Предмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам 31/10/2014, 15:50
Имам пријател кој има 700-ка во цивилна верзија секако, и некаде 2002 мислам ја има земено, тогаш ја платил околу 50 000 денари. Има на неа и оптика, е сеа дали со неа или без оптика ја платил толку, не го имам прашано.
Незнам како се движи по нашиве продавници тој модел денес...имаш некое инфо?
Alvar
Број на мислења : 11127
Предмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам 31/10/2014, 16:06
Предмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам 12/11/2014, 15:20
Гостин Гостин
Предмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам 12/11/2014, 21:08
Отиде јабана и оваа
Ликвидирана „Белата вдовица“: Најбараната терористка ја уби руски снајперист во Украина СВЕТ | 12.11.2014 19:52
Британската џихадистка позната под надимакот „Белата вдовица“ е убиена во Украина, тврди руската новинска агенција „Регнум“. Саманта Левтвајт (30) наводно ја убил руски снајперист-доброволец пред две недели, пишува „Мирор“.
Една од најбараните Британки уште минатиот месец се бореше на страната на милитантите на Исламската држава во Сирија, а руските тврдења во овој момент е невозможно да се проверат и потврдат.
Левтвајт беше мажена за Џермејн Линдсај, бомбаш-самоубиец, кој во 2005 година се разнесе во голем терористички напад на лондонската подземна железница, убивајќи притоа 26 недолжни цивили. Таа ја напишти Британија во 2009 година, а поврзана е со бројни злосторства на Блискиот исток и во Африка, вклучувајќи го и крвавиот напад на ал-Шабаб на трговскиот центар во Најроби.
-Една од најбараните терористки на светот, Саманта Левтвајт, која се борела во украинската бригада ја убил снајпер доброволец, пишува во споменатата руска новинска агенција. Според нашите информации, „Белата вдовица“ се борела во бригадата „Аидар“ како снајперист. ја убил доброволец кој од Русија дошол да се бори во Луганск. Рускиот снајперист кој ја убил Британката е уценет на милион долари од страна на украинските тајни служби, наведува агенцијата „Регнум“.