Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Doomsday Preppers на македонски начин

Go down 
+12
Smrtnikot
Sammael
tose
assasian
Legija91
Генерал
shady3
Momak od Gjorce
Зоран
JKD
Alvar
SIG
16 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 10, 11, 12  Next
АвторПорака
Гостин
Гостин




Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty6/2/2014, 21:50

Во Америка наголемо има формирани милиции кои се составени од луѓе од сите професии и профили, и кажуваат разни работи. Според нивни кажувања се подготвуваат за масовен наплив на имигранти, социјални немири, закон за забрана на автоматско оружје за цивили, тероризам, природни и нуклеарни катастрофи, ама најголема фобија им е страв од долгоочекуваниот светски предок, депортација во ФЕМА кампови, заштита од илуминати и масони и нивни планови за поробување на човештвото со микрочипување, милитаризација на полицијата, прислушкување и пратење на сомнителни луѓе и разни други теории на заговори кои можете да ги најдете на Интернет.

Frogfoot еве ти еден документарец за тие милиции, и припремања за сценарија кои ги набројав погоре.



Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty6/2/2014, 22:58

Најјаки ми се оние што се подготвуваат за одбрана од Зомбија  lol! 

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty6/2/2014, 23:27

Планот што го напиша Шеди вреди за во случај на војна, дали агресија или граѓанска - небитно!

Треба да се одредиме кон една или најмногу две работи со кои планираме да се соочиме. Пример, економски колапс и несташица на храна и други продукти, и војна.

Еве јас како отприлика го имам замислено моето реагирање и делување во таков случај.

Имам релативно безбедно место, надвор од населено место, околу 30км надвор од градот. На етнички чиста територија е, и прилично забаталено, но е лесно достапно. Таму имам уредени простории за престој на максимално 7 лица (толку легла имам, но незначи дека неможат и повеќе да се стават), простор за складирање на релативно големи количини на прехрамбени и други продукти (бензин, ракија, вино, алати или муниција), и она што е најважно, од оваа локација имам надзор на прилично добар дел од целата околина, што значи дека е на повисоко место. Тврда градба е, има совршено место за дејствување со снајпер и навремено воочување на натрапникот/непријателот.

Сето тоа е добро заградено, бидејќи во случај на економски колапс во очај ќе има луѓе кои за да дојдат до храна ќе го превртат секој камен, и притоа нема да се мислат за вашиот живот. Е сега, ако ова се случи, јас треба да го разработам планот за навремена евакуација на мене, и моите блиски од градот и најбрзо што можам да се упатам таму (30 минути од настанокот на хаосот и 30 минути стигнување до сигурната локација).

Од оружје, планирам карабин/и, сачмарки, пиштоли и ладно оружје. По потреба и би импровизирал со коктели и сл.работи.

Што се однесува до екипата, потенцијално сме 3ца но мошне веројатно е да бидам сам тогаш, не рачунајќи жена и дете, кои планирам да ги „обучам„ да ракуваат со огнено оружје ако згусти  Smile 

Тоа е тоа одприлика што сега ми паѓа на памет...

Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty6/2/2014, 23:50

Твоја си е по сопственост градбата или ?
Инаку баш такво нешто посакувам и јас.
Е сеа за луѓето не те сфатив,освен жена ти и детето планираш уште некој или ?
Јас би земал уште еден возрасен за помош за одбрана, мислам кажа дека имаш место така да можеш уште некој да си вметнеш за ппомош. Smile 

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty7/2/2014, 00:13

Да, во моја сопственост е куќата и цела е од камени ѕидови дебели пола метро ѕидана, има приземје/гаража, и два ката кои се оспособени за престој, плус поткровјето кое не е, па во таква ситуација би се користело како осматрачница и складиште. И е на почетокот на шумата, така да ни дрва за огрев нема да фалат.

Исто така погоре заборавив да напоменам дека одма над куќата имам мала нива можеби 10х5 метри каде што планирам нешто најосновно да посадам за да имам свежи намирници, иако веќе има нешто посадено од страна на дедо ми. Другите ниви ми се подалеку, неколку стотини метри па во таква ситуација нема да можам ефективно да ги бранам и одржувам, со оглед дека бројчано во овој момент послаб неможе да бидам.

За екипата, значи во ваква ситуација потенцијално сме 3ца мажи што можат да пружат ефективна одбрана, не рачунајќи жени. Но мислам дека во тоа сценарио ќе бидам единствен маж, додека со мене ќе бидат жената и детето и евентуално дедо ми и баба ми, ако ги поживее Бог  Smile 

Има место инаку за барем уште едно семејство, да, но под услов подеднакво да учествува во собирањето на прехрамбени и други продукти кои ќе ни бидат неопходни за самостоен живот.

Ме интересира како вие би постапиле и каков би бил вашиот bug in план во некое такво сценарио? Како планирате да го заштитите семејството, да обезбедите храна и сл.?
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty7/2/2014, 00:16

HolyTemple напиша:
Во Америка наголемо има формирани милиции кои се составени од луѓе од сите професии и профили, и кажуваат разни работи. Според нивни кажувања се подготвуваат за масовен наплив на имигранти, социјални немири, закон за забрана на автоматско оружје за цивили, тероризам, природни и нуклеарни катастрофи, ама најголема фобија им е страв од долгоочекуваниот светски предок, депортација во ФЕМА кампови, заштита од илуминати и масони и нивни планови за поробување на човештвото со микрочипување, милитаризација на полицијата, прислушкување и пратење на сомнителни луѓе и разни други теории на заговори кои можете да ги најдете на Интернет.

Frogfoot еве ти еден документарец за тие милиции, и припремања за сценарија кои ги набројав погоре.




Што прави 2-риот амандман.
Мислам дека и со право треба да и се укинат.Се наоружуваат до заби како за војна.

А ги спомнавте батките со зомбијата, мене пак ми се баш интересни.

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty7/2/2014, 00:32

Па јас сум уште мал. Ама од кај мене од фамилија само јас имам интерес за вакви работи, и мислам на вакви сценарија моите едноставно немаат време.
Инаку во главата си имам ваков план.
Имаме еден плац подалеку од градот е се наога помегу Штип и Свети Николе некаде ( точна локација не давам  Laughing  )
Штом пораснам за некоја година да изградам некоја викендица скромна со добра ограда.
Во меѓувреме да си се снабдувам со намирници односно лека-полека храна , оружје муниција и такви работи.

Сето тоа полека , како би ми дозволувале финансиските можности.
Ама сето тоа ми е во главата.Е сега ако во меѓувреме ситуацијата се загрее тогаш куќата би ја забарикадирал а за намирници не би имал проблем бидејки сме сопственици на продавница така да во рок од неполн час би се опремиле со доволно храна пијалоци и друго.

За оружје татко ми има пиштол.
Додека јас пред 2 години се научив да правам 2 типа на бомби.

Само што проблемот е во тоа што јас сум уште мал, а и кога би испаднал некаде со ваков план би ме гледале во очи и би ми се смееле.Иако искрено верувам дека секој треба да биде препер.



______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty7/2/2014, 00:38

Немој со тие муабети мал сум ова она. Значи и голем да си некогаш нема да си во можност да изградиш куќа. Таа куќа што јас ја имам е семејно наследство, не сум ја изградил јас. Инаку ти можеш ако сакаш и во твојата куќа таму кај што живееш да се припремаш. Сигурно си доволно голем барем теориски да се спремиш за тоа, значи да читаш искуства.

За снабдувањето, ете ти имаш еден проблем помалку, но работава е да се снабдиш со количини за неколку месеци. Незнам колкаво дуќанче имате и дали тоа ќе биде доволно, освен за неколку недели.

Инаку, и јас имам допрва да разработувам планови што и како, уште не сум ни почнал сериозно со оваа работа, па исто како и ти, и сите со скромни средства, планирам во рамки на можностите полека да складирам колку што можам. Сега читам литература за тие работи, која храна и како да се складира, итн итн итн.
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty7/2/2014, 00:53

Во право си.

Сега штом си во фаза на истражување да те прашам.
Онаа храната Америте што ја имаат во прав.Има рокови на траење по 20-30 години.Само ставиш вода и готов оброк.
Кај нас ги има или ? Јас ги немам видено на нашиот простор.
Зошто не е битно колку намирници ќе збереш после 3-4 години на се рокот ќе биде поминат.

Инаку за вакви работи ова се прави со години така да ќе те послушам почнувам со учење.(Ке читам литература од утре , иако не сум баш по книгиве)Па за некоја година ќе почнам и со дела.

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
shady3




Број на мислења : 113

Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty7/2/2014, 01:09

А зошто да не почнеме да се организираме по подрачни единици? Што порано тоа подобро ако ме прашате мене. Исто како Фрогфут и јас имам идентична градба, камен, 70цм ѕидови, на повисоко место, со нива и длабока визба (бункерче) на етнички чиста територија. Освен мојата фамилија можам да сместам уште една фамилија, но не повеќе од 4 луѓе. Се повеќе од тоа би било overkill.

Сега за сега само се едуцирам во однос на потребите и типовите на загрозувања од кои би требало да се одбраниме, но веќе и ми се формира одреден план за одбрана базирана на тоа место.

Еве листа на работи што мислам добро ги опишува залихите што треба да се соберат.

-Храна што побавно се расипува (веќе има бунар на местото со чиста вода)
-Лекови и китови за прва помош
-Оружје
-Големи количини на муниција во подрум и дел од нив над земја
-Облека и униформи, пријателски и непријателски Smile
-Алати
-Прочистувачи на вода (калиум перманганат, 30 денари 5 грама во Зегин)
-Голема количина бензин распоредена на повеќе места
-Мал генератор
-Комуникациска опрема (тука е вклучено и скриена криптирана Wifi конекција и лаптоп)
-Калиум нитрат (користи за побрзо растење на растенија и за правење експлозиви)
-Материјали за изработување мини и експлозиви
-Неколку електроничарски китови со разни елементи за итни случаи

Со оваа опрема сметам дека покриени сте, па надвор што сака нека биде.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Doomsday Preppers на македонски начин   Doomsday Preppers на македонски начин - Page 4 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Doomsday Preppers на македонски начин
Вратете се на почетокот 
Страна 4 of 12Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 10, 11, 12  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Војнички муабети-
Отиди до: