Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+32
DesertFox
ace89
MarkoMKD
икс
loran11
CAMOUFLAGE
Спенсер
IgorM
Gjole^Stolarot
Цане
Birac
tose
minceski
Wolf
BABUN
Iko
assasian
Dejan N
Panter
leopard
Smrtnikot
ESN
JKD
Генерал
shady3
dt71
Legija91
РИС
SIG
Alvar
Зоран
Momak od Gjorce
36 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 49 ... 95, 96, 97, 98, 99, 100  Next
АвторПорака
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: ss   АРМ - новости - Page 96 Empty22/9/2015, 21:58

Интервју со началникот на ГШ.
Да се обвистини тоа што вети.


______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty25/9/2015, 15:39

Средба на НГШ на АРМ со амбасадорот и одбранбеното аташе на САД во Република Македонија

Денес, 25-ти септември 2015 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со амбасадорот на САД во Република Македонија Н.Е Џес Л. Бејли и Одбранбеното аташе полковник Томас Батлер.

На средбата, генералот Величковски и амбасадорот Бејли ја истакнаа одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили (ВС) на САД, при што и во оваа прилика од страна на НГШ на АРМ беше нагласено дека ВС на САД се стратешки патнер на АРМ во меѓуармиската соработка.

Заблагодарувајќи се за поддршката на САД кон Република Македонија, кон нејзините евроатланска интеграција, генералот Величковски се заложи за понатамошно јакнење и проширување на м соработка помеѓу двете армии преку развој на проекти, во функција на поголема интероператибилност на АРМ со НАТО.

http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2015/09/amerikanski_ambasador.html

АРМ - новости - Page 96 1

АРМ - новости - Page 96 2

АРМ - новости - Page 96 3
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty28/9/2015, 12:10

Министерот Јолевски во посета на САД

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски и делегација од Министерството и од Армијата од утре ќе престојуваат во неколкудневна посета на Соединетите Американски Држави.

Во рамки на посетата, министерот Јолевски ќе учествува на Самитот посветен на мировните операции, што се одржува на маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк. Ќе оствари средби со повеќемина претставници на Американскиот Конгрес на кои ќе се презентираат аргументите зошто Република Македонија заслужува да биде дел од НАТО, а ќе се разговара и за реформите во одбраната и македонско-американските билатерални одбранбени односи.

Како што информира Министерството за одбрана, во рамки на посетата генералот Величковски ќе оствари средба и со генералот Пол Селва, заменик-претседавач на здружените сили на САД, односно вториот највисоко рангиран офицер во американските вооружени сили.

Министерот Јолевски и генералот Величковски ќе ја посетат и Националната гарда на Вермонт, која е партнер на Армијата на Република Македонија.

Делегации од Министерството за одбрана на Република Македонија и Департманот за одбрана на САД, предводени од министерот Јолевски и од заменик-помошникот на Секретарот за одбрана за Русија, Украина и Евроазија, Евелин Фаркас ќе учествуваат и на годишните Билатерални одбранбени консултации помеѓу Македонија и САД.

http://www.sitel.com.mk/ministerot-jolevski-vo-poseta-na-sad
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty1/10/2015, 16:27

Професионален војник: Подложен сум на тортура поради партиската припадност

Во последниве две години, 61 професионален војник доброволно го прекинале договорот за вработување во Армијата.

Додека за едни клучна е партиската припадност за да се вдомат во државни јасли, за други таа е причината секојдневно да се на чекор до отказ. Се зависи од тоа која боја ја има нивната членска книшка. На тортура поради неговата партиска припадност кон опозицијата, се сомнева професионалниот војник Небојша Костадиновски. Тој во АРМ се вработил во 2006 година, а за „Фокус“ објаснува дека проблемите му почнале пред неколку години.

-Тортурата на работното место почна во 2008 година, кога од родното место Тетово добив прекоманда во Охрид. По осум месеци, се сетија да ме вратат во Тетово, а потоа година и два месеци бев во касарната Илинден во Скопје. Ниту тоа не им беше доволно, па неодамна добив прекоманда во Кичево, повторно без било какво објаснување, вели Костадиновски.

Тој додава и дека два пати бил и на дисциплинска комисија за прекин на работниот однос, но останал на работното место бидејќи ништо не згрешил. Додека бил на уредно боледување, пак, со месеци не му била исплаќана платата, поради што поднел тужба, но по „добронамерен“ совет дека доколку не ја повлече, ќе го изгуби работното место, тој ја повлекол.

-Немам ниту една црна дамка во кариерата, а постојано сум соочен со проблеми, па затоа се сомневам дека некому му пречи мојата политичка активност, во приватното време, во општинската организација на СДСМ во Брвеница, вели Костадиновски, кој објаснува дека најновиот тригодишен договор со АРМ го потпишал во март годинава, но вели дека не знае дали ќе издржи до крај. Се сомнева дека постојаната тортура е притисок самиот да си замине.

Тој истакнува и дека досега неколку пати се пријавувал да замине на мировна мисија за Авганистан, но бил одбиван, додека некои негови колеги заминувале по три-четири пати.

-Во 2007 година целата моја чета замина во Авганистан, само јас не. И потоа сакав да одам, но ниту еднаш не ме избраа, вели нашиот соговорник, татко на две малолетни деца.

„Фокус“ уште пред неколку години пишуваше дека голем број од војниците кои заминуваат за Авганистан, мораат да платат мито од 2.000 евра, или да имаат голема партиска поддршка. Тогаш и Министерството за одбрана покрена истрага, но аферата немаше завршница. Големиот интерес на војниците за Авганистан трае и до ден денешен, поради добрата заработувачка од десетина илјади евра, за неколку месеци.

Додека едни минуваат низ сито и решето за да се вработат или да ја задржат работата, дел од оние постарите, пак, решаваат самоволно да си заминат од армијата. Од Независниот синдикат на војници предупредуваат дека секогаш имало поединци што ја напуштаат војската, но сега се случувало со засилено темпо и во поголем број.

-Немаме точна бројка, но слободно можам да кажам дека годишно стотина војници ја напуштаат армијата. До неодамна тоа го правеа откако ќе извадат бугарски пасош, па со него лесно заминуваа на работа во некоја од европските држави, но сега нагло си заминуваат притиснати од лошите услови и малата заработувачка, велат од Независниот синдикат.

Од Министерството за одбрана, пак, ни одговорија дека во последниве две години, 61 професионален војник доброволно го прекинале договорот за вработување.

На ваков чекор размислува и еден 37-годишен војник, со кого стапивме во контакт, кој вели дека многумина негови колеги веќе заминале на работа во Германија, во Данска или во Шведска.

-Во последно време од армијата најчесто си заминуваат возачите, бидејќи ние сме во речиси најлоша состојба. Тука работиме за 20.000 денари, ставајќи го својот живот и на другите во ризик, бидејќи управуваме со возила кои се технички неисправни, па често пати ни откажуваат и сопирачките. Еден колега едвај спаси жива глава, но направи материјална штета запирајќи го возилото, по што му беше наложено самиот да ја покрие од сопствениот џеб, вели нашиот соговорник кој сака да остане анонимен, бидејќи се уште е дел од армијата.

Возачите и синдикалците тврдат дека возилата на АРМ се нерегистрирани и неосигурани, поради што во случај на сообраќајна несреќа, сметката за плаќање им стигнува на домашна адреса, а не на адреса на АРМ. Според нив, осигурани се само цивилните возила и оние со кои се патува надвор од државата.

За разлика од војниците, од Министерството за одбрана и од АРМ тврдат дека возилата се регистрирани.

- Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија категорично демантираат дека „голем број од возилата на Армијата се неосигурени и нерегистрирани“. Процедурата за регистрација и осигурување се одвива согласно посебен Правилник за регистрација на возилата во АРМ и не постои отстапување од истиот. Истото важи и за моторните возила на АРМ со цивилни регистарски таблички кои се регистрираат согласно постојните законски прописи кои важат за сите возила во Република Македонија, ни одговорија од Министерството за одбрана.

Оттаму додаваат дека не можат да ни одговорат на прашањето со колку моторни возила располага армијата, бидејќи станувало збор за класифициран податок. Тврдат и дека сите возила им се во исправна состојба.

- Потенцираме дека во АРМ се пропишани стандардни оперативни процедури, според кои е строго регулирана употребата на моторните возила. Согласно процедурите, ниту едно моторно возило на АРМ не може да учествува во сообраќај доколку на истото претходно не е извршен преглед пред употреба. Наводите за употреба на возилата на АРМ без сопирачки или во неисправна состојба се целосно неточни. За покривањето на штетата во случај на сообраќајна незгода, пак, доколку надлежните органи утврдат дека возачот на армиското возило е виновен, Армијата кон тоа лице според важечките прописи покренува дисциплинска постапка и постапка за надомест на штета, велат од Министерството.

Тешката состојба во Армијата зависи и од тоа што Буџетот на Министерството за одбрана континуирано паѓа. Од 127 милиони евра во 2008 година, во изминативе неколку години е помал за над 30 милиони евра. Така, годинава буџетот изнесува речиси 92 милиони евра, а во 2014 година, од планираните 95,4 милиони евра, беше скратен на 90 милиони евра. Во 2013 година беше 92,3 милиони евра, а за 2012 година, од планираните 100 милиони евра, со ребалансот беше намален на нешто помалку од 90 милиони евра.

Во буџетската програма „Унапредување на безбедноста“, каде што главно се одвојуваат пари за Министерството за одбрана и за јакнење на безбедноста според НАТО стандардите, парите од година во година се намалуваа, па од 13 милиони евра планирани со буџетот за 2008 година, со ребалансот се намалија на 7 милиони евра. Минатата година, пак, за оваа намена беа издвоени 1,6 милиони евра, а годинава планирани се вкупно 1,1 милиони евра.

Воениот аналитичар Благоја Марковски истакнува дека веќе со години буџетот на АРМ евидентно тоне.

- Почнувајќи од 2005 година, кога буџетот на Министерството за одбрана изнесуваше 2,2 проценти од државниот буџет, тој секоја година се намалува и сега е 1,2 проценти, што е сосема недоволно за какви било активности, освен за исплата на плата и обезбедување храна. Земјите кои се во развој мораат многу повеќе да напредуваат на ова поле, за да ги достигнат современите стандарди на војските што ги имаат развиените земји. Вака власта покажува дека воопшто не е заинтересирана за НАТО интеграцијата и дека тоа не ѝ е приоритет, вели Марковски.

Тој додава дека, за разлика од постојаниот пад на буџетот на армијата, се зголемува оној на Министерството за внатрешни работи.

- Власта се води од логиката дека Македонија не е безбедносно загрозена од државите во соседството, па затоа нема потреба да вложува во армијата. Додека од друга страна, пак, се води од логиката дека треба да вложува во МВР, бидејќи полицијата ја чува власта од народот, нешто што очигледно им е потребно, заклучува Марковски.

http://fokus.mk/profesionalen-vojnik-podlozhen-sum-na-tortura-poradi-partiskata-pripadnost/
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty1/10/2015, 17:23

За разлика од нас, Естонија деновиве реши да го зголеми постоечкиот буџет за над 114 милиони евра на годишно ниво. Сега истиот изнесува близу 450 милиони евра.
Пазете, зголемувањето на нивниот буџет, е поголемо од севкупниот наш воен буџет за 2015-та!

Значи, 4 пати поголем буџет од нас, а држава со 1,3 милиони жители... т.е за третина се помалку од нас (иако во практика сме тука негде).

Estonia to get €114 million military capability boost
http://news.err.ee/v/defense/512063f9-c392-4227-b6bd-964228dd7da4/estonia-to-get-114-million-military-capability-boost

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2581

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty1/10/2015, 17:58

Си играа паметно Естонците , си купија Патрија Паси , си пазарија CV9035 , не знам до каде им пазарот за PzH-2000 .
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty3/10/2015, 18:33

АРМ - новости - Page 96 12068568_1149479398413363_5009614573094669504_oАРМ - новости - Page 96 12087161_1149479401746696_2700337516162765725_oАРМ - новости - Page 96 12015080_1149479378413365_7031907424652349980_o
Македонски Блесок 11
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty3/10/2015, 22:51

Нашиве поголеми амери од америве Very Happy

АРМ - новости - Page 96 JIM7o9s

АРМ - новости - Page 96 08eVOMb

АРМ - новости - Page 96 YDd8rm8

АРМ - новости - Page 96 3pdtLz8

АРМ - новости - Page 96 XwZmXEP

АРМ - новости - Page 96 K6i06Fz

АРМ - новости - Page 96 UUOt0pe

Како се дудла за опрема Rolling Eyes
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty3/10/2015, 23:10

АКо било што дојде капа ке му симнам.
Министерот не е крив, премиерот попрво дава за уметност одклку да ни остане главата на рамена.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2581

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty4/10/2015, 00:01

Со Струкери за декларираната борбена единица би биле задоволни или сакате и ОХ-58 ? Wink
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 96 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 49 ... 95, 96, 97, 98, 99, 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» МВР - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: