|
|
| Вежби на АРМ | |
|
+20Momak od Gjorce ESN leopard BoyfromKavadarci Macedonian Knight РИС Goust Mrshajnoski Braveheart993 Wolf Smrtnikot JKD assasian tose Patriot94 Генерал Legija91 Alvar Зоран SIG 24 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11131
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 15/10/2013, 21:28 | |
| Сега кога ќе нападнат Орките и Урук Хаи, па засилување од Саруман и Саурон... кај ќе ни биде крајот. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 15/10/2013, 23:39 | |
| - Alvar напиша:
- Сега кога ќе нападнат Орките и Урук Хаи, па засилување од Саруман и Саурон... кај ќе ни биде крајот.
Моли бога ОРКИ те да се мирни. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 16/10/2013, 15:20 | |
| Оценување на средната пешадиска баталјонска група Денес, 16 октомври 2013 година (среда) во раните утрински часови, декларираната Средна пешадиска баталјонска група (СПБГ) успешно изведе марш од касарната „Боро Менков“ во Куманово до армискиот полигон (АП) „Криволак“ со што вежбата „Македонски Блесок 9“, влезе во завршна фаза. Маршот припадниците од 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) го изведоа со формирање на конвој од над 180 моторни возила, како една од првите борбени постапки со која започна оценувањето на СПБГ. До крајот на денот СПБГ ќе се оценува на АП „Криволак“ низ решавање на повеќе настани и инциденти, во кои треба да ги изврши следините задачи: блокада на пат, постапки при наоѓање на експлозивна направа, ескортирање и напад на конвој, формирање на постојана и мобилна контролна точка, мобилна и извидувачка патрола, постапки при артилериски напад на база, воздушен напад, кордон и пребарување, реакција на контаминирано земјиште, евакуација на повредени и заболени (MEDEVAC, CASEVAC) и друго. Во Центарот за обука „Пепелиште“ денес влегува во завршна фаза оценувањето на Лесната маневарска болница на АРМ (НАТО 1). Се очекува единиците од составот на СПБГ да покажат висок степен на интероперативност и оперативна способност, со што ќе ги исполнат предвидените критериуми за оценување, согласно Концептот за оперативни способности на НАТО. До крајот на денот, се спроведува уште еден проект на вежбата од доменот на цивилно-воената соработка, кој се однесува на еколошкото уредување на просторот. Денес, припадниците на инженерискиот баталјон од 1. мпбр со механизацијата која ја поседуваат во формацискиот состав, ќе го отстранат отпадот во околината на селото Криволак, со цел за создавање на почиста и поздрава животна средина. http://www.arm.mil.mk/Ocenuvanje_na_SPBG.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 16/10/2013, 15:25 | |
| | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 16/10/2013, 18:02 | |
| Марш на пешадискиот баталјон од Куманово до Криволак (ФОТО) Во раните утрински часови Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) успешно изведе марш од касарната „Боро Менков" во Куманово до армискиот полигон „Криволак" со што вежбата „Балкански Блесок 9", влезе во завршна фаза, информира Генералштабот на АРМ. Маршот припадниците од Првата механизирана пешадиска бригада го изведоа со формирање на конвој од над 180 моторни возила, како една од првите борбени постапки со која започна оценувањето на пешадиската група. До крајот на денот војниците ќе ги изведат следниве задачи: блокада на пат, постапки при наоѓање на експлозивна направа, ескортирање и напад на конвој, формирање на постојана и мобилна контролна точка, мобилна и извидувачка патрола, постапки при артилериски напад на база, воздушен напад, кордон и пребарување, реакција на контаминирано земјиште, евакуација на повредени и заболени и друго. Во Центарот за обука „Пепелиште“ денес влегува во завршна фаза и оценувањето на лесната маневарска болница на АРМ (НАТО 1). До крајот на денот, се спроведува уште еден проект на вежбата од доменот на цивилно-воената соработка, кој се однесува на еколошкото уредување на просторот. Припадниците на инженерискиот баталјон со механизацијата која ја поседуваат во формацискиот состав, ќе го отстранат отпадот во околината на селото Криволак заради почиста и поздрава животна средина, вели Генералштабот на АРМ. http://www.mkd.mk/makedonija/politika/marsh-na-peshadiskiot-bataljon-od-kumanovo-do-krivolak-foto ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 17/10/2013, 16:28 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 17/10/2013, 17:22 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 17/10/2013, 17:51 | |
| Покажана врвна обученост и постигнати високи резултати на тактичката вежба со бојно гаѓање во рамките на вежбата „Македонски Блесок-9“ Денес, 17-ти октомври (четврток), во рамките на воената вежба ,,Македонски Блесок-9” на Армискиот полигон (АП) ,,Криволак“ за Денот за високи гости се изведе тактичка вежба со бојно гаѓање ,,Засилена средна пешадиска баталјонска група (СПБГ) во напад“. На Денот за високи гости присуствуваа: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана Талат Џафери, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, Заменикот на министерот за одбрана Емил Димитриев, Командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал-мајор Методија Величковски, пратеници од Соранието на Република Македонија, претставници на Владата на Република Македонија, воените аташеа акредитирани во Република Македонија, претставници на Канцеларијата за врски на НАТО, градоначалникот на општина Штип и други високи гости. Тактичката вежба со бојно гаѓање беше изведена со декларираните единици кои се дел од СПБГ, како и други родовски единици и единици за логистичка и борбено-сервисна поддршка. Учесниците на вежбата, на АП ,,Криволак“ покрај практичната примена на тактиките и процедурите за изведување на офанзивни борбени дејства, демонстрираат врвна обученост во извршување на различни гаѓања од пешадиско и артилериско вооружување, како и ефикасна блиската воздушна поддршка на СПБГ. По вежбата, Претседателот Иванов им оддаде признание на учесниците на вежбата за покажаните резултати, при што истакна дека Армијата може да извршува најкомплексни офанзивни и борбени дејства кои се во согласност со сите НАТО стандарди, потенцирајќи дека со покажаното на ,,Македонски Блесок-9“, АРМ го има она што го бара НАТО и дека е само прашање на моментот кога таа ќе биде дел од Алијансата. Министерот Џафери рече дека според подготвеноста и извежбаноста кои декларираните единици ги покажаа на денешната вежба, уште еднаш се потврдува дека Министерството за одбрана и АРМ се подготвени да ги превземат целосно сите обврски кои произлегуваат од подготовките за полноправно членство во НАТО. Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески нагласи дека денес беше изведена најголемата и најкомплексна вежба на АРМ од нејзиното формирање, заради учеството на сите родови и видови во Армијата, при тоа оценувајќи ја вежбата со многу висока оценка, заради што истакна дека е горд како началник на ГШ на АРМ со она што го покажаа припадниците на АРМ пред политичкото раководство на државата, но и пред воено-дипломатскиот кор. Утре е последниот ден на ,,Македонски Блесок-9” кога е предвидено да биде првично и неофицијално соопштена оценката од спроведеното оценување (самооценување ниво 2) за СПБГ и (НАТО 1) за Лесната маневарска болница. http://www.arm.mil.mk/pokazana_vrvna_obucenost.html | |
| | | Patriot94
Број на мислења : 13
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 17/10/2013, 18:01 | |
| - Momak od Gjorce напиша:
Таљо ми е најсмешен на сликава,ахаххаахха аууу | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Вежби на АРМ 17/10/2013, 20:10 | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Вежби на АРМ | |
| |
| | | | Вежби на АРМ | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|