Денес, 16 мај 2014 година во касарната „Чеде Филиповски Даме“ во Кичево заврши вежбата „Брз Рис 14“ и оценувањето на четата за заштита на сили ЕУБГ 2014-2. Во претходните денови персоналот од оценуваните единици покажаа високо ниво на посветеност и професионализам при реализацијата на сложените задачи и активности, во согласност со зададената листа на настани и инциденти. Декларираната единица, согласно концептот за оперативни способности „AFS Volume VII – CREVAL“, доби првична одлична оценка за својата подготвеност од страна на тимот за оценување, со што единицата е „Борбено подготвена“ . Началникот на штаб на 1.механизирана пешадиска бригада, полковник Зоран Милески на церемонијата за затворање на вежбата на учесниците на вежбата им честита за покажаниот професионализам во текот на подготовките и реализацијата на вежбата. Во наредниот период продолжуват вежбовните активности на единицата. Имено во периодот од 02-13.06.2014 година декларираната чета ЕУБГ 2014-2 ќе учествува на вежбата „Брз Лав 2014“ во Сент Хуберт, Кралство Белгија, на која ќе се изврши оценување и сертификација на борбената група на Европската Унија 2014-2.