Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Снајперско вооружување и снајперизам

Go down 
+24
mojsejko
Pavle Dimovski
Goran Apostoloski
Legija91
Mrshajnoski
ljubisa
Zajcef
Phalanx
bobi t
ZaMakedonija
Goust
Iko
beowulf
filip555
Зоран
Генерал
Wolf
Alvar
SIG
Momak od Gjorce
Волчко
Profesionalec
Makedon
AlexGreat
28 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 8, 9, 10 ... 54 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty1/4/2012, 17:12

Одлична е пушкава. Со тоа стандардно иде и висока цена. Smile

Цитат :
Pricing (CDN):
Timberwolf Rifle System Retail $7,000. Current Special is $6,700
Spare Magazines $125.00

Rifles Feature Kreiger Barrels and McMillan A5 Stocks
Barrels are fluted and 1-10 twist, 24" Cotoye, 26" Timberwolf
Colours are solid tan (metal) with desert camo (stock) or solid green (metal) with green camo (stock)
Any applicabe taxes or duties are not included
FOB Destination
Payment Terms TBD
Delivery TBD
All pricing is quoted in Canadian Dollars
P.S. Цениве се без оптика... со монтирана Schmidt & Bender или Zeiss оптика, иде накај 11.000$.


Последната промена е направена од Alvar на 1/4/2012, 17:15. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty1/4/2012, 17:15

Alvar напиша:
Одлична е пушкава. Со тоа стандардно иде и висока цена. Smile

Pricing (CDN):
Timberwolf Rifle System Retail $7,000. Current Special is $6,700
Spare Magazines $125.00

Rifles Feature Kreiger Barrels and McMillan A5 Stocks
Barrels are fluted and 1-10 twist, 24" Cotoye, 26" Timberwolf
Colours are solid tan (metal) with desert camo (stock) or solid green (metal) with green camo (stock)
Any applicabe taxes or duties are not included
FOB Destination
Payment Terms TBD
Delivery TBD
All pricing is quoted in Canadian Dollars
Па и не е така страшно 5000 евра е и Акјураси И САКО.
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty3/4/2012, 00:45

Зоран напиша:
Ima li nekoj tablica za breneke...kakvo mu e propaganjeto na 500- 800 metri.

Ај тука да го напишам првиот пост.....последните две-три недели одкако видов дека форумот живнал се уклучувавсекојдневно на кратко ама немав многу време за читање па така обично ги читав само насловите на темите колку да видам за што правите муабет.Тука сте ме прозивале па ај да одговорам.
Бидејќи пропаѓањето на куршумот од 500 до 800 метра на 'бренекот'(ваљда не мисли Зоки на оние куглите за сачмарки Wink ) онака во бројка можеби и не значи ништо, затоа за да тоа има некаква смисла и за да имаме претстава дали тоа е многу или малку, ќе го споредиме со падот на неколкуте најпознати снајперски куршуми кои се користат денас.

Да почниме со 7.62X51NATO.Стандардниот амерички снајперски куршум 7.62 нато М118ЛР е со зрно од 11,34г кое има балистички коефициент 0.496 и има излезна брзина од 786м/с.Кога пушката би била центрирана на 500м, падот на куршумот на 800м би бил 4.1м.
Рускиот 7.62x54R 7N14 e со зрно од 9.85г и има БК од 0.43, а излезната брзина на зрното е 840м/с.Падот од 500 до 800м би бил
Стандардната 300 винчестер магнум муниција која ја користат американците е со зрно Сиера мечкинг од 12.31г има БК 0.533 и излезна брзина од 883м/с.Кога пушката би била центрирана на 500м, падот до 800м би бил 2.9м.
За 338 лапуа ќе ги напишам вредносите од оригиналното сценар Лапуа зрно и тоа од 16.2 и 19.4г.Полесното зрно лапуа сценар од 16.2г е со балистички коефициент од 0.651 и има излезна брзина од 905м/с,Падот од 500 до 800м е 2.4м.
Потешкото зрно 338 лапуа магнум е со маса од 19.4г и БК од 0.753.Излезната брзина на ова зрно е 830м/с.Падот од 500 до 800 м е 2.7м.
Е сега, бидејќи балистичка табела за 9.3x64 не најдов, а ги превртив сите руски сајтови на кои за муницијата се врти еден те ист текст кој сите го пренесуваат неизменет.Се што можев да најдам за 9.3x64 е само тоа дека и двете зрна за оваа муниција, и 7Н33 и 9СН, имаа иста маса од 16.6г и почетна брзина од 770-780.За да симулацијата во балистичкиот калкулатор биде точна, меѓу останатото, најважно е да се напише и балистичкиот коефициент на зрното.За западната муниција тој многу лесно се наоѓа како 'готова' бројка или пак лесно може да се прерачуна ако за даденото зрно се дадени брзините на две различни растојанија или пак е дадена една брзина(најчесто В0) и падот на зрното на некоја си далечина.Пак, за 9.3x64 не најдов ништо.Уствари може да се симулира падот од 500 до 800м за ловни зрна, но падот нема да биде веродостоен бидејќи ловните зрна на германската фирма RWS според обликот не се аеродинамични па од тука и имаат мал БК, а и зошто би биле-тие се наменети за лов на реални ловечки далечини, а не за снајперски гаѓања.
Според мене 9.3x64 зрната 7Н33 и 9СН(и двете се со маса од 16.6г) за СВДК се со БК нешто измеѓу 0.44 до 0.48(ловните зрна на RWS со маса од 16.6г се со БК од 0.36) па според ова падот од 500 до 800м би бил измеѓу 4.4м и 4.8м.Споредено со 7.62 нато и 7.62x54r тоа и не е така страшно, но кога ќе се спореди тоа со 300 вин. маг. и лапуа, впрочем според енергетскиот потенцијал тука и спаѓа, падот е мнооогу поизразен.
Зоки, значи со еден збор падот би бил околу 4 и пол метра.Многу, а? Wink

Пресметките беа направени со JBMBallistics.
http://www.jbmballistics.com/ballistics/calculators/calculators.shtml
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty3/4/2012, 01:06

Беоволк добре ни дојде и се надевам дека одсега редовно ке пишуваме! Very Happy

Од текстов не разбирам..

Цитат :
Да почниме со 7.62X51NATO.Стандардниот амерички снајперски куршум 7.62 нато М118ЛР е со зрно од 11,34г кое има балистички коефициент 0.496

Што е тоа балистички коефициент?

Цитат :
Кога пушката би била центрирана на 500м, падот на куршумот на 800м би бил 4.1м.

Ако може објаснување на ова..на каков пад се мисли?
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty3/4/2012, 13:28

Ајде уште еднаш да се обратам до beowolf. Сите сме овде да ги споделиме своите познавања но и да научиме нешто ново, па затоа би ми било навистина драго ако ме удосотиш со објаснување на основите на балистиката и снајперизмот. Мислам дека отворивме и тема во која би ни ги објаснил сите детали како на првооделенци. Cool

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty3/4/2012, 18:55

„„ БЕОВУЛФ ““ големо добредојде
И ти благодарам на опирното опбјаснување..
ме чуди Рускиов избор но од друга страна и не е така лош а има живот во тоа зрно и тоа по бааг.
Се читаме другар.
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty3/4/2012, 22:01

Frogfoot напиша:
Беоволк добре ни дојде и се надевам дека одсега редовно ке пишуваме! Very Happy

Од текстов не разбирам..

Цитат :
Да почниме со 7.62X51NATO.Стандардниот амерички снајперски куршум 7.62 нато М118ЛР е со зрно од 11,34г кое има балистички коефициент 0.496

Што е тоа балистички коефициент?
Тоа е индекс кој покажува колку добро еден проектил ќе се справува со отпорот на воздухот кон својот пат.Колку тој коефициент е поголем толку проектилот е поаеродинамичен, помалку губи на брзина, има подобра траекториа и поголем домет.Најважни предуслови да еден проектил има висок балистички коефициент се масата на проектилот, колку поголема маса толку подобро, врвот на куршумот-колку е пошпицаст толку подобро го 'сече' воздухот и на крај, задниот дел од проектилот кај кој се создава потпритисок кој делува како 'кочница' на проектилот.Затоа на куршумите кои се наменети за гаѓање на големи далечини задниот дел им е конусен со што тој потпритисок што го кочи е драстично намален.
Математички, балистичкиот коефициент е количник помеѓу попречното оптеретување на единица површина и факторот на формата на проектилот.Колку тој фактор е помал(тоа зависи од формата) толку балистичкиот коефициент е поголем.
Иначе балистичкиот коефициент е битно да се знае за да може да се симулира траекторијата, падот, зашетувањето на проектилот од ветрот, брзината и енергијата на зрното на било која далечина....небитно дали тоа е пресметано со софтвер или на хартија резултатите се 100% веродостојни.Сите податоци во било која литература, било на интернетот било да е печатена, кога се дадени брзините и траекторијата на големи и екстремни далечини се пресметани математички.....сигурно кога даваат брзина на 1500м нема да стават хронограв на таа далечина и да пукаат за да измерат....

Frogfoot напиша:
Цитат :
Кога пушката би била центрирана на 500м, падот на куршумот на 800м би бил 4.1м.

Ако може објаснување на ова..на каков пад се мисли?

Патот на зрното е параболичен па логично е дека ако пушката е центрирана на една далечина (во примерот на 500м) на сите поголеми далечини зрното поради параболичната траекторија ќе паѓа на долу.Така ако на 500м пушката погаѓа во точката во која се нишани веќе на 800м тој куршум би паднал 4м.Со претходно нацентрираната пушка на 500м ако гаѓаме на мета одалечена на 800м тогаш ќе треба да се нишани 4м над метата.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty3/4/2012, 22:06

Интересно. Не верував дека ќе го кажам ова некогаш ама ајде сподели ги со нас формулите за пресметување.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty3/4/2012, 22:07

Генерал напиша:
Ајде уште еднаш да се обратам до beowolf. Сите сме овде да ги споделиме своите познавања но и да научиме нешто ново, па затоа би ми било навистина драго ако ме удосотиш со објаснување на основите на балистиката и снајперизмот. Мислам дека отворивме и тема во која би ни ги објаснил сите детали како на првооделенци. Cool
Знам нешто основно од балистиката ама снајперизам...не бе брат не сум снајпериста. Smile
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty3/4/2012, 22:08

Фала за убавото објаснување братче! aplauz

Инаку, по кои формули тоа се пресметува? Мислам на коефициентот и на падот? И ако се сложуваш би било добро да почнеме со дискусија на mil-dot-от?
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 9 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Снајперско вооружување и снајперизам
Вратете се на почетокот 
Страна 9 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 8, 9, 10 ... 54 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Снајперско вооружување и снајперизам
» Морнаричко Вооружување
» Воздухопловно вооружување
» Средства за физичка заштита - (панцири,тактички елеци,шлемови...)
» Иранско воздухопловно вооружување

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: