| АРМ - новости | |
|
+32DesertFox ace89 MarkoMKD икс loran11 CAMOUFLAGE Спенсер IgorM Gjole^Stolarot Цане Birac tose minceski Wolf BABUN Iko assasian Dejan N Panter leopard Smrtnikot ESN JKD Генерал shady3 dt71 Legija91 РИС SIG Alvar Зоран Momak od Gjorce 36 posters |
|
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 20/1/2015, 23:51 | |
| Шлемовите и сите други производи од 11 октомври се со врвен квалитет,зашто се произведуваат по НАТО лиценци,тоес во случајов шлемовите се по НАТО Шејп дизајн,баша ако не се лажам 11 Окт. имаат добиено неколку тендери по блискиот исток,и самите вработени на штрајкот кажаа дека работа има,но плата нема | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 21/1/2015, 13:19 | |
| Продлабочување на пријателството и одбранбената соработка помеѓу Македонија и НР КинаРепублика Македонија и Народна Република Кина имаат исклучително добра одбранбена соработка, која се увиди и преку интензивните контакти и средби на високи лица од двете земји минатата година, заклучија министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски и одбранбеното аташе на НР Кина во Република Македонија, постар полковник Жанг Баокун на денешната средба во просториите на Министерството. На средбата, соговорниците разговараа и за можноста за размена на искуства помеѓу двете земји во областа на учеството во мировни операции на Обединетите Нации, имајќи предвид дека НР Кина е еден од најголемите контрибутори во овие операции. Процесот на доедукација и образование на припадниците на Армијата на Република Македонија и нивната обука за нас се многу важни и затоа сакаме соработката да ја развиваме и во таа насока, рече министерот Јолевски. Во тој контекст министерот посочи дека согласно плановите на Министерството половина од курсевите на Воената академија за трета и четврта година се планираат да се реализираат на англиски јазик со што се отвора и можноста за размена на кадети и студенти со партнерските и пријателски земји, меѓу кои и НР Кина. Билатералната соработка помеѓу Македонија и НР Кина во областа на одбраната се реализира согласно Спогодбата за соработка од 2004 година. Истата вклучува повеќе подобласти меѓу кои и военото образование, воената наука и технологија, култура, спорт и медицина. http://www.morm.gov.mk/?mainnews=prodlabocuvanje-na-prijatelstvoto-i-odbranbenata-sorabotka-pomegu-makedonija-i-nr-kina&lang=mk | |
|
| |
Гостин Гостин
| Предмет: Re: АРМ - новости 22/1/2015, 23:22 | |
| Кога веќе се почна да се збори за шлемовите и панцирите, па добро зар толку не можат да ископираат некој производ од некој производител на такви работи, и така секој од секого копира или да откупат лиценца за производот од производителот што го измислил и дизајнирал производот и со договор дека ќе се произведува само за безбедносните структури да заличи малце армијата. Или нека вработат дизајнери кои ќе ја истакнат својата креативност на ова поле. Ама кога се нема слух и воља за тоа и кога се во државава се турка се на сила, и се гледа како да се украдат што повеќе пари од сомнителни и наместени тендери, не ја бива. Зборам и за претходната (СДСМ) и сегашната (ДПМНЕ) политичка гарнитура Најдобри производители на воена опрема според дизајнот и функцијата а не се сомневам за квалитетот кои ми фатија симпатии, а сепак некои производи си ги копираат едни од други само имињата им се различни http://www.cryeprecision.com/http://www.blackhawk.com/http://lbtinc.com/http://www.eagleindustries.com/итн. Еве еден пример, ранецов поточно овој модел 3 day assault pack го произведуваат како модел скоро 90 проценти од производителите на воена опрема. Ова го имам приметено бидејќи редовно ги пратам модните трендови и новитети во врска со воената опрема и специјалното и пешадиското оружје. А и мнозинството на припаднициве на безбедносниве служби не ги ни интересираат вакви работи. Еден припадник баш во муабет се фативме и му викам, убаво би било да ви набават SEPRA футроли. Ми вика каква футрола е за тоа и за што служи, исто и за некои други делови на воена опрема од западно производство, единствено знаат само Миле Драгиќ и Миле Драгиќ од опрема, и ништо друго. Кога ќе видам една Албанија која беше најзаостаната во врска со војската ги надмина во опремување нас и останатите армии кои беа слични на нас и нив, нема што да се каже друго. |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/1/2015, 22:29 | |
| | |
|
| |
JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/1/2015, 01:33 | |
| цениве се денари или евра ? | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/1/2015, 10:33 | |
| Во Maрки ,па у денари | |
|
| |
JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/1/2015, 14:32 | |
| Па може и да се евра,такви кучиња,веројатно издресирани,можат да вредат и неколку илјади евра. | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/1/2015, 16:09 | |
| Минимални штети во штипско – и АРМ се вклучи во обноватаПрипадници на АРМ од штипскиот гарнизон, денес се вклучија во санирање на штетите на дел од коритото на река Отиња. На третиот дел од коритото, водата однесе дел од брегот и пешачката патека, заради тоа што пред самиот крај на зафатот камениот ѕид не беше споен со мостот кај црквата „Свети Никола". Во преостанатиот дел, камениот ѕид ги запре надојдените води на Отиња. Ангажирана е механизација која од утринските часови веќе го санира овој урнат дел од брегот, со нанесување на тампон од камен и земја. Во расчистување на штетите се вклучени и екипи на ЈП „Стипион" и ЈП „Исар. Екипа на јавното комунално претпријатие синоќа успеа да го одзатне главниот колектор за пар часови, со што се избегнати поголеми последици. Нивото на водата на реката Брегалница е во опаѓање со што се очекува и нормализирање на водостојот кај градските бунари. Екипи на локалната самоуправа на три локации се во посета на жителите на Стар Караорман, Лакавица и Штип за утврдување на штетите. http://www.kurir.mk/republika/opstini/187156-Minimalni-steti-vo-stipsko-%E2%80%93-i-ARM-se-vkluci-vo-obnovata | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/1/2015, 23:15 | |
| | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/1/2015, 01:13 | |
| Нема повеќе нашти војници кој обезбедуваат нешто во А-стан,последната ротација од ИСАФ се врати пред две/три недели,во новата мисија учестуваме со штабни официри,според мене не би требало нашите да бидат во некоја си посериозна опасност
Едит:
Моја грешка ипак има и 20 пфв кој обезбедуваат објекти | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
|
| |
| АРМ - новости | |
|