|
|
| АРМ - новости | |
|
+32DesertFox ace89 MarkoMKD икс loran11 CAMOUFLAGE Спенсер IgorM Gjole^Stolarot Цане Birac tose minceski Wolf BABUN Iko assasian Dejan N Panter leopard Smrtnikot ESN JKD Генерал shady3 dt71 Legija91 РИС SIG Alvar Зоран Momak od Gjorce 36 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/3/2015, 15:50 | |
| Прв македонско-француски форум од областа на вооружувањето Колку посилни се македонските компании, толку поголем е буџетот и со тоа средствата за модернизација на АРМ, изјави Јолевски Пет македонски компании, меѓу кои „Еурокомпозит“, „Руен“ и „Брако“, и неколку француски компании од одбранбената индустрија денеска учествуваат на првиот македонско-француски форум од областа на вооружувањето што се одржува во Домот на АРМ во Скопје. Целта е, потенцира министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој се обрати на форумот, да имаме современа, модерна и добро опремена армија, која целосно ќе ги исполнува стандардите на НАТО. Според него, овој процес на модернизација треба да се искористи не само за зајакнување на АРМ, туку, подвлече, и за зајакнување на македонското стопанство. - Колку посилни се македонските компании, толку поголем е буџетот и со тоа средствата за модернизација на АРМ – изјави Јолевски. Потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева, информира дека за 2014 година размената меѓу Македонија и Франција е 108 милиони евра, од кои во извоз 29 милиони евра, а остатокот е увозот. - Особено значајно е што иако постојат потенцијали, македонската бизнис-заедница цени дека размената не е доволна. Во вкупна надворешнотрговска размена што Македонија ја има со светот, Република Франција учествува само со 1,2 проценти и ако ја споредиме со Сојузна Република Германија, тоа учество е 23 проценти – рече Георгиева. Во делот на инвестициите во Република Македонија, посочи таа, има голем број компании кои се со француски доминантен капитал и кои од 1997 година до 2013 година, ако се погледне статистиката, кумулативно имаат вредност од 137 милиони евра француски капитал. Таа информира дека во Стопанската комора на Македонија има клуб за ревитализација помеѓу македонските и француските компании. Согласно резултатите од направена анкета, подвлече, најголем интерес за соработка има во областа на земјоделството, финансискиот сектор и фармацевтската индустрија. Денешниот форум, нагласи амбасадорката на Република Франција во Република Македонија, Лоренс Оер, претставува дел од стратегиската соработка што се развива помеѓу армиите на двете земји, а овозможува да се работи на интегрирани проекти на долгорочен план за размената меѓу двете земји. - Не се работи единствено за размена помеѓу индустријалци, туку се работи за една стратегија во доменот на вооружувањето и соработката меѓу двете земји – изјави амбасадорката Оер. (Телеграф.мк/МИА) http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/256539-prv-makedonsko-francuski-forum-od-oblasta-na-vooruzuvanjeto ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/3/2015, 15:52 | |
| Француски и македонски компании ќе ја модернизираат АРМ Вторник, 24.03.2015 14:00 Македонија Целта е компаниите да се приближат едни до други за поуспешно да соработуваат во областа на вооружувањето што ќе придонесе за современо опремување на македонската војска Пет врвни француски наменски компании кои работат во областа на вооружувањето ќе соработуваат со македонски компании со што ќе се овозможи модернизирање и опремување на АРМ. Тие во Македонија пристигнаа на покана на министерот за одбрана Зоран Јолевски кој денеска, во соработка со Стопанската комора на Македонија го отвори Првиот македонско француски Комитет за вооружување на кој, покрај француската делегација, присустувуваше и француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер. Јолевски истакна дека на средбата ќе се разменат искуства и на француските пријатели ќе им бидат прикажани плановите за модернизација на војската. - Ова се редовни годишни консултации но оваа година има една специфика. Пет француски компании можат да се вклучат а поканивме и македонски компании кои можат да им бидат партнери во овој процес на модернизација. Ние сакаме овој процес да го искористиме не само за АРМ туку и за македонското стопанство, бидејќи колку посилни се македонските компании толку е поголем буџетот и средствата за модернизација на АРМ. Целта ни е да имаме современа, модерна и опремена армија која што целосно ќе ги исполнува стандардите на НАТО, рече Јолевски. Потпретседателот на Стопанската комора на Македонија (СКМ), Јелисавета Горгиева рече дека бизнис заедницата е претставена со неколку компании бидејќи во изминатиот период активно било и наменското производство за опремување и модернизација на АРМ. Меѓу македонските компании се „Еурокомпозит", „Руен" и „Брако". http://media.mk/article/73157/francuski-i-makedonski-kompanii-ke-ja-moderniziraat-arm ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/3/2015, 16:34 | |
| што значи ова ? светло во темнината,или уште една лага ? | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/3/2015, 16:52 | |
| Мачкање очи би рекол. Не за друго, немаме ние пари за нова опрема, а уште помалце за француска која не е баш од ефтините. Друга работа, кој би биле под-изведувачи на овој потфат кај нас? Тешко дека би се нашле компании кои имаат капацитет за производство на софистицирана опрема од овој сектор. Ако ви текнува пред некоја година имаше ваков форум и со Полската одбрамбена индустрија, кој дури беше и на повисоко ниво... со практична презентација на оружени системи, па ништо не бидна ни и од тоа. Секое чудо за три дена. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | ESN
Број на мислења : 1595
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/3/2015, 16:55 | |
| Сега ова моментално е само една мочана политика во која има понуди а владата одлучува дали да се работи. И ако и сега ваква работа не се прифане има да ги пцујам додека сум жив оние овците во владата ______________________ СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/3/2015, 17:57 | |
| Убаво вика алвар,и да се решат они не верувам да имаме добра компанија за да им парира или за да може да произведува нешто...мада ете нели еурокомпозит е со ОК квалитет,можда со мала пракса таму ќе се обучат и они нешто да прават...друго,и дали се работи за фулл опрема,и вооружување и се или само она тактички елек,футроли и слично...за второво мислам дека имаме капацитет,ама за оружје и такви работи мислам дека не... | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/3/2015, 18:31 | |
| Нема тука пракса...треба да се купи технологија. Како што кажа Алвар, а и мене тоа ми е главен сомнеж, французите се изгор скапи за воена опрема. Ние чим со полјаците не успеавме да направиме нешто, за французиве шансите се помали. Е сега, незнам дали пред некоја недела ако паметите пишавме тука баш ми се чини, француска делегација беше во вилата на претседателот во Охрид. Да не беше министерот за одбрана на Франција?
Некако ова ептен надежно од старт ми е... | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/3/2015, 18:51 | |
| абе дај Боже да се почне нешто...макар и по еден панцир да праат со нив,пак е напредок...ипак ефтината рака е тука,па и искуството,сепак произведуваат опрема нашиве...е сеа каква,за кого,веројатно кога ќе споредиш со што работат(машини) и квалитетот,веројатно е добро.. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/3/2015, 18:51 | |
| Можеби ке се иде само на домашни компаниии за соработка,оваа второво не ми е верно па дури и кога гледам како најголем оптимист,после толку слични брифинзки,форуми,и текстови.Но сепак ако ова успее би имале голема подршка од французиве и во ЕУ и во НАТО која до сега сме ја немале | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/3/2015, 23:37 | |
| A јас се си мислев дека Израел ќе биде главен играч за АРМ, зборам за купување на опрема и оружје. |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|