Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 44 ... 84, 85, 86 ... 92 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 85 Empty11/7/2013, 13:18

Вработените во одбраната ќе добијат колективен договор

http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/11691-vrabotenite-vo-odbranata-ke-dobijat-kolektiven-dogovor
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 85 Empty11/7/2013, 15:23

АРМ - новости - Page 85 F291C87AF2B454B87CF4080A90E32FB5

АРМ - новости - Page 85 B3D67D5E987B51F5B475DA4CCD4D3DC7

АРМ - новости - Page 85 BE403AA61D77771790F01DC94C64940D
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 85 Empty12/7/2013, 14:07

Свечена заклетва на дваесеттата генерација војници на доброволно служење воен рок

Денес во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“, 74 граѓани на Република Македонија, од кои 10 припаднички на понежниот пол, дадоа свечена заклетва за доброволно служење воен рок.

По тој повод министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, честитајќи им на војниците-доброволци за дадената заклетва порача дека во наредните три месеци тие на практичен и теоретски начин ќе се здобијат со голем квантум на нови знаења и вештини кои ќе бидат нераскинливо врзани за потенцијалот на секој од нив.

„Со вашите новостекнати способности, вие ќе бидете темелот на идниот општествен развој, бидејќи капацитетите на секој човек се најголем ресурс за постојан напредок“, додаде министерот Џафери.

Воедно, во своето обраќање министерот истакна дека процесот на напуштање на традиционалниот регрутен систем и воведувањето на доброволниот систем на пополна и на целосна професионализација на Армијата, чиј предводник во регионот на ЈЕ Европа беше токму Република Македонија, се покажува како голема придобивка во процесот на реформи и развој.

Сите оние кои ќе донесат одлука да бидат дел од професионалниот состав на АРМ, истакна министерот, директно ќе придонесат кон етаблирањето на есенцијалните вредности на новиот век – мирот, демократијата и еднаквоста на глобално ниво.

„Вие сте дел од генерациите млади луѓе, и дел од припадниците на Армијата на Република Македонија кои ја градат нејзината историја и чии дела се посветени на највредното што го имаме – Република Македонија“, порача во своето поздравно обраќање началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески.

Генералот Котески пред војниците-доброволци додаде дека во касарната во Велес, на полигоните и на вежбалиштата тие ќе се стекнат со неопходните знаења и вештини кои ќе бидат појдовна основа за нивно ангажирање во единиците на Армијата, но и добра платформа за навлегување во тајните на војничката професија.

Обуката на војниците на доброволно служење воен рок се реализира во период од три месеци во Центарот за индивидуална обука, кој е во рамките на Командата за обука и доктрини на Армијата на Република Македонија.

АРМ - новости - Page 85 DSC_4248_resize

АРМ - новости - Page 85 DSC_4293_resize_1

АРМ - новости - Page 85 DSC_4347_resize

АРМ - новости - Page 85 DSC_4357_resize

АРМ - новости - Page 85 DSC_4422_resize

http://morm.gov.mk/content/?ID=B27414C29632764BBF75312AC4AF4C7D9C25CFC8&lang=mk#.Ud_w3axqUuU
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 85 Empty12/7/2013, 20:42

„Сините шлемови“ може да ни го полнат буџетот

За илјадниците „сини шлемови“, распоредени на жешките точки во светот, годишно од буџетот на ООН се издвојуваат најмногу пари. Само за оваа година се одвоени речиси 8 милијарди долари, а мировниците патролираат во области погодени од насилство, отстрануваат нагазни мини, вршат испорака на помош, им помагаат на бегалците, поддржуваат спроведување фер и демократски избори

МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА СЕ АКТИВИРА И ВО МИСИИТЕ НА ООН

Македонските војници учествуваат во воените мисии на НАТО уште од 2002 година (Авганистан, Ирак, Босна и Херцеговина) и во логистичката поддршка на КФОР за Косово. Мисиите нѐ чинат околу 80 милиони евра, војниците се изложени на опасност во борбени дејства, а добивката за Македонија е нашето бескрајно чекање пред портите на НАТО.

Токму затоа можеби Македонија би требало да најде начин да не отстапи од сегашната стратегија ориентирана кон мировни мисии и придонесување за светскиот мир и треба да се работи дополнително да се промовира преку можноста за учество во „сините шлемови“ на Обединетите нации, порачуваат експертите.

Воено-политичките аналитичари истовремено се согласни дека над 250-те ордени за борбени достигнувања и повеќе од 1.400-те медали за учество во операции во странство што досега ги добија војниците и старешините на АРМ што биле во мировните мисии се најдобриот доказ за рејтингот што нашата војска заслужила да го ужива меѓу сојузниците од НАТО.

Разликата меѓу мировните мисии на НАТО и оние на ООН е во тоа што вторите се економски поисплатливи.

Според познавачите на условите, трошоците и издатоците од буџетот на Македонија, доколку учествуваме во иднина во некоја од мисиите на ООН, се покриваат со донации од светската меѓународна организации и нема да ни се оптоварување за буџетот.

Соседна Србија на годишно ниво испраќа по 500 мировници во дузина мировни операции. Српски мировник-офицер што е дел од „сините шлемови“ заработува 3.500 долари месечно, а војниците имаат 1.500 долари помали примања за разлика од нивните претпоставени.

Меѓународната мировна организација, освен платите на персоналот, си зеде обврска на годишно ниво да ја покрива и обесштети амортизацијата на оружјето и на борбените возила на земјата што ги испратила во неколкуте мисии во кои учествуваат (Конго, Либерија, Тахити, Либан, Малави, Брегот на Слоновата Коска, Кипар и други).

Три четвртини од македонските граѓани ја оценуваат како позитивна улогата на Армијата на Република Македонија во мировните мисии каде што учествува и сметаат дека со тоа земјата се претставува во добро светло. Според овие резултати, кои доаѓаат од последната публикувана анкета на Министерството за одбрана, а што по негова нарачка ја направил Институтот за демократија, Македонците се меѓу најголемите поддржувачи на своите војници во странство.

Теоретски возможно учество

Поранешниот македонски амбасадор во НАТО и сегашен универзитетски професор Нано Ружин вели дека иако генерално поентата на мисиите предводени од НАТО и од ООН се на иста линија, а тоа е воспоставување мир на одредени поднебја и земји, сепак во суштината се дијаметрално различни. Тоа значи постапувањето на нивните војници е различно.

- Доколку државата покаже интерес дека сакаме да сме составен дел од мировниците во сини шлемови, треба најпрвин да ги пронајдеме сите дипломатски инстанци на меѓународната организација и да аплицираме во Советот за безбедност на ООН - вели Ружин.

Поранешниот дипломат објаснува дека дури откако на нашето барање ќе биде потврдно одговорено од сите релевантни фактори во ООН, ќе можеме да се зафатиме со работа.

- За да бидеш мировник на „сините шлемови“, реално мораш да немаш никаков геостратегиски интерес во кое било завојувано подрачје или регион, а како земја-аспирант за НАТО тоа во денешницата е потешко изводливо, особено во области во светот каде што на пример има силно кинеско, руско или индиско влијание - вели Ружин.

Тој објаснува дека во минатото поранешната ЈНА имала свои мировници на тампон-зоната меѓу Израел и Египет.

- Југославија беше воено неутрална, а двете земји го прифатија нејзиното воено присуство под закрила на ООН. Врз слични предуслови беа прифатени и скандинавските војници што беа тука присутни како „сини шлемови“ за време на граѓанските војни на поранешните југословенски простори, бидејќи тие реално не поддржуваа ниедна од завојуваните страни - истакнува експертот.

Слаба политичка волја

Неговиот колега, професор Методи Хаџи-Јанев, е на иста линија со Ружин и смета дека иако многу земји во светот активно учествуваат во напорите на ООН за воспоставување на светскиот мир и безбедност, засега кај нас ваквата практика е мошне слабо развиена.

- Овој тренд за изненадување е слабо разработен и во академската средина, а да не говориме за практичната. Би можело да се забележи дека некои држави, како Фиџи, Индија и слично, кои важат за едни од најголемите донатори на сили, имаат мошне голема полза од тоа - вели професорот Хаџи-Јанев.
Тој истакнува дека учеството во овие мисии има повеќекратна бенефиција за земјите.

- Некои учествуваат за да го зголемат своето меѓународно реноме (како на пример, Јапонија, која е втора земја во светот по САД што дава придонес за мисиите на ООН). Други, пак, гледаат добра основа за одржување високо ниво на подготвеност на сопствените сили, ако се земе предвид фактот дека постојано се во активен ангажман и обука, односно свежи лекции од прва рака и слично. Иако генерално ООН плаќа надомест за секој „син шлем“ нешто повеќе од 2.000 долари, сликата за калкулациите и за придобивките е малку поинаква во реалноста. Земји како Јапонија или Германија се многу често земји што донираат средства, па постојат земји што со билатерални договори на своите мировници од овие средства им исплаќаат многу повисоки плати. Дополнително, цивилниот персонал и полицијата се исплаќаат од средствата или од буџетите за мировните мисии што се одобруваат со мандатот за секоја мисија соодветно - објаснува експертот.

Хаџи-Јанев истакнува дека она што загрижува во Македонија е фактот што кај нас се посветува многу малку политичко внимание на оваа можност. На пример, сѐ уште немаме воспоставено односи со одделот на ООН за мировни мисии (УНДПКО). Но ова не нѐ спречува да се приклучиме во мисиите на ООН. Иако НАТО треба да ни биде главна определба, релаксирањето со ООН ќе може да биде силен адут, кој би испратил соодветни дипломатски пораки, но и би предизвикал релаксирање во соодветни позиции на меѓународен план.

Историјат

Со 124-илјади цивилен и воен персонал, распореден во целиот свет, мировните сили на ОН се најголемото тело на организацијата. Значењето на мировните сили значително се зголеми во изминатата деценија, а се очекува и натаму да расте. Првата мисија на мировните сили датира од 1948-та, а беше спроведена на Блискиот Исток. Оттогаш се спроведени 63 мировни операции, од кои 16 се активни и денес.

За илјадниците „сини шлемови“, распоредени на жешките точки во светот, годишно од буџетот на ОН се издвојуваат најмногу пари. Само за оваа година се одвоени речиси 8 милијарди долари. Мировниците патролираат во области погодени од насилство, отстрануваат нагазни мини, вршат испорака на помош, им помагаат на бегалците, поддржуваат спроведување фер избори.

ОН својата прва мисија ја почна во 1948-та во тогаш новоформираната држава Израел, за да ја следат состојбата по прекинот на огнот меѓу Израел и арапските држави. Оттогаш спровеле повеќе од 60 мисии, одобрени од Советот за безбедност да дејствуваат како неутрален спроведувач на мировните договори со кои се ставил крај на некој конфликт. Мировниците на ОН се најголемата волонтерска армија во светот. Околу 115 земји испраќаат свои војници и полицајци за мировните операции. Во изјава за медиумите шефот на мировните операции на ОН, Херве Ладсорус, вели дека земјите во развој се желни да учествуваат во мировни мисии.

- Имаме повеќе понуди од побарувачката, па така што може да бидеме и селективни. Има многу земји што сакаат да учествуваат, затоа што секој војник, секој полицаец, е горд што учествувал во мировни мисии - заклучил Херве Ладсорус.

Тој објаснил дека ако земјите во развој обезбедуваат персонал, тогаш развиените земји обезбедуваат финансии. Функционерот навел дека САД обезбедуваат 27 проценти од целиот буџет, а големи пари давале и Јапонија, Велика Британија, Германија и Франција.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71213831404&id=9&prilog=0&setIzdanie=22926
Вратете се на почетокот Go down
leopard




Број на мислења : 583

АРМ - новости - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 85 Empty12/7/2013, 23:46

Супер Ѕвезда,во посета на Гардата на РМ,сега по ново мислам Баталјон за почести дека е.Немошев да најдам соодветна тема па тука постирав.

https://www.youtube.com/watch?v=x_dSGYlTW84
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 85 Empty13/7/2013, 22:49

Makedonija: Avioni po srpskom receptu?

Makedonija u čekaonici NATO poštuje zadate standarde, razmatra i mogućnost modernizacije avijacije. Odlukom Vlade letilice „suhoj 25“ su prizemljene, a tenkovi isečeni za staro gvožđe

SPECIJALNO ZA ”NOVOSTI”: SKOPLJE

VOJNE vlasti u Skoplju ne isključuju mogućnost da uskoro i Armija Makedonije (ARM) po „receptu“ susedne Srbije, na kredit kupi borbene avione. Takva „novina“ je proturena u skopskim medijima, uz analizu informacije da ratno vazduhoplovstvo Vojske Srbije preko kreditnih aranžmana sa Ruskom Federacijom modernizuje flotu sa šest letilica „mig-29M2“.

Zamenik ministra vojnog u Vladi Makedonije Emil Dimitriev je izjavio da su „sve opcije otvorene“ i da nije isključena mogućnost da, poput Srbije i Makedonija „uskoro izdejstvuje nabavku vozduhoplova uz pomoć inostranih kredita“. Uz konstataciju da zaključeni aranžman između Beograda i Moskve omogućuje Srbiji jednu od najvećih vojnih nabavki u poslednje dve decenije, ovde se istovremeno primećuje da „za razliku od Srbije, makedonska avijacija i PVO oskudevaju u arsenalu oružja...“

Dimitriev podseća da veliki broj država nabavku vojne opreme sprovodi koristeći takve kreditne povoljnosti i zato ne vidi razloge zašto to ne bi učinila i Makedonija.


Na stajanci vojnog dela skopskog aerodroma još od 2004. stoje četiri otpisana višenamenska borbena aviona „SU-25“, čija je namena po „preporukama“ i zadatim reformskim standardima NATO, proglašena kao „neuklopljiva“ u vazduhoplovne snage Makedonije

Na stajanci vojnog dela skopskog aerodroma još od 2004. stoje četiri otpisana višenamenska borbena aviona „SU-25“, čija je namena po „preporukama“ i zadatim reformskim standardima NATO, proglašena kao „neuklopljiva“ u vazduhoplovne snage Makedonije.

HELIKOPTERI
U SASTAVU ratnog vazduhoplovstva ARM sada se nalaze transportni i borbeni helikopteri ruske prozivodnje „MI-8“, „MI-17“, i „MI-24“. Po dva helikoptera „MI-17“ i „MI-24“ modernizovani su ugradnjom najnovijeg izraelskog sistema za noćno letenje (ANVIS/HUD-24), i osposobljeni za izvođenje borbenih dejstava i pri smanjenoj vidljivosti, sletanje na brodove, u pustinji, na snegom prekriven i nepripremljen teren. Time letilice ispunjavaju sve NATO standarde, posebno za „partnerske“ mirovne operacije širom sveta.
Noćne vizore koji su ugrađeni u četiri helikoptera ARM, u Evropi poseduju i letilice britanske, francuske i španske armije, a time su opremljene neke helikopterske jedinice vojski 25 zemalja u svetu.

Vojne vlasti u Skoplju nemaju izgrađena rešenja i strategiju šta učiniti sa formalno otpisane četiri borbene letilice, kupljene od Ukrajine u vreme ratnih sukoba sa paravojnim formacijama pobunjenih Albanaca, 2001. godine. Kao svojevrstan kadrovski kuriozitet je i sadašnja činjenica je Talat Džaferi, jedan od ratnih komandanata paravojnih formacija takozvane Oslobodilačke nacionalne armije (ONA) koja je 2001. ratovala protiv regularnih vojno-policijskih snaga Vlade u Skoplju, sada - ministar vojni.

Uprkos lanjskim najavama da bi, iako formalno otpisana 2005, četiri borbena aviona mogla biti i remontovana, modernizovana i vraćena u formacijski sastav Vazduhoplovne brigade ARM, što je zagovarao Dimitriev, takve opcije su odbačene. Prizemljeni borbeni avioni „SU-25“ (tri jednoseda i jedan dvosed), objektivno ne postoje u spiskovima opreme snaga ARM.

Letilice „suhoj 25“ namenjene su pre svega za blisku vazdušnu podršku kopnenih snaga, a konstruisane su po sovjetskim iskustvima stečenim u nekadašnjim borbama u Avganistanu...

Po okončanju ratnih sukoba u Makedoniji i potpisivanja Okvirnog sporazuma o miru 2001. predstavnici međunarodne zajednice i NATO stratezi insistirali su da se vlasti u Skoplju, na putu evroatlantskih integracija, između ostalog, u delu naoružanja oslobode i četiri borbena aviona „SU-25“ i stotinak zastarelih tenkova „T-55“ dobijenih na poklon od Buagrske.

Odlukom Vlade iz 2003. primenjenom sledeće godine, avioni su prizemljeni, konzervisani, a tenkovi isečeni za - staro gvožđe.

U novim formacijama vazduhoplovnih snaga ARM, skrojenim prema NATO okvirima, juna 2005. formiranjem Vozduhoplovne izviđačko-napadne grupe (VING) nije bilo planiranih mesta za avione „SU-25“, pa čak, ni za nekoliko borbenih helikoptera „MI-24“, takođe nabavljenih u Ukrajini, i, takođe namenjenih za blisku vazdušnu podršku kopnenim snagama.

Strategijskim odbrambenim pregledom, u novom formacijskom ustrojstvu oružanih snaga Makedonije, po standardima NATO, za avione „SU-25“ nije „pronađeno“ mesto u okviru ratnog vazduhoplovstva. Zvanično objašnjenje, skrojeno u saglasnosti sa NATO stratezima, leži u sugerisanoj proceni da je održavanje tih nerentabilnih borbenih letilica preskupo za vojni budžet države, a da se operativne sposobnosti novih formacija ARM mogu nadoknaditi borbenim i transportnim helikopterskim jedinicama.

Prema „savetodavnim“ reformskim zadacima NATO, Makedonija je prihvatila naloge eskperata Alijanse i između ostalog četiri „neperespektivna“ borbena aviona izbacila iz sastava vazduplovnih snaga. No, zbog drugih prepreka, pre svega zarad spora o imenu sa Grčkom, članstva Alijanse se još nije domogla, ni 2008. na samitu u Bukureštu, ni lane u Čikagu...

“ŽABLJA NOGA“

BORBENI avion ruske proizvodnje „suhoj 25“ u NATO klasifikaciji poznat kao „Žablja noga“, dug je 15,5 a visok 4,8 metara. Može da leti maksimalnom brzinom do 970 kilometara na čas, na visinama do pet kilometara. U zavisnosti od operacija, najčešće kao podrška kopnenim snagama, naoružan je topom kalibra 30 milimetara i može da „nosi“ rakete vazduh-vazduh, kao i aviobombe.

http://www.novosti.rs/vesti/planeta.300.html:443877-Makedonija-Avioni-po-srpskom-receptu#.UeG1eCYkT1k.facebook
Вратете се на почетокот Go down
Iko




Број на мислења : 503

АРМ - новости - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 85 Empty13/7/2013, 23:55

Rolling Eyes
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

АРМ - новости - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 85 Empty14/7/2013, 00:12

Мачкаат очи на јавноста, или стварно планираат , пошто некако не мислам дека ке се откажат од 2-3 коња во центар за тиа авиони.. Evil or Very Mad 

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 85 Empty14/7/2013, 12:40

Знаев! Знаев дека конечно ќе дојде време и ние да набавиме борбени авиони.
Е сега не знам дали ќе бидат во 1:48 или во 1:72 размер, и дали ќе бидат од источно (Звезда) или од западно производство (Revell). Laughing 

Ќе ми извините, но по вакви написи веднаш ми се оди по No.2.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Iko




Број на мислења : 503

АРМ - новости - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 85 Empty14/7/2013, 13:27

Hehehehehe
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 85 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 85 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 44 ... 84, 85, 86 ... 92 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: