, командантот на 1.механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски, дел од началниците на секции од ГШ на АРМ и командантот на гарнизонот Штип. Од страна на НГШ на АРМ беше констатирано дека функционирањето и уреденоста на касарната ,,Јане Сандански“ е на потребното ниво и дека условите во кои се наоѓа, на припадниците на АРМ им овозможуваат нормално одвивање на животот и работата. Посетата на гарнизонот Штип беше искористена и за средба на НГШ на АРМ со клучниот персонал од овој гарнизон, на која присутните имаа можност да постават прашања кои се однесуваат на проблеми поврзани со функционирањето на службата, во делот на нормативно-правната природа и други прашања од интерес на припадниците на гарнизонот Штип. За време на престојот во касарната ,,Јане Сандански“ генералот Котески оствари средба и со градоначалникот на општина Штип г-дин Илчо Захариев, на која беше разгледана соработката со локалната самоуправа, која помеѓу АРМ и градот Штип се движи во нагорна линија. Од страна на г-динот Захариев беше искажана подготвеност за унапредување на соработката со АРМ, низ директно вклучување на општина Штип во проекти за подобрување на условите за живот и работа во гарнизонот Штип. http://www.arm.mil.mk/Obikolka_na_NGS_na_ARM_Stip.html | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 8/10/2013, 18:14 | |
| Некој ги спомна БТР, ете ги на последнат слика. | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/10/2013, 15:14 | |
| http://www.plusinfo.mk/vest/109089/Maso ... Pepelishte http://www.inpress.com.mk/default.asp?I ... AC4E62E12D http://www.press24.mk/taktichko-terensk ... pepelishte Илјада и седумстотини војници и офицери ќе земат учество во воена тактичко-теренска вежба „Македонски блесок 9“, на која ќе се користи боева муниција, а ќе се одржи на армискиот полигон „Криволак“ и Центарот за обука „Пепелиште“ од 14 до 18 октомври. Целта на вежбата, според министерството за Одбрана е продолжение на серијалот вежби, базирана на измислено сценарио за операции за одржување на мирот предводени од НАТО, а делегирани од страна на ОН, е демонстрација на достигнатиот степен на интероперабилност и да се обезбеди преглед на борбената готовност на декалрираните единици за употреба во НАТО-предводени операции. - Формирањето сили направени за конкретна задача, како исклучително сложена форма, е предизвик и за многу поголеми и посовремени армии и претставува врв на организација на една војска. АРМ успеа тоа да го направи двапати за помалку од еден месец и од премногу скромност не кажуваме што можат да направат нашите офицери.Од сите единици-гарнизони на АРМ без никакви подготовки се издава борбена заповед, се организираат тактички маршеви, единиците се собираат на „Криволак“ каде им се дава нова задача, кјоа ја решаваат и тоа завршува со гаѓање, појасни генерал-мајор Методија Величковски, командант на Здружената оперативна команда на АРМ. Според него, АРМ е единствена и во регионот и во Еропа, која дошла досега до ниво на оценување на борбена батаљонска група. | |
| | | РИС
Број на мислења : 2580
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/10/2013, 23:51 | |
| Кога ќе почнат да се прават вежби со сценарио одбрана на земјата од агресор ? Швајцарија си направи вежба ,одбрана од евентуална агресија на Франција. | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 10/10/2013, 10:08 | |
| - РИС напиша:
- Кога ќе почнат да се прават вежби со сценарио одбрана на земјата од агресор ?
