|
|
| АРМ - новости | |
|
+32DesertFox ace89 MarkoMKD икс loran11 CAMOUFLAGE Спенсер IgorM Gjole^Stolarot Цане Birac tose minceski Wolf BABUN Iko assasian Dejan N Panter leopard Smrtnikot ESN JKD Генерал shady3 dt71 Legija91 РИС SIG Alvar Зоран Momak od Gjorce 36 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| | | | Зоран
Број на мислења : 3805
| | | | Alvar
Број на мислења : 11097
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/9/2013, 12:52 | |
| 3 милиони!? Уау! Повеќе пари дадоа за завесата во барокниот театар. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/9/2013, 00:06 | |
| Донација за учениците во Кривилак и народната кујна во Неготино Претставници на АРМ и вооружените сили на Република Словенија денеска го посетија подрачното училиште во село Криволак каде на 80-тина ученици во училиштето им дадоа подароци. Тие пак во знак на благодарност изведоа културно уметничка програма. Успешната соработка што општина Неготино ја има со учесниците на воените вежби кои се одржуваат на воениот полигон Криволак беше заокружена со посета на Народната кујна каде што на корисниците на социјална помош исто така им беа поделени подароци обезбедени од страна припадниците на армиите на Македонија и на Словенија./Б.Н.Т http://duma.mk/index.php/negotino/6980-2013-09-26-13-27-22Иааа АРМ почна со донации,абе поголем буџет и одма,нема трте мрте... | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11097
| Предмет: Re: АРМ - новости 28/9/2013, 11:25 | |
| И во 2014 полицијата ќе се модернизира, армијата ќе преживува Само 5,3 милиони евра за следната година има планирано владата за НАТО интеграциите на aрмијата. И годинава, според планираните пари, модернизацијата на армијата каска зад онаа на полицијата. Во буџетот за 2014 година, МВР планирано е да добие 160 милиони евра, aрмијата, пак, за разлика од полицијата, ќе кубури со 96 милиони евра. Најмалку пари од секторот одбрана и безбедност на државата, планирани се за Агенцијата за разузнавање, тие 2014 ќе треба да ја преживеат со 2,5 милиони евра. Во годината што изминува полицијата се поднови со 250 возила од марките „јети“ и „спарк“, беше најавено купување на нови водени топови, изработка на софтер за мобилни телефони, беше пуштен во употреба центарот за управување и контрола на сообраќајот, а беа обезбедени и ласерски радари и друга нова опрема за потребите на МВР. Армијата, пак, 21 роденден го прослави во стари чизми и излитени униформи за војниците и со застарена опрема. За реформи во АРМ во 2014 година се планирани 1,7 милиони евра, а за модернизација на армијата околу 115.000 евра. Во буџетот за 2014 година најголеми средства за полицијата се под ставката безбедност и тоа 125 милиони евра, овде спаѓаат централните полициски сили, граничната и сообраќајната полиција, сите сектори за внатрешни работи, без државната безбедност. Билдањето на буџетот на МВР, за сметка на армијата, за поранешниот министер за одбрана, Јован Манасијевски, е успешен обид на власта за инструментализација на полицијата. - Неколкугодишната практика за редистрибуција на безбедносниот колач на штета на армијата е во несразмерна полза на МВР и е јасен израз на владината политика на тотална инструментализација на јавните ресурси. Имено, според логиката на оваа влада, инвестирањето во модернизација и опремување на армијата не и носи никакви конкретни политички и економски бенефити, додека, пак, инвестирањето во опремувањето на МВР носи мултиплицирана добивка преку енормното зголемување на потенцијалите за воспоставување контрола и притисок врз тековите на целокупниот економски и политички живот во земјата – вели Манасијевски за Плусинфо. На прославата од 21-годишниот јубилеј на АРМ, началникот на Генералштабот, Горанчо Котевски, во својот говор истакна дека државата мора да вложува во модернизација на армијата. - Мора да вложуваме во одбраната, мора да вложуваме во модернизацијата затоа што со тоа вложуваме во безбедноста и иднината на нашата држава. Подготовки за одбрана и модернизација се вршат во мирновременски услови, а не кога на тоа сте принудени. Одбраната, безбедноста, мирот немаат цена – истакна Котевски во август годинава. Армијата за догодина има 6 милиони евра повеќе од годинава. Дали планираните пари за 2014 година ќе удрат повторно врз модернизација и опрема на армијата, со што теоретски би можело да се загрози безбедноста на државата или да бидеме искритикувана од НАТО, се обидовме да добиеме одговор од генералот Котевски, но неговиот портпарол ни кажа дека тој до понеделник ќе биде отсутен. Во стратегијата за одбрана и долгорочен план за нејзиниот развој до 2020 година АРМ треба да добие повеќе од 130 милиони евра со пропорционално зголемување во годините што следуваат, вели поранешниот припадник на полициските специјалци генерал, Стојанчо Ангелов. - Но очигледно владата кренала раце од НАТО интеграциите на земјава, па повеќе и одговара да продолжи да ја злоупотребува полицијата за политички цели. Од парите за 2014 кои ќе и бидат доделени на полицијата верувам дека поголем дел од нив ќе бидат искористени за следење на политички неистомисленици. Владата нема потреба да инвестира во армијата, бидејќи оваа министерство веќе години наназад го контролираат од ДУИ, па со самото тоа што најголеми пари од секторот за безбедност и одбрана се слеваат во МВР укажува на фактот дека најголем дел од Македонија е полициска држава - вели Ангелов за Плусинфо. Во изминативе 9 години, најголем буџет армијата имаше во 2009 година, тогаш на Министерството за одбрана му беа доделени 119 милиони евра, армијата со најмалку пари располагаше во 2012 година, кога и беа доделени 86 милиони евра. http://plusinfo.mk/vest/107529/I-vo-2014-policijata-kje-se-modernizira-armijata-kje-prezhivuva ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11097
| Предмет: Re: АРМ - новости 30/9/2013, 15:46 | |
| СРЕДБА НА КОМАНДАНТИТЕ НА УЧК ВО МИНИСТЕРСКИ ОДЕЛА Двајца поранешни команданти на УЧК, денеска се сретнаа во Скопје, но сега во функција на министри за одбрана на Македонија и Косово. Талат Џафери, познат и како командант Форина и Агим Чеку, некогашен шеф на штабот на УЧК, повторно ќе имаат воена соработка, за што потпишаа и меморандум. Но, овојпат, таа соработка се однесува на размена на искуства од областа на одбраната и образованието, преку заеднички вежби, средби на експерти, спортски натпревари и користење на капацитетите на „Кривлак“ и Воената академија. На прашањето, зошто на Aкадемијата се примени лица кои не ги исполнуваат потребните критериуми, освен тоа што се од албанска националност, министерот Џафери одговори дека, се` е во рамки на законот. На прашањето, пак, дали нарушената безбедносна состојба во Косово може да се прелее и овде, Чеку тврди дека Косово и Србија се во нова фаза на односите и дека имаат само повремени инциденти. За црногорскиот предлог,пак, за формирање т.н. западнобалканска шесторка, вели дека такво нешто може да биде само на полето на економијата и никако поинаку, затоа што перспективата на балканските земји е во Европската унија. Чеку, кој е и поранешен артилериски капетан на ЈНА, кој подоцна се бореше на хрватска страна, а Србија го обвини за многубројни воени злосторства,дел од своето искуство им пренесе и на питомците на Воената академија во Скопе. - Секогаш бидете подготвени за војна. Никогаш не мислете дека нема да се соочите со тешки предизвици, загуби, страдања и жртви. И ние на академијата каде што учев мислевме дека нема да се соочиме со тоа, па ни се случи војна. Концептот на војната денеска е сменет во целост, нас не учеа дека имаме непријатели и на Запад, дека наша цел е уништување на непријателот, вие ќе се борите против тие што сакаат да предизвикаат хаос во светот. Денеска не се брани само својата татковина, туку и интересите на земјата и НАТО во Ирак и Авганистан, рече Чеку. Пред обраќањето, косовскиот министер имаше кратка средба и со четворицата питомци од Косово, кои студираат на Воената академија во Скопје. http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=15&item=30971Жива брука сме, треба да се самоукинеме како држава. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: АРМ - новости 30/9/2013, 17:34 | |
| Зошто бе? Види што искрен е... ни кажува, бидете секогаш подготвени на војна, зошто војна ќе има. | |
| | | РИС
Број на мислења : 2553
| Предмет: Re: АРМ - новости 30/9/2013, 22:40 | |
| Секогаш бидете подготвени за војна ... како да сакаа да кажат....ние пак ќе напднеме ...... Не е лошо да бидеме подготвени односно подновени ....со едно 8 МИ-28 ,30на БТР-90 ,30на БВП-3М ,12 Хризантеми ,12 ВЕНИ ,
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: АРМ - новости 30/9/2013, 23:37 | |
| И уште 5000 војници некаде... | |
| | | Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: АРМ - новости 1/10/2013, 13:33 | |
| Вие 3-ца да не сте напушени ? ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|