Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во 2001

Go down 
+11
Gero
filip555
Зоран
Makedon
Генерал
Subzero
SIG
Profesionalec
meth
AlexGreat
Тачка
15 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next
АвторПорака
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

Македонија во 2001 - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во 2001   Македонија во 2001 - Page 8 Empty17/4/2012, 00:45

А што се случуваше во Скоп? Имаше некои протести. Зошто на вести ништо не кажаа. И нека ме поправи некој ако
грешам ама мислам дека забегавме малце од темата.
Вратете се на почетокот Go down
Gero

Gero


Број на мислења : 16

Македонија во 2001 - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во 2001   Македонија во 2001 - Page 8 Empty17/4/2012, 00:52

Вратете се на почетокот Go down
Goust

Goust


Број на мислења : 137

Македонија во 2001 - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во 2001   Македонија во 2001 - Page 8 Empty17/4/2012, 03:11

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во 2001 - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во 2001   Македонија во 2001 - Page 8 Empty17/4/2012, 14:34

О `нон Laughing
Вратете се на почетокот Go down
filip555

filip555


Број на мислења : 94

Македонија во 2001 - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во 2001   Македонија во 2001 - Page 8 Empty17/4/2012, 22:07

Да надополнам само, но сепак не ме фаќајте за збор цитат од еден војник
Се подготвивме многу добро, возилата ги подредивме во колона меѓу нив имаше БТР-ки Т-55-ки и уште многу разни возила користени од армијата и од полицијата.Влеговме во Арачиново конвојот беше долг стотици метри а каде одевме земјата БУКВАЛНО се тресеше конвојот дојде до својата цел застана и се подготвуваме да си ја извршиме задачата кога на радиото слушнавме наредба ''ВРАТЕТЕ СЕ ВО БАЗА''!

Тие се вратиле е па сега ај заклучите вие кој не си ја вршел работата добро во 2001 кога доага до војниците и полицијата добро си ја врши работата но секогаш некој од повисоките места на администрацијата ''ЗАСЕРУВА'' Glava v zid

______________________
"If you want peace, prepare for war."
Flavius Vegetius Renatus. Roman Military strategist. c. 390. A.D
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во 2001 - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во 2001   Македонија во 2001 - Page 8 Empty25/4/2012, 17:58

Каде може да ја најдам Мојата борба за Македонија од Љубе Бошковски. ( Само ќе ве молам без политички коментари )

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во 2001 - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во 2001   Македонија во 2001 - Page 8 Empty29/5/2012, 15:10

ВЛИЈАНИЕТО НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФАКТОР ВО 2001-ТА

Во минатиот број на „Одбрана” ги презентирав речиси сите основни елементи кои од анализата ги утврдив како суштински за едно методолошки коректно дефининирање на обликот на загрозување на националната безбедност и уставниот поредок на Република Македонија во 2001 год.. Пред прелиминарното определување на дефиницијата остана во кратки црти да го експланирам и оној суштински елемент кој се однесува на влијанието на меѓународниот фактор во превенирањето, но и развивањето и контролирањето на безбедносниот комплекс во 2001-та, односно меѓународната контрола на внатрешнодржавната криза во 2001-та, под што се подразбира и меѓународното контролирање на тероризмот од позиции на албански радикализам. Презентирањето на ставовите што следуваат не претендираат на целосна експланација, односно како систем на ставови се далеку од сериозна анализа. Нивната цел е само да утврдат доволно научно употребливи елементи кои ќе претставуваат фундамент за оној елемент од прелиминарната дефиниција на обликот на загрозување во 2001-та кој се однесува на влијанието на меѓународниот фактор.

Имено, закономерностите кои постојат во сложената мрежа на меѓусебна (општествена) поврзаност на државите во светот, продуцираат политичка и економска зависност и на Република Македонија (како и на многу држави во светот) од главните центри на моќ на меѓународен план (посебно од аспект на глобалното политичко и економско управување). Следствено на тоа, во комбинација со политички-идеолошкото влијание на вестернизацијата и либералната демократија, нашата држава како и речиси секоја држава во светот немаше и нема апсолутен суверенитет и независност кои ќе ì продуцираат респективна моќ која ќе ì овозможи сама да одлучува околу справувањето со безбеносните закани и ризици со кои реално се соочи по распадот на реалсоцијализмот. Од тие причини (анализирано од транзитолошки аспект), македонското општество (како и сите општества во транзиција) беше „отворено” да се поврзува со меѓународниот фактор, и притоа нужно се потпира и врз системот за колективна безбедност (ООН), регионалниот систем за безбедност (ОБСЕ), системот за колективна одбрана (НАТО), како и врз институциите на Советот на Европа и ЕУ. Врз основа на безбедносната рамка на меѓународното ангажирање во РМ, моја теза е дека сите состојби, појави, односи и процеси кои се однесуваат, меѓу другото, и на националната безбедност на РМ од нејзиното осамостојување па до денес, беа меѓународно контролирани, од што следи и тезата дека обликот на загрозување на националната безбедност и на уставниот поредок на РМ во 2001 год. беше меѓународно контролиран.

Анализирано ретроспективно (од аспект на поновата безбедносна историја на нашата држава), врз основа на официјална политичка одлука на македонскиот државен врв, меѓународното ангажирање во РМ започна со превентивното распоредување на силите на ООН, со што нашата држава се потпре врз системот за колективна безбедност. Имено, најпрво беше распореден УНПРОФОР-Команда за Македонија од декември 1992 год., а од 1995 год. и како посебна превентивна мисија УНПРЕДЕП, па сè до февруари 1999 год., кога и се прекина мандатот (заради ветото од страна на Кина), и тоа во време кога во тогашна СРЈ, односно Косово започна (условно кажано) внатрешниот вооружен судир предизвикан од тероризам од позиции на албански сепаратизам, со што се загрози и националната безбедност на Република Македонија. Но, да напоменам, ова условно и општо дефинирање на судирот во Косово (кое оди во полза на сè уште неизменетите српски национални интереси) не треба да се разбере како неформално позитивно вреднување и поддршка на тогашниот српски политички режим (далеку од умот), односно од безбедносен аспект би напоменал дека заслужува посебна безбедносно-научна анализа конекцијата на загрозувањата на националната безбедност на РМ од позиции на (надворешен и внатрешен) албански и српски радикализам (сите ги паметиме срамните случувања кај македонскиот манастир „Св. Прохор Пчињски” на 2 август 1990 год., настаните предизвикани од дел од населението во Кучевиште во почетокот на 90-тите, кукавичкото воено заземање на врвот Стража кај Чупино брдо од 9 јуни до 3 јули 1994 год., еден настан во октомври 1995 год. (нека подразмисли некој), случајот „Вранишковски” итн.), па би пласирал една хипотеза според која колку националната безбедност на РМ е загрозена од тероризам од позиции на албански радикализам, толку сето тоа оди во прилог на интересите на внатрешниот и надворешен српски радикализам (без разлика дали е практикуван од одреден српски политички режим или од одредени опозициски политичко-радикални опции во Србија, под ова не треба да се подразбере вкупноста на српската нација). Но, да се вратам на ОН и на 2001-та. На 7 март 2001 год. во Њујорк се одржа вонредна седница на Советот за безбедност (СБ) на ОН за ситуацијата на северната граница на која во името на нашата држава се обрати министерот за надворешни работи Срѓан Керим со цел да се обезбедат услови за дополнителни безбедносни мерки на нашата граница со тогашна СРЈ, во делот кон Косово. Претседавачот на СБ, Володимир Јељченко, презентирајќи ја Претседателската изјава, ќе истакне: „Советот за безбедност на ОН остро го осудува насилството од страна на вооружените етнички албански екстремисти на северната граница на Република Македонија, посебно убиството на тројцата војници во реонот на Танушевци. Изразуваме жалење поради продолжувањето на насилствата и бараме итен прекин. Овие настани, се констатира во изјавата, претставуваат закана за стабилноста и безбедноста не само за Македонија, туку за целиот регион”. (на оваа седница преовладуваа осудите на насилствата на екстремистичките групи и сочувството за тројцата загинати припадници на АРМ во сите 22 излагања на претставниците на: САД, Велика Британија, Франција, Русија, Украина, Кина, Сингапур, Јамајка, Норвешка, Ирска, Тунис, Колумбија, Мали, Маврициус, Шведска, Бугарија, Грција, Словенија, Хрватска, СРЈ, Албанија и Турција). Во Резолуцијата 1345 на СБ на ОН, меѓу другото е презентиран следниот став:

„...Точка 1: (СБ) силно го осудува екстремистичкото насилство, вклучително терористичките активности во одредени делови на Република Македонија и во одредени општини во СР Југославија и истакнува дека ова насилство има поддршка од етнички албански екстремисти надвор од овие подрачја и претставува закана за безбедноста и стабилноста во поширокиот регион”. На 30 март 2001 год. во официјална посета на РМ беше специјалниот претставник на Генералниот секретар на ОН и шеф на цивилната администрација на УНМИК на Косово, Ханс Хекеруп, кој во таа прилика изјави: „Јасно е дека има поврзаност меѓу екстремистите тука и екстремистите на Косово, можно е прелевање од Косово кон Македонија, но и од Македонија кон Косово...”. Значи, тоа беа дел од инструментите од корпусот на превентивната дипломатија (кои се одраз на ангажманот) на ОН од 1992 год. па заклучно со 2001 год., со констатација дека ОН не се ангажираше во доволна мера па неговата улога беше преземана од НАТО (и САД), ОБСЕ, Советот на Европа и ЕУ.

По прекинувањето (а не престанувањето) на мандатот на УНПРЕДЕП во 1999 год. (по ветото од страна на Кина), ОБСЕ остана единствената меѓународна организација која имаше задача превентивно да дејствува во функција на зачувување на стабилноста во РМ (инаку нејзината превентивна мисија во нашата држава започна во септември 1992 год.). Од активностите на ОБСЕ интересно е да се спомене извештајот за рано предупредување (од мај 1999 год.) во кој уште тогаш се предупредуваше на можната дестабилизација на РМ. Во март 2001 год. беше назначен специјалниот пратеник на претседавачот на ОБСЕ за РМ, Роберт Фровик кој по низа безбедносно загрозувачки активности (предлогот од 18 мај 2001 год. за отварање на коридор за извлекување на косовските терористите во Косово, а терористите од Македонија да се амнестираат; предлогот за т.н. Призренска декларација итн.), беше неславно повлечен од нашата држава. Понатамошното учество на ОБСЕ во „решавањето” на внатрешнодржавната криза се реализира преку високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Макс ван дер Штул (кој немаше некоја главна улога), но во изјава дадена при посетата на нашата држава на 2 март 2001 год. ќе го истакне следното: „она што се случува на границата на Македонија е навистина сериозно, претставува поткопување на територијалниот интегритет на државата. Таквото прекршување и повреда на територијалниот интегритет е сосема неприфатливо...”. Барем декларативно имавме поддршка од овој дипломат.

Витален интерес на РМ е да стане полноправна членка на ЕУ, па така за прв пат дипломатски односи со ЕУ воспоставивме во 1995 за да на 9 април 2001 год. нашата држава потпише Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ со што, меѓу другото, се направи и обид да се влијае на интензивирање на позитивни политички процеси во државата. Сепак, „режисерот” на безбедносниот комплекс во 2001-та не предвидел овој договор суштински да влијае на сузбивањето на етнонационалистичкиот тероризам од позиции на албански радикализам. ЕУ во 2001-та свите ангажмани ги реализираше преку Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, на кој во почетокот му помагаше британскиот амбасадор во РМ Марк Дикинсон, кој подоцна беше заменет со поранешниот француски министер за одбрана Франсоа Леотар. На 9 март 2001 год. членовите на Политичкиот и безбедносен комитет (ПБК) на ЕУ истакнаа дека „ЕУ нема да дозволи стабилноста на РМ, која во изминатиот период беше нејзин главен извор во нестабилниот регион, да биде доведена во прашање”. Хавиер Солана на 20 март 2001 год. во Скопје, меѓу другото, ќе изјави: „...Не мислам дека во овој конкретен случај треба да се преговара со терористите-тоа не е начин за решавање на проблемите, а што се однесува до нивните барања, една од албанските политички партии веќе е во Владата, а и со останатите низ институциите на системот, сите отворени прашања треба да се решат, што значи за насилството според мене и според сите не може да има место”. Во Резолуцијата на Советот на Европа од 9 април 2001 год., која се однесува на ситуацијата во Косово и во соседните региони, меѓу другото е наведено следното:” Точка 1: Собранието е екстремно загрижено околу насилните акции извршени од албанските екстремисти на Косово, Јужна Србија и во Република Македонија. Тоа силно ги осудува овие акции кои конституираат сериозна закана за стабилноста на целиот регион...Точка 19: Собранието е алармирано од насилството на вооружените екстремни Албанци во Република Македонија, посебно во делот на Тетово. Собранието силно ги осудува овие напади и повикува на нивен итен прекин. Точка 20: Оваа ситуација може да ја дестабилизира не само Република Македонија туку и целиот регион...”. Практиката покажа дека овие ставови беа повеќе декларативни отколку што беа спроведени во меѓународно-политичката практика. Ако се повикаме на Европската конвенција за спречување на тероризмот на Советот на Европа од 1977 год. (а барем до 2001год., односно во 1998 год. беа усвоени и повеќе акти од типот на заеднички акции што се однесуваат на казнувањето за самото учество во криминална организација и на финансирање на тероризмот), не сум баш сигурен дека ЕУ и Советот на Европа заземаа цврст и непоколеблив став во помошта на нашата држава во борбата против етнонационалистичкиот тероризам од позиции на албански радикализам во 2001-та, односно истите практикуваа превентивна а и присилна дипломатија врз основа на своите интереси, а не врз начелните европски ставови за борбата против тероризмот (инаку според актуелната Европска безбедносна стратегија тероризмот претставува една од петте клучни закани по европската безбедност, па нека подразмислат и за можните импликации по европската безбедност од практикувањето на етнонационалистичкиот тероризам од позиции на албански радикализам). Инаку, нашата држава, во однос на инструментите на Советот на Европа за борба против тероризмот има потпишано и ратификувано четири конвенции чии одредби ги има имплементирано во македонското законодавство со што се искажува искрената намера да се овозможи и да се осигура учество на РМ во меѓународната соработка во борбата против тероризмот.

Заради долгорочно осигурување на својата национална безбедност што ќе овозможи и долгорочен општествен развој, Собранието на РМ, во декември 1993 г., донесе одлука за влегување на нашата држава во членство во НАТО со што и официјално започна влијанието на НАТО во нашата држава. Во ноември 1995 г. РМ пристапи кон иницијативата Партнертство за мир, а во наредниот период до НАТО ги достави двата базични документи: Основни принципи на безбедносната политика и Основни принципи на одбрана на земјата. Во 1999 год. за време на воената операција на НАТО во тогашна СРЈ, РМ претставуваше негова логистичка база (од аспект на моралните вредности во меѓународната политика, тука е дискутабилно дали РМ требаше да донесе таква политичка одлука, иако е факт дека бевме приморани на тоа). Паралелно, РМ прифати и над 360.000 бегалци од Косово (за потоа дел од нив да извршат терористички напади во нашата држава). Инаку, во 2001-та беше одреден специјалниот пратеник на НАТО во Македонија, Питер Фејт, кој, меѓу другите активности со кој се принудуваше македонскиот државен врв на одредени одлуки, успеа и на недозволен начин да издејствува потпишување на безусловен прекин на огнот со поставување на услови до македонскиот државен врв (генералот Панде Петревски одамна излезе со документи-докази за овие политичко непристојни активности на Питер Фејт). Инаку, неопходен елемент на најновиот Стратегиски концепт на НАТО (Стратегија за подготвување на Алијансата за безбедносните предизвици и шанси во 21 век, одобрена на Вашингтонскиот самит во април 1999 г.), претставува и спречувањето на конфликти и кризен менаџмент, но не и принудување на други држави да преговараат и притоа да потпишуваат договори или прекини на огнот со терористичка организација (сигурен сум дека НАТО и САД никогаш не би потпишале прекин на огнот со терористичка организација). Контрадикторно на претходното, генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, на 19 март 2001 год. ќе ја даде следната изјава: „Нема да толерираме промена на границите со насилство и растурање на Република Македонија. НАТО е решителен во тоа да се осигура дека екстремистите се маргинализирани и дека нивното дејствување е неутрализирано. НАТО силно ги осудува активностите што се преземаат против Армијата и полициските сили на Република Македонија. Уште еднаш упативме јасна порака до оние што се одговорни за насилството дека им нанесуваат штета на етничките Албанци секаде во регионот и тоа мора да се запре”. Истиот ден на новинарско прашање за тоа дали има промени во ставот на Робертсон во однос на тоа дали екстремистите доаѓаат од Косово или се внатрешен проблем на Македонија, Робертсон одговори: „На почетокот немав доволно информации за тоа, но сега верувам дека има врска меѓу екстремистичките насилства во целата таа област што, пак, го потврдуваат и информациите кои доаѓаат од Тирана, од Скопје и од Приштина”. На 9 март 2001 год. сите 19 земји-членки на Евроатлантскиот партнерски совет (ЕАПС) на НАТО ги осудија насилствата, терористите и екстремистите кои прават дестабилизирачки обиди на границата кон Косово.

Во Извршната наредба на Претседателот на САД , Џорџ Буш од 27 јуни 2001 год., меѓу другото, е истакнато следното: „Соединетите Американски Држави им се приклучуваат на своите европски сојузници и другите земји-членки на Обединетите нации во осудата на терористичките напади на вооружените екстремисти кои се обидуваат да ја дестабилизираат демократската, мултиетничка влада на Македонија”. Во изјава на државниот секретар на САД, Колин Пауел, дадена на 12 април 2001 год. во Скопје, може да се согледа следното: „Сепак, мислам дека постојат опасности, постојат екстремистички елементи, терористички елементи коишто сакаат да создадат неволја во оваа земја и многу ми е драго што претседателот тргнува напред и целата Влада кон политичкиот дијалог за којшто зборуваме...”. Во изјавата на Кристофер Дел, шефот на мисијата на САД во Приштина во 2001 год., може да се согледа следното: „Владата на Соединетите Американски Држави, меѓународната заедница и мнозинството етнички Албанци ги осудуваат сегашното насилство и тактика на екстремните албански групи во Прешевската Долина и во Македонија...”. Премногу декларативни изјави без реализација во практиката. Деларативноста на овие изјави се потврдува со недозволеното однесување на Роберт Фровик (инаку, официјално претставник на ОБСЕ) и Џејмс Пердју како претставници на американската администрација (за нивните политички некоректни и безбедносно-загрозувачки однесувања, нема потреба да објаснувам).

При една сеопфатна анализа на влијанието на меѓународниот фактор во 2001-та (инаку мојата анализа не ја сметам за сеопфатна), мора да се има предвид и руската димензија на 2001-та од следните причини: Русија е природно наклонета кон Балканот и кон истиот има свои геополитички и геостратегиски интереси, иако во 2003 год. донесе стратегиска одлука за повлекување на своето воено присуство од Балканот но не и повлекување од енергетскиот пазар; членка е на Советот за безбедност на ОН; членка е од 1997 год. на Г-8... Рускиот официјален став беше презентиран од страна на рускиот министер за надворешни работи, Игор Иванов, преку следната изјава дадена на 21 март 2001 год. во Скопје: „Денес, оваа земја, која легитимно може да се нарече модел на мирољубива коегзистенција и соработка, се најде под жесток напад на терористички сили. Се прави сé за да се дестабилизира состојбата во Македонија, да се прекине етничкиот мир и земјата да се втурне во амбисот на војната... Македонија не смее да остане сама против терористите и сепаратистите... Албанските екстремисти треба јасно да сфатат дека нема да има втора косовска авантура... Денес би била непростлива политичката кусогледост да не се предвиди фактот дека она со што се пресметуваме на Балканот е само уште еден предизвик на меѓународниот тероризам кон светската заедница... Со отворена поддршка од територијата на Косово, националните милитантни организации, како Ослободителната армија на Прешево, Медвеѓа и Бујановац, Албанската национална армија, Националната гарда/национален фронт, не ги кријат своите екстрмистички и сепаратистички планови да ги прекројат границите на Балканот. Гледаме како екстремистите се обидуваат да ги провоцираат раководствата на Југославија и на Македонија, на употребата на сила против етничките Албанци. Нивните очекувања се сосема излитени: да го натераат Западот повторно да зборува за ‘етничко чистење’, за ‘брзо погубување на невино население’ и за ‘диспаритетна употреба на сила’. Потоа, косовското сценарио би стапило на сцена, т.н. ‘хуманитарна интервенција’ за спасување на ‘угнетените Албанци’”. Поддршката, барем декларативно, беше јасна.
На 5 април 2001 год. во Ватикан (центарот на католицизмот), македонскиот министер за надворешни работи имаше официјална средба со секретарот на Светата столица за односи со државите, надбискупот Жан Луј Торан и со потсекретарот, монсењор Миљори. Ватиканскиот официјан став беше охрабрувачки: „...Односите меѓу верските заедници кои постојат во Република Македонија, Ватикан ги оценува како добар пример, што зборува, пак, за фактот дека со насилство работите во никој случај не можат да се унапредуваат, туку дека тие со актуелната политика се одвиваат многу добро”. Инаку, беше повторена претходната порака на папата од Ватикан за мир и поддршка на Република Македонија, што и овој пат беше генерална порака од Ватикан, Папата и Светата столица. Ватиканскиот став го презентирам, бидејќи сум на мислење дека една од причините за тоа зошто досега не сме примени во ЕУ (а да бевме претходно примени немаше да се случи 2001-та), е тоа што во Македонија не преовладува католицизмот (колку и да му звучи на некој невкусно, сметам дека овој мој став е реален).

Нашата држава и пред и по 2001-та ја респектираше геостратегиската позиционираност на Турција (како членка на НАТО) која освен во регионите на Средниот Исток, Кавказ, Централна Азија и Источниот Медитеран, истата има и геостратегиска важност и за Балканот (за нас посебно се значајни аспектите на континуирано затегнатите турско-грчки односи и нашите државни проблеми со Грција). Тоа е една од причината што турскиот официјален став е многу битен од аспект на 2001-та. Инаку, со Турција како држава која ја признава РМ под уставно име, имаме плодна соработка во составот на меѓународните оганизации и регионалните организации, како што се Процесот за соработка во Југоисточна Европа и Пактот за стабилност во Југоисточна Европа, а и плодни билатерални односи (барем колку што сум јас информиран само до 2003 год. имавме потпишано 37 договори). Воената соработка е започната негде во 1994 год. и е доста успешна (Турција своевремено ни нудеше и борбени авиони Ф-4). Посебно треба да се има предвид улогата на Турција во оформувањето на еден енергетски коридор од Исток кон Запад и можноста на нашата држава за соработка, со цел наведената енергија преку Балканот да се пренесе на Запад. Од аспект на 2001-та, турскиот министер за надворешни работи, Исмаил Џем, на 17 март 2001 год., во знак на поддршка на нашата држава во Анкара ќе истакне: „Потребно е да се изолираат и да се неутрализираат терористичките и екстремистичките групи кои се обидуваат не само да ја загрозат безбедноста на Македонија, туку и на целиот Балкан и кои сакаат да ја променат агендата на Балканот. Треба да се осудат екстремистичките дејства со кои очајнички се сака да се привлече вниманието на целиот свет и албанската популација во Македонија да се втурне во авантура која ќе има разурнувачки последици не само за Македонија, туку и за целиот Балкан”.

Од оваа (нецелосна и несистематизирана) експланација може да се заклучи дека влијанието на меѓународниот фактор во 2001-та може да се сведе на комбинација на превентивна дипломатија, миротворство, декларативна поддршка и недозволена дипломатија од позиција на сила (недозволена од аспект на моралните вредности во меѓународната политика, колку и да звучи наивно), односно меѓународното влијание и контролата на внатрешнодржавната криза во 2001-та би го дефинирал (описно) како систем на меѓународно-општествени односи во кои одредени елементи на меѓународната заедница врз основа на своите политичко-воени и безбедносни интереси, притоа користејќи ја политичката, економска и безбедносна зависност на Република Македонија во комбинација со нејзините внатрешни политичко-безбедносни состојби и процеси, учествуваа во превенирањето, но и во развивањето и во контролирањето на таква национална ситуација изразена како внатрешнодржавна криза, во која со практикување на етнонационалистички тероризам од позиции на албански радикализам беа загрозени македонските национални интереси и безбедноста на регионот.

Извор: Гоце Аризанкоски, Влијанието на меѓународниот фактор во 2001-та, Одбрана, бр. 142, Министерство за одбрана, февруари 2008 год.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во 2001 - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во 2001   Македонија во 2001 - Page 8 Empty11/10/2012, 08:58

Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во 2001 - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во 2001   Македонија во 2001 - Page 8 Empty11/10/2012, 19:31

Frogfoot напиша:
Интервју со Зоран Крстевски - Што се случуваше во Радуша?

Се сложувам дека треба да се бара одговорност ама не во однос на тоа кој наредил да се употреби авијацијата, туку во делот на тоа зошто не фунционирале стандардните и специјални врски. Како може во ситуација на „криза“ ( читај војна ), премиерот на државата да не може да најде ниту еден воен генерал!? Затоа постојат процедури кои мора да се почитуваат. Таму треба да се бара одговорноста а не кај оние што си ја извршиле својата должност.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во 2001 - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во 2001   Македонија во 2001 - Page 8 Empty11/10/2012, 19:35

некој црв си ја одработел својата работа..
И поштен човек се поткупува АКО ПОШТЕНО ГО ПЛАТИШ.....
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во 2001 - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во 2001   Македонија во 2001 - Page 8 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во 2001
Вратете се на почетокот 
Страна 8 of 9Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next
 Similar topics
-
» Македонија - 2001
» Фото : Македонија - 2001
» Единица за Специјални Задачи „Тигар„
» Видеа од 2001
» 1/35 ОТ M-113 Лавови 2001 година

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Кантина :: Наука и литература-
Отиди до: