|
|
| Doomsday Preppers на македонски начин | |
|
+12Smrtnikot Sammael tose assasian Legija91 Генерал shady3 Momak od Gjorce Зоран JKD Alvar SIG 16 posters | |
Автор | Порака |
---|
Гостин Гостин
| Предмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин 6/2/2014, 08:52 | |
| - Зоран напиша:
- HolyTemple напиша:
- Frogfoot напиша:
- Дечки сакам да набавам маскирна униформа...преку оние кинескине сајтови.
Која мислите дека е подобра за нашево поднебје, односно западна Македонија? Мултикамот (посветлата или потемната верзија?) или МАРПАТ-от?
Исто така поседувам и од онаа што ја должеа полицајците 2001 година, нова џилит, како ја споредувате неа во однос на останативе погоре? И што ќе ти е жити се? Во град не смееш да одиш во маскирна униформа, ќе ти се налепи полиција како магнет уште од дома кога ќе излезеш на улица. Единствено ако се занимаваш со аирсофт или нон стоп идеш во планина. Јас имав незгодни ситуации облечен во маскирна од глава до петици. Јас имав пред две години цел комплет униформа (кошула, капа, пантолони, ракавици), АCU Universal (каква што носат ЕБР во град) излегов за на Водно со неа два три пати и веќе никогаш, и ја продадов. Прва работа првиот полициски службеник кога ќе те сретне облечен во неа ќе те легимитира и ќе те замара, а прво што ќе ти каже е цитирам: "Каде си излегол вака, да не ќе идеш во војна". Ќе имаш незгодни ситуации посебно на места како Водно, а низ Скопје да не збориме. А и на места каде што има гранична полиција или војска. Ако ти зе сосема трета намена, тоа е друга работа. Мој совет, земи маскирни пантолони и зелена кошула, или обратно, така нема да бидеш "малтретиран и испрашуван", нема да привлекуваш многу внимание.
А комплет маскирни униформи имаш во Микеи и арми шоп кај Влада. Нема потреба да набавуваш од кинески сајтови. Оди во тие продавници и ќе си пробаш број кој ти пасува, а вака ако наралаш знај дека на пример амерички L е европски XL, или европски XL e кинески L. Така да не можеш да знаеш кој број да нарачаш. Мој совет ти е тоа, ем ќе погодиш број, ќе заштедиш време и пари. Сеа твој избор е како сакаш. Баш си малер. Нај добро си идеш ко мене у трењерка + пивски стомак никој жив око не ти фрла. Стелт специјалец а? |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Doomsday Preppers на македонски начин 6/2/2014, 11:38 | |
| - Momak od Gjorce напиша:
- Рагер...
[You must be registered and logged in to see this image.] Цар еј!!! хахахаха | |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин 6/2/2014, 11:58 | |
| Ајде сега кажете, најпрво дали има некој од вас кој барем во мислите е препер, кој е во фаза на станување на препер или веќе е? Pro et contra преперите итн, па потоа продолжуваме каков препер би биле вие...па здравје може и преперска заедница да основаме Јас сум во фаза на станување на препер... | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин 6/2/2014, 13:25 | |
| Се подготвуваме како да утре ќе има војна, а живееме како да 100 години ќе биде мир. ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин 6/2/2014, 13:30 | |
| А сега за мојот став. Екстремизмот во оваа област мислам дека е непотребен. Она што го споменавте во врска со наездата во Америка за мене е само пропаганда со која се цицаат пари од секогаш параноичните Американци. Од друга страна никогаш не оставам нешто на случајот па секогаш сакам да си бидам подготвен. Но сето тоа е умерено. Од опрема поседувам нешто скромно но она на што најмногу обрнувам внимание е едукацијата. ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин 6/2/2014, 13:57 | |
| Исто и јас, не сум склон кон екстремен препинг, и во постот над твојот сакав да напоменам дека еуфоријата која владее кај преперите има логика да е намерно предизвикана со цел да се зголеми нивната потрошувачка.
Доволно е да ги видите само оние на НГ како се спремаат за ЕМП, терористички напади, економски колапс, нуклеарен удар, вулканска ерупција и сл. Значи трошат енормни своти на пари и средства, складираат огромни количини на храна..
Сметам дека ако дојде до такво нешто, односно до нуклеарен удар итн. нема да ми вреди да преживеам. Најреално сметам дека е економски колапс или војна.
Друга работа, имаше едни што имаа купено контењери од по 25 тони, можеби 10тина. и имаа еден цел контењер ми се чини, ако не и повеќе, складирана храна. Значи по список средена, сето тоа убаво изгледа, мислам дека беа повеќе души, имаа купено и школски автобуси два, и два џипови.
Единствено една теза им држеше вода, а тоа е дека во неколку години, пример 10, храната поскапела неколкукратно, и имаа израчунато од тој цел контењер на храна што го имаат, колку коштал пред неколку години, а колку сега. Разликата беше неколку илјади долари, што не е малце. | |
| | | shady3
Број на мислења : 113
| Предмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин 6/2/2014, 17:56 | |
| И јас како Генералот, повеќе гледам да бидам спремен со информации отколку со опрема, но сепак се најдува по нешто и кај мене. Но сепак, сметам дека само информациите не се доволни и многу попотребна е организираноста и добра бројност на тие што се организираат како група. Можеби во америка не, но во Македонија како што знаете секој ден може и да е почеток на крајот за државата. Мојот град притоа би влегол во шиптарска територија (ако одиме по она, од Групчин Албанија, до Групчин Бугарија) но јас немам никаква намера да се потчинам на таа власт. Затоа сметам дека препингот е одлична активност за нас, но за да биде ефикасен треба да биде распространет. Нешто слично како тоа бункерите во Албанија, но со подобра организациска структура и поголема ефикасност.
Како ефикасен препинг модел го сметам следново:
1. Добра организациона поставеност под што се подразбира користење на принципите на едностарешинство, модулност, научна заснованост, здружена оперативност, ефективност, непрекинливост, перспективност, мобилност и повеќефункционалност, способност за пополна (персонална и материјална), користење на современи воени тактики и слично.
-Треба да има само еден кој ќе ја команда групата и ќе носи одлуки, за да нема внатрешен раздор. Сите групи треба да бидат исто организирани. -Потоа, секој еден член на една група да биде способен да се замени со член од друга група. -Членовите да бидат опремени во склад со добро осмислениот план за вооружување, но исто така во склад со нивните финансиски можности. -Членовите на една група да бидат во комуникација со членовите на другите групи во нивна близина. -Групите да бидат лоцирани на стратешки утврдени места (hardpoints) што ќе придонесе за поголема ефикасност. -При воени дејства, групите да можат континуирано да функционираат 24/7 на смени. -Доколку позициите се заземени од непријателот, групите да имаат секундарни утврдени места каде можат да се повлечат со максималната возможна брзина, при што нивните задачи би останале непроменети. -Групите да можат да вршат екскурзии надвор од нивните утврдувања и да бидат обезбедени со теренски возила. -Секој од членовите да си го знае местото во групата, и да си обезбеди замена при евентуално негово отсуство. -Групата да биде обезбедена со доволно залихи за сите членови, за подолго време.
2. Членовите на групата да бидат опремени во склад со нивните потреби и со околината. Затоа, во секоја група (бидејќи претпоставуваме дека најголем дел од овие групи би биле ловџии и ентузијасти) треба да има одреден број членови за:
-Одбрана на утврдувањата -Снабдување со залихи од надвор (храна, вода, опрема, оружје) -Надворешни екскурзии (извидница, упади, возачи кои добро го знаат теренот) -Поправка на утврдувањата и градба на нови утврдувања -Планери на акциите на групата како советници на командантот (или како и да се нарекува себеси лидерот на таа група)
Секој член би можел да врши повеќе од овие дејности, но никогаш повеќе од три за да се задржи квалитетот на секоја од нив. Ако сите прават се, се губи организацијата и настанува хаос.
Исто така, секој член би бил вооружен со одредено оружје бидејќи сите учествуваат во одбраната на нивното утврдување. Реално гледано, најдобро што може да се направи во цивилка е ловџиските пушки и полуавтоматските пушки. Исто така, кај нас има една дупка во законот која ги нема класифицирано автоматските пиштоли во никоја група, и може да се набават Глок 18, Стечкин итн. Една група од десетина луѓе би имала неколку карабини (за all around користење во одбраната на утврдувањата), автоматски пиштоли (за упади во објекти), сачмарки (за CQC и со повеќе видови муниција), пиштоли (сите треба да поседуваат по еден, со 4 рамки муниција, како лична заштита), снајпери (да, легални се, иако потешко се добиваат и се поскапи, ниедна група не треба да има повеќе од двајца снајперисти). Исто така, иако експлозивите се нелегални, ако дојде до ниво да државниот поредок се распадне и препери треба да ги бранат своите домови, верувам дека сите знаеме да направиме молотови коктели, цевасти бомби, кратерски гранати, мини. Секогаш во групата треба да има по еден човек кој ќе знае да ги изработи сите овие, но и да знае од каде да се снабди со материјали за во иднина. Идеална група според мене, е: еден пиротехничар, еден електроничар (кој исто така ќе биде во контакт со другите групи), еден автомеханичар и седуммина други кои ги планираат и извршуваат акциите, и барем еден од нив може да ја снабдува групата со залихи.
3. Постапување во склоп со законските регулативи се додека тие се обврзувачки, т.е. додека има кој да ги спроведува, и постапување во склоп со меѓународно утврдените правила за војување (женевска конвенција итн). Така, државата не ви е непријател додека постои, а кога веќе ја нема, интернационалната заедница не ве смета за терористи. Затоа, следете ги законите и никогаш не си ги пречекорувајте ограничувањата.
Целта на препингот е да си го одбраните домот и местото на живеење од надворешна агресија во случај државата тоа да не го може. Не да водите војна.
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин 6/2/2014, 18:12 | |
| Пошто сум уште дете,и немам фамилија,сега за сега цел ми е да набавам телескопска палка,солзавец,кога ќе наполнам 18 сакам да поднесам барање за ловчиска пушка и пиштол,а летово да идам во стрелачки клуб,би посетил и некоја обука за прва помош,веќе тренирам боречка вештина...и тоа е тоа.Ова се,само за една цел,а тоа е ако влезе крадец или ако имам закаана по мој живот,или на моите најблиски,да бидам препер а што се однесува до бункери и такви работи...имам викендица,далеку од Скопје,на голема височина,така да немам гајле кога би имал семејство,би ја научил и жена ми на основни работи за одбрана,користење на спреј,палка,ракување со пиштол и прва помош...тоа е мојата замисла | |
| | | Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин 6/2/2014, 18:27 | |
| - shady3 напиша:
- И јас како Генералот, повеќе гледам да бидам спремен со информации отколку со опрема, но сепак се најдува по нешто и кај мене. Но сепак, сметам дека само информациите не се доволни и многу попотребна е организираноста и добра бројност на тие што се организираат како група. Можеби во америка не, но во Македонија како што знаете секој ден може и да е почеток на крајот за државата. Мојот град притоа би влегол во шиптарска територија (ако одиме по она, од Групчин Албанија, до Групчин Бугарија) но јас немам никаква намера да се потчинам на таа власт. Затоа сметам дека препингот е одлична активност за нас, но за да биде ефикасен треба да биде распространет. Нешто слично како тоа бункерите во Албанија, но со подобра организациска структура и поголема ефикасност.
Како ефикасен препинг модел го сметам следново:
1. Добра организациона поставеност под што се подразбира користење на принципите на едностарешинство, модулност, научна заснованост, здружена оперативност, ефективност, непрекинливост, перспективност, мобилност и повеќефункционалност, способност за пополна (персонална и материјална), користење на современи воени тактики и слично.
-Треба да има само еден кој ќе ја команда групата и ќе носи одлуки, за да нема внатрешен раздор. Сите групи треба да бидат исто организирани. -Потоа, секој еден член на една група да биде способен да се замени со член од друга група. -Членовите да бидат опремени во склад со добро осмислениот план за вооружување, но исто така во склад со нивните финансиски можности. -Членовите на една група да бидат во комуникација со членовите на другите групи во нивна близина. -Групите да бидат лоцирани на стратешки утврдени места (hardpoints) што ќе придонесе за поголема ефикасност. -При воени дејства, групите да можат континуирано да функционираат 24/7 на смени. -Доколку позициите се заземени од непријателот, групите да имаат секундарни утврдени места каде можат да се повлечат со максималната возможна брзина, при што нивните задачи би останале непроменети. -Групите да можат да вршат екскурзии надвор од нивните утврдувања и да бидат обезбедени со теренски возила. -Секој од членовите да си го знае местото во групата, и да си обезбеди замена при евентуално негово отсуство. -Групата да биде обезбедена со доволно залихи за сите членови, за подолго време.
2. Членовите на групата да бидат опремени во склад со нивните потреби и со околината. Затоа, во секоја група (бидејќи претпоставуваме дека најголем дел од овие групи би биле ловџии и ентузијасти) треба да има одреден број членови за:
-Одбрана на утврдувањата -Снабдување со залихи од надвор (храна, вода, опрема, оружје) -Надворешни екскурзии (извидница, упади, возачи кои добро го знаат теренот) -Поправка на утврдувањата и градба на нови утврдувања -Планери на акциите на групата како советници на командантот (или како и да се нарекува себеси лидерот на таа група)
Секој член би можел да врши повеќе од овие дејности, но никогаш повеќе од три за да се задржи квалитетот на секоја од нив. Ако сите прават се, се губи организацијата и настанува хаос.
Исто така, секој член би бил вооружен со одредено оружје бидејќи сите учествуваат во одбраната на нивното утврдување. Реално гледано, најдобро што може да се направи во цивилка е ловџиските пушки и полуавтоматските пушки. Исто така, кај нас има една дупка во законот која ги нема класифицирано автоматските пиштоли во никоја група, и може да се набават Глок 18, Стечкин итн. Една група од десетина луѓе би имала неколку карабини (за all around користење во одбраната на утврдувањата), автоматски пиштоли (за упади во објекти), сачмарки (за CQC и со повеќе видови муниција), пиштоли (сите треба да поседуваат по еден, со 4 рамки муниција, како лична заштита), снајпери (да, легални се, иако потешко се добиваат и се поскапи, ниедна група не треба да има повеќе од двајца снајперисти). Исто така, иако експлозивите се нелегални, ако дојде до ниво да државниот поредок се распадне и препери треба да ги бранат своите домови, верувам дека сите знаеме да направиме молотови коктели, цевасти бомби, кратерски гранати, мини. Секогаш во групата треба да има по еден човек кој ќе знае да ги изработи сите овие, но и да знае од каде да се снабди со материјали за во иднина. Идеална група според мене, е: еден пиротехничар, еден електроничар (кој исто така ќе биде во контакт со другите групи), еден автомеханичар и седуммина други кои ги планираат и извршуваат акциите, и барем еден од нив може да ја снабдува групата со залихи.
3. Постапување во склоп со законските регулативи се додека тие се обврзувачки, т.е. додека има кој да ги спроведува, и постапување во склоп со меѓународно утврдените правила за војување (женевска конвенција итн). Така, државата не ви е непријател додека постои, а кога веќе ја нема, интернационалната заедница не ве смета за терористи. Затоа, следете ги законите и никогаш не си ги пречекорувајте ограничувањата.
Целта на препингот е да си го одбраните домот и местото на живеење од надворешна агресија во случај државата тоа да не го може. Не да водите војна.
Ова ми личи на разработен план за креирање на движење на отпор доколку се најдеме под нечија друга власт. Инаку за темата има на Nacional Geographic-Doomsday Preppers.И до некаде ми држи вода теоријава дека треба да се стане препер.Но има време за мене јас сум си млад. ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11099
| Предмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин 6/2/2014, 19:30 | |
| Ако станувате препери само ради шпоновиве... единствена работа од која би требало да имате солидна залиха е муниција. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин | |
| |
| | | | Doomsday Preppers на македонски начин | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|