| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+19tose Legija91 Kire1993 Smrtnikot darkness Zajcef Mrshajnoski shady3 gladiator_17 eye triangle beowulf meth Генерал Momak od Gjorce Subzero Зоран Alvar SIG Phalanx 23 posters |
|
Автор | Порака |
---|
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 6/2/2013, 11:31 | |
| Воените ветерани на УЧК, членови на Здружението на албанските политички затвореници во Македонија, студенти од тетовскиот Универзитет и граѓани во петок ќе протестираат пред српската амбасада во Скопје. Протестот доаѓа по отстранувањето на споменикот во центарот на Прешево и апсења на група Албанци во регионот. Според Фазли Велиу српската влада ги тероризира Албанците во Прешевската долина. Протест се најавува против како што се вели дискриминаторската политика на Србија кон Албанците, особено оние кои живеат во Прешевската долина, Медвеѓe и Бујановац. http://republika.mk/?p=16875 | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 7/2/2013, 12:09 | |
| Албански историчари пак предлагаат размена на територии Размената на територии и менувањето на граници не е никаква пречка за решавање на проблемите на Балканот, сметаат одредени албански историчари во Македонија. Тие предлагаат припојување на Прешевската долина кон Македонија, а како компензација за тоа на Србија да и се отстапат некои територии од околината на Куманово и на Крива Паланка. Весникот на албански јазик „Лајм“ ја пренесува изјавата на историчарот Скендер Хасани кој смета дека со ова би се решиле проблемите на Албанците од Прешевската долина, а со тоа би се амортизирале и српските барања за поделба на Косово. Хасани вели дека историски гледано Прешево отсекогаш, од кралството Дарданија, па се до периодот меѓу двете светски војни, кога долината стана дел од федерална единица на Србија, била дел од Македонија. Хасани инаку е и претседател на Здружението на албански историчари во Македонија. Весникот „Лајм“ ја цитира и изјавата на градоначалникот на Прешево Рагми Мустафа кој вели дека идејата за размена на територии не треба да се отфрли, туку треба сериозно да се анализира. http://www.mkd.mk/96081/makedonija/albanski-istoricari-pak-predlagaat-razmena-na-teritorii/ ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 7/2/2013, 12:15 | |
| Ученици почнале, родителите дозачиниле инцидент во кичевската гимназија Кичевската полиција вчера спречила инцидент во двоимената гимназија „Мирко Милески“ и „ДРИТА“ помеѓу две групи на ученици да прерасне во голема тепачка. Од полицијата велат дека додека учениците биле на одмор, неколку момчиња наводно им дофрлувале навредливи зборови на соученички. За брзо време во одбрана на навредените девојчиња застанале нивните другари, кои пак се скарале со соученици и се туркале. Додека за настанот дознале учителите, приказната за инцидентот се проширила и низ градот. Според нашите соговорници од Кичево, поголема група на возрасни кичевчани се собрале пред гимназијата, а зад нив малолетници довикувале навредливи зборови. Неофицијално дознаваме дека полицијата успеала за брзо време во Кичево да направи кордон помеѓу две насобрани група на граѓани и да спречи поголем инцидент. Од МВР известија дека околу 15 часот во Кичево поголема група на граѓани имале мирен протест и побарале да се разреши инцидентот во гимназијата. Утрово, наставата во гимназијата се одвива според наставниот план, а како што не известија неколку граѓани на Кичево, по улиците и околу гимназијата има големо присуство на полиција. http://plusinfo.mk/vest/79416/Uchenici-pochnale-roditelite-dozachinile-incident-vo-kichevskata-gimnazija ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 7/2/2013, 12:23 | |
| Ваше мислење дечки, дали во блиска (година, две, три) иднина би можело да има поголем меѓуетнички конфликт во Македонија... а можеби и поширок воен конфликт кој би ја зафатил државава, Косово, Србија, Албанија? Ја сум на мислење дека премногу работи се ставија под тепих, и дека помини замини сега нон стоп се сопнуваме од ридот ѓубре. Исто мислам дека воен конфликт во Македонија (со вклучување на околните држави) е неизбежен. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 7/2/2013, 13:37 | |
| Искрено се надевам, и сакам да верувам дека американсакта поддршка за браќава не е иста како пред десетина години. | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 7/2/2013, 15:03 | |
| - Frogfoot напиша:
- Искрено се надевам, и сакам да верувам дека американсакта поддршка за браќава не е иста како пред десетина години.
Да, веројатно не е... изгледа е поголема. Не се џапаат они туку така ако немаат грб. edit> Друже Алек, по грешка ти избришав дел од постот... наместо да цитирам дел од него. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 7/2/2013, 15:24 | |
| Нема грешка брат | |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 7/2/2013, 16:13 | |
| Ќе видиме утре... ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 7/2/2013, 16:20 | |
| Што има утре? ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 7/2/2013, 16:20 | |
| | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
|
| |
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|