Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+32
DesertFox
ace89
MarkoMKD
икс
loran11
CAMOUFLAGE
Спенсер
IgorM
Gjole^Stolarot
Цане
Birac
tose
minceski
Wolf
BABUN
Iko
assasian
Dejan N
Panter
leopard
Smrtnikot
ESN
JKD
Генерал
shady3
dt71
Legija91
РИС
SIG
Alvar
Зоран
Momak od Gjorce
36 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 33 ... 63, 64, 65 ... 82 ... 100  Next
АвторПорака
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty16/1/2015, 19:03

Вчера го пуштив случајно Јанко јади говна,и читаше Вечер ми се чини,и пишуваше на насловна,дека се разгледува можноста армијата да биде составена од цивили и професионални војници...некој знае нешто повеќе што значи тоа ? и дека наводно размислувале за враќање на задолжителен воен рок,дебелиот беше против,ама не ни знам како би го вратиле кога они на тие 100-200 души што идат сега доброволно не можат да им пружат добра обука и услови,а камоли илјадници да идат...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty16/1/2015, 19:40

Aj припази малце што збориш,не ти е прв пат !

Вајда на ова мислиш...

Армија од професионалци или комбинација со регрути

По Турција и Грција, сега и Србија и Хрватска размислуваат како да го вратат регрутниот систем на полнење на војските во своите држави. Задолжителна воена обврска има и во 11 држави од Европа, од кои повеќето се и членки на НАТО. Слична иницијатива за враќање на задолжителната воена обврска постои и во Македонија, која ја поттикна Клубот на генерали кон крајот на 2011 година, но мислењата на нашите експерти се поделени -Некои од нив сметаат дека кога би се вратила, задолжителната воена обврска би била полезна и за државата и за младината. Регрутите би научиле да ракуваат со оружје и да се одбранат, со што би се одржал рентабилен бројот на воени резервисти, а младите би развиле чувство за дружење, ред, дисциплина и за морал. За други, пак, тоа е веќе надмината идеологија со оглед на нашите аспирации за влез во НАТО. Професионалната армија е многу поконстантна во тренингот, надградувањето и извршувањето на задачите, додаваат тие

АРМ - новости - Page 64 Graf

Доброволци за отслужување воен рок

Година Број на доброволци
2007 199
2008 509
2009 471
2010 412
2011 418
2012 726
2013 560
2014 572
Вкупно: 3.867

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=115151728112&id=9&prilog=0&setIzdanie=23371
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty16/1/2015, 20:04

Ова за плати е само или и за обуки и слично ? мада регрутите не примаат плата годишно,туку за тие 3 месеци некоја мала сума на пари,така ?
Вратете се на почетокот Go down
Gjole^Stolarot

Gjole^Stolarot


Број на мислења : 32

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty16/1/2015, 20:43

JKD напиша:
Ова за плати е само или и за обуки и слично ? мада регрутите не примаат плата годишно,туку за тие 3 месеци некоја мала сума на пари,така ?
Минимално ... околу 1000 ден месечно , за викендите кога си слободен да имаш за пат накај дома Smile за тоа се наменети , и кој колку е подалеку од Велес повеќе добива
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty17/1/2015, 18:39

Македонија прва ја потпиша Спогодбата за Балканските медицински сили

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, во име на Министерството за одбрана и на Република Македонија, во просториите на Министерството ја потпиша Спогодбата за Балканските медицински сили.

Република Македонија е всушност првата земја која ја потпиша Спогодбата, со што се потврди и определбата на нашата земја, но и на Министерството и Армијата на Република Македонија за поблиска регионална соработка на сите полиња. Со тоа ние ќе овозможиме и нашиот регион да биде побезбеден и попросперитетен, рече министерот Јолевски на потпишувањето, во присуство на одбранбеното аташе на Кралството Норвешка кое е иницијатор на севкупниот проект.

Балканските медицински сили чие седиште е во Република Македонија, имаат за цел да ги подобрат и дополнително зајакнат националните и регионалните воени медицински капацитети за поддршка на цивилната заедница, како и да ја зајакнат интероперабилноста на регионот со Обединетите Нации, НАТО и Европската Унија на ова поле.

Од регионот, во Балканските медицински сили освен Република Македонија, вклучени се и Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија и Црна Гора, со поддршка од Кралството Норвешка и Соединетите Американски Држави. Проектот е дел и од концептот за „паметна одбрана“ имајќи предвид дека вклучува специфични капацитети од земјите од регионот, кои ќе бидат достапни за тие земји, но и во рамките на некое идно можно заедничко учество во меѓународни мировни мисии.

http://www.morm.gov.mk/?mainnews=makedonija-prva-ja-potpisa-spogodbata-za-balkanskite-medicinski-sili&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty20/1/2015, 21:44

Вајда им текна марендата да ја направат од домашни производи

Mинистерството за одбрана го презентираше планот за јавни набавки за 2015 година пред македонските стопанственици

Министерството за одбрана денеска во Стопанската комора на Македонија пред македонските компании го презентираше планот за јавни набавки за 2015 година. Компаниите имаа можност да прашуваат и дадат свои предлози околу постапката на тендерите на министерството.
„Функционирањето на Армијата на Република Македонија доаѓа од македонските даночни обврзници и затоа, патриотска должност е што поголем дел од тие средства да се вратат назад во македонската економија“, посочи министерот за одбрана Зоран Јолевски на средбата со македонските компании за која посочи дека е од големо значење.

Министерот Јолевски посочи дека средбата е одлична можност да се разменат мислења и да се информираат компаниите кои се плановите за набавки во Министерството за одбрана и АРМ во текот на оваа година, со цел што повеќе компании да се јават на овие тендери и доколку имаат најповолни услови истите да ги добијат. Министерот Јолевски најави дека во иднина на почетокот на секоја годината, Министерството за одбрана пред компаниите и членките на комората ќе ги изложува своите проекции од Планот за јавни набавки за текот на целата година.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески рече дека на иницијатива на министерот за одбрана Зоран Јолевски од крајот на минатата година до сега оствариле неколку средби. „Со министерот Јолевски ја интензивиравме комуникацијата и разговаравме за јавните набавки кои се значаен сегмент на министерството и се од голем интерес на Стопанската комора на Македонија како асоцијација на најголемите компании од Македонија кои учествуваат на тие јавни набавки“, додаде Азески.

На средбата компаниите се интересираа за поголем дел од презентираните ставки за јавните набавки за 2015 година меѓу кои се конзервираната храна, исфрлањето на сметот од објектите на АРМ, за балистичката воена опрема и слично. Претставниците на Министерството за одбрана задолжени за тој сегмент од работата даваа свој образложенија и ги забележуваа сугестиите на компаниите околу подготовките на тендерите.

http://www.morm.gov.mk/?mainnews=prezentacija-vo-stopanska-komora-20-01-2015&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2581

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty20/1/2015, 22:18

А , од балистичка војна опрема што произведуваме ? scratch
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty20/1/2015, 22:21

РИС напиша:
А , од балистичка војна опрема што произведуваме ? scratch
Па да бе не една фирма имаме две.

______________________
Мијак 100 %


Последната промена е направена од Зоран на 20/1/2015, 22:22. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty20/1/2015, 22:21

Шлемови,панцири,штитови
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2581

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty20/1/2015, 23:18

Па редно е да бидеме малку себични и потребите околу армијата колку што можеме да ги задоволуваме од сопствени капацитети .
Шлемот произведен во Еурокомпозит можеби не е најдобриот на светот но може да ги задоволи нашите потреби . Штета што на времето не се вложи малку повеќе пари и наука во М-90 СТРШЉЕН па може денес ќе имавме и сосема солидно противоклопно средство а искуството стекнато на него преточено во сосема нов и посовремен систем .
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 64 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 33 ... 63, 64, 65 ... 82 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» МВР - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: