|
|
| Вежби на АРМ | |
|
+20Momak od Gjorce ESN leopard BoyfromKavadarci Macedonian Knight РИС Goust Mrshajnoski Braveheart993 Wolf Smrtnikot JKD assasian tose Patriot94 Генерал Legija91 Alvar Зоран SIG 24 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 23/9/2013, 14:24 | |
| - Alvar напиша:
- И МО заебава со ова маливе слики, му спомнав на тој дечкото што работи во односи со јавност за истово, вика големите им зафаќале простор.
А можат фино лепо да си отворат страна на flickr... како што имаат и други армии, па ставај ги во hi-res. Големите слики им заваќале простор абе ајде,а кога го сликаат министерот и ГШ со некоја страна делегација ставаат слики во размер 2,000px... | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 24/9/2013, 16:41 | |
| Постигнати одлични резултати на вежбата „Предизвик2013“ Денес, 24-ти септември 2013 година (вторник), на Армискиот полигон (АП) ,,Криволак“ се одржа Ден за високи гости во рамките на билатералната воена вежба ,,Предизвик 2013“ на која учествуваа припадници на АРМ и Вооружените сили (ВС) на Република Словенија. На денот за високи гости присуствуваа: Министерот за одбрана Талат Џафери, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, Заменик амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија Алеса Совинц, високи претставници од ВС на Република Словенија, воените аташеи акредитирани во Република Македонија и други гости. На АП ,,Криволак“ денес со изведување на тактичка вежба со боево гаѓање, како и со техничко гаѓање, својата врвна обученост ја прикажаа припадниците на баталјонот за противвоздушна одбрана (ПВО) на АРМ и припадниците на единицата за ПВО од составот на ВС на Република Словенија, кои со одличен успех изведоа гаѓање на цели во воздушниот простор, со лесен преносен ракетен систем ,,Игла“. По завршувањето на вежбата, министерот Џафери истакна дека со резултатите на гаѓањето, припадниците на двете армии покажале дека одлично ја завршиле работата, со што се покажува дека средствата од буџетот наменети за обука се трошат на вистински начин. Началникот на ГШ на АРМ поздравувајќи ги учесниците на вежбата од двете армии им честита на одличните резултати и беспрекорната организација на вежбата, при што нагласи дека соработката помеѓу АРМ и ВС на Република Словенија е пример во регионот и дека таа претставува поттик за унапредување на односите помеѓу државите. Вежбата ,,Предизвик 2013“ е шеста по ред од ваков вид која на АП ,,Криволак“ заедно ја изведуваат припадниците на АРМ и ВС на Република Словенија, а совладувањето на заедничката обука, ќе придонесе за зголемување на борбената готовност, оперативната способност, како и интероперативноста на баталјонот за ПВО кој е во составот на воздухопловната бригада на АРМ. Заокружувањето на овој проект претставува уште еден силен импулс кон јакнењето на билатералната воена соработка на АРМ со ВС на Република Словенија. http://www.arm.mil.mk/den_na_visoki_gosti_za_vezbata_Predizvik_2013.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 24/9/2013, 16:57 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 24/9/2013, 17:11 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 14/10/2013, 15:23 | |
| Започна теренската вежба „Македонски Блесок-9“ Денес, 14 октомври 2013 година, во Центарот за обука „Пепелиште“ се одржа свеченост за отварање на теренската вежба „Македонски Блесок-9“. На чинот на свеченото отварање пред учесниците на вежбата се обрати Заменикот на командантот на Здружената Оперативна Команда, бригаден генерал Мухамет Рацај кој истакна дека реализацијата на вежбата ,,Македонски Блесок 9“ за Армијата на Република Македонија претставува задача од врвен приоритет од што ќе произлезе самооценување Ниво 2 на Средната Пешадиска Баталјонска Група и НАТО оценување Ниво 1 на Лесната маневарска болница. Генералот Рацај истакна дека високите оценки кои ги добиваме во континуитет од НАТО при извршувањето на мировните мисии, но и успешно изведените вежби за оценување на декларираните единици, се најголемата гаранција дека и оваа, од многу аспекти комплексна вежба ќе ја реализираме со успех. На вежбата & претходеа неколкумесечни индивидуални и колективни подготовки, со цел да се изврши обука и извежбување во разни ситуации, согласно листата на задачи на НАТО при изведување на операциите за подршка на мирот. Оваа вежба ќе биде една од најсложените и најголемите досега, со оглед на бројот на учесниците (околу 1700 припадници на АРМ), но со примена на искуствата и научените лекции стекнати од досегашните вежби и учеството во меѓународните мисии, се очекува таа да биде беспрекорно реализирана и да ја постигне очекуваната цел. Вежбата ,,Македонски Блесок-9“ е жива вежба со единици на терен базирана на сценарио за операции за поддршка на мирот предводени од НАТО/ЕУ, а под мандат на ОOН, со која треба да се демонстрира обученоста и целосна интероперабилност со Армиите на земјите-членки на НАТО. Согласно сценариото, вежбата ќе се реализира во четири фази и ќе заврши на 18 Октомври со првичниот брифинг за постигнатото оценување. http://www.arm.mil.mk/%D0%9C%D0%91-9.html | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11131
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 14/10/2013, 16:22 | |
| ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| | | | Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 14/10/2013, 18:20 | |
| Хахаха .. ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 15/10/2013, 17:03 | |
| Оценување на Лесната маневарска болница на АРМ и донација од припадниците на АРМ на ДСУ „Искра“ во Штип Денес, 15 октомври 2013 година (среда), во Центарот за обука „Пепелиште“, започна оценувањето (НАТО 1) на Леснaта маневарска болница на АРМ, кое се одвива во рамките на вежбата „Македонски блесок - 9“ . Оценувањето се реализира според Концептот за оперативни способности на НАТО, а го спроведува оценувачки тим на НАТО, кој денес ги оценуваше интероперабилноста и оперативната способност на болницата, како главен предуслов за спроведување на следните нивоа на оценувања, согласно овој концепт. Според сценариото на вежбата, се оценуваше имплементацијата на стандардните оперативни процедури за укажување на прва помош, прием, тријажа, хируршки третман и стабилизирање, во услови на масовен број на сериозно повредени лица во Лесната маневарска болница и нивната медицинска евакуација по воздушен пат, со примена на неопходен третман од повиско ниво на здравствена заштита. НАТО оценувањето - Ниво 1 има исклучително значење за Лесната маневарска болница на АРМ, од причина што за првпат се оценува единица од овој тип, која е декларирана за упатување во мисии предводени од НАТО, ЕУ и ОН. Во обиколка на вежбата, денес на Армискиот полигонот ,,Криволак“ беше началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, кој беше придружуван од командантот на Здружената операивна команда генерал-мајор Методија Величковски и командантот на 1.механизирана пешадиска бригада бригаден генерал Павле Арсоски. Инаку, во рамките на цивилно-воената соработка, денес учесниците на вежбата „Македонски Блесок - 9“ донираа еднодневна ужина на децата од Државното средно училиште (ДСУ) за образование и рехабилитација „Искра“ во Штип. За покажаната хуманост, директорката на ДСУ „Искра“, Штип до припадниците на АРМ изрази благодарност при што им врачи рачно изработена ракотворба. http://www.arm.mil.mk/MB-9_donacija.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 15/10/2013, 17:08 | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Вежби на АРМ | |
| |
| | | | Вежби на АРМ | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|