Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Снајперско вооружување и снајперизам

Go down 
+24
mojsejko
Pavle Dimovski
Goran Apostoloski
Legija91
Mrshajnoski
ljubisa
Zajcef
Phalanx
bobi t
ZaMakedonija
Goust
Iko
beowulf
filip555
Зоран
Генерал
Wolf
Alvar
SIG
Momak od Gjorce
Волчко
Profesionalec
Makedon
AlexGreat
28 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 16, 17, 18 ... 58 ... 100  Next
АвторПорака
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty8/5/2012, 23:20

ИЗБОР НА ИДНИТЕ СНАЈПЕРИСТИ

Кандидатите кои се упатуваат на снајперска обука се бираат мошне внимателно. Ригорозниот дрил и зголемениот личен ризик во борба бараат висока мотивираност и способност за учење на многубројни вештини. Идните снајперисти мора да имаат беспрекорно досие.

Изборот се врши на основа на следните барања:

1) Стрелачки можности: Кандидатот за снајперист мора да биде одличен стрелец. Редовните годишни квалификации се неопходни. Успешното учествување на годишни натпреварувања и евентуално ловечко искуство исто така укажуваат на добри снајперистички способности.

2) Психичка состојба : Снајперистот, често вклучен во подолги операции со многу малку сон, храна или вода, мора да биде со извонредни психофизички способности. Доброто здравје значи подобри рефлекси, подобра контрола на мускулите и поголема отпорност од надворешните влијанија (зарази, вирусни болести и сл.). Самодовербата и самоконтролата кои ги стекнал кандидатот со бавењето со разни спортови, особено тимски, се добар предуслов за секој кандидат.

3) Вид: Добриот вид е главното оружје на секој снајперист. Према тоа, снајперистот мора да има ништо помалку отколку „5-ка„ на очниот преглед, или барем да може да го подобри својот вид до таа максимална оценка. Сепак, носењето на наочари може да смета во изведувањето на задачите, како и одговорност ако се неисправни и оштетени. Не разликувањето на боите исто така може да биде пречка поради неможноста да открие сокриени мети кои се стопени со околината.

4) Пушење : Снајперистот не би требало да биде пушач или да користи било каква врста на тутунски производи. Пронајден опушок може да ја открие позицијата на снајперистот. Иако снајперстот несмее да пуши додека е на задача, неговата зависност може да предизвика нервоза што може да се одрази на исходот на задачата, односно да ја намали неговата ефикасност.

5) Ментална состојба на кандидатот : Кога се бира кандидат за снајперист, старешините треба да имаат во предвид каква е менталната состојба на секој кандидат и дали истиот поседува квалитети да биде снајперист. Старешината треба да воочи дали кандидатот ќе „окине„ во вистински момент и на вистинското место. Некои особини кои исто така треба да бидат вклучени и да влијаат на изборот се: сигурност во кандидатот, иницијативност, лојалност, дисциплина и емотивна стабилност. Налазите од психологот може исто така да му помогнат на старешините во селективниот процес.

6) Интелегенција : Обврските на снајперистот подразбираат широк спектар на способности. Тој мора да ги научи следните работи/појмови : Балистика, типови на муниција и нивните можности, прилагодување на оптички нишани и уреди, радио комуникативна опрема, обзервација и прилагодување на убоит и артилериски оган, навигација, збирање на воено-разузнувачки податоци, идентификација и разликување на униформи (чинови) и нивната опрема и сл. Во операциите кои може да потраат, снајперистот мора да поседува способност - самосталност, односно способност самиот да расудува исправно и пртиоа да го зачува здравиот разум.

Ова подразбира други две особини: емотивен баланс и снаоѓање во природа.

1) Емотивен баланс : Снајперистот мора да биде во состојба да смирено и одлучно ја елиминира својата цел која немора да биде директна опасност за него. Многу полесно е да се убие во самоодбрана или во одбрана на други работи отколку да се убие без очигледна провокација. Снајперисто несмее да биде осетлив на емоции како грижа на совест или каење. Кандидатите чија единствена мотивација е да постанат снајперисти, фактот дека припаѓаат на елитата и желбата за престиж, неможат да бидат способни да донесат рационална и праведна одлука која е неопходна за успешно завршување на задачата на снајперистите.

2) Снаоѓање во природа : Снајперистот мора да биде запознаен со полето на делување и прилагодлив со неговата околина. Познавањето на надворешноста и познавањето на природните случувања ќе му бидат од полза во многу од неговите задачи и ситуации во кои ќе се најде. Индивидуите со такво познавање многу често ќе имаат поголеми шанси да постанат потенцијални снајперисти.

Следи трет дел - ОДГОВОРНОСТИ НА СНАЈПЕРИСТОТ И НАБЉУДУВАЧОТ.

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty9/5/2012, 11:45

Одличен текст... keep them coming. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty10/5/2012, 12:40

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 CvCus

Москва, 9 Мај. Twisted Evil
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty10/5/2012, 19:30

Што машина е? Претпоставувам западна..
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty10/5/2012, 23:58

Accuracy International AWM. Од најзападниот дел на Европа. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty13/5/2012, 00:49

ОДГОВОРНОСТИ НА СНАЈПЕРИСТОТ И НАБЉУДУВАЧОТ:

Секој член на снајперскиот тим има одредени одговорности. Само со непрекинато вежбање и пракса тој тим може да функционира како што треба.

Одговорностите на членовите на тимот се следните:

Снајперистот: Си изградува и осигурува мирна, прилагодлива позоција. Ја лоцира и идентифицира доделената мета, прави пресметка за далечината и положбата на метата, го регулира оптичкиот нишан како да ја елиминира метата, го известува набљудувачот дека е спремен за отворање оган, ја нишани метата, го контролира дишењето со природно одложување, ја завршува предвидената контрола на окидачот, ја прати ситуацијата со метата и испалува! Потоа следи припрема за испалување на резервен куршум доколку тоа е потребно односно доколку со првиот куршум не успее да ја елиминира целта.

Набљудувач: Се поставува на одредена позиција, избира прикладна мета, асистира во проценката на далечината до метата и временските услови (брзина на ветрот и сл.) односно ги пресметува ефектите на постоечките временски услови врз балистикат и доколку постојат му ги рапортира односно пренесува на снајперистот, и употребува строго оценување на изведувањето на истрелот.

Техники на стрелање на снајперскиот тим:

Снајперскиот тим мора да биде способен да се движи и да преживее во воено опкружување. Задачата на тимот е да изврши прецизно дејство по метата, а тоа бара координирана акција на членовите на тимот.

Заедно, снајперистот и набљудувачот:

- Ги одредуваат временските услови врз балистиката.
- Пресметуваат далечина до метата.
- Прават неопходни измени во видокругот.
- Го набљудуваат ударот на куршумот.
- Го критикуваат изведувањето на истрелот пред било какво насумично пукање.

Техники кои се користат во природа:

Примарна мисија на снаперскиот тим е да ја елиминира метата со прецизен истрел. Колку добро снајперистот ќе ја заврши мисијата зависи од неговото знаење, сваќање и примената на разни техники кои му дозволуваат да се движи, сокрие, набљудува и ја открие метата. Ова се техники кои секој снајперист мора да ги совлада пред да тргне во било каква мисија. Употребата на овие вештини кај снајперистот ќе влијае на неговото преживување на бојното поле.

Камуфлажа:

Камуфлажата е една од основните оружја во војна. Таа може да претставува разлика помеѓу успешна и неуспешна мисија. За снајперскиот тим тоа е разлика помеѓу живот и смрт. Камуфлажните мерки се многу важни бидејќи снајперскиот тим неможе да си дозволи ризик да биде откриен додека се движи самостално, како дел од други единици, или додека оперира од позицијата за стрелање. Тренингот за стрелање го учи снајперистот како да ја погоди метата, а знаењето за камуфлажата го учи како да избегне да постане мета. Обратувањето на внимание на важност за камуфлирање е карактеристика на добро извежбан снајперист.

Патоказ до метата:

Да би станале мајстори за камуфлирање, членовите на тимот мора најпрво да го разберат значењето на патоказите до метата. Индикаторите на метата се се она што војникот го направи или не успее да го направи и што би можело да резултира со откривање на истото. Снајперскиот тим мора да ги знае и да ги разбере патоказите до метата не само за да се движи неприметно, туку и да го открие движењето на непријатлот. Патокази до метата можат да бидат, звукови, движења, неадекватна камуфлажа, вознемирување на дивината и друго.

а) Звук: Најприметлив е во текот на ноќта. Предизвикан поради движење, тропање на опрема или зборување. Слабите односно тивките звукови можат да се отфрлат како природно но зборувањето никако!

б) Движење: Најприметно е во текот на денот. Човечкото око е намамено на движење. Брзи или неконтролирани движеа побрзо се откриваат отколку бавни и неконтролирани.

в) Непримерна камуфлажа: Сонце, силуета, контраст со околината.

г) Вознемирување на дивината: Птиците кои одеднаш одлетуваат во некој правец. Изненадно престанување на животинските звукови, уплашени животни, сето тоа е знак дека нешто се случува.

д) Друго: Готвење, пушење, сапуни или лосиони, одбивачи на инсекти и други мириси.

Мисиите на снајперистите и нивните методи на ангажирање се разликуваат по многу работи од основните пешадиски. Една од најприметните разлики е самата техника на движење. Движењето на снајперските тимови несмее да биде откриено или соомнително од страна на непријателот. Поради тоа, снајперскиот тим мора да ги доведе до перфекција техниките на движење.

Продолжуваме со ПРАВИЛАТА НА ДВИЖЕЊЕ.

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty13/5/2012, 02:16

Секоја чест Profesionalec. Последниве денови некако форумот замре и ова твое пишување му доаѓа како одржување во живот. Што се однесува до самиот текст и идеата за оваа тема имам само пофални зборови. Продолжи така. aplauz aplauz aplauz

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty17/5/2012, 18:23

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 180039_445755342_normal_362%5B1%5DСнајперско вооружување и снајперизам - Page 17 180039_78662706_normal_beka_1

Какви пушки имаат бандитиве? Се си мислам да отвориме галерија специјално за нив lol!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty17/5/2012, 18:36

Овие се Iver Johnson AMAC-5100 во 12.7mm.
http://www.armusa.com/amac50bmgstore.htm
http://world.guns.ru/sniper/large-caliber-sniper-rifles/usa/m500-m600-m650-e.html

Патем, униформите на овие оркиве доле се стандардни Швицааарски... разумеш. Smile
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty17/5/2012, 18:43

Хех , и после Швајцарците биле воено неутрални, баш се чудам како ги добиле Rolling Eyes

Него за вакви пушки, Берет, и сл. во 12.7мм , како може да се имаат снабдено од со вакви работи ме интересира кога се продаваат само на војски и полиции... scratch
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Снајперско вооружување и снајперизам   Снајперско вооружување и снајперизам - Page 17 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Снајперско вооружување и снајперизам
Вратете се на почетокот 
Страна 17 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 16, 17, 18 ... 58 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Снајперско вооружување и снајперизам
» Морнаричко Вооружување
» Воздухопловно вооружување
» Средства за физичка заштита - (панцири,тактички елеци,шлемови...)
» Иранско воздухопловно вооружување

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: