Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+32
DesertFox
ace89
MarkoMKD
икс
loran11
CAMOUFLAGE
Спенсер
IgorM
Gjole^Stolarot
Цане
Birac
tose
minceski
Wolf
BABUN
Iko
assasian
Dejan N
Panter
leopard
Smrtnikot
ESN
JKD
Генерал
shady3
dt71
Legija91
РИС
SIG
Alvar
Зоран
Momak od Gjorce
36 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 47 ... 91, 92, 93 ... 96 ... 100  Next
АвторПорака
BoyfromKavadarci




Број на мислења : 640

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty19/8/2015, 16:21

Потребни се авиони и тоа како , секоја држава мора да си го чува небото , а за наша територија колку што сме ние 4-5 ќе вршат одлична работа , со хеликоптери може да се каже дека сме солидно опремени за сега не претставува толкав проблем , не дај боже да дојде до војна во ни еден момент не помислувајте дека ќе се бориме со некоја држава и дека ќе пружиме отпор ,за моменталнта состојба каква што сега располага нашата армија немаме сила да се спротиставиме на ни една држава соседна а камоли настрани од балканот , ќе не срамнат за 24 часа било кој да не нападне дали воздушно или на земја , единстевено на црна гора и босна може да им пружиме заби Razz
Вратете се на почетокот Go down
BoyfromKavadarci




Број на мислења : 640

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty19/8/2015, 16:30

РИС напиша:
Онака лаички ЈКД , само специјалните единици ти се во видекругот , фрлаш ли некој поглед кон КОВ , ВВ и ПВО , ЕМ .
Секоја чес на специјалните единици но тие се само еден дел од една армија .Една специјална единица за да се пренесе на место на акција , треба транспортен хеликоптер , борбен хеликоптер за заштита , понекогаш е потребна и артилериска единица за подршка , брз борбен чамец за извлекување , ПВО орудие за заштита од непријателски хеликоптер .
Неможе да очекуваш специјалци да те бранат друже , ако државата не ти располага со доволен број армиски сили , воздухопловно опреман и пешадиско , нели со авиони , хеликоптери , тенкови , џабе ти е се , ти сакај имај и незнам какви специјалци не ти помагаат ништо , грчка утре да им текне од кај нив да почнат со авиони до германија ќе уриваат и срамнуваат со земја без проблем , кога ќе почнат од кај нас , србија , маџарска , австрија , чешка ,словачка и дури пред германија ќе застанат така да Армијата на една држава мора да биде во прв ред , па после се друго Smile)
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty19/8/2015, 16:30

Ај не тресете зелени,Не можеме 10 хеликоптери да ги одржуваме а не пак авиони,моментало ни летаат само два,ако тоа е солидна бројка,според тебе...
А иначе што се однесува до “срамнувањето“,само Грција,може да не прегази,другиве држави горе доле се гола вода вклучувајќи не и нас
Вратете се на почетокот Go down
BoyfromKavadarci




Број на мислења : 640

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty19/8/2015, 16:38

Пријател не ме разбра најдобро , реков дека поседуваме доволен број на хеликоптери а сега во функција како што кажа ти се само 2 , зборот ми беше со сите други да се таман сме солидно опремени од страна на хеликоптери за држава колку што е нашата гледано територијално , а за авиони да и да ни поклони некој ќе неможеме да ги одржуваме тоа е факт , и за тоа Нато јасно си кажа дека , македонија , црна гора , босна нема да имаат авиони бидејќи според големината на нивната територија немаат потреба од тоа , и дека ако веќе имаат потреба дека соседните држави ќе хараат по нивното небо , не реков дека тие земји се слаби , за нас се Америка , туку дека ако Грција почне да освојува без проблем до германија ќе стигне и сите тие држави ќе ги помине без проблем ,со бројката на авиони што ја поседуваат и борбените хеликоптери , се разбираме сега ? Smile)
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty21/8/2015, 17:01

Свечено примопредавање на должност Командант на Здружената Оперативна Команда

Денес, 21 август 2015 година со почеток во 11.30 часот, пред Здружената Оперативна Команда (ЗОК), во касарната „ Боро Менков“ во Куманово се реализира воена свеченост по повод прием на должноста командант на ЗОК од страна на бригаден генерал Васко Ѓурчиновски.

На свеченоста присуствуваа: министерот за одбрана на Република Македонија г-дин Зоран Јолевски, началникот на генералштабот на АРМ и досегашен командант на ЗОК генерал потполковник Методија Величковски, останатите генерали од ГШ на АРМ, команданти на потчинетите единици на ГШ на АРМ и команданти на потчинетите единици на ЗОК.

На свеченоста согласно Правилото за воен протокол пред стројот на припадниците на ЗОК со пригодни говори се обратија: министерот за одбрана, началникот на ГШ на АРМ и новопоставениот командант на ЗОК.

Министерот за одбрана на РМ во својот говор потенцира дека должноста Командант на ЗОК е предизвик за секој воен лидер од кариера кое се огледа во фактот што претходниот, а и сегашниот началник на ГШ на АРМ, дојдоа на оваа должност.

Во своето обраќање генералот Величковски се заблагодари на припадниците на ЗОК за поддршката и несебичниот ангажман во времето додека тој ја извршуваше должноста командант на ЗОК, а на новопоставениот командант му посака успешно обавување на должноста.

Новопоставениот командант на ЗОК бригаден генерал Ѓурчиновски и порача на припадниците на ЗОК дека во понатамошниот период очекува со креативност и пожртвуваност да се оправда довербата која ЗОК и АРМ ја уживаат кај граѓаните на Република Македонија.

Воедно се заблагодари на генералот Величковски за резултатите кои ги постигнуваше ЗОК во досегашниот период и вети дека здружената оперативна команда ќе продолжи да постигнува резултати со кои ќе се гордеат сите.

На крајот со церемонија на примопредавање на военото знаме на ЗОК се изврши и официјално прием на должноста, командант на Здружената оперативна команда.

Согласно Указите за поставување на Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на вооружените сили, гдин Ѓорѓе Иванов, за командант на ЗОК е поставен бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, а досегашниот командант генерал потполковник Методија Величковски е поставен и ја извршува должноста, началник на ГШ на АРМ.

http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2015/08/primopredavanje_zok.html



Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty24/8/2015, 15:39

Присуство на делегација од АРМ на смена на командантот на SEEBRIG во Лариса, Грција

Делегација на АРМ предводена од бригаден генерал Павле Арсоски на ден 20 и 21.08.2015 година, присуствуваше на свеченост а по повод смена на командантите на SEEBRIG (South-Eastern Europe Brigade - Југо Источната Европска Бригада), во Лариса, Грција.

SEEBRIG е формирана во 1999 година, како резултат на договорот за регионална соработка на полето на одбраната познат како договор за Мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ), кој во 1998 година го потпишаа Министрите за Одбрана на: Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Македонија, Романија и Турција во Скопје.

Според Договорот за формирање на бригадата, локацијата на Командата на SEEBRIG е на четиригодишна ротациона основа, а нејзини домаќини се следниве градови: Пловдив, Констанца, Истанбул (до јуни 2011) и Лариса од јуни 2011-2015.

Позицијата Командант на SEEBRIG ротира помеѓу земјите учеснички на двегодишен период. Во период од 2011-2013 година Командант на Бригадата беше бригадниот генерал Здравко Поповски од Армијата на Република Македонија.

Досегашниот командантот на SEEBRIG, бригаден генерал Хакан Есер, по назначувањето во период од 27-ми до 30-ти ноември 2013 година ја предводеше делегацијата од SEEBRIG која изврши евалуација на нашите единици декларирани во оваа бригада.

АРМ во SEEBRIG партиципира со декларирани механизирана пешадиска чета од составот на 2. механизиран пешадиски баталјон /1 мпбр, инженериски вод од инженерискиот баталјон/1.мпбр и со штабни офицери.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/08/smena_seebreeg.html

АРМ - новости - Page 92 Rffsw03

АРМ - новости - Page 92 9DXkwdF

АРМ - новости - Page 92 FAPnwVZ

АРМ - новости - Page 92 ZVv781j

АРМ - новости - Page 92 Fp8IBV9

АРМ - новости - Page 92 Lu10qDe
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty26/8/2015, 16:16

Свечено примопредавање на должност Заменик на Командант на Здружената Оперативна Команда

Денес, 26.08.2015 година во просториите на Здружената Оперативна Команда (ЗОК), се реализира примопредавање на должноста Заменик на Командантот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) помеѓу генерал мајор Мухамет Рацај кој досега ја извршуваше должноста и новопоставениот на оваа должност бригаден генерал Павле Арсоски.

На свеченоста пред дел од клучниот персонал на ЗОК со пригодни говори се обратија: командантот на ЗОК бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, генерал мајор Мухамет Рацај и бригадниот генерал Павле Арсоски.

Во своето обраќање пред присутните генералот Ѓурчиновски истакна дека со денешното примопредавање на должноста командата на ЗОК продолжува со извршување на сите предвидени и планирани активности со несмален интензитет, особено затоа што генералот Арсоски сега како прв соработник добро е запознаен со сите активности кои ги реализира ЗОК.

Генерал мајор Мухамет Рацај искажа особена благодарност на целокупниот колектив на ЗОК за севкупната поддршка и несебичниот ангажман во времето додека тој ја извршуваше должноста заменик на командант на ЗОК, притоа на новопоставениот заменик на командант му посака успешно обавување на должноста.

Новопоставениот заменик на командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски обраќајќи се на присутните истакна дека во понатамошниот период не очекува успешна соработка и максимално залагање во извршување на задачите, воедно се заблагодари на генералот Рацај за резултатите кои ги постигнуваше ЗОК во досегашниот период и вети дека Здружената оперативна команда ќе продолжи да постигнува резултати со кои ќе се гордеат сите.

На крајот на свеченоста од страна на припадниците на ЗОК на досегашниот заменик на командант на ЗОК генерал мајор Мухамет Рацај му беше врачено пригодна резба со грбот на ЗОК за сеќавање на деновите проведени на должностите кои ги обавуваше во командата.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/08/primopredavanje_zamenik_zok.html

АРМ - новости - Page 92 1

АРМ - новости - Page 92 2

АРМ - новости - Page 92 6

АРМ - новости - Page 92 8
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty2/9/2015, 14:51

Има бааѓи што не биле на конкуров а што се примени,а и доста интересни презимиња има

Решение за прием на кандидати за професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија
http://www.morm.gov.mk/wp-content/uploads/2015/09/Resenie-za-priem-na-125-pfv-02.09.2015.pdf
Вратете се на почетокот Go down
Patriot94

Patriot94


Број на мислења : 13

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty2/9/2015, 15:06

Богами има интересни презимиња,ама 107 ми влезе најпојѓе во глава Cool
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty2/9/2015, 15:08

видов дете и што беше на селективниот и го прошол(не знам дали 12 ил и24) дали тоа значи дека во списоков се и оние кои ќе влагаат во ЕСН/РБ ?
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 92 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 92 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 47 ... 91, 92, 93 ... 96 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» МВР - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: