На АП ,,Криволак“ својата врвна обученост ќе ја прикажат припадниците на баталјонот за противвоздушна одбрана (ПВО) и воздухопловниот ВИНГ на АРМ заедно со припадниците на бригадата за воено воздухопловство (ВВ) и ПВО на ВС на Република Словенија, кои ќе изведат: гаѓање на цели во воздушниот простор со лесен преносен ракетен систем ,,Игла“, бомбардирање со борбени авиони PC-9M и ракетирање со борбени хеликоптери Ми-24.
Вежбата ,,Предизвик 2011“ е трета по ред од ваков вид која на АП ,,Криволак“ заедно ја изведуваат припадниците на АРМ и ВС на Република Словенија, што придонесе на последната вежба која се изведуваше деновиве да се реализираат и сложени гаѓања со борбени авиони, ракетни системи за ПВО и борбени хеликоптери, обука на тренажери, но и за прв пат заедничка обука за контрола на воздушниот простор и наведување. Успешното завршување на вежбата ,,Предизвик 2011“ и совладувањето на специјалистичката обука со нови содржини, во многу ќе придонесе за зголемување на борбената готовност, оперативната способност, како и интероперативноста на баталјонот за ПВО и воздухопловниот ВИНГ на АРМ. Заокружувањето на овој проект претставува уште еден силен импулс кон јакнењето на билатералната воена соработка на АРМ со ВС на Република Словенија, но и најдобар начин за промоција на можностите и капацитетите на АП ,,Криволак“ пред останатите армии-членки на НАТО.
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Воени вежби на Криволак 1/10/2011, 11:38
Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 1/10/2011, 11:50. Мислењето е променето 1 пати
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Воени вежби на Криволак 1/10/2011, 11:38
Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 1/10/2011, 11:52. Мислењето е променето 2 пати.
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Воени вежби на Криволак 1/10/2011, 11:39
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Воени вежби на Криволак 1/10/2011, 11:53
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Воени вежби на Криволак 14/10/2011, 17:43
И конечно после подолг период видео од вежбата Предизвик 2011...
СТРОГО ПРЕТПОРАЧЛИВО...
Видеата се направени од страна на Словенското МО...
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Воени вежби на Криволак 16/10/2011, 20:43
Започна вежбата Македонски блесок 08
Во период од 15 до 22 Октомври 2011, на армискиот полигон „Криволак”, и во касарната „Чеде Филипоски - Даме“ во Кичево ќе се одржи теренската вежба „Македонски Блесок 08“.
Свеченото отварање на вежбата се одржа денес (16.10 2011 година) во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“ , на кое се обрати директорот на вежбата, полковник Митре Стојанов. Тој истакна дека вежбата „Македонски Блесок 08“ претставува континуитет на досега успешно изведените вежби за самооценување и НАТО оценување на декларираните единици на АРМ, согласно Концептот за оперативна способност, кој се применува во Алијансата. На вежбата и претходеа неколкумесечни индивидуални и колективни подготовки, со цел да се изврши обука и извежбување во различни ситуации, предвидени со листата на задачи на НАТО (NTL 3.0) определени при изведувањето на операциите за подршка на мирот (PSO).
На „Македонски Блесок 08“ ќе учествуваат над 550 припадници од Армијата на Република Македонија и 36 припадници на Вооружените сили (ВС) на Република Србија. Во командната структура на вежбата се од АРМ се вклучени припадниците на Здружената Оперативна Команда, Командата за логистичка поддршка, втората механизирана пешадиска бригада (2.мпбр), и баталјонот за врски, од кои се очекува и со примена на искуствата и научените лекции стекнати од досегашните вежби и учествата во мисиите во Авганистан и Ирак, успешно да ги реализираат поставените задачи на вежбата.
Вежбата ,,Македонски Блесок-08“ се изведува како жива вежба со единици на терен (FTX/LIVEX) базирана на сценарио за операции за поддршка на мирот (PSO) предводени од НАТО и ЕУ, а под мандат на ОOН, со која треба да се демонстрира обученоста и целосна интероперабилност на декларираните единици на АРМ со армиите на земјите-членки на НАТО.
За време на „Македонски Блесок 08“ ќе се изврши Самооценување НИВО 2 – CREVAL /Combat readiness evaluation/ на декларираната средна пешадиска чета која е од составот на 2.механизиран пешадиски баталјон од 2.мпбр, предвидени за составот на баталјонската група на ЕУ (EU BG II/2012), како и одделение АБХО од четата АБХО од ЗОК, Со една механизирана пешадиска чета од 1.механизиран пешадиски баталјон од 2.мпбр, ќе се изврши Самооценување НИВО 1 во чиј состав ќе биде вклучен и еден вод од ВС на Република Србија.
Оценувањето ќе го изврши националниот тим составен од претставници на АРМ.
Согласно сценариото, вежбата ќе се реализира во шест фази и ќе заврши на 21 Октомври со првичниот брифинг за постигнатите резултати од оценувањето
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Воени вежби на Криволак 18/10/2011, 17:38
Започна оценувањето на ,,Македонски Блесок 08“
Денес започна оценувањето на пешадиската чета од 1.механизиран пешадиски баталјон од составот на 2.механизирана пешадиска бригада (мпбр), во која е вклучен и водот од Војската на Република Србија и декларираната чета за Баталјонската Група на Европската Унија (ЕУ БГ II/2012) од составот на 2.мпбр.
Самооценувањето Ниво -1 и НИВО-2 на двете единици започна истовремено во касарната ,,Чеде Филипоски-Даме“ во Кичево и на армискиот полигон (АП) ,,Криволак“. Во наредните два дена, согласно OCC концептот на НАТО, ќе се оценува обученоста, оперативната способност и борбената подготвеност на оценуваните единици.
Според динамиката на „Македонски Блесок-08“, првиот дел од оценувањето на четата ЕУ БГ II/2012 започна со брифинг на Шефот на оценувачкиот тим и командирот на четата, по што следеше постројување на единиците со комплетното вооружување, борбената техника, материјално-техничките средства и опремата со која располага четата. Според сценариото, четата ЕУ БГ II/2012 доби задача да изврши марш кон АП ,,Криволак“, при што во текот на маршот колоната ќе се соочи со различни инциденти, а по пристигнуваето на АП „Криволк“ ќе мора да воспостави база.
Согласно планот и сценариото за реализација на вежбата во тек на денешниов ден пешадиска чета од 1.механизиран пешадиски баталјон на 2.мпбр во која е вклучен и водот од Војската на Р.Србија предвидено е да ги реализира следните активности: воспоставување на набљудувачница, обезбедување на база , постапка со артилериски и пешадиски напад и MEDEVAC, патролирање, како и воспоставување на мобилна и привремена контролна точка. Оценувањето на двете единици ќе го спроведат оценувачки тимови на АРМ.
Инаку, денес од страна на учесниците на „Македонски Блесок-08“ во ЈУ “Специјалниот завод ” во Демир Капија беше врачена донација, а до 20 октомври, со отстранување на отпадот во околината на селото Криволак, планирано е еколошко уредување на просторот околу селото.
Утре, во рамките на вежбата ќе се организира отворен ден за претставниците на медиумите, заради што ГШ на АРМ обезбеди превоз со поаѓање во 09.00 часот од пред зградата на МО и ГШ на АРМ. Претставниците на медиумите кои имаат намера да пристигнат со сопствени возила, потребно е пред влезот на Центарот за обука ,,Пепелиште“ да бидат најдоцна до 10.30 часот.
Предмет: Re: Воени вежби на Криволак 18/10/2011, 22:42
Покрај сите недостатоци и лоши работи што се случуваат во АРМ, можеме барем да кажеме дека со вежби сме таман...секое мало има по нешто!
______________________ Born to be Macedon!
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Воени вежби на Криволак 21/10/2011, 17:55
Успешен завршеток на вежбата Македонски „Блесок 08“
Денес, 20 Октомври 2011 година, заврши самооценувањето Ниво-1 и Ниво-2, согласно Концептот за оперативни способности /ОCC/.
Согласно планот и сценариото за реализација на вежбата пешадиска чета од 1.механизиран пешадиски баталјон/2.механизирана пешадиска бригада каде беше вклучен и водот од Војската на Р.Србија ги реализираше следните активности: ескортирање на хуманитарен конвој со реакција на импровизирана експлозивна направа,воспоставување на набљудувачница, обезбедување на база со контрола на толпа и преговори, патролирање и воспоставување на привремена контролна точка, кордон и пребарување, патрола со реакција на импровизирана експлозивна направа, постапка во случај на пешадиски и артилериски напад на база и MEDEVAC како и офанзивни операции.
Декларираната чета ЕУ БГ II/2012 во тек на оценувањето ги реализираше следните активности: обезбедување на база и контрола на толпа, постапка во случај на пешадиски и артилериски напад на база и MEDEVAC, кордон и пребарување, ескортирање на хуманитарен конвој со реакција на импровизирана експлозивна направа, патролирање и поставување на мобилна точка и реакција на импровизирана експлозивна направа, како и изведување на офанзивни операции (изведување на водно боево гаѓање со поддршка на водот за огнена поддршка минофрлачи 82мм ).
За време на вежбта “Македонски Блесок 08″ пешадиската чета од 1.механизиран пешадиски баталјон/2.механизирана пешадиска бригада успешно го завршија самооценувањето НИВО1 согласно Концептот за оперативни способности (OCC), при што демонстрира висок степен на посветеност и професионализам во извршувањето на мировните операции за поддршка на мирот и ја покажаа својата подготвеност за учество во мировни операции предводени од НАТО, ЕУ и ООН.
Согласно концептот за оперативни способности, декларираната единица од составот на 2.мпбр, беше оценета за извршување на мисија надвор од територијата на Р.Македонија, самостојно или во состав на повисока единица. Оценувањето го изврши национален тим за оценување составен од искусни и сертифицирани оценувачи. Во претходните три дена персоналот од оценуваната единица демонстрираше високо ниво на посветеност и професионализам, при реализацијата на сложените задачи дадени согласно листата за настани и инциденти. Финалниот резултат ќе биде реална слика на прикажаните способности за исполнување на суштинските задачи.
Во тек на оценувањето беа проиграни вкупно 33 настани и 77 инциденти.
Денешниов ден беше и последниот ден од Самооценувањето со што практично и завршува вежбата „Македонски -08“.
Утре, 21 Октомври (Петок), единиците се враќаат во своите гарнизони.