Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 47 ... 91, 92, 93 ... 96 ... 100  Next
АвторПорака
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty15/8/2013, 14:37

Џафери: Нема ништо спорно во тоа Етхеми Шевал да стане мајор

Министерот за одбара Талат Џафери околу анонимното писмо од вработен во АРМ вели дека засега нема ништо официјално, но не гледа ништо спорно доколку капетанот Етхеми Шевал, алијас командант Валјони, на денот на армијата добие повисок чин и стане мајор.

-Ако капетанот ги исполнува условите ќе биде унапреден. Писмото не сум го видел, но обвинувањата дека тој е еден од тие што го направиле злочинот со Мавровските работници се покажаа како неточни. Тој е ослободен од обвинението и работи како офицер во армијата – изјави министерот Џафери за Либертас.

Тој тврди дека за чин мајор не е точно, како што се тврди во анонимното писмо, дека е потребен сертификат за работење со класифицирани информации.

-Таков сертификат е потребен ако е поставен на место кое го бара тоа, но не и за чинот мајор – додава Џафери.

Во анонимното писмо од вработен во АРМ до редакцијата на порталот Мактел.мк се наведува дека на 18-ти овој месец, на празникот на АРМ, началникот на генералштабот ќе го унапреди командант Валјони во мајор и покрај тоа што бил еден од оние кои се изживувале врз мавровските работници за време на конфликтот во 2001-та година.

http://a1on.mk/wordpress/archives/192684

Ех оваа моја чудесна земја...
Вратете се на почетокот Go down
leopard




Број на мислења : 583

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty15/8/2013, 17:30

Дечки утре во касарната во Тетово традиционално има отворен ден ,односно ТТ збор,церемонијата започнува во 10часот а завршува со војничко гравче во војничлкиот ресторан.На ТТ зборот ќе биде изложен дел од техниката.БМП-2К,МТ-ЛБВН,Хаубица М101А1-105мм,Минофрлач УБМ52А4-120мм, М-69-82мм, Хермелин санитетски и лично пешадиско вооружување.Кој сака и кој е пријател на Армијата моѓе да присуствува. Поздрав.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty15/8/2013, 18:08

leopard напиша:
Дечки утре во касарната во Тетово традиционално има отворен ден ,односно ТТ збор,церемонијата започнува во 10часот а завршува со војничко гравче во војничлкиот ресторан.На ТТ зборот ќе биде изложен дел од техниката.БМП-2К,МТ-ЛБВН,Хаубица М101А1-105мм,Минофрлач УБМ52А4-120мм,  М-69-82мм, Хермелин санитетски и лично пешадиско вооружување.Кој сака и кој е пријател на Армијата моѓе да присуствува. Поздрав.
Браво
за иницијативата
штета што нема нешто слично во Скопје или во другите градови.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty16/8/2013, 01:57

Одбраната назначи воени аташеи - Стојановски во Брисел, Јурдана прв воен претставник во Кина

Генерал-потполковник Мирослав Стојановски, поранешен началник на Генералштабот на АРМ, е новиот воен претставник на Македонија во НАТО и во ЕУ во Брисел. Решението за избор на Стојановски е донесено пред два дена, и потпишано од министерот за одбрана Талат Џафери. Стојановски беше началник на Генералштабот од 6 јули 2005 година до 18 август 2011 година, а сега е офицер со највисок чин во армијата.

Министерот Џафери назначил уште седум воени аташеи, чиј мандат ќе биде 3 години. За воен претставник во Велика Британија е назначен полковник Зоран Секуловски, поранешен портпарол на АРМ и офицер за врски во првиот македонски контингент во Ирак во 2003 година.

Воено аташе во Грција ќе биде потполковник Сафет Мициновиќ, во Франција полковник Енвер Јакупи, во Германија потполковник Чедо Јаќимовски, во САД полковник Велин Стојановски, а полковник Kруме Велков е новиот воен претставник при постојаната мисија на ОБСЕ и одбранбено аташе во Австрија, Словенија, Чешка, Словачка и во Унгарија.

Првиот македонски воен аташе во народна Република Kина ќе биде полковник Смилјан Јурдана.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=09084497CDE82D49876177859F6CE0DD

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty16/8/2013, 19:25

Командант Ваљони нема да стане мајор!

Нашите извори говорат дека указот за унапредување на офицерот навистина бил на масата на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, но тој одбил да го потпише

Капетанот Шевал Етеми, алијас командант Ваљони, кој е вработен во АРМ, нема да добие мајорски чин, дознава ВЕЧЕР. Нашите извори говорат дека указот за унапредување на офицерот навистина бил на масата на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, но тој одбил да го потпише. Според Законот за служба во АРМ, унапредувањата до чин потполковник ги потпишува НГШ, а ги одобрува министерот. Во овој случај, таа постапка нема да се спроведе, бидејќи капетанот Етеми на барање на првиот човек на Армијата е избришан од списокот, велат доброупатените извори на ВЕЧЕР.

За жал, официјална информација не добивме ниту од Кабинетот на генералот Котески, ниту од Кабинетот на министерот, иако медиумите кои ја лиферуваа информацијата за унапредувањето на Ваљони во текот на вчерашниот ден пренесоа дури и потврда лично од Талат Џафери дека наводно не гледал ништо спорно во унапредувањето на офицерот. Од Министерството за одбрана, по телефон, кратко ни одговорија дека немаат официјален став за ова прашање.

Инаку, станува збор за Шевал Етеми, лице кое за време на конфликтот било во редовите на ОНА и е еден од обвинетите за киднапирањето и малтретирањето на мавровските работници во 2001 година. Но, во септември 2011 година беше амнестиран од страна на обвинителството кога се повлече од водењето постапка за првиот од четирите хашки случаи. Да потсетиме, на рочиштето за Мавровските работници" обвинителот изјави дека овој случај се затвора поради автентичното толкување на Законот за амнестија. Тоа значеше дека се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од казна затвор осомничените за дела поврзани со конфликтот во 2001 година. Случајот Мавровски работници" е еден од четирите случаи кои Хашкиот трибунал им ги врати на македонските судови и единствен за кој почна судски процес.

Според обвинението, Етеми и уште неколкумина во 2001 година киднапираа работници на градежната компанија "Маврово" и по неколкудневно ѕверско измачување ги оставија на патот.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7861C1DACBC1F24D8FE728EF2747776E

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty17/8/2013, 13:33

НОВ СКАНДАЛ:ТАЛАТ ЏАФЕРИ БЕЗ СОГЛАСНОСТ СО ГШ НА АРМ КОМАНДАНТОТ ВАЉОНИ ГО УНАПРЕДИЛ ВО ЧИН МАЈОР


Некогаш познат како командант Ваљони, човек осомничен дека ги малтретирал, силувал, тепал и шарал со нож по грбовите на мавровските работници, Етеми Шеваљ е унапреден во чин мајор.


Ова унапредување го направил лично министерот за одбрана Талат Џафери. И за да биде мир во коалицискиот двор, и да не се наруши ничиј рејтинг, ова Џафери го направил без согласност на ГШ на АРМ.

Оваа одлуката е донесена откако тоа не го направил началникот на Генералштабот Горанчо Котески по силниот притисок од медиумите додека пак некои медиуми блиски до власта, убедуваа дека имаат сигурни информации дека Командант Ваљони нема да биде унапреден напротив тоа веќе е направено.

http://makborba.mk/index.php/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/item/3799


Каде се сега портокаловите "патриоти"? Каде се сега Латас и другите владини мегафони да известуваат за ова? Зошто само помалите независни медиуми известуваат за ова? Каде се сега надлежните органи кривично да го гонат Џафери? Да ти е**м и државата ретардирана и народот глуп...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty17/8/2013, 17:23

Smrtnikot напиша:
Каде се сега портокаловите "патриоти"? Каде се сега Латас и другите владини мегафони да известуваат за ова?
Па како и секој викенд, најверојатно во Грција... нашиот arch-nemesis, си ги ладат античките мадиња во Егејско море. Wink

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty17/8/2013, 23:36

Кај ни е врховниот командант, зарем ќе си дозволи оној глушецот Џафери вака да го дупи, нели последните анкети покажаа дека довербата на народот во него е 60тина проценти. Horhe dónde estás?Glava v zid Glava v zid Glava v zid 
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty17/8/2013, 23:47

Вајда овој ке биде кај него во кабинет,таму не им може никој надлежен им е само министерот,нели тие што се поклонија на гродот на УЧК лани офицери што ли беа не можат да ги казнат зашто беа и се уште се во кабинетот на Министерот,кога ке се сменел наводно друг министер што би ги сменил нив од таа функција,тогаш би се вратиле во служба на ГШ и ке биле казнети...

Нели до сега советник на Министерот му беше М.Стојановски,од наредниов месец или кога таму он ке биде во аташето во Брисел,што значи дека фунцијата на советник на министерот,или ке ја попунува овој корупкава,или некој кој предходно бил мајор на сега ке биде советник на министерот,па на местото мајор ке дојде ватерполистов...
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty18/8/2013, 01:36

Идите кај стојанче на профилот на фб, имаше објавено линк дека сето ова ке се прекути и ке се заташка, пошто ДУИ стоеше зад ВМРО ради настаните од 24-ти декември, и сеа ке вракаат услуги ДМПНЕ, не ми се веруе што направија од армијата еј.. да пукне каков ли им е моралот на војнциите да се борат под команда на истите луге што пред 12 години пукале на нив ..

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 92 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 47 ... 91, 92, 93 ... 96 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: