Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 48 ... 92, 93, 94 ... 96 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 93 Empty18/8/2013, 11:03

И мене не ми се верува што направија од армијата... но пред се од државата.
Уста полна со патриотизам, а на терен парам парчад... ја изработија како бавча, пола Македонија им ја дадоа на владеење на терористи и пробисвет. Само за пуста фотеља и неброени пари.
Инаку за анкетите и довербата кон Иванов... паметам дека истата неколку месеци по неговиот избор се движеше околу 1.5%. Не верувам дека напраил којзнае што во меѓувреме за биде поголема... а камоли таква од 60%. Љубе на времето го оквалификува како "фикус", и мислам дека не згреши во проценката.

Сево ова ќе си помине за некој ден, народецов ќе си го заборави како милион и еден скандал кој се случија досега.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 93 Empty18/8/2013, 16:59

Иванов: Институциите да го подобрат стандардот на АРМ

Македонската армија, по професионалноста, посветеноста и резултатите, ги надминува постојано нашите очекувања, рече македонскиот претседател Ѓорге Иванов на централната свеченост по повод Денот на АРМ - 18. август, како што јавуваат македонските медиуми.

На свеченоста во Скопје, македонскиот претседател и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов порача:

-Верувам дека ќе дојде денот кога кон успешното учество во мировните мисии и бројните индивидуални одличја ќе се придодаде и колективното признание кое сме го заслужиле – полноправното членство на Република Македонија во НАТО.

Иванов изјави дека македонската армија е ценет и посакуван партнер на НАТО. Според него, тајната на успехот на армијата е посветеноста кон реформите кои се прават за интероперабилност со структурите кон кои се стреми земјата.

-Треба да сме свесни дека без континуирано вложување во армијата, стекнатата реформска кондиција може лесно да се изгуби. Како што вооружените сили имаат уставна обврска да го штитат територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија, така и сите ние имаме обврска да им обезбедиме подобри услови на оние кои нe чуваат нас и нашите деца.

Како врховен командант на вооружените сили, цврсто сум уверен дека институциите во РМ надлежни за обезбедување финансиски средства, треба да преземат одредени мерки за подобрување на животниот стандард на припадниците на нашата армија, рече Иванов.

На свеченоста се обрати и министерот за одбрана Талат Џафери, кој нагласи дека македонската армија денес е професионална војска составена од добро подготвени мажи и жени. Воените сили, како што рече Џафери, се пополнети на ниво од 90 проценти, од кои 27 отсто се припадници од немнозинските заедници, а 10 проценти се жени.
http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=6664

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

АРМ - новости - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 93 Empty18/8/2013, 17:41

Хорхе да не беше обична марионета, како врховен командант на Армијата на Република Македонија ќе се потрудеше сам за да издејствува подобри услови за војниците и вработените во АРМ и притоа како вистински патриот да ја заштити од УЧКите.
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

АРМ - новости - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 93 Empty18/8/2013, 20:48

Нема ништо ова се е гола вода

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

АРМ - новости - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 93 Empty19/8/2013, 17:45

Касарната на АРМ во Гостивар од денеска во сопственост на општината

Општина Гостивар од денеска е сопственик на касарната на АРМ која се протега на површина од 30 хектари. Клучевите од овој објект на градоначалникот Невзат Бејта му ги даде министерот за одбрана Талат Џафери врз основа на планот за експропријација на објектите на АРМ. Имотот е проценет на околу три милиони евра.
„Посебно задоволство е тоа што денеска врз основа на планот за експропријација на имотот на Министерството за одбрана кој не се користи и од кој Министерството за одбрана веќе нема потреба, на определени постапки врз основа на одлуката на Владата, тој имот на трајно користење и без компензација преминува кај општина Гостивар, со надеж дека оваа општина тој имот ќе го користи на најдобар начин и во интерес на граѓаните на Гостивар,“ изјави министерот за одбрана Талат Џафери.
Бејта изјави дека имотот ќе се искористи за нови капитални инвестиции, не исклучувајќи ја и изградбата на нова модерна населба.
“Ние имаме тесна соработка со централната власт, особено со министерот Талат Џафери кој денеска ни доделува имот во вредност од три милиони евра и земјиште од над 30 хектари кое ќе биде во служба на општина Гостивар и во служба на сите граѓани кои живеат во општина Гостивар. Таму може да се изгради еден дел од Гостивар, затоа што тоа е најдобриот дел од градот. Граѓаните ќе градат свои станови и ќе се користи во интерес на граѓаните. Ова ќе биде најдобриот дел од градот Гостивар,“ рече градоначалникот Невзат Бејта.
Инаку, касарните на АРМ им се доделени и на локалните власти во Куманово и Дебар, каде се отворени дисперзираните факултети на ДУТ. Во останатите градови тие се користат за деловни активности и за други потреби на локалната власт. Сличен чекор, набргу се очекува да се случи и во општина Тетово.

Линк

R.I.P. АРМ...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 93 Empty19/8/2013, 17:47

Отпуштените војници од АРМ ќе си ја пробаат среќата во бугарската армија

Амбасадата на Бугарија во Скопје потврди дека веќе добила барање за средба од отпуштените професионални војници на АРМ, кои побарале да разговараат со бугарските дипломати за да се информираат дали може својот професонален ангажман да го продолжат во армијата на Бугарија.

Координаторот на групата отпуштени војници од АРМ, Илија Тодев, вели дека голем дел војниците се решени да заминат во бугарската армија, пред сè, поради егзистенцијални причини. Според него, ниту една од македонските институции засега не се обидела да најде решение за нивниот проблем.

- Во бугарската дипломатска мисија пристигна барање за средба со военото аташе на Бугарија. Но, нашиот дипломат е на летен одмор, па барателите ќе бидат известени дека средбата може да се реализира откако тој ќе се врати во Скопје – изјавија за Плусинфо од Амбасадата на Бугарија во Скопје.

Тодев за Плусинфо вели дека по пошта веќе испратил препорачано писмо со кое побарал прием во бугарската амбасада во Скопје.

Дел од отпуштените професионални војници велат дека со нивното заминување ќе ги отворат вратите и за другите колеги кои сега тајно заминуваат од АРМ во други земји. Отпуштените професионални војници се противат на некои од критиките од, како што велат „лажните патриоти“, дека не треба да бараат бугарско државјанство и упатуваат дека досега пред нив илјадници извадиле бугарски пасоши.
http://plusinfo.mk/vest/103146/Otpushtenite-vojnici-od-ARM-kje-si-ja-probaat-srekjata-vo-bugarskata-armija-

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 93 Empty19/8/2013, 17:50

Зашто РИП АРМ кога скоро сите касарни во државава се дадени на корист на општините,некој целосно некој само дел од нив...тие се наменети за голема војска како ЈНА,а и тогаш се правени,полни со регрути а не ПВ,арм има 8000 припадници кои ке ги собере само во две вакви касарни,затоа нема потреба од нив и се даваат на опшините на користење...не те разбирам зашто РИП...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 93 Empty19/8/2013, 18:05

Се обидувам да ги разберам отпуштните ПВ,но не ми иде во глава,незнам дали си мислад дека таму тече мед и млеко,дека ке ги почитуваат ке им дадат чин,пензија,и сл,мислам дека појше ќе се обрукаат отколу нешто друго.Не велам дека они се криви за нивната состојба далеку од тоа,криви се кленовине што дремат во собрание,но мислам дека имаа подобри опции од БГ...
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

АРМ - новости - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 93 Empty19/8/2013, 18:31

РИП е затоа што полека но сигурно ни пропаѓа армијата, општо кажано. Сепак мислам дека касарните во западна Македонија, односно во "зацртаниот" дел на албанците не треба да бидат под надлежност на општините заради некои општи прости причини.
Вратете се на почетокот Go down
Davormkd




Број на мислења : 24

АРМ - новости - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 93 Empty19/8/2013, 19:45

Во случајот со Гостивар не се работи за касарна туку за комплекс магацини на оваа локација 41°46'7.24"N 20°54'19.47"E, Гостивар никогаш немал касарна. А и овие магацини сигурно долго време зјаеле празни па затоа и се дивестирани.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 93 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 93 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 48 ... 92, 93, 94 ... 96 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: