Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Doomsday Preppers на македонски начин

Go down 
+12
Smrtnikot
Sammael
tose
assasian
Legija91
Генерал
shady3
Momak od Gjorce
Зоран
JKD
Alvar
SIG
16 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 5, 6, 7 ... 10, 11, 12  Next
АвторПорака
Гостин
Гостин




Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty8/2/2014, 15:41

Frogfoot напиша:
Воглавном и јас тоа планирам од додатна опрема со мене, но знаеш што, прашањето е каде ке најдеш интернет  Smile 

Наместо тоа, би зел радио станици, некоја посилна антена и опрема за емитување во радио етер. На тој начин ќе можеш да побараш помош, да следиш што се случува доколку некој друг емитува исто така и сл... Smile 

Што се однесува до бензинот, имам 2-3 буриња за нафта и би ги наполнал нив. Со оглед дека не планирам премногу да се движам тие ќе ми бидат доволни. Планирам да имам алкохол, ракија и вино, кои евентуално ќе можам и да ги разменам со некој за нешто друго. Ракијата можам да ја користам и за лекување, нели, при високи температури. Имам простор за 50-тина литри ракија, е сега за вино имам бочва но не ми е на сигурната локација  Smile 

Ова со муницијата ми е всушност и најголем проблем, на легален начин да набавам големо количество муниција. Ќе ми остане она по 200 куршуми годишно за пиштолската, па колку остане остане, инаку дали има ограничувања во набавката на други видови муниција? на пример за карабин или пак пумпарица?

Со униформите, имам наша, но немам туѓа. Веројатно ќе треба некоја црна да набавам или пак онаа швајцарската  Smile  Но незнам колку би било тоа ефективно за моите блиски, жена и дете, тука нерачунајќи ги останатите (ако бидат со мене).

Исто така, како и ти, ќе набавам генератор со мала моќност која ќе е доволна само за најосновни потреби, бидјеќи бензинот брзо ќе се потроши. Во тој случај исто така планирам инсталација на соларни панели преку кои ќе се снабдевам со електрична енергија, бидејќи ќе ми е потребен постојан извор на електрична енергија за замрзнувачот и фрижидерот. Замрзнувачот планирам да го наполнам до врв со месо и други призводи, како и лебови, за да останат свежи. Па дури траат тие залихи арно, после ќе се мислиме.

Набрзо ќе почнам подетално да читам за тоа која храна можам да ја складирам на подолго време, да трае со месеци, во најмала рака, па и со години.

Имам нешто гледано, на пример кашкавал, јајца и сл. Мошне едноставно е и ефтино. Исто така планирам во пластични кофи од по 20 литри да складирам ориз и слични намирници, но како што гледав на овие думздеј епизодиве, го затвараа со некаква кеса од фолија..па така може да трае долго долго време.

Исто така би купил и лимени буриња од по 100 литри, 3-4 такви, и да бидат полни со вода која нема да ја користам се до моментот кога ќе секне примарниот извор. Се разбира, исто ко и ти, ќе набавам таблети за прочистување на водата, но и филтри доколку морам да полнам од некој извор.

Алатите веќе ги имам.

Да резимирам, на врвот на приоритети ми се: набавка на алтернативни извори на енергија (соларни панели, веројатно класични на кровот, но и помали за напојување на лаптоп, мобилни и сл. кои можеш да ги земеш со тебе, изгледаат како тетратка, и каде и да си можеш да се снабдиш со енергија.), складирање на муниција колку што ќе стигнам до „судниот ден„, обезбедување храна и други трајни продукти. Останатите работи, во меѓувреме ќе успеам да ги средам.

Она што ме интересира, како вие планирате да обезбедите електрична енергија во случај да неможете да ја добиете на конвенционален начин? исто со панели?

Она што е од круцијална важност, и што Шеди го напомена е вмрежувањето. Поголеми шанси за опстанок имаме ако сме здружени, подобро би било на локално ниво, но не би изгубиле ништо ако би се поврзале и на повисоко ниво како што и самиот предложи.

Размената на информации, е од огромно значење. Можеби во еден град или место ќе се случува нешто што може да не загрози, а ние да немаме појма дека ни се заканува таква опасност, па известувањето може да ни помогне со тоа што можеме да бидеме на штрек, да се реорганизираме, или во крајна нужда да ја напуштиме, сега веќе несигурната локација и да се упатиме на друго место.

Она што јас мислам е дека при вмрежувањето мораме да бидеме солидарни, и доколку некој е животно загрозен да бидеме спремни да му пружиме помош, исто како што би бил и тој. Без тоа, вмрежувањето нема смисла.

И последно, но не и неважно, е строга организација во самата група (исто погоре предложи, но да те надополнам) во однос на исхраната. Бидејќи количините на храна ќе се ограничени, а времето кое ќе го поминеме на таа локација неможеме да го одредиме, мора да постои строг режим на исхрана. За тоа е потребно претходно да се израчуна колку калории дневно му се потребни на еден човек за да може нормално да функционира, па така отприлика ќе одредиме колку храна ни е потребна за одредено време. Храна која треба да се складира треба да настојуваме да биде што покалорична. Оброците мора да се добро израчунати за секој член и да нема претерување како да живееме во нормални услови. Ако тоа не се почитува набрзо храната ќе се потроши и ќе настане хаос. Кога се гладни, сите се нервозни а нервозата носи непромислени одлуки кои ќе растурат се што претходно сме планирале и граделе...

Тоа е тоа што во овој момент ми паѓа на памет и како јас грубо размислувам околу сета таа работа. Smile 

За да набавиш радио станици потребни ти се радиоаматерски, и останата радиоопрема за неа, а за нив да ги купиш мора да имаш лиценца од АЕК.
[You must be registered and logged in to see this image.]
Единствено да купиш од овие, 6 000 денари ти се во Невада во Беверли во Капиштец ама овие не користат репетитори и не можеш да ги кодираш каналите, и со тоа нема да избегнеш влегување во врска.

За муниција колку што знам годишно е вкупно 200 куршуми за пиштолска и карабинска муниција(зрно), а за ловачки патрони (сачми), неограничено.

Можеш и обична облека да користиш, не ти треба униформа, едниствено само панцир, шлем, гас маска, борбен елек ти треба, а ако ти е за маскирање подобро земи gillie костим.

Имај ги и двете. И генератор и соларни панели.

За млечни производи потребен ти е фрижидер или комора.

Инаку ако се случи некоја катастрофа, прва работа која ќе падне е Интернетот и телефонската мрежа. Единствено нешто што ќе те држи во комуникација со други се радиостаниците. Тие се единствено нешто што нема да те изневери од технологија.
Вратете се на почетокот Go down
assasian

assasian


Број на мислења : 304

Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty8/2/2014, 18:51

А филмов во кое кино ке го даваат?  lol! 

______________________
Не прашуваме колку се , туку каде се !!
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty8/2/2014, 19:00

А сега да се вратам на темава нешто подразмислив.
Frogfoot ќе го земам за пример, ти во твоето bug out shelter да имаш уште 5-6 луѓе со тебе и сите да ја бранете локацијата.Во таква ситуација ќе има и други групи што ќе бидат непријателски настроени (поголеми) кој би можеле да нападнат и недај боже да ја превземат ситуацијата.
Ме интересираше за подземно засолниште.Ги гледам америве константно прават такви.
Или закопуваат контејнери за брод во земја, прават цели системи од тунели од бетон и друго.

Me интересираше кај нас има ли можности за такво нешто бидејќи знам дека тоа би било ептен скапо за нашиве стандарди и би имало ли поголема ефективност.


______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty8/2/2014, 20:04

Другар види вака...ако имаш некој простор не е проблем и да ископаш дупка со димензии на бродски контењер и да го ставиш и затрупаш со земја. Но проблемот е цената на контењерот која за наши прилики е висока, и тој би бимал ефект во случај на нуклеарен удар.

Јас мислам дека веројатноста тоа да се случи кај нас е премногу мала и дека тоа нема да го доживеам. За тоа нека мислат потомците.

Доволно е ова што го имам како засолниште.

ХолиТемпл, како мислиш „нема да избегнам влегување во врска„ ? Мислиш некој да ме слуша ако е на истиот канал, односно јас да го слушам него ако нема кодирани канали?

И што значи тоа дека немаат репетитор? Не се разбирам во радио-врски па затоа прашувам.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty8/2/2014, 20:09

assasian напиша:
А филмов во кое кино ке го даваат?  lol! 

Кино Бамби, Скопје.
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty9/2/2014, 00:46

Frogfoot напиша:
Другар види вака...ако имаш некој простор не е проблем и да ископаш дупка со димензии на бродски контењер и да го ставиш и затрупаш со земја. Но проблемот е цената на контењерот која за наши прилики е висока, и тој би бимал ефект во случај на нуклеарен удар.

Јас мислам дека веројатноста тоа да се случи кај нас е премногу мала и дека тоа нема да го доживеам. За тоа нека мислат потомците.

Доволно е ова што го имам како засолниште.

ХолиТемпл, како мислиш „нема да избегнам влегување во врска„ ? Мислиш некој да ме слуша ако е на истиот канал, односно јас да го слушам него ако нема кодирани канали?

И што значи тоа дека немаат репетитор? Не се разбирам во радио-врски па затоа прашувам.

Јас нуклеарен напад не би ни сакал да преживеам.Да не ја видам дневната светлина некоја година ? НЕ ФАЛА.

Боље како човек да си отидам, отколку да полудам како стаорец во дупка.  Smile 

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty9/2/2014, 09:25

Frogfoot напиша:
ХолиТемпл, како мислиш „нема да избегнам влегување во врска„ ? Мислиш некој да ме слуша ако е на истиот канал, односно јас да го слушам него ако нема кодирани канали?

И што значи тоа дека немаат репетитор? Не се разбирам во радио-врски па затоа прашувам.

Често аналогните радиостаници можат да фатат сигнал од некој друг што има уклучено радиостаници, ако каналот кој го користиш ти не ти е заклучен или кодиран. Јас сум имал ситуации со радиостаници, како тие на сликата што ги ставив, кога комуницирам со некој преку нив, многу пати да фатам сигнал од радииостаници на таксисти, агенции за обезбедување и сл. Е сега чудно ми паѓа како можам јас со обични токи воки од 100 евра кои се наменети за спортисти, планинари, лов и сл. да фатам сигнал од професионални радиостаници наменети за такси компании, пожарна, полиција, агенции за обезбедување, и сл. Затоа имам слушано додека уште полицијата имала аналоген систем многу пати се случувало некој непожелен гостин да ги прислушува. Поради тоа полицијата, премина на ммодерниот дигитален ТЕТРА систем, а во иднина се очекува и другите служби да воведат дигитален ТЕТРА систем.  

Тие на сликата не користат репетитори.

Инаку ниту јас не се разбирам многу од овие работи, најубаво е некој радиоаматер ако има на форумов да објасни подетално за радиоврска, мислам дека има тема отворено за оваа работа.
Вратете се на почетокот Go down
tose

tose


Број на мислења : 160

Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty9/2/2014, 11:02

имате интерсна замисла,околу ова припремиве и се...и јас ги гледам редовно на кабловска и тоа што го прават тие е ок...
така замислиле возат некој филм и ок....штом ги гледате знаете со колкав будџет тие располагаат..а тоа е милион светлосни години
далеку од нас...зборувам нели ако сте решиле да го правите тоа како што треба,а не да крпите работи...
иначе терајте убва замисла
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11101

Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty10/2/2014, 21:01

[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty18/2/2014, 21:46

[You must be registered and logged in to see this link.]


Кај нас само копањето ќе не осакати финансиски доживотно за овој стандард.

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 6 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Doomsday Preppers на македонски начин
Вратете се на почетокот 
Страна 6 of 12Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 5, 6, 7 ... 10, 11, 12  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Војнички муабети-
Отиди до: