______________________ If you're going throw hell, keep going.
Гостин Гостин
Предмет: Re: АРМ - новости 18/8/2014, 16:19
Momak od Gjorce напиша:
Биче боље
Teшко, но ајде да се надева АРМ за ново оружје и опрема
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: АРМ - новости 18/8/2014, 21:07
WTF?
Војник починал на стража во Еребино, Министерството за одбрана молчи!
Порталот Mактел објави писмо од вработен во Mинистерството за одбрана кој побарал анонимност. Во писмото како што објави порталот пишувало:
Синоќа во Еребино е починат војник на АРМ кој бил на стража. Министерството за одбрана ја крие информацијата како змија нозете. Феудалните односи и прекумерното ангсажирање и до 300 часа месечно си го прават своето.
Од порталот му се јавиле на портпаролот на министерството Мирче Ѓоргоски кој според Mактел ниту им потврдил ниту им демантирал.Порталот реагира зошто министерството, генералштабот и врховниот командант наместо транспарентност се обидувале да ја прикријат несреката.
МО потврди дека починал професионален војник на стражарско место!
Портпаролот на Mинистерството за одбрана, Мирче Ѓоргоски, потврди за Либертас дека завчера во вечерните часови на стражарско место во воениот објект Еребино починал 37-годишен професионален војник.
Починатиот војник е од околината на Тетово и ги имал сите неопходни редовни и вонредни лекарски прегледи тврдат од министерството. Портпаролот уверува дека ни министерот ни началнкот на генералштабот немале намера да го сокријат несреќниот случај, но чекале резултати од обдукцијата.
-Истрагата утврди дека немало никакво насилство, а обдукцијата ќе покаже од што починал војникот на работното место, стражарница на Еребино – изјави за Либертас Ѓоргоски.
Јолевски – Сиемонијак: Македонија и Полска ќе продолжат да работат на уште поголемо унапредување на соработката во полето на одбраната
„Јас сум цврсто убеден дека билатералната соработка помеѓу Република Македонија и Република Полска има огромен потенцијал за раст и развој“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, кој престојува во неколкудневна работна посета на Полска.
По средбата со својот полски колега, Томас Сиемонијак, министерот Јолевски посочи дека Македонија и Полска соработуваат во областа на одбраната од далечната 1996 година кога беше и потпишана меѓусебната спогодба за соработка, која, пак, е трета по ред од осамостојувањето на Република Македонија и основањето на Армијата на Република Македонија. „Тој факт го докажува пријателството меѓу Македонија и Полска“, додаде во тој контекст министерот.
Истовремено, поврзано со стратешките определби на Македонија за станување дел од евроатлантските организации, НАТО и Европската Унија, министерот Јолевски искрено се заблагодари за поддршката која ја добиваме од Полска во реализација на овие цели.
Министерот Јолевски порача дека во периодот кој следи, Армијата на Република Македонија ќе се насочи кон модернизацијата и опремувањето, што и дава дополнителна тежина на посетата на одбранбените производствени капацитети на оваа земја, која ќе се реализира во рамките на престојот во Полска.
Полскиот министер за одбрана, Сиемонијак по средбата посочи дека самиот факт што министерот Јолевски на почетокот на мандатот ја посетува Варшава потврдува дека двете земји имаат блиски односи. Во контектс на евроатлантските интеграции полскиот министер рече дека неговата земја ќе продолжи целосно да ја подржува Р.Македонија во нејзините аспирации за членство во НАТО и ЕУ.
Полскиот министер укажа на тоа дека на средбата станало збор и за идната воена соработка, учеството на вежби, како и за моменталната безбедносна состојба во Европа и на Балканот.
Министерот Јолевски и делегацијата од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија денеска ќе остварат и средби со претседателот на Комисијата за национална одбрана во полскиот Парламент, Стефан Ниесиоловски, како и со високи претставници од Бирото за национална безбедност.
Во текот на утрешниот ден, пак, делегацијата од Република Македонија, освен Оперативната команда и Полскиот одбранбен холдинг, ќе ја посети и Националната одбранбена академија, која имајќи ги предвид приоритетите на Министерството за одбрана, за развој на образованието и едукацијата, е од исклучително значење за министерот Јолевски.
Дали сеуште има АРМ караули или бази,по територијата на МК односно по граничните линии и дали патролираат по граничните линии ?
И дали воопшто МВР има нешто такво ?
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: АРМ - новости 25/8/2014, 18:44
JKD напиша:
Дали сеуште има АРМ караули или бази,по територијата на МК односно по граничните линии и дали патролираат по граничните линии ?
И дали воопшто МВР има нешто такво ?
АРМ нема. МВР има полициски станици.
______________________ Потта штеди крв!
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: АРМ - новости 25/8/2014, 19:04
Генерал напиша:
JKD напиша:
Дали сеуште има АРМ караули или бази,по територијата на МК односно по граничните линии и дали патролираат по граничните линии ?
И дали воопшто МВР има нешто такво ?
АРМ нема. МВР има полициски станици.
И што работат сите тие 9 илјади или колку се ? каде се сместени,по касарни во градови ? ај за ПСО не треба да се знае,ама останативе ? мое мислење дека треба да ги има тие бази,барем по границата со албанија и косово...и тоа нон стоп да ротираат и патролираат,и да можат да дадат поддршка на МВР,доколку тоа го побараат..
РИС
Број на мислења : 2581
Предмет: Re: АРМ - новости 25/8/2014, 23:39
А зошто да ги има само према Албанија и Косово на другите граници нема ли лоши момчиња ? И што е битно да се знае колкав им е бројот каде им се базите и слични работи ?
Гостин Гостин
Предмет: Re: АРМ - новости 26/8/2014, 01:28
РИС напиша:
А зошто да ги има само према Албанија и Косово на другите граници нема ли лоши момчиња ? И што е битно да се знае колкав им е бројот каде им се базите и слични работи ?
Бидејки од секогаш ги патролирале ти граници пред да биде МВР назначено за тоа...
П.С. Сите знаеме дека овие информации се чувствителни, но нели форумов немаше да постои ако не бевме љубопитни за вакви работи?