Швајцарија си направи вежба ,одбрана од евентуална агресија на Франција. Koga ke bideme drzava. A so vezhbite se praka i politichka poraka. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 10/10/2013, 14:00 | |
| МО очекува поповолни понуди од банките за проектот „АРМ мој вистински дом“ Заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев при денешната посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип најави дека за една недела се очекуваат поповолни понуди за изградба и кредитирање на становите кои ќе се градат за припадниците на АРМ во скопската општина Карпош. - Пред една недела имавме состанок со банките, кои што треба да бидат кредитори на проектот „АРМ мој вистински дом“. Целта на оваа средба беше да ги ажурираме понудите кои што ги имат доставено до министерството пред околу година ипол, бидејќи одредени придвижувања во тој дел одат во насока на се поатрактивни понуди од банките. Значи помали камати, подолг рок на отплата, ги замоливме банките да ја видат можноста дали можат да дадат нови понуди со услови кои што се по прифатливи за нашите припадници, изјави Димитриев. Тој нагласи дека банките изразиле подготвеност да дадат поповолни услови и се очекува во рок од една недела да се добијат новите понуди. Димитриев информира дека МО веќе го добило корисничкото право за користење на локацијата во „Карпош“, каде што ќе се градат становите, а во меѓувреме во тек е проектирање на становите, по што следи добивање одобрение и почеток на изградба на становите за припадниците на АРМ. Прашан кога се очекува почеток на изградбата на воените станови во Карпош, Димитриев посочувајќи оти многу институции се вклучени во овој проект, изрази очеквуање од наредната градежна сезона во 2014 година да се отпочне со изградбата на становите за вработените во АРМ. Заменик-министерот за одбрана Димитриев посочи дека 515 припадници на АРМ се изјасниле за изградбата на становите во рамки на проектот „АРМ мој вистински дом“. Тој најави повторно анкети во сите гарнизони во земајава, бидејќи овој проект, како што вели, тој ќе биде континуиран. - Значи тој не завршува со една анкета на одреден период ние ќе правиме постојано анкети, бидејќи имаме приливи на нови луѓе во Армијата, луѓето кои претходно се изјаснија можеби од различни причини го промениле своето мислење. Доколку има интерес за градење минимум една зграда, значи тоа ни е минимумот со кој не можете да влезете во оваа фаза на градење на станови. Ние сме расположени да почнеме фаза на градење и овде во Штип и во другите гарнизони, значи ова се однесува генерално за сите гарнизони, рече Димитриев. Тој истакна дека доколку во анкетите во еден гарнизон во земјава позитивно се изјаснат над 30 припадници, во тој случај во тој град може да се гради една станбена зграда во рамките на проектот „АРМ мој вистински дом“. http://a1on.mk/wordpress/archives/218535 | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 10/10/2013, 14:07 | |
| Делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, по повод 11 Октомври - Денот на востанието, утре во 11.30 часот ќе положи венец со свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов - Ченто во Прилеп. Во рамките на одбележувањето на 11 Октомври утре во центарот на Прилеп од 10.30 до 16.00 часот, ќе биде поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ.Тактичко-техничкиот збор ќе можат да го посетат граѓаните на Прилеп и Република Македонија, каде покрај материјално-техничките средства и борбените возила и вооружувањето на АРМ, ќе бидат прикажани и службени кучиња, како и боречки вештини и вежби со спуштање по јаже од страна на припадниците на полкот за специјални операции на АРМ. Во чест на празникот, утре во Скопје делегации на ГШ на АРМ ќе положат венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров, на гробот на генерал Михаило Апостолски, на споменикот на Методија Андонов - Ченто и на споменикот на хероите. Во текот на неделава, по повод 11 Октомври - Денот на востанието, во гарнизоните на АРМ беше организирана акција за доброволно дарување на крв, на која крв даруваа 150 припадници на АРМ. Се покануваат новинари, сниматели и фоторепортери да присуствуваат и да известуваат за изложбата на вооружувањето и воената опрема во центарот на Прилеп, а граѓаните на заедничко дружење со припадниците на АРМ. http://www.arm.mil.mk/Odbelezuvanje_na_11_Oktomvri.htmlУтре ќе идам јас воприлеп ке сликнам нешто од опремата... Ако некој е од прилеп утрен нека иде да сликне нешо... | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 10/10/2013, 14:16 | |
| - Momak od Gjorce напиша:
- Делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, по повод 11 Октомври - Денот на востанието, утре во 11.30 часот ќе положи венец со свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов - Ченто во Прилеп. Во рамките на одбележувањето на 11 Октомври утре во центарот на Прилеп од 10.30 до 16.00 часот, ќе биде поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ.
Тактичко-техничкиот збор ќе можат да го посетат граѓаните на Прилеп и Република Македонија, каде покрај материјално-техничките средства и борбените возила и вооружувањето на АРМ, ќе бидат прикажани и службени кучиња, како и боречки вештини и вежби со спуштање по јаже од страна на припадниците на полкот за специјални операции на АРМ. Во чест на празникот, утре во Скопје делегации на ГШ на АРМ ќе положат венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров, на гробот на генерал Михаило Апостолски, на споменикот на Методија Андонов - Ченто и на споменикот на хероите. Во текот на неделава, по повод 11 Октомври - Денот на востанието, во гарнизоните на АРМ беше организирана акција за доброволно дарување на крв, на која крв даруваа 150 припадници на АРМ. Се покануваат новинари, сниматели и фоторепортери да присуствуваат и да известуваат за изложбата на вооружувањето и воената опрема во центарот на Прилеп, а граѓаните на заедничко дружење со припадниците на АРМ.
http://www.arm.mil.mk/Odbelezuvanje_na_11_Oktomvri.html
Утре ќе идам јас воприлеп ке сликнам нешто од опремата... Ако некој е од прилеп утрен нека иде да сликне нешо... Ке го замолам Цане ПП и он да појде . другар и пол е чуј се на МАФ со него. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|