Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Воени вежби на Криволак

Go down 
+6
ESN
Alvar
РИС
SIG
AlexGreat
Momak od Gjorce
10 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty22/2/2012, 15:02

Криволак - 1.200 км2 воен профит и еколошки ризик

Министерот за одбрана Фатмир Бесими откога ја презеде оваа функција, преминувајќи од Министерството за економија, се чини дека во своите изјави при посети во соседството и регионот изнајмувањето на Криволак го стави како врвен приоритет


НАЈВРЕДНАТА СОПСТВЕНОСТ НА АРМ ПОВТОРНО АКТУЕЛНА

Зачнат како строго доверлива воена тајна на ЈНА од 1963 година, а сега реалност, армискиот полигон Криволак е една од највредните работи што ги поседува АРМ. Тој важи за најдобриот воен полигон на европска почва. Со површина од над 1.200 квадратни километри, полигонот зафаќа речиси пет отсто од вкупната територија на државата и е одлична можност за извор на пари на македонската војска.
Минатата недела командантот на копнените сили на САД во Европа, генерал-потполковник Марк Хертлинг, на средба со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал Горанчо Котевски, изразија желба за заедничка вежба на американската армија со АРМ на полигонот Криволак. Со овој чин повторно се заживеа идејата македонскиот полигон да стане тренинг-центар за американската војска.

- Нашиот полигон Криволак со неговите капацитети има можности да биде еден од полигоните за обука на единиците не само на земјите од регионот туку исто така и простор каде што ќе се изведуваат заеднички вежби и обука на декларираните единици што се упатуваат во мировни мисии - рече по средбата генералот Котевски.

Всушност, искористувањето на Криволак во врвен полигон за вежбање на армиите е стара идеја, која со години ја предлага американската компанија „Баз Ален и Хамилтон“, инаку советник на Министерството за одбрана.

Откако Македонија не успеа да го направи Криволак американска база, реши да го модернизира и да им го издава под кирија на странски армии за вежбање на нивните војници.

Фатмир Бесими, министерот за одбрана, откога ја презеде оваа функција доаѓајќи од Министерството за економија, се чини дека во своите изјави при посетите во соседството и регионот изнајмувањето на Криволак го стави како врвен приоритет.

Користењето на Криволак од странски воени сили првпат се спомна во договорот Партнерство за мир. Иницијативата за неговата регионална употреба почна уште одамна, во времето на претседателот Борис Трајковски. Прво преку земјите од Јадранската лига, а беше спомената и во контекст на македонската поддршка на САД за соборување на режимот на Садам Хусеин. Досега илјадници странски војници од многу држави го посетиле полигонот, меѓу кои од САД, Велика Британија, Франција и други, и сите биле презадоволни од условите што ги нуди.

КОЛКУ МОЖЕ ДА СЕ ЗАРАБОТУВА

На Криволак има на располагање 300 (еден баталјон) модерни легла за војници, комплетно климатизирани и изградени по стандардите на американската армија. Направени се авганистанско, африканско и планинско село во автентичен стил, потоа куќата за боево гаѓање, снајперскиот ѕид и други поволности за тренинг.

Неофицијалните пресметки што не ги потврдуваат официјалните лица во Министерството за одбрана покажуваат дека македонската држава за користењето на условите што ги овозможува полигонот Криволак на сојузничките армии им наплаќа по 100 евра дневно од војник.

Доколку се пресмета дека полигонот има капацитет да прими 300 војници, простата математика покажува дека дневно АРМ би заработувала по 30.000 евра. Во просек, пак, ако се знае дека воените вежби траат по една седмица, а годишно има барем по десетина меѓународни вежби, тогаш се покажува дека оваа сума не е незначителна.

ИСТОВРЕМЕНИ ВЕЖБИ НА РАЗНИ ЕДИНИЦИ

Полигонот е лоциран во централниот дел на земјава, покрај Вардар. Според надлежните, станува збор за уникатен простор во регионот што овозможува обука во различни услови, а особено е погоден за обука на војници што се испраќаат во мисии во ризичните региони како што се Авганистан, Ирак и Африка.
Во Европа е втор по големина, а во регионот е прв во споредба со полигоните од соседството - Мањача, Слуњ, Пасуленски Ливади, Бунавија, Бизе и Хасково.

Единствено поголем од нашиот армиски тренинг-простор е воениот полигонот Јаворов, кој се наоѓа во Украина. Во остатокот од Стариот континент сличен воен полигон како нашиот има единствено Германија. Колку за споредба, полигоните во Европа во просек се широки 6, а долги 8 километри. Сепак, ниту Јаворов ниту полигоните во Европа и на Балканот немаат тренажен простор со најповолни услови за обука и изведување комбинирани вежбовни активности на неколку различни родови на армиите.

На пример, данскиот полигон Есбјорк е во форма на круг и излегува на Северно Море. Бидејќи излезот на море завршува со плажа, која масовно се користи во оваа земја, Данците го затвораат полигонот во петок, сабота и недела, откако претходно детално ќе проверат дали на плажите не паднала некоја неексплодирана граната. Вежбите ги прекинуваат и кога поминува брод. Токму поради ова данската армија е особено заинтересирана за користење на Криволак. Оваа земја веќе донира по 100.000 евра секоја година за купување контејнери за сместување војници во кампови во Криволак.

Втора предност, сметаат армиските експерти, е инфраструктурата. На другите полигони, ако вежба артилеријата, не може да вежба пешадијата, ако вежба авијацијата, не може артилеријата. Во Криволак сите можат да вежбаат истовремено. Нашиот полигон е простран и испресечен со ридови. Тоа спречува муницијата и ракетите да удрат од едно во друго вежбалиште. Трета и мошне важна предност се географската позиција, во самиот центар на Балканот, и климатските услови. Ако се земе предвид дека денес речиси сите боишта се во пустински предели, Криволак е идеален поради крајно суровите, безмалку пустински услови - нискостеблести растенија и температури и до 50 Целзиусови степени налето. Во зима температурата паѓа до минус 10 степени.

Според техничките предиспозиции, полигонот е погоден за тактички вежби на сите видови единици, боеви гаѓања до ниво на баталјон, за совладување водени пречки, изведување АБХО-обука итн. Она што го прави извонреден е конфигурацијата на теренот, од ридско-планинска, до рамничарска. По течението на Вардар има една делница долга два километра и широка 500 метри, што е идеална за изградба на писта за мал воен аеродром.

- Она што е карактеристично за воените тренинг-зони е нивната безбедносна линија на стрелба на различно вооружување - топовски и тенковски гранати и ракети. Една од особините што го истакнуваат квалитетот на Криволак е дека има 20-километарска зона на безбедност во која нема населени места. Односно, армиите што вежбаат можат слободно да ги употребат целосните капацитети на сите оружја - објаснуваат соговорниците.

Полигонот има и недостатоци што со овој проект треба да ги среди. Тоа е непостоење на обележувањето на границите, слабата и ограничена информатичка инфраструктура и недоволниот број санитарни јазли за поддршка на активности со поголем број луѓе. Министерството ќе треба да направи и нова сертификација на железничката линија, т.е. на мостовите, патиштата и подвозниците во согласност со НАТО-стандардите. Криволак има и сериозни проблеми со водоснабдувањето.

СЕГА НЕ ЗАГАДУВА, НО МАЛКУ СЕ КОРИСТИ

Паралелно со напорите воениот полигон Криволак да стане странска воена база или некаков тренинг-центар, експертите по заштита на животната околина предупредуваат дека штетите врз земјоделските култури што доминираат во реонот околу полигонот ќе бидат непроценливи.

Сепак, Министерството за одбрана стои цврсто на ставот оти на Криволак нема да има загадување. Лани била подготвена еколошка студија од словенечките министерства за одбрана и за екологија во рамките на проектот за промовирање на полигонот Криволак во регионален тренинг-центар. Студијата покажала дека нема загадување на полигонот Криволак. Во анализата била направена геохемиска карта на сите 240 квадратни километри што ги зафаќа Криволак, како и анализи на геохемискиот состав на водата, почвата и на воздухот. Извршена е и анализа на животинскиот и на растителниот свет, а земени се и примероци од косата на војниците што подолг период престојувале на полигонот.

- Воениот полигон со години се користи од АРМ за воени вежби, но така било и претходно, уште од времето на поранешна СФРЈ. Досега во годините ниту имало ниту верувам ќе има еколошко загадување - дециден е полковникот Мирче Ѓорговски, портпарол на армијата.

Теренот на кој вежбаат војниците е строго поделен по зони, на едно место се фрлаат бомби, на друго се пука, на трето се гаѓа со ракети.

- Сите старешини што командуваат со војниците што вежбаат таму, а впрочем и секаде на кој било терен се должни да внимаваат на еколошката свест на нивните подредени - објаснува Ѓорговски.

Сепак, воениот аналитичар Петар Шкрбина има поинаков став од официјалните преставници на армијата.
- Ако Криволак прерасне во некаков центар за обука на странски воени сили, ќе загадува во многу поголеми количества отколку во минатото - вели Шкрбина.

При боевите гаѓања се ослободуваат големи количества штетни и опасни материи. При експлодирањето гранати, во зависност од калибарот, се испушта фурандиоксид, на пример. При експлозија на една граната се ослободуваат десетици кубни метри штетни гасови. Тие се разнесуваат со ветровите, а тоа никој не може да го контролира.

- Сите велат дека Македонија е земјоделска држава, и токму воениот полигон ни се наоѓа во централниот земјоделски регион во срцето на државата. Овој полигон е на само 10 километри воздушна линија од Тиквеш. Дополнителен проблем биле подземните води што тука минуваат, а со тоа се загрозуваат квалитетот на здравата храна и еколошката состојба во опкружувањето - предупредува Шкрбина.

Тој и некои други експерти сметаат дека Криволак треба да биде полигон со разумни димензии, за потребите на македонската армија, а другиот дел што побрзо да се ревитализира и да се претвори во земјоделски површини и пасишта.
Полигонот вчера му беше понуден и на Косово
Армискиот полигон Криволак ќе може да го користат и припадниците на Косовскиот заштитен корпус, кои исто така ќе може да се обучуваат на нашите одбранбено-образовни институции, како Воената академија и Школата за пилоти. За ова вчера во Приштина разговарале министрите за одбрана на Македонија и на Косово, Фатмир Бесими и Агим Чеку.
Бесими и Чеку објаснија дека двете земји досега имаат одлична соработка, која може да претставува пример и за другите држави од регионот.
- Оваа средба претставува чекор напред за интензивирање на соработката. Косовските безбедносни сили се подготвуваат за учество во релевантните мисии во земјата, како и во меѓународните, а за таа цел ја имаме целосната поддршка од Македонија - истакна Чеку.
Тој додаде дека за време на разговорите е договорено четворица кадети од малцинствата на Косово да се обучуваат на Воената академија во Скопје.
Бесими, пак, напомена дека развојот и одржувањето на регионалните капацитети треба да се базираат на концептот на „паметна одбрана“, со цел здружување и споделување на одбранбените и безбедносни средства.
- Од приоритетно значење за македонското министерство за одбрана е постигнување целосно отворен дијалог и добрососедски односи со Косово, како и постигнување високо ниво на соработка во областа на одбраната и безбедноста на двете земји - истакна министерот Бесими.
Тој напомена дека нашата земја изразува поддршка и во делот на евроатлантските интеграции за земјите од регионот, вклучувајќи го тука и Косово, и на тој начин да се придонесе за мир и стабилност во регионот и пошироко.


Извор: Нова Македонија
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty23/10/2012, 02:27

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty27/9/2014, 12:19

ЦИА погрешила за Криволак

Според генералот, сите овие податоци се „чиста измислица и дезинформација“, која најверојатно била составена и пласирана во едно дамнешно време, кога американските служби воделе специјална информациска војна против тогашната СФРЈ, бидејќи најверојатно Пентагон оваа држава ја доживувал како потенцијален непријател.

Воени вежби на Криволак - Page 2 TLax0TA

ГЕНЕРАЛОТ АРСОВСКИ ГИ НЕГИРА АМЕРИКАНСКИТЕ ТВРДЕЊА ЗА ТЕСТИРАЊЕ ХЕМИСКО ОРУЖЈЕ

Нема никаква вистина во пишаниот извештај на ЦИА од неколку страници во кој стои дека поранешната ЈНА го користела армискиот полигон Криволак, крај Неготино, како локација за проби на хемиско оружје. Ова за „Нова Македонија“ го тврди Митре Арсовски, пензионираниот генерал на АРМ и прв началник на Генералштабот на македонската војска по независноста. Генералот смета дека во документацијата на американската разузнавачка агенција се впишани „непроверени факти и измислици“. Од друга страна, ЦИА објави дека од 1968 година тајно тестирање хемиско оружје се вршени секој септември на полигонот Криволак во Македонија...

- Мапата во канцеларијата на командантот немаше ознака за активности во областа каде што се вршени тестирања на хемиско оружје, но активностите поврзани со друго оружје беа јасно означени. Нашите извори ни рекоа дека од локацијата се отстранети физички докази од тестирањата за таа да се држи во тајност... На една фотографија дури беа и покажани тестирања, но сепак само од неа не можеше точно да се утврди какви. Во јуни 1996 година помогнав во организирањето на заедничко македонско, хрватско и американско ископување на локацијата, при што откривме докази за тестирање хемиско оружје, вклучувајќи и лабораториска опрема, скриени бункери, потрошена хемиска муниција - се вели во документот на ЦИА, кој деновиве е објавен на сајтот на американската разузнавачка агенција.
Арсовски вели дека сите овие податоци се „чиста измислица и дезинформација“, која, според него, најверојатно била составена и пласирана во едно дамнешно време, кога американските служби воделе специјална информациска војна против тогашната СФРЈ, бидејќи најверојатно Пентагон оваа држава ја доживувал како потенцијален непријател.

- Одговорно тврдам дека и во минатото, но и сега, армискиот полигон на Криволак не се користел за употреба и за тестирање хемиско оружје, бидејќи неговата единствена употреба и порано и сега е единствено за увежбување на армијата во користење конвенционални боеви орудија - објаснува генералот.

СФРЈ БИ ЗАВРШИЛА КАКО ИРАК И СИРИЈА

Според него, податоците на ЦИА немаат никаква логика од неколку причини.
Првата, според генералот, е и најбитна, бидејќи поранешната армија ЈНА, како и сегашната АРМ, функционираат на слична основа, односно градат одбранбена стратегија, која не се заснова на војување и напад на други армии и држави.

- Тоа по автоматизам значи дека во сегашната армија на Македонија и на минатата Југославија никогаш не се негувал култот кон употребата на хемиското оружје и кон боевите отрови, кои практично се офанзивни средства и не влегуваат во рамките на одбранбените стратегии - објаснува генералот.
Тој додава дека Југославија, а со тоа и ЈНА, како основач и член на Движењето на неврзаните земји, била обврзана со меѓународни конвенции да не користи хемиско оружје во своето функционирање и дејствување, па токму поради тоа армијата никогаш не развивала, а со тоа ниту тестирала, како што вели самиот, непостојно оружје.

Воени вежби на Криволак - Page 2 HtATGj7

Арсовски исто така нагласува дека самиот полигон Криволак, и да се сакало тоа да се стори, не можел да биде пригоден за тестирање на ваквото оружје поради постоењето а населени места во (условно кажано) во неговата непосредна близина.

- Доколку навистина овој армиски полигон некогаш се користел за тестирање и за употреба на вакво оружје, тој најверојатно би бил чуван како строга државна тајна од војската и во него и во неговата близина би било строго забрането да се приближуваат цивили и за неговите активности да се информира јавноста. Па, оттаму, барем оние што се малку информирани знаат дека и во минатото и сега полигонот функционира со минимално обезбедување и ништо повеќе - нагласува генералот.

Генералот нагласува дека тој своето воено образование го стекнал во поранешната ЈНА, која важеше за една од најдобро организираните армии во светот и дека во целиот образовен процес никогаш не бил запознаен дека војската поседува такво оружје и дека има такви капацитети.

- На крајот на краиштата, ако навистина ЈНА некогаш поседувала вакво оружје, тоа со сигурност би се употребило во една од крвавите војни, кои избија по распадот на заедничката држава и кои важеа за едни од најопасните во историјата на Европа - истакнува генералот.

Тој појаснува дека доколку Американците навистина поседувале вакви информации и доколку сето она што стои во овие документи е вистинито, меѓународната заедница би повела акција за санкционирање на СФРЈ како што тоа беше направено во последните години со режимите на Садам Хусеин во Ирак и со оној на Башар Ал Асад во Сирија.

Според генералот, и ЦИА некогаш може да погреши, и тоа особено кога станува збор за истраги поврзани со овој тип оружје, а таков пример беше оној со Ирак во 2003 година, кога по инвазијата на земјата од сојузниците се покажа дека Садам Хусеин воопшто не поседувал вакво оружје, а разузнавачите немале точни информации.

ЕКОЛОШКА СТУДИЈА И АРМИСКИ ИСТРАЖУВАЊА

Освен тврдењата на генералот Арсовски, спротивни информации од оние што се наоѓаат во документите на ЦИА може да се најдат во многуте испитувања што досега во неколку наврати ги вршела АРМ, кои покажале дека на полигонот Криволак немало никакво загадување на животната околина.

Единиците на армијата многупати досега вршеле контроли на радиолошката загаденост на воздухот, како и на хемиската, бактериолошката и радиолошката состојба на водата, кои покажале дека „досега не е регистрирано никакво хемиско, бактериолошко и радиолошко загадување на полигонот“.

АРМ од независноста досега во безброј наврати објаснила дека го користи Криволак за боеви гаѓања со пешадиско и артилериско оружје до калибар од 122 милиметри, како и за боево гаѓање со хеликоптери и со авиони и дека не користи хемиски орудија.

Освен овие внатрешни контроли на војската, во 2010-та, во времето на министерскиот мандат на Зоран Коњановски, беше направена и анализа од независни институции надвор од структурите на војската и беше подготвена еколошка студија од словенечките министерства за одбрана и за екологија во рамките на проектот за промовирање на полигонот Криволак во регионален центар за обуки.

Студијата покажа дека нема загадување на полигонот Криволак. Во анализата била направена геохемиска карта на сите 240 квадратни километри што ги зафаќа полигонот, како и анализи на геохемискиот состав на водата, почвата и на воздухот. Тогашното истражување направи и анализа на животинскиот и на растителниот свет, а земени се и примероци од косата на војниците што подолг период престојувале на полигонот.

Коњановски тогаш тврдеше дека студијата претставува „еколошкиот устав“ за натамошно функционирање и користење и правилно користење на воениот полигон, кој е многу вредна сопственост на македонската војска.



Југославија со децении ја криела програмата?

Воени вежби на Криволак - Page 2 ZUo28O1

Бивша Југославија со децении успеваше да ги скрие трагите за производство на хемиско оружје, се вели во декласифицираниот документ на ЦИА, објавен на сајтот на американската разузнавачка агенција.
Во документот со назив „Откривање на програмата за хемиско оружје на Балканот“, агентот на ЦИА пишува дека за време на војната во бивша Југославија трагал по хемиското оружје што се произведувало кај Мостар, во Босна. Тој пишува дека од извори во Загреб дознал оти таква фабрика постоела во Бијело Поље кај Мостар, што, според белградска „Политика“, веројатно се однесува на тамошниот Воено-технички завод. Агентот на ЦИА проценува оти бивша Југославија развивала хемиско оружје за одбрана и за напад и наведува дека од хрватски извори добил потврда дека СФРЈ цели 40 години тајно ја развивала оваа програма со нервен гас „сарин“, гранати, ракети, бомби и слично. Агентот дури и бил на локацијата на фабриката, од каде што била изнесена апаратурата, но имало доста документи. Во извештајот се наведува дека Србија во 1991 година решила да ја згасне програмата во Мостар и 30 тони „сарин“ да ги врати назад во Лучани, каде што овој отров е произведен. Србите отстраниле и неколку реактори и друга апаратура, но немале време сѐ да скријат, заклучува ЦИА. Според документот, дел од опремата завршил во фабрика во сопственост на корпорацијата „Трајал“, во Србија.
За наводната фабрика за бојни отрови во Потоци, кај Мостар, лани пишуваше и хрватски „Вечерњи лист“. Новинарот во репортажата наведува дека од некогашниот строго чуван комплекс, денес останале само оџак и разурната стражарска куќичка, со избледен натпис „ЈНА“. Денес таму стои натпис „Добре дојдовте во касарната ’Миралем Југо’“. Локалното население вели дека не знаело што се произведува во доброобезбедениот комплекс, кој им бил познат само како „хемиска фабрика“. „Вечерњи лист“ (како и весникот „Слободна Далмација“ и неколку западни медиуми) наведува дека Воено-техничкиот институт во Белград во 1958 година решава да отвори фабрика за хемиско оружје кај Мостар. Наредната деценија се направени и првите тестирања на хемиското оружје. Целта на властите од бивша Југославија била комплексот кај Мостар да стане најголема фабрика за хемиско оружје, што потоа би се извезувало во арапските земји. Дел од хемиското оружје завршил и во рацете на ирачкиот лидер Садам Хусеин, кој потоа го употребил против Курдите. Со распаѓањето на Југославија, опремата и агенсите се префрлени во фабрики во Србија, а некои од нив НАТО потоа ги бомбардирал, нагласуваат хрватските и западните медиуми.

НТИ: Тестирано е хемиско оружје

Криволак е користен за тестирање хемиско оружје на југословенската армија во 1970-тите и во 1980-тите, но ова не е главна намена на полигонот, стои на сајтот на американската невладина организација Иницијатива против нуклеарни закани (НТИ), во делот за хемиско оружје во бивша Југославија. НТИ се повикува на изјави на хрватскиот генерал Златко Биненфелд, дадени во Полска во 1993 година.
Организацијата исто така наведува оти во Македонија нема индикации за активности со офанзивно хемиско оружје. Според НТИ, СФРЈ не изградила капацитети за производство, испитување и складирање хемиско оружје на македонска територија. Истовремено, НТИ посочува дека Македонија ја ратификува Конвенцијата за забрана на хемиско оружје.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=927141117547&id=9&setIzdanie=23284
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty23/6/2017, 13:18

Војска на САД се подготвува на пат од 2.200 километри за вежба на Криволак

Од Вилсек, Германија наскоро ќе тргне конвој на армијата на САД кон Македонија, на воена вежба на Криволак. Владата на Република Македонија вчера донесе одлука да дозволи влез на војска на САД на територијата на Македонија.

Во вчерашното владино соопштение се вели дека „Владата одлучи да дозволи мирољубив влез на вооружени сили од САД, за вежбовни активности на Криволак. Станува збор за прва ваква вежба во Македонија и можност нашата држава да покаже логистичка подготвеност за одржување и на други вакви регионални вежби во иднина, што се оценува дека е добар сигнал и во рамки на НАТО аспирациите на Македонија“, се вели во соопштението.

Специјализираните медиуми на американската војска, од пред три дена пишуваат дека дел од нивната армија сместена во Вилсек, Германија, веќе го подготвува конвојот за пат од околу 2.200 километри за воената вежба „Сабја“ во Македонија. Во рамките на овие подготовки се прават разни симулации за сѐ она што може да ги очекува војниците за време на ова патување до Криволак, пишуваат медиумите.

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/vojska-na-sad-se-podgotvuva-na-pat-od-2200-kilometri-za-vezhba-na-krivolak
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty23/6/2017, 13:19

Army prepares for 1,400-mile convoy to Macedonia
https://www.stripes.com/news/army-prepares-for-1-400-mile-convoy-to-macedonia-1.474595#.WUz5LelLfIX

---

Oчекувам вака да продефилираат,ко ослободители

Воени вежби на Криволак - Page 2 1019758062
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty9/8/2018, 17:56

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty9/8/2018, 19:33

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty15/8/2018, 15:05

Криволак - тренинг активност на Армијата на САД
https://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/134408167/1?month=8&year=2018&day=15&desc=0
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2585

Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty11/11/2018, 12:51

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11131

Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty22/12/2018, 17:10

Цитат :
Тимови од составот на баталјонот за Специјални намени, Единицата за Брзо Распоредување и Единицата за Специјални Задачи - Тигар, заедно со инструкторски тим од морнаричките фоки од Армијата на Соединетите Американски Држави реализираа експертска обука.

Обуката се реализираше во периодот од 17 до 21.12.2018 година на полигоните во касарната „Илинден“, касарната „Ѓорче Петров“ и Армискиот Полигон „Криволак“. За време на обуката тимовите се запознаа со најновите тактики, техники и процедури од процесот на планирање, медицинската обука, реализацијата на снајперски задачи, борба во урбана средина итн.

Како круна на петдневната обука беше реализацијата на заедничка завршна вежба во која беа опфатени сите елементи од експертската обука.
http://www.arm.mil.mk/vesti/pso/2018/12/ekspertska_obuka.html


Воени вежби на Криволак - Page 2 B29k8Zx
Воени вежби на Криволак - Page 2 HodqF7J
Воени вежби на Криволак - Page 2 O4BoUet
Воени вежби на Криволак - Page 2 O3F3HvI
Воени вежби на Криволак - Page 2 YlIqIwU



морнаричките фоки од Армијата на САД .... Laughing

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак - Page 2 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воени вежби на Криволак
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 10Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10  Next
 Similar topics
-
» Воени сили во Светот (воени сили за кои нема посебна тема)
» АРМ - новости
» Вежби на MВР
» Вежби на АРМ
» Воени саеми

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Воени вежби на полицијата и армијата-
Отиди до: