|
|
| Вежби на АРМ | |
|
+20Momak od Gjorce ESN leopard BoyfromKavadarci Macedonian Knight РИС Goust Mrshajnoski Braveheart993 Wolf Smrtnikot JKD assasian tose Patriot94 Генерал Legija91 Alvar Зоран SIG 24 posters | |
Автор | Порака |
---|
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 17/10/2013, 20:27 | |
| | |
| | | Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 17/10/2013, 21:25 | |
| - Patriot94 напиша:
- Momak od Gjorce напиша:
Таљо ми е најсмешен на сликава,ахаххаахха аууу У тој момент, си е викал ‘‘ Кај отидоа толку пари за бензин , срце ме стега. ‘‘ ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 17/10/2013, 21:31 | |
| ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 18/10/2013, 13:31 | |
| Средната пешадиска баталјонска група и Лесната маневарска болница позитивно оценети на „Македонски Блесок-9“Денес, 18 Октомври 2013 година, заврши самооценувањето Ниво-2 на Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) и НАТО оценувањето Ниво-1 на Лесната маневарска болница (ЛМБ), согласно Концептот за оперативни способности на НАТО, кое неделава се одвиваше во рамките на вежбата ,,Македонски Блесок-9“ на Армискиот полигон ,,Криволак“ и Центарот за обука (ЦО) ,,Пепелиште“. Согласно планот и сценариото за реализација на вежбата, СПБГ во текот на оценувањето ги реализираше следните активности: ескортирање на хуманитарен конвој со реакција на импровизирана експлозивна направа, воспоставување на набљудувачница, обезбедување на база со контрола на толпа и преговори, патролирање и воспоставување на привремена контролна точка, кордон и пребарување, патрола со реакција на импровизирана експлозивна направа, постапка во случај на пешадиски и артилериски напад на база и MEDEVAC како и изведување на офанзивни операции. Лесната Маневарска болница (ЛМБ) се оценуваше во примената на стандардните оперативни процедури за укажување на прва помош, прием, тријажа, хируршки третман и стабилизирање на пациенти на бојното поле. Денес, пред завршувањето на ,,Македонски Блесок-9“, согласно Концептот за оперативни способности се одржа брифинг на кој од страна на оценувачкиот тим на двете единици им беше соопштена првичната оценка. На брифингот од страна на директорот на оценувачкиот тим, на командантите на декларираните единици (СПБГ и ЛМБ) во усмена форма им е соопштено дека двете единици добија позитивна оценка за извршување на мисија, самостојно или во состав на повисока единица, надвор од територијата на Република Македонија. Деталната оценка која ќе ги содржи сите параметри според Концептот за оценување, ќе биде доставена во наредните три месеци. Со свечено постројување во ЦО ,,Пепелиште“ денес е официјално затворена вежбата „Македонски Блесок - 9“, после што единиците се враќаат во своите гарнизони. http://www.arm.mil.mk/zatvaranje_na_mb9.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 18/10/2013, 22:33 | |
| Македонски блесок 9“, денес го направи штипскиот спортски аеродром Сушево фреквентен Обемната воена вежба „Македонски блесок 9“, денес го направи спортскиот аеродром Сушево фреквентен. Полетуваа и слетуваа воените хеликоптери на АРМ, кои освен акциите во вежбата „Блесок“ ја реализираа и својата програма за вежбата „Доскок“. Како израз на добрата соработка на АРМ и Општина Штип, за градоначалниците на Штип и Чешиново-Облешево беше организирано 15 минутно надлетување на двете општини. Денес спортскиот аеродром Сушево беше место каде децата од Детската градинка „Вера Циривири“ одблизу се запознаа со улогата и можностите на воените хеликоптери на АРМ. Денешната средба на децата со војниците и воените хеликоптери помина со многу љубопитни прашања од најмалите, а можеби токму денес се утврди и некоја животна одлука за идна професија. Инаку вежбата „Македонски Блесок 9“ главно се одвиваше на Армискиот полигон Криволак и во Центарот за обука Пепелиште. Денес вежбата заврши со самооценување на Средната пешадиска баталјонска група и на Лесната маневарска болница. Ова самооценување е во согласност со концептот за оперативни способности на НАТО. Двете единици добија позитивна оцена за извршената мисија - самостојно и во состав со повисока единица. видео: http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/8603--9-родил сусамот | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 7/4/2014, 20:01 | |
| Со свечено отворање започна вежбата „Македонски Блесок-10“ Денес, 7 април 2014 година, во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Пепелиште“ започна теренската вежба „Македонски Блесок-10“. На чинот на свеченото отварање присуствуваа Заменикот на командантот на Здружената Оперативна Команда бригаден генерал Мухамет Рацај и командантот на 1.механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски. На отварањето обраќајќи се пред учесниците на вежбата бригадниот генерал Мухамет Рацај истакна дека претстојната вежба претставува одлична можност за изведување на колективна обука на единиците како форма за усвојување на НАТО стандардите, но и за усовршување на штабните процеси во операциите предводени од НАТО, што ќе придонесе во јакнењето на нивната борбена готовност. Воедно, тој нагласи дека високите оценки кои ги добиваме во континуитет од НАТО при извршувањето на мировните мисии и успешно изведените вежби за оценување на декларираните единици, се најголемата гаранција за успешна реализација и на оваа, од многу аспекти комплексна вежба. По завршување на свеченоста беше извршена обиколка на раководството на вежбата и повисоката команда на вежбата кои во изминатото деноноќие беа ставени во функција. На вежбата и претходеа неколкумесечни индивидуални и колективни подготовки, со цел да се изврши обука и извежбување во разни ситуации, согласно листата на задачи на НАТО при изведување на операциите за подршка на мирот. Вежбата ,,Македонски Блесок-10“ е жива вежба со единици на терен базирана на сценарио за операции за поддршка на мирот предводени од НАТО/ЕУ, а под мандат на ОOН, со која треба да се демонстрира борбената готовност на декларираните единици за употреба во НАТО – предводените операции. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2014/04/otvoranje_mb10.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 8/4/2014, 14:52 | |
| Оценување на мирновремена локација во рамките на вежбата „Македонски Блесок - 10“ Денес, 08 април 2014 година, на Армискиот Полигон Криволак, започна НАТО оценувањето-ниво 2 на Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) и Леснaта маневарска болница-Ниво 2 (ЛМБ) во рамките на вежбата „Македонски блесок - 10“. Активноста започна со оценување во мирновременски услови во гарнизоните: Скопје, Петровец, Прилеп, Штип и Куманово која се реализираше во текот на вчерашниот ден и брифинг на оценувачите во присуство на директорот на вежбата потполковник Ѓоко Максимов. Целта на овој дел од оценување е да се оцени борбената готовност и способноста за извршување на мисијата на СПБГ и ЛМБ. Оценувањето се врши согласно Концептот за оперативни способности на НАТО по следните 5 области: планови, операции, логистика, врски и администрација. Оценувањето го реализира оценувачки тим составен од претставници на 15 НАТО оценувачи и национални претставници. Директор на оценувањето за СПБГ е потполковник Сашко Лафчиски, додека директор за ЛМБ е мајор Билјана Блажеска. За секоја област се одредени лидери на тимови и соодветен број на оценувачи зависно од обемот на оценување. Оценувањето се изведува во 2 фази и тоа оценување на мирновремена локација и на терен. На крајот од оценувањето ќе биде потпишан формалниот извештај од страна на НАТО набљудувачите и директорите на оценувањето по што истото ќе им биде соопштено на оценуваните единици. НАТО оценувањето ниво 2 е од големо значење за АРМ, од причина што првпат се ќе оценуваат единица од поголем обим како што се СПБГ и ЛМБ од овој тип, кои се декларирани за учество во мисии предводени од НАТО. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2014/04/ocenuvanje_mirnovremena%20_lokacija.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 8/4/2014, 15:05 | |
| - Momak od Gjorce напиша:
Зашто медицинскиот тим носи лично оружје(пиштол),немаат задолжено формациско(АП)? Доколку имаат која им е логиката медицинскиот тим да има поголем арсенал отколку 1МПБ ? Колку што знам „борбените“ единици имаат задолжено само формациско оружје,освен специалните единици и ВП,кои редовно и секојдневно носат и лично воружување,или пак и они имаат задолжено и лично воружување но не го носат ? | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 9/4/2014, 13:51 | |
| Вежба „Македонски Блесок - 10“ - оценување на СПБГ и ЛМБ Денес, 09 април 2014 година, во раните утрински часови, декларираната Средна Пешадиска Баталјонска Група (СПБГ) успешно изврши марш од касарната „Боро Менков“ во Куманово до армискиот полигон (АП) „Криволак“ и изведе офанзивни операции во реонот на „Џидимирци“, како една од првите борбени постапки со која започна оценувањето на оваа единица, согласно Концептот за оперативни способности на НАТО. На АП „Криволак“ СПБГ ќе се оценува низ решавање на повеќе настани и инциденти, во кои ќе треба да ги изврши следните задачи: блокада на пат, ескортирање и напад на конвој, постапки при наоѓање на експлозивна направа, формирање на постојана и мобилна контролна точка, мобилна и извидувачка патрола, постапки при артилериски напад на база, кордон и пребарување, реакција на контаминирано земјиште, евакуација на повредени и заболени (MEDEVAC, CASEVAC) и друго. Оценувањето на Лесната маневарска болница (ЛМБ) се врши со имплементацијата на стандардните оперативни процедури при MASCAL (ситуација кога има масовен број на сериозно повредени) од укажување на прва помош, прием, тријажа, хируршки третман, стабилизирање и медицинска евакуација по воздушен пат доколку е неопходен третман од повиско ниво на здравствена заштита. До крајот денот беше реализиран и проектот од доменот на цивилно-воената соработка за Донацијата од АРМ, која се состои од една целодневна ужина од прехранбени продукти од целокупното раководство на вежбата и Полската болница, во име на учесниците на вежбата „Македонски Блесок – 10“ во Специјален завод за ментално ретардирани лица - Демир Капија. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2014/04/ocenuvanje_na_spbg_i_lmb.htmlПозз до Бабун со сликава ... | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 10/4/2014, 13:29 | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Вежби на АРМ | |
| |
| | | | Вежби на АРМ | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|