Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 35 ... 67, 68, 69 ... 84 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty8/4/2013, 21:17

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty8/4/2013, 21:27

Ноќеска во Враништа вриеше, селаните се подготвуваат за барикади

Според сите достапни информации, синоќа во ова струшко село бил избегнат посериозен меѓуетнички инцидент. Приврзаници на ДПА и на ДУИ влегле во македонското село и викале „уа каури", „УЧК, УЧК", а претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ успеале да ги смират разбеснетите толпи.

Ако не беше полицијата, тука вчера ќе беше кланица. И тоа меѓу Македонците. Македонците-православци од Враништа и Македонците муслимани и Албанците од Велешта, Октиси и Лабуништа.

Вака неколку вранештанци ги опишуваат вчерашните сцени во селото.

„Ни влегоа во дворовите. Што требаше да правиме, да седиме дома и да се криеме. Се разбира дека и ние се организиравме и излеговме да го браниме селото“, вели еден од нашите двајца соговорници.

И двајцата велат дека сè почна откако колоните со возила, кои ја прославувале изборната победа за градоначалник на Струга на Зијадин Села од ДПА, минувале низ селото и од колите провоцирале. Селаните во тие моменти биле мирни и трпеливи и не провоцирале.

„Но гужвите почнаа кога неколку коли застанаа, кога почнаа да ги веат албанските знамиња, да викаат „УЧК, УЧК“, „Уа каури“, а и тоа не им беше доста, па почнаа да ги тепаат и децата што беа тука, пред продавницата, кај стадионот. Едното од нив го удрија со стол. А од колите извадија шипки, камења, секири... Се слушаа и истрели од пиштоли. Тоа значи дека тие дојдоа да направат инцидент, а не да слават. Се разбира и ние одговориме. Дојдоа наши и од Мислешево и од Струга. Се формираа две поголеми групи, кои беа на оддалеченост од стотина метри. Од заднината, од селото Велешта се слушаа и истрели од калашников“, вели нашиот соговорник.

Неговиот пријател додава дека иако веднаш ја повикале полицијата, таа дошла дури по 45 минути.

„Малку се смири работата кога дојде полицијата. Ама коли на симпатизерите на ДПА или на ДУИ и понатаму одвреме-навреме влегуваа во селото и со голема брзина и со кочење, вртеа сретсело. Еден од нив го препознавме. Познат престапник. Го пријавивме и полицијата нè извести дека го привеле во Струга. Потоа дојдоа специјалците, кои успеаја нивната толпа да ја оддалечат од селото. До три часот по полноќ беше навистина напнато“, вели младиот враништец.

Меѓу народот, секој кај „своите“ биле присутни и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и Тахир Хани, заменик-министерот за транспорт и врски од ДУИ. Присутните велат дека обајцата успеале некако да ја смират ситуацијата.

И двајцата наши соговорници од Враништа се согласни дека ова нема да се смири, дека напнатоста ќе продолжи и дека тие веќе се подготвуваат за организирање барикади за одбрана на селото.

Еве добар терен за партиските активисти на дело да ги покажат своите политички определби за соживот и економски просперитет.

МВР: Ги преземаме сите потребни мерки

„Секторот за внатрешни работи Охрид преку полициската станица во Струга навреме излезе со цел спречување на поголем конфликт и во текот на денот ги презема сите потребни мерки со цел расветлување на случајот и утврдување на инволвираноста на сите учесници“, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/nokjeska-vo-vranishta-vrieshe-selanite-se-podgotvuvaat-za-barikadi

А зошто државава не им подели по едно формациско оружје по куќа, па кога веќе полицијата не превзема ништо... барем сами да се бранат.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty8/4/2013, 21:42

Незз кај прочитав ама изгледа во Струга ке има трет круг...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty8/4/2013, 21:43

Ако дозволи DICK.

edit: http://republika.mk/?p=50944

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty9/4/2013, 14:18

Враништа и Лабуништа ја ставија политиката во оган
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4913919507&id=9&prilog=0&setIzdanie=22851

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty9/4/2013, 18:17

ДУИ: Извојувана е национална победа од Струга до Липково

Албанците во Македонија со освојувањето на градоначалничките места во Струга и во Кичево извојуваа национална победа на локалните избори, велат од Демократската унија за интеграција. Во владејачката албанска партија се задоволни што со концептот на територијалната поделба на земјата, етничките Албанци добиле свои градоначалници, како што велат, од Струга до Липково.

- Проектот на ДУИ кој беше конципиран во територијалната поделба од 2005 година, а имаше за цел локалната власт да биде рефлексија на демографската реалност и на волјата на мнозинството граѓани во одредена општина, ја постигна целта. Дури и се надгради така што ние сме задоволни со победата од Струга до Липково - изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Тој порачува дека ДУИ остварила голема политичка победа и со тоа се легитимирала како претставник на Албанците и во централната и во локалната власт во Македонија.

- Сметам дека граѓаните на Тетово и на Гостивар донесоа една значајна одлука, а тоа е да ги извадат Тетово и Гостивар од самоизолацијата, дефакторизирањето и поделбата - рече Османи.

Според ДУИ, локалните избори минале во фер и демократска атмосфера во согласност со највисоките европски стандарди.
http://plusinfo.mk/vest/88074/DUI-Izvojuvana-e-nacionalna-pobeda-od-Struga-do-Lipkovo

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty9/4/2013, 18:23

(Видео) Директорот на железници Асани им порача на новинарите учете албански

Научете албански или обезбедете преведувач во редакциите, директорот на Македонски Железници – инфраструктура Ирфан Асани наместо да обезбеди превод од албански на македонски ги советуваше новинарите како да пренесат информации од официјална прес конференција за меѓудржавен настан.

Јас не можам да обезбедам превод, или вие како редакции обезбедете си преведувач, јас законски си зборев на македонски, ако сакате подоцна ќе би прераскажам за изјавата на косовскиот директор, вели Ирфан Асани – директор на Македонски Железници .

Иако новинарите по изјавата на гостинот од Косово кој иако имаше желба да говори на српски, сепак се обрати на албански, побараа официјален превод, Асани одговори дека тој си ја исполнил законската обврска со говор на македонски, а од новинарите побара редакциите да им обезбедат превод.

Директорот на државната компанија Македонски Железници – инфраструктура потпиша меморандум за соработка со Косовската железница – инфраструктура во рамките на јубилејот 140 години од основање на Македонски Железници.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=3978

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Kire1993

Kire1993


Број на мислења : 24

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty9/4/2013, 18:50

Хашкиот трибунал го ослободи Јохан Тарчуловски

Љубанци подготвено за пречекот на Јохан Тарчуловски. Во неговото родно место денеска се забележуваше насмевка на сечие лице по веста дека по 8 години Тарчуловска се враќа во Македонија. Плакати со неговиот лик има насекаде.

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 37194

Неправедно лежеше во затвор велат жителите на Љубанци и едвај чекаат да го видат на слобода.

Според адвокатот Антониот Апостолски, Тарчуловски во Македонија ќе пристигне деновиве кога ќе се сределе сите тхнички процедури.

Тарчуловски Хашкиот трибунал го осуди на 12 години затвор. По конечната пресуда беше префрлен во затворот во Германија.

Во меѓувреме одбраната на Тарчуловски го искористи законското право на жалба откако на Тарчуловски му поминаа две третини од затворкста казна, по што тибуналот се изјасни позитивно.

Ова е добра вест Wink

http://24vesti.mk/hashkiot-tribunal-go-oslobodi-johan-tarchulovski
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty10/4/2013, 19:13

Ексклузивно видео од излегувањето на Јохан

Јохан Тарчуловски денеска излезе од затворот во градот Диц, Германија, каде што ја издржуваше затворската казна.

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Video500

Веднаш по излегувањето од затворот Тарчуловски, кој бил пречекан од неговата сопруга Соња, блиски пријатели и иселеници, го бакнал македонското знаме. Го пречекале и македонската амбасадорка во Германија Корнелија Утевска - Глигоровска, како и од амбасадорот во Холандија Никола Димитров заедно со членовите на дипломатските мисии во овие две земји.

Според неговиот адвокат Антонио Апостолски, се очекува утре Тарчуловски да пристигне во Република Македонија.

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Johan-izleze500

Пред да тргнат за Скопје, Јохан и неговата сопруга Соња ќе ја посетат новата црква „Свети Никола" во Мајнц, Германија.

Почесниот конзул на Македонија во Германија, Мирче Филиповски изјави дека го очекуваат околу 18 часот во црковната општина во Мајнц.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/111564-Ekskluzivno-video-od-izleguvanjeto-na-Johan


Утре во 18:30 часот пречек за Јохан на скопскиот плоштад

Македонија достојно ќе го пречека Јохан Тарчуловски.

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Jjjjj

Утре во 14:30 тој ќе пристигне на скопскиот аеродром „Александар Велики“, а организиран пречек ќе има и на скопскиот плоштад.

Во 18:30 е предвидено да започне пречекот на плоштадот „Македонија“.

Се очекува голем број на Македонци да му посакаат “добредојде“ на човекот кого го нарекоа македонскиот херој.

По осум години минати во затвор, Тарчуловски е на слобода!

http://kurir.mk/makedonija/vesti/111573-Utre-vo-1830-casot-precek-za-Johan-na-skopskiot-plostad
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty10/4/2013, 23:28

Кога е најтешко покажи кој си и што си.
И да умреш, ќе умреш за својата земја.

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 68 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 68 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 35 ... 67, 68, 69 ... 84 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: