|
|
| АРМ - новости | |
|
+32DesertFox ace89 MarkoMKD икс loran11 CAMOUFLAGE Спенсер IgorM Gjole^Stolarot Цане Birac tose minceski Wolf BABUN Iko assasian Dejan N Panter leopard Smrtnikot ESN JKD Генерал shady3 dt71 Legija91 РИС SIG Alvar Зоран Momak od Gjorce 36 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 30/8/2014, 23:14 | |
| ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 30/8/2014, 23:37 | |
| И нормално,официално на веб сајтот на МО... Јолевски се вклучи во акцијата за подигнање на свеста за болеста АЛСМинистерот за одбрана Зоран Јолевски денеска се приклучи кон акцијата за подигање на свеста за опасноста од реткото невролошко заболување Амиотрофична латерална склероза (АЛС), полевајќи со со вода со мраз на Градското пристаниште во Охрид. Јолевски се полеа со вода заедно со неговиот пријател, светски познатиот гитарист од Охрид, Владимир Четкар. - Се придржуваме кон светската акција за подигање на свеста за опасноста на болеста, знаејќи дека на луѓе од целиот свет вклучително и од Македонија им треба помош. На овој начин сакаме да им помогнеме на тие луѓе, како и да ги поддржиме активностите на сите луѓе кои работат на изнаоѓање лек против болеста, изјави Јолевски. Министерот Јолевски во оваа прилика истакна дека наскоро ќе иницира основање фонд за собирање средства за конкретно, а не само декларативно вкллучување во борбата против болеста, најавувајќи дека тој и Четкар ќе бидат првите што ќе донираат средства. Согласно воспоставената практика, тој ја искористи приликата да повика други познати лица од јавниот живот, и тие да се вклучат во хуманитарната акција. Тој ги номинираше оперскиот пејач Борис Трајанов, режисерот Милчо Манчевски, како и неговите поранешни колеги, Изток Грмек и Вибеке Лило, амбасадори на Словенија и на Норвешка во Босна и Херцеговина. Гитаристот Четкар ги номинираше неговите колеги, светски познатиот продуцент Димитри фром Париз и диско-легендата од САД Ди-Си Лару, како и министерот за странски инвестиции Бил Павлески и персоналот на охридското кафуле „Аквариус“ http://www.morm.gov.mk/?mainnews=jolevski-se-vkluci-vo-akcijata-vo-borba-protiv-als&lang=mk | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 2/9/2014, 14:18 | |
| Пет штабни офицери на АРМ на задача во Авганистан Како што соопшти ГШ на АРМ, тим од пет штабни офицери со различни специјалности, во наредните шест месеци ќе извршува задачи за обука, асистенција и советување на Авганистанските безбедносни сили. Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денеска имаше средба со штабните офицери од составот на АРМ, кои во наредните шест месеци ќе бидат распоредени во рамките на регионалната команда на ИСАФ-Север, во Мазар Ел Шариф, Авганистан, која е во надлежност на Вооружените сили на Германија. Како што соопшти ГШ на АРМ, тим од пет штабни офицери со различни специјалности, во наредните шест месеци ќе извршува задачи за обука, асистенција и советување на Авганистанските безбедносни сили. Генералот Котески на штабните офицери им посака успешна работа, при што ги нагласи важноста, сериозноста и професионалното извршување на задачите. http://mrt.com.mk/node/13566 ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 5/9/2014, 13:20 | |
| На 7-ми септември во 18:00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба, по повод 8-ми Септември - Денот на независноста на Република Македонија. www.arm.mil.mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 5/9/2014, 14:59 | |
| Одбранбеното аташе на САД во Република Македонија, во посета на Здружено Оперативната Команда и потчинетите единициНа ден 05.09.2014 година во Здружената Оперативната Команда (ЗОК), прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) и воздухопловната бригада (вбр), престојуваше персонал од канцеларијата на одбранбеното аташе на САД во Република Македонија предводено од полковник Томас Батлер. Претходно на ден 03.09.2014 година военото аташе и персоналот од канцеларијата престојуваше во воено медицинскиот центар (ВМЦ) од бригадата за логистичка поддршка. Обиколката е со цел запознавање на новоназначениот персонал од канцеларијата на одбранбеното аташе на САД во Република Македонија со ЗОК и потчинетите единици од составот на ЗОК. Согласно Планот на посетата, гостите беа примени од командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски по што се одржа презентација за ЗОК. По завршувањето на посетата во ЗОК се реализираа планираните посети на 1.мпбр и вбр во гарнизонот Петровец, каде исто така по прием од командантите се одржаа презентации за единиците. Персоналот од канцеларијата на одбранбеното аташе на САД преку презентации се запозна со структурата, мисијата и задачите, обуката која се изведува, опременоста и учество во мисии на ЗОК, 1.мпбр, вбр и ВМЦ , како и со клучниот персонал. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/09/odbranbeno_atase_sad_vo_zok.html | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/9/2014, 16:33 | |
| На 7-ми септември во 18:00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба, по повод 8-ми Септември - Денот на независноста на Република Македонија. Дали ќе има и изложба на оружје и некоја показна вежба или само ова,знае некој ? | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/9/2014, 17:46 | |
| - JKD напиша:
- На 7-ми септември во 18:00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба, по повод 8-ми Септември - Денот на независноста на Република Македонија.
Дали ќе има и изложба на оружје и некоја показна вежба или само ова,знае некој ? Два поста погоре... | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 7/9/2014, 19:23 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 7/9/2014, 21:26 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/9/2014, 17:23 | |
| Одбележување на 8-ми Септември - Денот на Независноста на Република Македонија во мисиите „ИСАФ“ во Авганистан и „АЛТЕА“ во Босна и ХерцеговинаВо мисиите „ИСАФ“ во Авганистан и „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина на свечен начин се одбележа Денот на Независноста на Република Македонија . На ден 08.09.2014 година во базата во Главниот Штаб на ИСАФ и на ден 09.09.2014 година во базата Бутмир во Сараево, на свечена церемонија беше одбележан Денот на Независноста на Република Македонија. Свеченоста по повод Денот на независноста во мисијата АЛТЕА се реализира еден ден подоцна, поради прогласување на ден на жалост за загинатите во рударската несреќа во Босна и Херцеговина. На церемонијата во мисијата „ИСАФ“ присуствуваа претставници од Главниот Штаб на ИСАФ, предводени од генерал-потполковник Карстен Јакобсон, цивилниот претставник Амбасадор Мориц Јохемс, претставници од Командата за поддршка на базата, предводени од командантот полковник Пол Џонсон, најстарите национални претставници од Хрватска, Бугарија, Албанија и претставници од Шпанија, Полска, Данска и Романија. На припадниците на македонскиот контингент кои се на служба во мировните мисии, Денот на Независноста на Република Македонија беше честитан од страна на најстарите национални претставници во мисиите, кои во оваа прилика одржаа говор пред присутните за значењето на овој историски ден за Република Македонија. По тој повод, беа прочитани наредбите за дел од наградените припадници на контингентот, беа пренесени и честитките од страна на НГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески и Командантот на ЗОК, генерал-мајор Методија Величковски. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/09/proslava_isaf_altea.html | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|