Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+32
DesertFox
ace89
MarkoMKD
икс
loran11
CAMOUFLAGE
Спенсер
IgorM
Gjole^Stolarot
Цане
Birac
tose
minceski
Wolf
BABUN
Iko
assasian
Dejan N
Panter
leopard
Smrtnikot
ESN
JKD
Генерал
shady3
dt71
Legija91
РИС
SIG
Alvar
Зоран
Momak od Gjorce
36 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 51 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty1/10/2013, 16:26

Свечено отворен „Петтиот Футсал Куп за мир “

Министерот за одбрана Талат Џафери, денес (30-ти септември 2013 година) во спортската сала ,,Расадник“ во Скопје свечено го отвори меѓународниот ,,5-ти Футсал Куп за мир“ кој ќе се одржува од денес до 2-ри октомври 2013 година. Футсал Купот за мир се организира под покровителство на Меѓународниот Совет за воени спортови (МСВС), а покрај екипата на Армијата на Република Македонија како домаќин, учествуваат екипите за футсал од армиите на: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. На свеченото отварање на Петтиот Футсал Куп за мир, покрај министерот за одбрана, присуствуваа: началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, високи претставници на МСВС, претставници од армиите на земјите-учеснички, Фудбалската Федерација на Македонија, воените аташеи акредитирани во Република Македонија и други гости и љубители на спортот.
Во обраќањето пред учесниците на купот, министерот Џафери истакнувајќи го значењето на ова натпреварување како начин за зближување на народите и нациите, искажа уверување дека Министерството за одбрана и АРМ ќе ги следат сите чекори во одржувањето, негувањето и унапредувањето на спортот, со заложба за развивање на ,,Пријателството низ спортот“ како мото на МСВС. Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески во поздравното обраќање на учесниците на купот им порача дека со ова натпреварување тие покажуваат дека спортот во армиите ширум светот, претставува значаен сегмент во обуката, но и алатка за развивање на пријателството, другарството и зближување на народите од различни краеви.
Ова натпреварување во футсал помеѓу армиите од регионот е петто по ред, а иницијативата за негово одржување за прв пат е покрената на четвртите Воени олимписки игри во Индија во 2007 година, во рамките на семинарот ,,Спорт за мир“. Првиот ,,Футсал куп за мир“ е одржан во 2009 година, кога домаќин беше Војската на Србија, а останатите вакви натпреварувања се одржаа во Хрватска (2010), Словенија (2011) и во Црна Гора (2012).
Претпладнево турнирот беше отворен со натпреварот помеѓу екипите на армиите на Србија и Црна Гора, после што следи натпреварот помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина. Попладнево во 15.00 часот на програмата е натпреварот помеѓу Македонија и Црна Гора, а во 16.00 часот се игра натпреварот помеѓу Хрватска и Словенија. Утре, во 09.00 часот се среќаваат Македонија и Хрватска, а веднаш после тоа е натпреварот помеѓу Словенија и Босна и Херцеговина. Во среда претпладне се предвидени полуфиналните наптпревари, а попладнето ќе се игра финалето и натпреварот за трето место.

АРМ - новости - Page 2 Ygz1

АРМ - новости - Page 2 Mv99

АРМ - новости - Page 2 34h4

АРМ - новости - Page 2 A5o6

АРМ - новости - Page 2 4keb

АРМ - новости - Page 2 Luj7

http://www.arm.mil.mk/5-ti_Futsal_kup_za_mir.html

Примететеги сликине на линков...4,496px × 3,000px ....а кога има вежба размер 890px...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty1/10/2013, 16:31

Искажана благодарност кон Република Македонија и АРМ за учеството во мировните мисии од страна на адмиралот Брус Клинган, командантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол

Во рамките на дводневната официјална посета на АРМ, командантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Брус Клинган, денес во Генералштабот (ГШ) на АРМ беше пречекан од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески.
За време на престојот во ГШ на АРМ, адмиралот Клинган оствари средба со министерот за одбрана, Талат Џафери.
На разговорите во ГШ на АРМ пред адмиралот Клинган од страна на ГШ на АРМ беа презентирани трансформацијата на АРМ, искуствата од мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН, декларираните капацитети на АРМ за поддршка и учество во мисиите и учеството во пост-ИСАФ.
Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески на разговорите ја потенцираше заложбата и аспирациите на Република Македонија за полноправно членство во НАТО, како и посветеноста на АРМ за понатамошно одржување на достигнатите интероперативност и оперативна способност за учество во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН. Тој посебно го нагласи спроведувањето на Концептот за оперативни способности на НАТО, кој АРМ доследно го применува за оценување на своите декларирани единици, при што потсети на претстојното оценување на средната баталјонска пешадиска група и полската болница - рол 2 кое ќе се реализира во текот на месецов.
Адмиралот Клинган истакна дека е импресиониран од придонесот кој Република Македонија и АРМ го даваат со учеството во мировните мисии, додавајќи дека соработката со АРМ игра значајна улога во реформските процеси на Армијата, како и во донесувањето на важни одлуки во планирањето на операциите на Алијансата. На крајот, тој искажа благодарност за поддршката на АРМ на силите на КФОР во Косово, како и за придонесот во мисиите АЛТЕА во Босна и Херцеговина и ИСАФ во Авганистан, додавајќи дека денешната посета ќе даде нов импулс во односите помеѓу Командата на здружените сили на НАТО во Неапол и АРМ.

АРМ - новости - Page 2 8t9p

АРМ - новости - Page 2 I85z

АРМ - новости - Page 2 Ge21

АРМ - новости - Page 2 M77n

АРМ - новости - Page 2 K50o

АРМ - новости - Page 2 Ngfo

http://www.arm.mil.mk/Iskazana_blagodarnost_kon_RM_i_ARM_NATO_Admiral_Klingan.html
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2580

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty1/10/2013, 18:04

Ме боли рамото од тапкачите по рамо .
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty1/10/2013, 18:11

Затоа сме сите широки во рамењата...Very Happy 

АРМ - новости - Page 2 Vsy6

АРМ - новости - Page 2 0b1n

АРМ - новости - Page 2 3m52

АРМ - новости - Page 2 Miuw

АРМ - новости - Page 2 Iiyk

АРМ - новости - Page 2 Jk74
Вратете се на почетокот Go down
dt71




Број на мислења : 9

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty1/10/2013, 19:45

so ednata raka ne tapkaat po ramo a so drugata ni go pikaat prstot u gaz Mad 
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty8/10/2013, 12:06

Си реков да не ставам више вакви текстови ама ај нека им биде...


Македонски војник на 21 век како од филмовите

Проектот „Војник за 21 век“ ќе ги опреми специјалните единици со дигитални маскирни униформи, минијатурни летачки дронови, електронски визири за ноќно гледање, топлотни скенери и ласерски нишани поставени на специјални пушки како во научнофантастичните филмови

АРМ в година ќе има поголем буџет за 1,7 милион евра, но за модернизација на војската се предвидени 115.000 евра

АРМ МОЖЕ БАРЕМ ДА ЈА ОСОВРЕМЕНИ ПЕШАДИЈАТА

Македонската армија од наредната година со зголемувањето на проектираниот буџет ќе добие 1,7 милион евра повеќе, а од овие пари за модернизација на војската планирано е да бидат потрошени 115.000 евра. Овие пари не се доволни за да се спроведат сите неостварени проекти, како „АРМ мој вистински дом“, кои со години доцнат, односно со нив не може да се изврши комплетна модернизација и набавка на неопходните авиони и оклопни возила, кои чинат многу.

Сепак, тие во некоја мера можат да се искористат да се протуркаат поевтините варијанти за осовременување на нашата војска за таа да може да ги следи стандардите на НАТО.

НЕМА ПАРИ ЗА АВИОНИ

Министерството за одбрана сѐ уште официјално не се произнесува дали во својот приоритет уште го има спроведувањето на ланскиот проект „Војска за 21 век“, 115.000 евра наменети за модернизација би можеле да ја завршат работата.

Станува збор за опремување на армиските специјални единици, а потоа и на целата пешадија со опрема за војување, која е последен крик на технологијата.

Планот подразбира опремување на војниците со дигитални маскирни униформи, минијатурни летачки дронови, електронски визири за ноќно гледање, топлотни скенери и ласерски нишани поставени на специјални пушки како во научнофантастичните филмови.

Ако се купи целата опрема што е планирана, сите овие орудија би можеле да станат многу скоро секојдневие во работата на македонските војници.

„Нова Македонија“ во својата анализа се обидува да пресмета колку всушност би нѐ чинела модернизацијата од овој тип.

Иако домашната стручна јавност не можеше да ни одговори на прашањата, сепак според важечките цени што се споменуваат во странските специјализирани медиуми, опремувањето на војниците се движи од 30.000 долари по чета, до 70.000 фунти поединечно по војник.

СКАПИ И ЕВТИНИ СВЕТСКИ ИСКУСТВА

Лондонски „Телеграф“ стигнува до заклучок дека еден современ војник на Британија за 21 век, кој е опремен со футуристички пакети на комуникација и навигација и најново оружје, вреди околу 70.000 фунти.

- Технологијата константно ја менува работата, но и средствата со кои работи еден армиски војник. По некои процени, на британската компанија „Иднина, пешадија, војник, технологија“ (Future Infantry Soldier Technology-FIST) се стигнува до заклучокот дека токму оваа технолошка промена влијае и на цената на модерните војници, кои се на фронтовите каде што се војува - пишува лондонски „Телеграф“.

Интернет-порталот „Aрми-технолоџи“ во 2005-та проценил дека за извршената целокупна модернизација на опремата на своите армиски пешадиски единици за намените и безбедносните предизвици во 21 век Британија потрошила 105 милиони фунти.

- Парите се потрошени во високотехнолошки армиски орудија, кои се сега стандардни и на војникот му помогнаа тој да е способен многу лесно да командува со своите колеги и да има контрола на теренот, која е збогатена со воено-разузнавачки податоци - додава порталот.

„Њујорк-пост“, пак, на оваа тема пишува дека реално не може да се изврши пресметка колку „војниците на иднината“ всушност ја чинат американската војска, бидејќи тоа е процес што константно се обновува и надградува на идентичен начин како што се развива армиските гаџети од сите сфери.

- Војните во Ирак и во Авганистан изминативе години едноставно го присилија Пентагон долгорочно и стратегиски да инвестира во оваа област, па програмата на американската армија „Арми фјучр комбат систем“ (Army’s Future Combat System), која има цел практична употреба и развој на роботи, сензори, дронови и возила во секојдневните функции на пешадијата, се проценува дека вреди над 160 милијарди долари - наведува весникот.

Американската телевизија Фокс њуз во својата анализа како ќе изгледа американскиот „Супервојник во 2030 година“ тврди дека цените за оваа цел ќе летнат до таванот на издржливоста на воениот буџет и тие ќе бидат астрономски, бидејќи се претпоставува дека врз војниците ќе бидат извршувани и хируршки интервенции за вградување механички делови (exoskeleton), кои би им дале супермоќ на маринците.

ДОБЛИЖУВАЊЕ ДО ИЗРАЕЛСКИТЕ СТАНДАРДИ

Пензионираниот полковник Благоја Марковски вели дека оваа инвестиција на македонската армија, доколку биде остварена, ќе биде одличен потег во вистински момент.

- Ова модернизирање со опремата за „Војник на 21 век“ е предуслов со чие остварување АРМ ќе се доближи до стандардите на израелската војска - вели Марковски.

На овој проект, вели полковникот, се работи неколку години наназад, а за таа цел првите луѓе на Министерството остварија неколку службени посети на Израел, каде што беа запознаени со предностите на напредната воена техника.

- Сите овие средства би овозможиле подобро функционирање на македонските војници во сите временски услови без никаков проблем. И самите војници, снабдени со најмодерната опрема, би се чувствувале многу посигурно и би постигнувале многу подобри резултати - вели Марковски.

Аналитичарот сепак резимира дека проектот за лично опремување не треба да е изолиран од глобалната, севкупна модернизација на АРМ.

- Ваквата форма на модернизирање за војните на иднината треба да е проект што подразбира дигитализација на комплетниот механизам на одбраната на Македонија и тој е единствена цел кон која се стреми државата во опремувањето на нашата армија - истакнува Марковски.

ШМИНКА И ФАРСА

Наспроти него, балканскиот познавач на безбедносните услови Мирослав Лазански објаснува дека опремувањето на војниците како роботи од холивудските филмови е тренд што симултано се случува изминатиов период во сите земји од поранешна Југославија.

- Не сум воодушевен од еуфоријата што ја предизвикува концептот „Војник на 21 век“, иако овој процес почна да се спроведува во Македонија и во земјите од опкружувањето. Сето тоа е само една маска за да се оттргне вниманието од суштинските проблеми на одбраната на секоја од балканските земји - вели Лазански.

Сѐ што на голема врата наскоро ќе почне да се промовира на Балканот поврзано со модерното опремување на војниците, вели Лазански, за Западот не е ништо ново.

- Инфериорноста на армиите од Балканот, со исклучок можеби на Турција и на Грција, во споредба со армиската опременост на развиените земји, ги принуди првите луѓе на министерствата за одбрана да најдат алтернативен метод за промоција на војските во регионот, кои, во суштина, и не се добро опремени. Со овие нови гаџети, униформи и шминка во опремата на војниците, секоја земја поединечно ќе се фали само пред новинарите. Сѐ е, во суштина, само една голема фарса - истакнува Лазански.

Тој е дециден дека на секоја балканска земја итно ѝ се потребни хеликоптери, авиони, бродови и тенкови за да се поднови арсеналот на вооружување, а овој недостиг се затскрива со минимално инвестирање во добро популизираниот концепт „Воин на 21 век“.

- Дигиталните екрани, на кои се гледа нишанот на пушките, земјените радари и џипиес-системите, на пример, во Франција и во Англија ги поседуваат ловџиите, бидејќи и не се некоја инвестиција, а може да се набават во продавниците за електроника. На овој начин, со овие уреди тамошните ловџии убиваат диви свињи по планините - објаснува Лазански.

Единственото нешто што ќе го сторат балканските земји со вградувањето на овие уреди во индивидуалната опрема на нивните војници, оценува Лазански, е да ги оспособат во ранг на ловџиите на Западна Европа.

- Наместо трошење пари за шминка на војската како во научнофантастичните филмови, препорачувам луѓето што се занимаваат со менаџирање на финансиите на одбраната на балканските земји истите пари да ги пренасочат на купување капитални орудија, кои би ја гарантирале безбедноста на регионот - резимира Лазански.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10713929573&id=9&prilog=0&setIzdanie=22996
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty8/10/2013, 12:53

Momak od Gjorce напиша:
АРМ в година ќе има поголем буџет за 1,7 милион евра, но за модернизација на војската се предвидени 115.000 евра
Толку, не продолжив да читам. Laughing
Со 115.000 евра  можат да купат едно 10-тина пушки кој ќе ги опремат со оптика, ласерски нишани и подцевни фрлачи... или 4 до 5 современи комуникациски уреди. И толку од македонскиот војни на 21 век... т.е БУКВАЛНО со тие пари можат да опремат ЕДЕН војник. Cool

______________________
Si vis pacem, para bellum


Последната промена е направена од Alvar на 8/10/2013, 13:02. Мислењето е променето 2 пати.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty8/10/2013, 12:58

Alvar напиша:
Momak od Gjorce напиша:

АРМ в година ќе има поголем буџет за 1,7 милион евра, но за модернизација на војската се предвидени 115.000 евра
Толку, не продолжив да читам. Laughing
Читај 2 кобри.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty8/10/2013, 13:01

115.000 евра не се доволни ниту за една Otokar Kobra, ако мислеше на нив.
Каков јад и беда сме... сега веќе не е ни смешно, озбилна е работава. Капацитетите за одбрана на државава се сериозно доведени во прашање.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty8/10/2013, 13:28

Смешки живи еј, 115.000 евра!!! Glava v zid Glava v zid Glava v zid 

Што одговор сакаме повеќе од власта дека не и е грижа за АРМ?
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 100Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 51 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» МВР - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: