Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+28
BABUN
trpe grozni
MarkoMKD
Macedonian09
mstislav
MakWarrior
HoLfElDeR
shady3
dzole
Panter
Iko
loran11
Legija91
Mrshajnoski
darkness
kocov
assasian
РИС
koki.skopje
Зоран
JKD
Цане
Alvar
Smrtnikot
Momak od Gjorce
Генерал
Macedonian Knight
SIG
32 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 24 ... 45, 46, 47 ... 73 ... 100  Next
АвторПорака
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty4/4/2015, 16:48

Smrtnikot напиша:
Тоа што моментално се случува и се зборува е од чисто политички мотиви и содржина, а сигурно има причина зошто е така. Како и да е, не знам зошто толку го обвинуваш Стојанче кога истите тие се на власт повеќе од 10 години заедно со најголемите "патриоти" кои покрај тоа што го централизираат Скопје и го затрупија со непотребни глупости, асимилирајќи ги останатите Македонски градови. Имам споменато дека не сакам да дискутирам на политички теми, меѓутоа гледај малку објективно бидејќи Ангелов не е во последните 10 години во коалиција со партијата која непосредно произлезе од тогашниот состав на УЧК. Ангелов не е во влада чии министри лично пред камера ослободуваат криминалци кои физички се пресметаа со Македонци на кале, Ангелов не беше во влада која изгласа амнестија за сторители на злосторства против човештвото итн итн инт. Затоа доста со одбраната на самопрогласени "патриоти". Што се однесува на шиптарите, помири се со тоа дека нови војни ниту пак некакво си етничко чистење нема да има, бидејќи и тие се граѓани на оваа држава без разлика дали на нас тоа ни се допаѓа или не. Тоа е народ кој сме го признале како таков, народ кој има политичка партија која речиси една деценија е на власт и чии права се конкретно пропишани и заштитени со рамковен договор кој како држава сме го потпишале. Во кратки црти, тоа е тоа.

Стојанче е нешто посебно, он додека бил на фронт, сите тие политичари кои се на власт и сите тие кои сега ги брани не ни помислувале да земат оружје во рака. И таканаречените "(не)патриоти" од СДСМ тоа време ги затекнаа тие истите (2002-2006), не заборавај дека беа коалиција со УЧК. Не заборавај дека истите тие ги правеа бранителите од лошо полошо. Они се политичари, Стојанче е бранител, не бранел, мене, тебе, твојата фамилија, пријателите, сега да коалицира со нив и заедно да учествува во некакво рушење на власта која на избори е избрана од повеќе од пола милион гласачи, тоа е многу поболно.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty4/4/2015, 17:05

Да ама тоа "уривање" се случува на легитимен демократски начин, на каков што има право секој граѓанин на оваа држава, како што гледаме има и доста добра бројка на незадоволни граѓани. Пред се тоа што се случува моментално, не се случува без причина. Не заборавај само дека тоа беше пост воен период и СДСМ (па и која и да била друга) немаа 62-3 пратеници како што тоа ДПМНЕ го имаа во 2 наврати. Во 2 наврати побараа од народот 62-3 пратеници со цел да не бидат уценувани од ДУИ и на крај пак коалицираа со нив. Не би сакал да дискутирам на политичка основа.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty4/4/2015, 17:55

Smrtnikot напиша:
Да ама тоа "уривање" се случува на легитимен демократски начин, на каков што има право секој граѓанин на оваа држава, како што гледаме има и доста добра бројка на незадоволни граѓани. Пред се тоа што се случува моментално, не се случува без причина. Не заборавај само дека тоа беше пост воен период и СДСМ (па и која и да била друга) немаа 62-3 пратеници како што тоа ДПМНЕ го имаа во 2 наврати. Во 2 наврати побараа од народот 62-3 пратеници со цел да не бидат уценувани од ДУИ и на крај пак коалицираа со нив. Не би сакал да дискутирам на политичка основа.


Не би сакал да зборам за политика.

Ама ај ке го кажам ова, од 2006 година па до ден денес во ВМРО ДПМНЕ има голема бројка на незадоволни граѓани, зборам за членови, башка симпатизери, но иако се лути и незадоволни за некои работи кои се случуваат во партијата тие пак гласаат или за ВМРО ДПМНЕ, или не излегуваат на гласање воопшто, од проста причина бидејќи немаат за кого друг да гласаат. Инаку еден човек стар член на ВМРО ДПМНЕ, ветеран уште од 90тите, кажува дека во 2002 година кога биле изборите, единствена причина која СДСМ победи на изборите е поради тоа што ветераните се договориле меѓу себе да не излегуваат да гласаат бидејќи биле многу револтирани од сопствената партија предводена од Љупчо Геогиевски, инаку тогаш се да беше како требаше, ВМРО ДПМНЕ ќе владееше уште од 2002 година па се до денес.
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty4/4/2015, 18:14

Smrtnikot напиша:
Да ама тоа "уривање" се случува на легитимен демократски начин, на каков што има право секој граѓанин на оваа држава, како што гледаме има и доста добра бројка на незадоволни граѓани. Пред се тоа што се случува моментално, не се случува без причина. Не заборавај само дека тоа беше пост воен период и СДСМ (па и која и да била друга) немаа 62-3 пратеници како што тоа ДПМНЕ го имаа во 2 наврати. Во 2 наврати побараа од народот 62-3 пратеници со цел да не бидат уценувани од ДУИ и на крај пак коалицираа со нив. Не би сакал да дискутирам на политичка основа.

Ама не е морално.А моралот е она што они го бараат кај овие на власт,а поради тоа што од снимките се гледа дека го немаат,бараат оставки.А оставка ради разговор никој не ти дава.Кога ќе се докаже се она што е зборено во разговорите,дека е вистина,тогаш може да се бара оставка.

И на страна оставки моставки,нај неморално е од таков човек,да коалицира со учки,да ги нарекува браќа,да ги нарекува свои граѓани,заедно ќе се бориме...кого прашал он дали сакаме да се бориме заедно со нив ? па тие прва прилика и ќе ти забодат нож во грб како што кажа и другиот член,тоа се 90% болни умови а тие 10% ги подржуваат на најразлични начини,иди седни со некој најголем "либерален" тип од шиптарска страна,ќе биде добар се додека не му кажеш лошо,спомни му нешто за учк дека биле терористи ќе ти извади очи,они биле борци за права.Они се како црева,тоа треба да ни е јасно,и меѓу нив и оној што не е спремен да зе ме пушка,ги подржува на најразличен начин,од новинари до бизнисмени.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty4/4/2015, 18:35

Морално... Ако имаше некој од владеачката структура барем малку морална одговорност и совест досега сигурно ќе беше поинаку, а некои функционери одамна ќе превземеа одговорност за одредени работи во нивната област како што тоа се прави во нормалните и демократски држави. Тоа дека ветераните се договориле и слични глупости се муабети за пред коперација. Јасно беше дека во тој пост конфликтен период сите работи биле диктирани од големите играчи кои ги влечеле конците и биле креатори на тој конфликт, со цел да се остварат одредени интереси кои се познати само на нив. Да се навратам на моралот, пред некоја година во Бугарија имаше 2-3.000 луѓе кои беа незадоволни од владата и го искористија своето демократско право да излезат на протест. Тоа беше доволен мотив за владата на Борисов да почувствува морална одговорност и да даде оставка. Кај нас пак студенти протестираат, средношколци бојкотираат, стечајци на улица, незадоволни граѓани пред МРТ во огромен број, опозицијата објавува вистинити аудио снимки кои се фрапантни, ама на нашава владеачка структура сето тоа го игнорира.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty4/4/2015, 18:54

Јас не реков дека овие имаат морал,а не реков ни дека треба да дадат оставка поради телефонски разговори ! ради телефонски разговор не можеш да осудиш никого.

Борисов формираше техничка влада,победи повторно и повторно е на чело на државата ако не се лажам.

Студентите не бараа оставки туку промена на законот,се промени.Средношколците бараа исто,се промени,немам атематика,веројатно и за екстерното ќе сменат.Оставки не се даваат така лесно и не се мења влада така лесно,башка веројатно не мислиш дека 200 илјади гласови се фалсификувани ? дека имало не регуларности,сигурно имало,дека имало далавери,имало,но дека победата ја добиле само поради тоа,треба да си луд да веруваш дека 200 илјади гласови се фалсификат.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty4/4/2015, 19:05

Човечињата од пустец за рачиња фатени, циганите за уши извадени, шиптарите... Барем така кажа министерката за внатрешни работи. Нормално да не ги заборавиме и гласовите на "патриотите" од дијаспората кои се многу патриотски настроени со плата од 5-10 илјади долари во западните земји и ги боли стап за граѓаните во РМ.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty4/4/2015, 19:11

Цел пустец е 2000 граѓани.само да знаеш.Муабетот ми е,дека не може 200 илјади да ги фалсификуваат.Нема теоретска шанса.

И што се креваше џева околу циганите не ми е јасно,кога 95% од народов на циганите гледа како на граѓани од 3ти ред,па гледај само што се дешава кога молат циганчиња за пари на семафори, на плоштад,на кеј,ги бркаат,пцујат,се однесуваат како да се господари а овие потчинети...и наеднаш сите се демократи и загрижени за состојбата на ромите ? ма немој да ме...
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty4/4/2015, 19:22

Едно е обичен граѓанин на улица, друго се клучни функционери во влада на држава која самата себе се промовира како демократска и притоа има ратификувано еден куп декларации за почитување на човековите права и слободи.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty4/4/2015, 19:28

Smrtnikot напиша:
Едно е обичен граѓанин на улица, друго се клучни функционери во влада на држава која самата себе се промовира како демократска и притоа има ратификувано еден куп декларации за почитување на човековите права и слободи.

Сите ние ја правиме сликата за оваа држава.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 46 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 46 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 24 ... 45, 46, 47 ... 73 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: